баша – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 12 Dec 2020 18:27:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png баша – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 По насилствата во Скадар, Рама ги спореди Мета и Бериша со терористите на Боко Харам https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-nasilstvata-vo-skadar-rama-gi-sporedi-meta-i-berisha-so-teroristite-na-boko-haram/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-nasilstvata-vo-skadar-rama-gi-sporedi-meta-i-berisha-so-teroristite-na-boko-haram/#respond Sat, 12 Dec 2020 18:31:33 +0000 https://kurir.mk/?p=442488

По денешниот насилен протест во северниот град Скадар, албанскиот премиер и лидер на Социјалстичката партија Еди Рама, ги обвини претседателот Илир Мета и поранешноот претседател Сал Бериши дека ги злоупотребуваат децата и ги спореди со терористите на Боко Харам, кои ги злопуотребуваат децата како камикази. -Терористите на Боко Харам ги користат децата како бомбаши самоубијци. Историјата познава криминални случаи со деца, но да се појави во Албанија како последно прибежиште на маскенбалот на опозициската политика, ова е крајно болно! Многу посакувам и силно верувам дека нема демократски и опозициски родител кој ја прифаќа оваа крајна злоупотреба на малолетници на водачите без татковина, без знаење и вера, без душа и мозок, на ова мизерна опозиција, со нејзината морална празнина и нејзиниот криминален карактер. Никогаш не заборавјте го ова, стои во реакцјата на Рама. Во денешниот протест во Скадар, во кој главно учествуваа млади, целосно се уништени просториите на Социјалистичката партија. Од просториите беше извадено се што се наоѓаше во нив и потоа запалено. Учесниците во протестот оштетија и други објект. За смирување на состојбата интеревенираа припадниците на специјалната полициска единца за итни интервенции. На протестот учествувала и градоначалничката Волтана Адеми, која пак за последиците од протестот ја обвини полицијата која, според неа доцнела во интервенцијата. Протест е најавен во Тирана и за вечерва. Тоа ќе биде четврт протест по убиството на 25-годишниот Клодјан Раша од страна на полициски специјалец. Поради тоа главнот град целосно е блокиран од полиција, цистерни со вода, блиндирани возила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-nasilstvata-vo-skadar-rama-gi-sporedi-meta-i-berisha-so-teroristite-na-boko-haram/feed/ 0
По обинувањата на Баша, во острата реакција Рама му порача дека отишол предалеку за политички цели https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-obinuvanjata-na-basha-vo-ostrata-reakcija-rama-mu-poracha-deka-otishol-predaleku-za-politichki-celi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-obinuvanjata-na-basha-vo-ostrata-reakcija-rama-mu-poracha-deka-otishol-predaleku-za-politichki-celi/#respond Fri, 20 Nov 2020 12:18:34 +0000 https://kurir.mk/?p=432196

Албанскиот премиер, Еди Рама остро реагираше на обвинувањата на неговиот политички опонент, лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, кој гостувајќи во телевизиска емисија ги обвини властите дека го кријат реалниот број на смртни случаи од Ковид-19. -За невиденото обвинување на Љуљезим Баша, кое директно го нарушува моралниот и професионалниот интегритет на докторите од првата борбена линија и поттикнува насилство врз нив, утре ќе им се обратам на Албанците со директна порака.Отиде многу, многу далеку од која било цел на ниска дневна политика и тука веќе не е едноставно прашање да се зборува за неодговорен актер,напиша Рама на Фејсбук. Додава дека денес ја искажал целата негова солидарност и поддршка за професорката Најада Чомо,началник на Инфективната клника и целиот нејзин пожртвуван тим. -Со огромна благодарност и признание се поклонувам пред нивниот секојдневен труд девет месеци по ред, и им кажував дека историјата на албанската медицина ќе зборува за нив кога Љуљзим Баша и останатите од мизерниот свет на клевети и озборувања,ќе им се заборави името, углед и белег,порача Рама. Обвинувањата на Баша ги отфрлија и здравствените работници од ковид болниците, но како што пренесуваат албанските медуми, молчат од болнчките мртовечници. Повикувајќи се на „ сигурни извори“ Баша обвини дека во периодот март-октомври од Ковид-19 почнале 923 а не 509 лица како што официјално потврдуваат властите. Додаде дека за сите починати располага со лични податоци,денот на прием и денот на смртта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-obinuvanjata-na-basha-vo-ostrata-reakcija-rama-mu-poracha-deka-otishol-predaleku-za-politichki-celi/feed/ 0
Баша обвини дека властите ја кријат реалната состојба со Ковид-19 во Албанија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/basha-obvini-deka-vlastite-ja-krijat-realnata-sostojba-so-kovid-19-vo-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/basha-obvini-deka-vlastite-ja-krijat-realnata-sostojba-so-kovid-19-vo-albanija/#respond Wed, 14 Oct 2020 15:15:27 +0000 https://kurir.mk/?p=416423

