баражи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 May 2022 21:03:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png баражи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФФМ ќе чека инструкции од МВР за баражите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-kje-cheka-instrukcii-od-mvr-za-barazite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-kje-cheka-instrukcii-od-mvr-za-barazite/#respond Tue, 17 May 2022 21:03:53 +0000 https://kurir.mk/?p=678086

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти вечерва дека конечната одлука за местата на одигрување на двата бараж натпревари за настап во Првата македонска фудбалска лига ќе зависи од насоките што ќе ги добие од Министерството за внатрешни работи (МВР) во делот на проценката околу безбедноста. За домаќин на баражот меѓу Скопје и Беласица е одреден Градскиот стадион во Штип, додека за баражот меѓу Тиквеш и Воска првично беше одлучено да се игра на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп, по што ФФМ дополнително ја смени одлуката и најави дека натпреварот ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. На оваа одлука реагираше фудбалскиот клуб Тиквеш, порачувајќи дека нема намера да игра во Скопје, а ФФМ најави конечна одлука по консултации со МВР, истакнувајќи дека единствена причина за промената на местото на одигрување на натпреварот меѓу Тиквеш и Воска се „пристигнатите информации до Комисијата за безбедност на ФФМ за присуство на голем број навивачи на двете екипи и можноста да се гарантира безбедноста на повеќе илјадната публика на стадионот во Прилеп“ – ФФМ преку Комисијата за безбедност прати официјален допис до МВР со барање насоки и напатствија во делот на преземање на безбедносни мерки за да се одиграат двата бараж натпревари на првично утврдените стадиони во Прилеп и Штип. ФФМ ќе постапи соодветно во зависност од одговорот и упатствата на МВР, се наведува во соопштението од Комисијата за натпреварувања на ФФМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-kje-cheka-instrukcii-od-mvr-za-barazite/feed/ 0