баратели на азил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 17 Aug 2020 11:56:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png баратели на азил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Граѓаните на Албанија први во регионот по барања за азил https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gragjanite-na-albanija-prvi-vo-regionot-po-baranja-za-azil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gragjanite-na-albanija-prvi-vo-regionot-po-baranja-za-azil/#respond Mon, 17 Aug 2020 11:56:11 +0000 https://kurir.mk/?p=391619

После големиот пад во април и мај, барањата за азил од страна на албанските граѓани во земјите на Европската унија покажуваат нагорен тренд во јуни, иако со многу пониска стапка во споредба со периодот пред пандемијата со Ковид-19. Во јуни, кога почна постепеното отворање на воздушниот сообраќај и копнените граници, податоците на Европската канцеларија за азил (ЕАСО) покажуваат дека имало 394 барања за азил од албански граѓани, од кои 73 отсто се апликации за првпат, а остатокот повторени апликации. Споредено со мај, кога имало само 90 апликации, нивниот број во јуни е четирпати повисок. Во јануари и февруари, кога ситуацијата со движењето беше нормална, во просек месечно имало повеќе од 1.000 апликации за азил додека во јуни нивниот број бил околу 40 отсто од нивото пред кризата. Во првата половина од годинава околу 3.400 албански граѓани аплицирале за азил од кои околу 20 отсто биле реапликации. Споредено со истиот период лани бележат пад од 72 отсто, поради ограниченото движење, заради пандемијата со Ковид -19. Кога станува збор за граѓаните од земјите во регонот по албанските,кои со 394 барања за азил се на прво место, следуваат граѓаните на Косово со 185 барања, на Србија со 134, на Босна и Херцеговина со 97, Македонија со 44 и Црна Гора со само 10 барања за азил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gragjanite-na-albanija-prvi-vo-regionot-po-baranja-za-azil/feed/ 0
Франција осудена од Европскиот суд за човекови права за недавање помош на барателите на азил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-osudena-od-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-za-nedavanje-pomosh-na-baratelite-na-azil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-osudena-od-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-za-nedavanje-pomosh-na-baratelite-na-azil/#respond Thu, 02 Jul 2020 12:22:44 +0000 https://kurir.mk/?p=367456

Франција денеска е осудена од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) за недоволна помош на барателите на азил. Според судот од Стразбур, бегалците биле „жртви на понижувачко постапување, што сведочи за недостиг на почитување на нивното достоинство“. Пресудата ЕСЧП е по жалбата на тројца баратели на азил, принудени да живеат „на улица“ и „ лишени од средства за егзистенција, кои велат дека се нашле во „нехумани и понижувачки услови на живот“. -Француските власти не успеаја во своите обврски кон тројцата изолирани возрасни лица, Авганистанец, Русин и Иранец, на возраст од 27, 33 и 46 години кои беа „жртви на деградирачки третман што сведочи за непочитување на нивното достоинство “, се вели во соопштението судот со седиште во Стразбур. -Француските власти мора да бидат одговорни за условите во кои апликантите се нашле со месеци, живеејќи на улица, без ресурси, без пристап до санитарни јазли, без средства за задоволување на нивните основни потреби и во постојана вознемиреност од страв да бидат нападнати и ограбени , посочува Судот. ЕСЧП, исто така, забележа дека тројцата мажи „живееле на улица без финансиски ресурси“, и само добивале привремен додаток за чекање (АТА) по многу долго рок на чекање за додатокот. За судиите во Стразбур, „оваа состојба предизвикала кај нив чувство на страв, болка или инфериорност, што може да доведе до очај“. Сепак, Судот „нагласува дека е свесен за постојаното зголемување на бројот на баратели на азил од 2007 година и преполнетоста“ на структурите за прием. Исто така, ЕСЧП ги признава „напорите направени од француските власти за создавање дополнителни места за сместување и за скратување на времето потребно за разгледување на барањата за азил“. Покрај ова, ЕСЧП смета дека „овие околности не исклучуваат дека ситуацијата на барателите на азил можеби била таква што веројатно ќе претставува проблем во однос на почитувањето на Франција на членот 3 од Европската конвенција“ човекови права (забрана за нечовечко и понижувачко постапување). Затоа, Судот „едногласно“ заклучи дека имало повреда на овој член и, особено, им доделила 10.000 евра на двајца од апликантите и 12.000 евра на третиот во однос на нематеријална штета. Ова е четврта пресуда на ЕСЧП против Франција за помалку од еден месец. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-osudena-od-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-za-nedavanje-pomosh-na-baratelite-na-azil/feed/ 0
ЕУ: Поради пандемијата на коронавирус помалку бегалци и баратели на азил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-poradi-pandemijata-na-koronavirus-pomalku-begalci-i-barateli-na-azil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-poradi-pandemijata-na-koronavirus-pomalku-begalci-i-barateli-na-azil/#respond Thu, 14 May 2020 10:19:31 +0000 https://kurir.mk/?p=345759

Бројот на барања за азил и мигранти во првите четири месеци од годинава во ЕУ е драстично намален, некаде и за повеќе од четири петтини, покажуваат податоци на институцијата за азил на ЕУ „Еасо“. Според весникот „Велт“, кој имал увид во бројките кои се уште не се објавени официјално, од јануари до крајот на април, вкупно 164.718 лица поднеле барање за азил во ЕУ, што е за 25 проценти помалку отколку во истиот период минатата година. Најголем број на барања годинава – 37.471 биле доставени во Шпанија, и тоа најмногу од жители на Колумбија, Венецуела и Хондурас. Потоа следува Германија со 33.714 баратели на азил, од кои повеќето се од Сирија. Следува Франција со околу 29.000 барања, Грција со 21.000 и Италија со околу 8.000. Во Австрија, бројот остана релативно непроменет, односно за азил аплицирале 3.700 луѓе. Според „Велт“, кризата со коронавирусот го намали и бранот бегалци кон грчките острови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-poradi-pandemijata-na-koronavirus-pomalku-begalci-i-barateli-na-azil/feed/ 0