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша,на попладневната средба со новинарите искажа тешки обвинувања против државните органи за криење на вистинската состојба со Ковид-19, посебно жртвите од предизвикани од опасниот вирус. Тој при тоа побара обвинителството да почне истрага за двајца високи функционери, односно премиерот и министерката за здравство. -Според официјалните податоци, имаме продлабочување на кризата и рекорден број нановозаразени,но тоа се изманипулирани и фалсификувани податоци, зашто бројот на заразени,но за жал и починати, е многу поголем од оној што се објавува. Вчера медиумите објавија дека починал поранешен директор на сектор во општина Тирана, кој починал откако починал неговиот татко,но тој не е внесен во вчерашниот официјален извештај,што не е единствен случај. Обвинителството требаше да започне истрага за неделувањето на Еди Рама и министерката за здравство,обвини Баша. Во однос на задолжителното носење заштина маска, одлука која стапува во сила од утре, Баша вели дека ќе ја почитува. -Јас лично ја носев маската и уште одамна ве советував да ја носите. Владата не може да се затскрива со казни за маски, поради непреземањето соодветни мерки. Нема вистински мерки како што ги превзедоа земјите од регионот, како Косово и Македонија. Еди Рама за непреземените мерки се затскрива зад маските,обвини Баша. Тој уште со подршка на барањето на познати епидемиолози дека во земјата треба да се прават од 2.000 до 2.500 тестови во едно деноноќие за да се отслика реалната епидемиолошка состојба. За неговиот најголем опонент, лидерот на Социјалистичката партија и актуелен премиер, Еди Рама рече дека ги продава старите ветувања како нови. -Ветувањето за укинување на акцизата е ветување од 2013 година и тоа го прави повторно како денес, магарето лета. Ниту неговото семејство не му верува,додаде Баша. Тој го повтори неговиот план за закрепнување од кризата предизвикана од пандемијата, нагласувајќи дека со нејзиното спроведување се избегнува второ фатално затворање на земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/basha-obvini-deka-vlastite-ja-krijat-realnata-sostojba-so-kovid-19-vo-albanija/feed/ 0
Повторно несогласувања меѓу Рама и Баша за изборната реформа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povtorno-nesoglasuvanja-megju-rama-i-basha-za-izbornata-reforma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povtorno-nesoglasuvanja-megju-rama-i-basha-za-izbornata-reforma/#respond Wed, 22 Jul 2020 09:49:18 +0000 https://kurir.mk/?p=379528

