Барселона – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 11:16:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Барселона – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Натпреварот со Реал на Барселона и донесе 7,6 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/natprevarot-so-real-na-barselona-i-donese-7-6-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/natprevarot-so-real-na-barselona-i-donese-7-6-milioni-evra/#respond Sat, 04 Nov 2023 11:16:35 +0000 https://kurir.mk/?p=896385

Барселона речиси го повтори рекордот по приходи од „Ел класико“. Како што изјави за Каталонското радио потпретседателот за маркетинг на Барселона, Џули Гиу, последната средба со Реал (1:2) на Каталонците им донесе 7,6 милиони евра. Ова сума е рекорд за „Олимпискиот стадион“ каде се одржа натпреварот. Беше забележано и дека 7,6 милиони евра се повеќе од 60% од натпреварите на „Камп ноу“. Оваа бројка е и блиску до апсолутниот рекорд на Ел класико – 8,3 милиони евра. Најголемото дерби на шпанскиот фудбал минатиот викенд се одржа на „Олимпискиот Стадион“ попознат како „Монтжуик“, бидејќи стадионот на Барселона „Камп ноу“ се реновира. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/natprevarot-so-real-na-barselona-i-donese-7-6-milioni-evra/feed/ 0
Меси: Заслужувам шанса да се збогувам со Барселона https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mesi-zasluzhuvam-shansa-da-se-zboguvam-so-barselona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mesi-zasluzhuvam-shansa-da-se-zboguvam-so-barselona/#respond Thu, 02 Nov 2023 07:30:39 +0000 https://kurir.mk/?p=895614

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси изјави дека сака да одигра проштален натпревар со Барселона. - Би сакал да можам да се збогувам со луѓето на поинаков начин. Кога заминав имав чудно чувство. Не е добро, со оглед на сето она што го споделивме и живеевме заедно. Ја заслужувам шансата да се збогувам. Барселона е мојот дом, го сакам овој клуб. Ако се одржи прошталниот натпревар, со задоволство ќе учествувам, изјави Меси за „ESPN“. Меси играше за Барселона од 2004 до 2021 година. Вкупно за шпанскиот клуб одигра 778 натпревари, постигна 672 гола и 303 асистенции. На 31 октомври, 36-годишниот Аргентинец по осми пат ја освои Златната топка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mesi-zasluzhuvam-shansa-da-se-zboguvam-so-barselona/feed/ 0
Музеј во Барселона ги отвори вратите за нудисти на 90 минути (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/muzej-vo-barselona-gi-otvori-vratite-za-nudisti-na-90-minuti-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/muzej-vo-barselona-gi-otvori-vratite-za-nudisti-na-90-minuti-video/#respond Mon, 30 Oct 2023 08:14:54 +0000 https://kurir.mk/?p=894347

Археолошкиот музеј на Каталонија во Барселона во саботата ги отвори вратите за нудисти, нудејќи им на заинтересираните посебна обиколка низ просториите без облека. Оваа 90-минутна тура е организирана во соработка со каталонскиот „Натуристички клуб“. - Сакавме да има поинтересна тура, а не обична тура со водич, изјави Едгар Местре, водич кој и самиот ја обиколи изложбата без облека. - Сакавме луѓето кои би дошле да ги погледнат експонатите да се чувствуваат исто како делата што ги гледаат. Според страницата на музејот, на посетителите им се нуди можност „да им се восхитуваат на изложените дела и да бидат во иста состојба како статуите - целосно голи и опкружени со голите тела на други луѓе“. - Искуството е исто како да се гледаат делата во облека, но разликата е во тоа што можеби вака подобро разбираме дека голотијата отсекогаш постоела и дека голите човечки тела не треба да бидат извор на срам за никого, вели здравствената работничка Марта - една од нудистите од групата. Посетителите ја разгледаа изложбата на фотографии на Луиџи Спина Бронко од Ријаци, Италија, познати како „Воините на Ријаци“. На сликите се прикажани две големи грчки бронзени статуи на голи воини од 5. век п.н.е., откриени во 1972 година во морето во близина на градот Ријаци во областа Калабрија.   (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/muzej-vo-barselona-gi-otvori-vratite-za-nudisti-na-90-minuti-video/feed/ 0
Фановите на Барса со расистички навреди кон Винисиус, фрлена банана, се огласи каталонскиот гигант https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fanovite-na-barsa-so-rasistichki-navredi-kon-vinisius-frlena-banana-se-oglasi-katalonskiot-gigant/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fanovite-na-barsa-so-rasistichki-navredi-kon-vinisius-frlena-banana-se-oglasi-katalonskiot-gigant/#respond Sun, 29 Oct 2023 06:18:26 +0000 https://kurir.mk/?p=894117

