Барбадос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 30 Nov 2021 21:47:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Барбадос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ријана прогласена за национална хероина во Републиката Барбадос https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/rijana-proglasena-za-nacionalna-heroina-vo-republikata-barbados/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/rijana-proglasena-za-nacionalna-heroina-vo-republikata-barbados/#respond Tue, 30 Nov 2021 21:57:19 +0000 https://kurir.mk/?p=602195

Светската музичка суперѕвезда Ријана вчера била прогласена за национална хероина во нејзиниот роден град Бриџтаун како дел од прославата на прогласувањето на Република Барбадос. Пред толпата народ, премиерката Миа Мотли и ја честита на 33-годишната Ријана титулата национална хероина на Барбадос. - Да продолжиш да блескаш како дијамант и да бидеш гордост на својот народ со твоите дела и постапки, рече Матли Ријани, осврнувајќи се на нејзиниот хит сингл Diamonds од 2012 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/rijana-proglasena-za-nacionalna-heroina-vo-republikata-barbados/feed/ 0
Ријана прогласена за национална хероина на Барбадос https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/rijana-proglasena-za-nacionalna-heroina-na-barbados/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/rijana-proglasena-za-nacionalna-heroina-na-barbados/#respond Tue, 30 Nov 2021 07:56:33 +0000 https://kurir.mk/?p=601731

Музичката суперѕвезда Ријана вчера, во нејзиниот роден град Бриџтаун, како дел од прославата на националниот празник на Република Барбадос, беше прогласена за национална хероина на оваа островска држава на Карибите. Пред собраниот народ, премиерката Мија Мотли ѝ ја честиташе титулата национална хероина на Барбадос на 33-годишната Ријана. – Да продолжиш да сјаеш како дијамант и да бидеш гордост на својот народ со твоите дела и постапки!, рече Мотли, осврнувајќи се на нејзиниот хит „Diamonds“ од 2012 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/rijana-proglasena-za-nacionalna-heroina-na-barbados/feed/ 0
Барбадос прогласен за република, крај на ерата на британската круна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/barbados-proglasen-za-republika-kraj-na-erata-na-britanskata-kruna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/barbados-proglasen-za-republika-kraj-na-erata-na-britanskata-kruna/#respond Tue, 30 Nov 2021 06:56:21 +0000 https://kurir.mk/?p=601706

Барбадос, островска држава во Карипското Море, денеска официјално стана република, што значи дека британската кралица Елизабета Втора повеќе ја нема титулата шеф на таа држава. На церемонијата на прогласување, на која присуствуваше и принцот Чарлс, беше симнато знамето на британската монархија, додека генералната гувернерка Сандра Мејсон положи заклетва како прва претседателка на Барбадос. Барбадос во средината на септември минатата година објави дека има намера да стане република до 30 ноември 2021 година, на 55-годишнината од независноста. Островот со 287.000 жители е под британска власт од 17 век. Познат е по прекрасните плажи и рум и како родно место на пејачката Ријана. Премиерката Миа Мотли за време на церемонијата ја прогласи Ријана за нацонален херој. Барбадос останува република во рамки на Комонвелтот, група од 54 држави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/barbados-proglasen-za-republika-kraj-na-erata-na-britanskata-kruna/feed/ 0
Барбадос од утре станува најновата република во светот, кралицата Елизабета ќе биде заменета со досегашната гувернерка Сандра Мејсон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/barbados-od-utre-stanuva-najnovata-republika-vo-svetot-kralicata-elizabeta-kje-bide-zameneta-so-dosegashnata-guvernerka-sandra-mejson/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/barbados-od-utre-stanuva-najnovata-republika-vo-svetot-kralicata-elizabeta-kje-bide-zameneta-so-dosegashnata-guvernerka-sandra-mejson/#respond Sun, 28 Nov 2021 09:38:29 +0000 https://kurir.mk/?p=600894