Во Албанија продолжуваат несогласувањата околу изборната реформа,меѓу владејачкото мнознство и вонпарламентарната опозиција, откако социјалистите по постигнатиот договор на петти јуни, побара уставни измени со кои со новиот изборен законик се укинуваат изборни коалиции. Околу овие измени договор синоќа постигнаа пратенците од власта и парламентарната опозиција,на средба со премиерот Еди Рама, што следуваше по неговата средба со американската амбасадорка Јури Ким. Со тоа, како што изјави Рама, обезбедени се 84 гласови кои се потребни за изгласување на изборната реформа,што е еден од 15-те услови за почеток на преговорите со ЕУ,на што пак остро се спротивставуваат од вонпарламентарната опозиција. Во заедничката изјава за медиумите, обединетата опозицијата оценува дека „едностран уставен амандман со кој се забрануваат изборни коалиции е во спротивност со двата политички договори за изборите, од 14-ти јануари и оној на 5 јуни. „Ова е доказ за дијаболичкиот план на Еди Рама, првично да се одобри договорот од 5 јуни, да се исмеваат нашите стратешки партнери, САД и ЕУ и само една недела подоцна да се укине договорот со еднострани уставни измени, кои забрануваат коалиции како изборен субјект, стои меѓу другото во заедничката реакција на обединетата опозиција. Во меѓувреме премиерот Рама преку објава на Твитер ја повика опозицијата да не ја бојкотира денешната попладневна седница на Политичкиот совет задолжен за изборните реформи и да се приклучи„во трипатитниот дијалог“. „Денеска во 17:00 часот ќе се состане Политичкиот совет. Го повторувам апелот за вонпарламентарна опозиција да не го бојкотира Политичкиот совет и да го продолжи трипартитниот дијалог заедно со парламентарната опозиција, за уставните новини, напиша Рама на Твитер. За возрат на уставните измени парламентарната опозиција се избори за отворени кандидатски листи на изборите. Малцинствата и овој пат извисија со барањето со новиот изборен законик да се гарантираат пратенички места за нив. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povtorno-nesoglasuvanja-megju-rama-i-basha-za-izbornata-reforma/feed/ 0
Реакции на Мета, Рама и Баша по постигнатиот договор за изборната реформа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/reakcii-na-meta-rama-i-basha-po-postignatiot-dogovor-za-izbornata-reforma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/reakcii-na-meta-rama-i-basha-po-postignatiot-dogovor-za-izbornata-reforma/#respond Sat, 06 Jun 2020 13:41:36 +0000 https://kurir.mk/?p=354489

По постигнатиот договор за изборната реформа на политичките партии во Албанија, реагираа шефот на државата Илир Мета, премиерот и лидер на владејачките социјалисти, Еди Рама и лидерот на опозициските демократи, Љуљзим Баша. Претседателот Мета му честита на Политичкиот совет за постигнатиот договор сметајќи го за позитивна вест, но не и доволен за да гарантира слободни и фер избори. Тој, исто така, им се заблагодари на европските партнери за трпеливоста. „Ова е позитивна вест, но не е доволно за да се гарантираат слободни и фер избори. Консензус културата мора да продолжи и за други услови за да се забрза започнувањето на преговорите. Благодарност и до нашите европски партнери за нивната трпеливост! Посебна благодарност и до САД и Велика Британија кои ја поддржуваат европската иднина на Албанија, стои во реакцијата на Мета. Премиерот Еди Рама во својата реакција не ја поштеди иронијата потенцирајќи дека опозицијата конечно го прифатила Изборниот законик каков што бил, но според него, важно е тоа да се направи како што тие сакале. „По три години марширање и три непроспиени ноќи , тие ни го донесоа последниот збор: „добар беше, каков што беше“. Но, добро, јас мислев и се уште мислам дека има уште подобро, но ако опозицијата е задоволна со толку за идните избори бујрум, како што сакаат тие. Важно е дека опозицијата ќе влезе на избори со Изборниот законик каков што сака. ОДХИР се согласува дека ова не ја нарушува слободата на избори, ЕУ е задоволна, Албанија веќе нема прашања во пресрет на одлуката за официјалниот датум на започнување на преговори. Ах, да, заврши и револуцијата, напиша Рама на Твитер. Лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, го поздрави договорот и оценува дека тоа е „значаен чекор кој дава многу гаранции за слободни и демократски избори“. „Направивме еден чекор напред, за да обезбедиме повеќе гаранции за слободни и фер избори во Албанија. Обединетата опозиција е подготвена и работи секој ден да им го врати владеењето на Албанците. Во име на обединетата опозиција, изразуваме благодарност до нашите евроатлантски сојузници и партнери за нивната помош и придонесот за изнаоѓање договор за изборна администрација, стои во реакцијата на Баша. Договорот за изборната реформа го позрдавија и амбасадорите на САД, ЕУ, Велика Британија и ОБСЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/reakcii-na-meta-rama-i-basha-po-postignatiot-dogovor-za-izbornata-reforma/feed/ 0
Рама и Баша го честитаа изборот на новата косовска Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-i-basha-go-chestitaa-izborot-na-novata-kosovska-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-i-basha-go-chestitaa-izborot-na-novata-kosovska-vlada/#respond Thu, 04 Jun 2020 07:46:54 +0000 https://kurir.mk/?p=353577

