баргала – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Jul 2022 11:32:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png баргала – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Археолошкиот локалитет „Баргала“ ќе се осветли на есен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/arheoloshkiot-lokalitet-bargala-kje-se-osvetli-na-esen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/arheoloshkiot-lokalitet-bargala-kje-se-osvetli-na-esen/#respond Wed, 27 Jul 2022 11:32:26 +0000 https://kurir.mk/?p=710798

Археолошкиот локалитет „Баргала“ конечно ќе биде осветлен. Директорот на НУ Завод и музеј – Штип Митко Штерјов вели дека реалзиацијата на проектот ќе се случи на есен. Средствата се обезбедени преку Центарот за развој на Источно-планскиот регион, Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој. Штерјов појаснува дека минатата година конкуриле со два проекти, првиот е за реконструкција на штипската Саат кула, а вториот и осветлување на локалитетот „Баргала“. – По неколку процеси за вреднување на проектите, на крајот остана да се реализира само проектот за осветлување на „Баргала“, а проектот за реставрација и конзервација на Саат кулата не помина. Можеби, е до финансиските средства, не ја знаеме причината. Меѓутоа, ние сме задоволни кога ќе помине барем еден проект. Сепак, сите проекти заслужуваат и во понатамошниот период се надеваме дека ќе дојде ред и за овој, вели Штерјов. Очекува активностите на „Баргала“ да почнат во септември, со цел поголема безбедност на овој значаен локалитет во источниот регион. -Тоа е процес којшто треба да се одвива, се надевам дека од есен ќе почне да се реализира, бидејќи така се и проектните програми со Источно-планскиот регион и со Општина Карбинци. Се надеваме дека во септември или октомври ќе почне со реализација овој проект. Ние, како Завод и Музеј имаме неколку проекти коишто ги конкуриравме и понатаму ќе ги конкурираме, што заедно со општините, така и на меѓународни проекти, проекти од Министерството. Тоа е реставрација и конзервација на „Св. Илија“, односно „усамедин Пашина џамија, а и оној што сите сакаме да се реализира е за конзервација на тврдината Исар, додава Штерјов. Штипската саат кула со помош на волонтери беше ставена во функција во 2018 година, кога и повторно се слушна отчукувањето на саатот од кулата. Инаку, според пишаните документи, овој споменик на културата е изграден од турски бег во 1650 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/arheoloshkiot-lokalitet-bargala-kje-se-osvetli-na-esen/feed/ 0