Нов случај на расизам во Шпанија и повторно мета на навреди е крилото на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор. Откако минатиот викенд Винисиус беше навредуван во Севилја, денеска имаше нов случај на Олимпискиот стадион во Барселона. Кога излегуваше од игра, Бразилецот беше гласно исвиркуван, тој истотака ги провоцираше фановите, а некои од нив беа снимени како го гаѓаат со банана и викаат по него дека е „еб.н мајмун“. Откако снимката излезе во јавност, од Барселона излегоа со соопштение по повод овој немил настан. „Барселона секогаш ги брани вредностите на фудбалот како почит кон противниците и ќе ја истражиме секоја расистичка навреда која можеби се случила за време на мечот против Реал Мадрид” – велат од Барса.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fanovite-na-barsa-so-rasistichki-navredi-kon-vinisius-frlena-banana-se-oglasi-katalonskiot-gigant/feed/ 0
ВИДЕО: Белингем ја покори Барселона, историја за Модриќ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-belingem-ja-pokori-barselona-istorija-za-modrik/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-belingem-ja-pokori-barselona-istorija-za-modrik/#respond Sat, 28 Oct 2023 16:24:01 +0000 https://kurir.mk/?p=894035

Реал Мадрид славеше во големото дерби против Барселона со 2:1 во 11. коло од Ла Лига. Каталонците на стадионот во Барселона поведоа по само шест минути со голот на Гундоган и одиграа одлично прво полувреме. Во вториот дел Анчелоти направи три измени што ги раздвижи „Кралевите“ на теренот по што новата светска сензација Џуд Белингем постигна еврогол во 68. минута за израмнување. Англискиот репрезентативец му донесе голема победа на Реал во 92. минута. Лука Модриќ се запиша во историјата на популарното Ел Класико како највозрасниот играч кој настапил во ова дерби. Со оваа победа Реал Мадрид се врати на врвот на табелата во Ла Лига, додека Барселона остана на третото место со два бода повеќе од Атлетико Мадрид, но и два натпревари повеќе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-belingem-ja-pokori-barselona-istorija-za-modrik/feed/ 0
Ортега и Барселона го продолжија договорот до 2026 година https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ortega-i-barselona-go-prodolzhija-dogovorot-do-2026-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ortega-i-barselona-go-prodolzhija-dogovorot-do-2026-godina/#respond Fri, 27 Oct 2023 04:15:43 +0000 https://kurir.mk/?p=893583

Шпанскиот ракометен гигант Барселона го реши прашањето околу тренерското место, барем за наредните две сезони. Актуелниот стратег Антонио Ортега реши да ја продолжи соработката со каталонскиот тим до 2026 година. Тој го презема кормилото на Барса, по заминувањето на Чави Пасквал и ја одработува втората сезона, а сега потпиша нов договор на две сезони. Минатата сезона Барса го заврши настапот во полуфиналето на Ф4 турнирот, а сезонава има послаб тим на хартија и ќе биде тешко да стигне до титулата во конкуренција на Веспрем, Магдебург, ПСЖ, Келце, Кил…]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ortega-i-barselona-go-prodolzhija-dogovorot-do-2026-godina/feed/ 0
Познат е судијата кој ќе ја дели правдтата на големото шпанско „Ел Класико“ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poznat-e-sudijata-koj-ke-ja-deli-pravdtata-na-golemoto-shpansko-el-klasiko/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poznat-e-sudijata-koj-ke-ja-deli-pravdtata-na-golemoto-shpansko-el-klasiko/#respond Fri, 27 Oct 2023 03:58:11 +0000 https://kurir.mk/?p=893565

Големиот меч меѓу Барселона и Реал Мадрид на „Монжуик“ кој ќе се одигра на 28 Октомври ќе го суди Хесус Жил Манзано. За 39-годишниот Манзано, претстојното „Ел Класико“ ќе му биде трето во судиската кариера. Дебито го направи во сезоната 2014/15 кога во 9 коло мадриѓани ја победија Барса со 3:1. Тој беше на центаорт и во мечот од 30 коло во сезоната 2020/21 кога Реал победи со 2:1. Манзано 37 пати му судел на Реал, а „Кралевите“ забележале 37 победи, пет ремија и пет порази. Тој беше дел од мечот меѓу Валенсија и Реал во сезоната 2020/21 кога досуди три пенали за Валенсија, сите реализирани од Карлос Солер, и овој тим на крајот победи со 4:1. На Барселона и судел на 36 натпревари, а каталонскиот тим победил 22 пати, седум пати ремизирал и има седум порази. Минатата сезона на мечот меѓу Барса и Осасуна го исклучи Левандовски и потоа полскиот напаѓач беше суспендиран на три натпреаври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poznat-e-sudijata-koj-ke-ja-deli-pravdtata-na-golemoto-shpansko-el-klasiko/feed/ 0
„Реплек“ на престижниот Саем за фармација во Барселона (CPHI) https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/replek-na-prestizhniot-saem-za-farmatsija-vo-barselona-cphi/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/replek-na-prestizhniot-saem-za-farmatsija-vo-barselona-cphi/#respond Wed, 25 Oct 2023 08:57:13 +0000 https://kurir.mk/?p=892854