Албанскиот премиер Еди Рама го честиташе изборот и `и посака среќа на новата влада на Косово. Преку објава на Твитер, Рама истото и го посака и на опозицијата во Косово, надевајќи се дека и двете страни ќе работат заедно за доброто на земјата. „И посакувам на нова влада на Косово и на опозицијата среќна и успешна работа во интерес на народот и нивната држава, со верба и надеж дека по еден не толку лесен период на превирања во процесот на демократската зрелост, тие ќе направат заедно добра работа за Косово“, напиша Рама. Преку Твитер реагираше и лидерот на опозициската Демократска партија,Љуљзим Баша. Честитајќи му го изборот на новата влада во Приштина Баша оценува дека консолидацијата на државата, евроатланските интеграции, заштитата на интегритетот и суверенитетот на Косово, се предизвици, чие успешно реализирање е во интерес не само на Косово и нејзиниот народ, туку се неопходни за мировните и интегративните процеси на целиот регион. „И посакувам успешна работа на новата влада на Косово и на премиерот Хоти во успешно исполнување на стратешките цели на Косово и на најдобрите интереси на нејзините граѓани. Демократската партија на Албанија денес во опозиција а утре на власт секогаш ќе биде на страната на Косово, на страната на нејзините граѓани, со непоколебливо убедување дека успехот на Косово е успех на националниот интерес на сите Албанци, напиша Баша. Новата косовска влада на чие чело е Абдулах Хоти законодавниот дом во Приштина ја изгласана вчера.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-i-basha-go-chestitaa-izborot-na-novata-kosovska-vlada/feed/ 0
Баша го заврши осмиот протест со порака дека битката продолжува се до заминување на Рама https://arhiva.kurir.mk/svet/region/basha-go-zavrshi-osmiot-protest-so-poraka-deka-bitkata-prodolzuva-se-do-zaminuvanje-na-rama/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/basha-go-zavrshi-osmiot-protest-so-poraka-deka-bitkata-prodolzuva-se-do-zaminuvanje-na-rama/#respond Sun, 09 Jun 2019 07:05:05 +0000 https://kurir.mk/?p=207121

Со пораката на лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша упатена од пред партиското седиште дека започната битка на опозицијата и граѓаните, кои се пообединети од кога било, ќе продолжи се до заминувањето на премиерот Еди Рама и формирање преодна влада,заврши осмиот „национален протест“ на албанската опозиција. Баша уште порача дека опозицијата нема да направи ниту чекор назад зашто гласот на протестантите се слушнал низ целиот свет. -Учеството, единството, отпорот, издржливоста е нашата сила а вашата сила е незапирлива. Тоа е вашиот глас кој се слушна од Берлин до Брисел од Лондон до Вашингтон. Нема повлекување се додека не ја урнеме тиранијата.Вечерва е многу значајна вечер за нашата битка. Вечерва е многу значајна ноќ во нашата битка која ќе продолжи се до заминувањето на најголемот криминалец Еди Рама и формирање преодна влада, рече Баша. Во првото обраќање, на почетокот на протестот, пред Владата, Баша му се заблагодари на претседателот Илир Мета за одлуката да ги одложи локалните избори,но оцен дека тоа е само еден мал чекор напред во започнатата битка. -Одложувањето на 30 јуни е прв доказ за нашата обединета моќ, но не е крај на нашата битка. Тоа е само мал чекор напред во битката што заедно ја водиме и во која од ден на ден сме се побројни. Ние ќе продолжиме со оваа битка до извојување на целосна победа, ние сме одлучни во тоа. Рама што побрзо треба да си од,рече Баша,по што ги повика учесниците во протестот да ги запалат моблните телефони и да се упатат кон Парламенот. За разлика од пред Владата,каде имаше инцидентно фрлање на по некоја димна бомба а многу повеќе извикувања„Баша,Баша“ „Рама од си“ „Албанија како цела Европа“,состојбата беше потензична пред законодавниот дом. Таму протестантите почнаа да фрлаат димни бомби и тврди предмети кон полицијата,по што таа беше принудена да употреби водени топови и солзавец. По апелот на претседателот Мета упатен до раководствата на политичките партии да ги повлечат протестатите од пред Парламентот, на повикот на Баша тие тоа и го направија. Ова беше осми „национален протест“ на обединетата албанска опозиција,на кој според органзаторте само од внатрешноста учествувале над 70.000 граѓани. Првиот голем протест беше одржан на 16 февруари.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/basha-go-zavrshi-osmiot-protest-so-poraka-deka-bitkata-prodolzuva-se-do-zaminuvanje-na-rama/feed/ 0
Баша: Битка кон сигурна победа, ни еден чекор назад https://arhiva.kurir.mk/svet/region/basha-bitka-kon-sigurna-pobeda-ni-eden-chekor-nazad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/basha-bitka-kon-sigurna-pobeda-ni-eden-chekor-nazad/#respond Sat, 08 Jun 2019 13:09:05 +0000 https://kurir.mk/?p=207028

