барнабеу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Sep 2020 08:18:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png барнабеу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рамос слави 15 години на „Бернабеу“ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ramos-slavi-15-godini-na-bernabeu/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ramos-slavi-15-godini-na-bernabeu/#respond Tue, 08 Sep 2020 08:18:57 +0000 https://kurir.mk/?p=400475

Денес се навршуваат точно 15 години откако Серхио Рамос пристигна во Реал Мадрид, а подоцна се претвори во еден од симболите на големиот клуб. Дефанзивецот беше официјално претставен на 8 септември 2005 година, откако беше привлечен од Севиља и многу брзо покажа дека ова е еден од најсилните трансфери на клубот во неговата историја. Тој дебитираше само 2 дена подоцна против Селта и пред почетокот на неговата 16-та сезона во тимот, тој веќе има 650 настапи за Кралевите, 4-ти на клупската ранг-листа по Раул – 741, Икер Касиљас – 725 и Мануел Санчис – 710. Рамос досега постигна 97 погодоци за Реал, а некои од неговите голови се легендарни откако постигна гол во финалето на Лигата на шампионите во 2014 и 2016 година. Покрај тоа, минатата сезона беше најдобра за него, откако реализираше 12 пати. За овие 15 години, дефанзивецот освои 22 трофеи со Реал, вклучувајќи 5 национални титули и 4 триумфи во Лигата на шампионите. Сепак, тој сигурно нема намера да застане тука. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ramos-slavi-15-godini-na-bernabeu/feed/ 0