„Реплек“ продолжува со активностите за зајакнување на пазарните позиции и промоција на фармацевтското портфолио. Годинава „Реплек АД“ повторно учествува на престижниот Саем за фармација (CPHI) во Барселона, каде има можност да ги унапреди своите позиции на странските пазари и да ја продлабочи соработката со останатите фармацевтски компании од светот. „Нашето учество на Саемот е значајна можност да ги унапредиме веќе постоечките партнерства, како и да ги зацврстиме пазарните позиции и да го презентираме нашето портфолио. Наша стратешка цел е освојување на нови пазари, па оттука овие престижни фармацевтски случувања се од огромно значење. Извозната стратегија, надополнета со континуирано зајакнување на производното портфолио, се покажа успешна, а најдобар показател за тоа се финансиските резултати во сегментот фармација од првите девет месеци за 2023 година, кои покажуваат 44% раст на приходите од продажба, а дури 52% раст на продажбата на странски пазари“, истакна Душан Пецовски - генерален директор на „Реплек“. Дел од стратегијата за зајакнување на пазарните позиции и проширување на странски пазари на компанијата се и активностите за подобрување на конкурентноста на производите, преку иновативни решенија, промоција на производите и градење на одржливи партнерства. Околу 82% од портфолиото на „Реплек“ се пласира на пазарите на повеќе од 20 земји во Европската Унија, Централна и Југоисточна Азија, како и регионот Адрија. Некои од производите од фармацевтската програма на компанијата се меѓу најпродаваните на одделни пазари, што е дополнителна потврда за квалитетот и висока конкурентност на глобално ниво. Престижниот Саем за фармација CPHI постои од 1990 година и претставува централен настан кој ги обединува најголемите фармацевтски компании во светот, а секоја година се одржува на различна локација. Значајно е што, покрај можностите за промоција и презентација на производните портфолија на фармацевтските компании, овој настан овозможува и бизнис комуникација помеѓу учесниците во текот на целата година. Тоа на компаниите им обезбедува можност за градење одржливи партнерства, нови пазарни можности, како и унапредување на квалитетот на производите. Настанот собира над 40.000 учесници и над 7000 изложувачи и претставува можност за фармацевтските компании да ги претстават своите производи, како и да стекнат нови знаења од врвни експерти за унапредување на квалитетот на производите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/replek-na-prestizhniot-saem-za-farmatsija-vo-barselona-cphi/feed/ 0
Жоан Лапорта ќе се кандидира за нов претседателски мандат во Барселона https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zhoan-laporta-ke-se-kandidira-za-nov-pretsedatelski-mandat-vo-barselona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zhoan-laporta-ke-se-kandidira-za-nov-pretsedatelski-mandat-vo-barselona/#respond Mon, 23 Oct 2023 05:52:42 +0000 https://kurir.mk/?p=892051

Жоан Лапорта сака да се кандидира за уште еден мандат на претседателското место во Барса во 2026 година. „Согласно законот, можам да го направам ова, можам повторно да се кандидирам. Се додека можам, ќе го правам тоа. И сакам да останам со мојот одбор на директори бидејќи тие вложија труд, работа и посветеност на проектот.  Потоа ќе видиме“, изјави претседателот на каталонскиот клуб. Лапорта заеднос о двајцата негови претходници се предмет на истрага на шпанскиот суд за случајот со корупција наречен „Негреира“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zhoan-laporta-ke-se-kandidira-za-nov-pretsedatelski-mandat-vo-barselona/feed/ 0
Цените на билетите за фудбалското „Ел Класико“ достигнаа и до 2.450 евра https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tsenite-na-biletite-za-fudbalskoto-el-klasiko-dostignaa-i-do-2-450-evra/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tsenite-na-biletite-za-fudbalskoto-el-klasiko-dostignaa-i-do-2-450-evra/#respond Sat, 21 Oct 2023 06:04:23 +0000 https://kurir.mk/?p=891458

На 28 октомври, значи наредната сабота на програмата е најголемиот клупски натпревар во светот меѓу Барселона и Реал Мадрид, тоа е популарниот „Ел Класико“ дуел кој ќе се одигра на стадионот “Монжуик“ ако се знае дека “Камп Ноу“ е во фаза на реконструкција. Па така со оглед на тоа дека овој стадион има капацитет од 49.000 места или двојно помалку од “Камп Ноу“, цените на билетите за овој спектакл и тоа како пораснаа. Најефтините се движат од 294 до 344 евра, а најскапите од 1.875 до 2.450 евра. Ова се официјални цени, а јасно е дека истите ќе бидат драстично поголеми на “црниот пазар“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tsenite-na-biletite-za-fudbalskoto-el-klasiko-dostignaa-i-do-2-450-evra/feed/ 0