Барбадос се подготвува утревечер да ги прекине врските со британската монархија, но наследството од неговото понекогаш брутално колонијално минато и влијанието на пандемијата врз туризмот се големи предизвици за овој карипски остров, што станува најнова република во светот. Бабрадос, островот познат по преубавите плажи и огромната љубов кон крикетот, следната недела ќе го замени шефот на државата, кралицата Елизабета Втора, со нејзиниот актуелен претставник, генералната гувернерка на островот Сандра Мејсон. Церемониите, утре и во вторник, вклучуваат воени паради и прослави по повод претседателската инаугурација на Сандра Мејсон. Почетокот на новата ера предизвика дебата меѓу населението од 285.000 луѓе за вековното британско влијание, вклучително и повеќе од 200 години ропство до 1834 година. Барбадос својата конечна независност ја стекна во 1966 година. -Како млада девојка, кога ќе слушнав за кралицата, бев многу возбудена, изјави Шерон Белами-Томпсон (50), продавачка на риби во главниот град Бриџтаун, која се сеќава дека имала околу осум години кога ја видела кралицата во посета. „Како што растев, почнав да се прашувам што всушност значи оваа кралица за мене и за мојата земја. Немаше никаква смисла“, рече таа. „Ќе биде прекрасно да се има претседател на Барбадос. За младите активисти како што е Фирхаана Булбулија, основач на Муслиманското здружение на Барбадос, британскиот колонијализам и ропството се причина за современата нееднаквост на островот. -Јазот во богатството, способноста да се поседува земјиште, па дури и пристапот до банкарски заеми, сите имаат многу врска со структурите изградени под британско владеење, вели 26-годишната Булбулија. „Вистинските синџири (на ропството) се скршени и ние повеќе не ги носиме, но менталните синџири сè уште постојат во нашето размислување, истакна таа. Во октомври Барбадос ја избра Мејсон за своја прва претседателка, една година откако премиерката Миа Мотли изјави дека земјата целосно ќе го напушти своето колонијално минато.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/barbados-od-utre-stanuva-najnovata-republika-vo-svetot-kralicata-elizabeta-kje-bide-zameneta-so-dosegashnata-guvernerka-sandra-mejson/feed/ 0
Барбадос се откажува од кралицата Елизабета, сака да стане република https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/barbados-se-otkazuva-od-kralicata-elizabeta-saka-da-stane-republika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/barbados-se-otkazuva-od-kralicata-elizabeta-saka-da-stane-republika/#respond Wed, 16 Sep 2020 12:05:38 +0000 https://kurir.mk/?p=404026

Барбадос сака да ја отстрани британската кралица Елизабета Втора од чело на државата и да стане република, објави денеска Владата на оваа карипска држава. – Дојде време целосно да го напуштиме своето колонијално минато, рече гувернерот на Барбадос, Сандра Мејсон, обраќајќи се во име на премиерката Миа Мотли. Поранешната британска колонија, која се стекна со независност во 1966 година, задржа формална врска со британската монархија, како и некои други држави, кои некогаш беа дел од британската империја. Гувернерката рече дека граѓаните на Барбадос сакаат некој од тој остров да биде шеф на државата. – Тоа е крајниот израз на доверба во тоа кои сме и што можеме да постигнеме. Затоа, Барбадос ќе го направи следниот логичен чекор кон целосен суверенитет и ќе стане република до одбележувањето на 55-годишнината од независноста, рече таа. Барбадос ќе ја одбележи годишнината од независноста во ноември следната година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/barbados-se-otkazuva-od-kralicata-elizabeta-saka-da-stane-republika/feed/ 0
Репатријација со чартер-лет од Барбадос до Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/repatrijacija-so-charter-let-od-barbados-do-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/repatrijacija-so-charter-let-od-barbados-do-skopje/#respond Mon, 25 May 2020 20:43:24 +0000 https://kurir.mk/?p=350165

Заради настанатата криза со ковид-19, најголемите бродски компании за крстарење ги затворија своите бродови за гости уште од 12-ти март. Како резултат на новонастанатата ситуација, се појави потреба од репатријација на најголем дел од морнарите/вработените кои работеа на овие бродови. Македонија, како и сите останати балкански држави има значаен број на млади кои работат за светски најреномираните компании. Една од нив е и Американската компанија Royal Caribbean Cruise Line (која има 47 бродови) и која важи за лидер во оваа силна индустрија. Изминативе два месеци, често доаѓаа информации дека бродовите се наоѓаат во независна положба заради затворањето на пристаништата и аеродромите ширум светот. Таму каде што светот застана со почетокот на кризата, застанаа и обидите на бродските компании да ги вратат дома своите вработени кои се на принуден одмор. Во Македонија досега преку различни форми на патување преку други држави и аеродроми, успешно се вратија повеќе од 300 македонски морнари. Доаѓањето на авионот со 291 морнар во Скопје е резултат на Македонската компанија Коузон, која повеќе од 20 години е партнер на бродската индустрија и е најголема агенција за вработување на морнари во Источна Европа. Сепак, најголемата заслуга за остварување на оваа хумана прикаска е на амбасадорот Ивица Боцевски, кој подолг период е целосно внесен во репартијацијата на нашите монари. Еден од нив напиша и дека треба да му изградат споменик за напорот кој тој го вложил во случајот со македонските морнари, подавајќи им рака во најтешките моменти. „ Тој со сите расположливи дипломатски контакти ширум светот, постојано правеше притисок со упатување на голем број протесни ноти до бродските компании како и нивните главни менаџери. Еден од нив бев и јас, кој од 25-ти Март до 5-ти Мај бев заглавен на еден Бахамски приватен остров на бродската компанија Ројал Карибијан. Немоќта да се најде начин за да ме испратат дома, од страна на главните и одговорни луѓе на компанијата како и преголемото ангажирање на Господинот Боцевски придонесе до големи пофалби и честитки од страна на челните луѓе во компанијата. На истите нив не им беше јасно и никогаш нема да им биде јасно како еден амбасадор на држава е во директен контакт со мене и сите мои колеги морепловци од Македонија и лично се залага при изнаоѓањето начин да се помогне во најскоро време сите да се вратиме дома“, напиша македонскиот морнар, Господине Боцевски , вие сте херој за сите нас и како таков ке останете засекогаш, искрена благодарност од сите морепловци и другите македонски граѓани кои се вратија безбедно во нашата држава благодарение на вас и вашите секојдневни заложби за сите нас. Господ да ве благослови !!!?????? Во Скопје, утре на 26-ти мај ке слетаат морнари од Македонија, Бугарија и Србија. За странските државјани репатријацијата ќе биде извршена со автобуски превоз до граничните премини со Бугарија и Србија, а македонските морнари ќе поминат низ процес на медицинска проверка на аеродромот, по што ќе се утврди дали ќе одат во карантин или ќе бидат упатени на 14-дневна самоизолација. Сите морнари кои се враќаат од Карибите биле во просек по 60 дена на бродовите без контакт со лица од надворешниот свет. За време на престојот на бродовите, вработените ги уживале благодетите на сместување во гостинските соби и храна по сопствен избор. Ова е прв авион кој слетува во Скопје со толкав број на патници од некоја дестинација од Северно-американскиот континент.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/repatrijacija-so-charter-let-od-barbados-do-skopje/feed/ 0
Седум нови земји на „сивата листа“ на финансиери на тероризмот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sedum-novi-zemji-na-sivata-lista-na-finansieri-na-terorizmot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sedum-novi-zemji-na-sivata-lista-na-finansieri-na-terorizmot/#respond Sat, 22 Feb 2020 08:50:44 +0000 https://kurir.mk/?p=307255

Меѓународната агенција за следење на финансирањето на тероризмот (ФАТФ) соопшти дека додала седум нови земји на „сивата листа“ поради пропусти во борбата против финансирање на терористички групи и перење пари. Меѓу тие земји се наоѓаат Албанија, Барбадос, Јамајка, Маурициус, Мјанмар, Никарагва и Уганда. На овие држави им е наложено да преземат низа правни и други мерки, за да можат да бидат отстранети од листата и да избегнат натамошни финансиски казни. ФАТФ, исто така, најави заострено следење на Иран, а истовремено е издадено и предупредување до пакистанската Влада, која доби уште четири месеци да ги зајакне мерките во борбата против финансирањето на тероризмот и да не се најде на „црната листа“. Меѓународната агенција воведе дополнителни мерки на следење против Иран, кои подразбираат проверка на уште некои трансакции, што би можело да предизвика поголем проблем во работата на странските инвеститори во таа земја. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sedum-novi-zemji-na-sivata-lista-na-finansieri-na-terorizmot/feed/ 0
„Мажите полудеа по нејзините брадавици“: 18 години помладата сопруга на Сајмон облече бикини и ја покажа сексапилноста (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mazite-poludea-po-nejzinite-bradavici-18-godini-pomladata-sopruga-na-sajmon-obleche-bikini-i-ja-pokaza-seksapilnosta-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mazite-poludea-po-nejzinite-bradavici-18-godini-pomladata-sopruga-na-sajmon-obleche-bikini-i-ja-pokaza-seksapilnosta-foto/#respond Fri, 14 Dec 2018 21:59:11 +0000 https://kurir.mk/?p=140375

Осумнаесет години помладата сопруга Лорен Силверман (41) на членот на британското Х- фактор Сајмон Кауел кој има 59 години е на одмор со нејзиното момче на Барбадос. Парот ужива во друштво на нивниот четири годишен син Ерик, а англиската убавица реши да ги почести папараците па им приреди мало изненадување. Имено таа облече сексапилен костим за капење од кои и се познаваа брадавиците, а по објавувањето на фотографиите тие станаа виртуелен хит. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mazite-poludea-po-nejzinite-bradavici-18-godini-pomladata-sopruga-na-sajmon-obleche-bikini-i-ja-pokaza-seksapilnosta-foto/feed/ 0
Тропската бура Кирк се приближува до Барбадос и Света Луција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tropskata-bura-kirk-se-priblizuva-do-barbados-i-sveta-lucija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tropskata-bura-kirk-se-priblizuva-do-barbados-i-sveta-lucija/#respond Fri, 28 Sep 2018 06:58:08 +0000 https://kurir.mk/?p=107256

Тропската бура Кирк, проследена со поројни дождови и грмежи, се приближува кон осторвите Барбадос и Света Луција во југоистичниот дел на карипскиот регион. Сепак, според американскиот Национален центар за урагани, се очекува Кирк до вечерва да ослаби на ниво на тропска депресија, што е послабо невреме од бура и да проодлжи да слабее до недела. Во жариштето на Кирк во текот на денов се очекува да дуваат ветрови со брзина до 85 километри на час. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tropskata-bura-kirk-se-priblizuva-do-barbados-i-sveta-lucija/feed/ 0