Лидерот на Демократска партија,која ја предводи обединетата албанска опозиција, Љуљзим Баша,на само неколкучаса пред вечерашниот протест, ги повика албанските граѓани на што помасовно учество,на, како што ја нарече, битката кон сигурна победа. Тој е со став дека демократите се одлучни да не прават ни еден чекор назад. -Единството, учеството и одлучноста за да ја однесеме оваа битка во сигурна победа е најгордата инвестиција за децата, нивната иднина и секој Албанец. Младите луѓе, студенти и професионалци, педагози, уметници, интелектуалци, лекари, медицински сестри и професори, чесни претприемачи и земјоделци, пензионери и невработени, членови на семејството, родители, синови и ќерки на Албанците, добредојдени сте вечерва на народното и граѓанско единство во 19 часот во Тирана. Нема чекор назад! Албанија како Европа,- напиша Баша на Фејсбук. Со порака на Фејсбук се јави и почесниот лидер на демократите,Сали Бериша,кој покрај фотографија од досегашните протести напиша дека „часот на супергигантот доаѓа“ барајќи заминување на премиерот Еди Рама. -Часот на супергигантот се приблжува! Рама од си!Победа! напиша Бериша,кој е и поранешен претседател и премиер на Албанија. Вечерашниот е осми по ред „народен протест“ на обединетата албанска опозиција. Последниот одржан на втори јуни ескалираше со насилство пред Парламентот,кога беа повредени 10 полицајци, еден камерман и неколку поротестанти.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/basha-bitka-kon-sigurna-pobeda-ni-eden-chekor-nazad/feed/ 0
Баша: Нема избори со „балканскиот Мадуро“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/basha-nema-izbori-so-balkanskiot-maduro/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/basha-nema-izbori-so-balkanskiot-maduro/#respond Sun, 24 Feb 2019 14:35:15 +0000 https://kurir.mk/?p=167730

Заминувањето на албанскиот премиер Еди Рама од функциијата е „најголемата национална мисија на секој Албанец, кој го сака своето семејство и своите деца“, изјави денеска лидерот на опозициската Демократска партија (ПД), Љуљзим Баша, по средбата со претседателите на партиските општински организации. Баша изјави дека опозицијата нема да прифати избори со „наркомафијата и балканскиот Мадуро“, како што го нарече премиерот Рама. – На 28 февруари и на 7 март ќе органиизраме национални протести пред криминалното собрание што ја узурпира зградата на Парламентот на Република Албанија, а на 16 март ќе одржиме уште еден голем национален протест за да го урнеме Еди Рама – балканскиот Мадуро, со кого нема да има избори. Протестите ќе имаат за цел да го максимализираат учеството на граѓаните и синдикатот и граѓанскиот гнев. Сезоната на протести што туку почна. Нема запирање. Никој нема да ја сопре енергијата на народот за заминување на злото и за да и се даде на Албанија иднината што ја заслужува. Таа ќе биде без Еди Рама, без накомафијата и олгарсите, рече Баша. Тој нагласи дека е сигурно оти по чекорот направен во четвртокот, кога опозициските пратеници се откажаа од своите манадати, нема враќање назад, не само за опозицијата, туку и за Еди Рама, кого го обвини дека има „план да ги украде претстојните избори“. – Планот што го подготви минатите месеци е кредење на идните избори. Заминувањето на Еди Рама денес е најголемата национална мисија што некогаш ја имал секој Албанец, кој го сака своето семејство и неговите деца. Нема да ги оставиме ниту претстојните избори, ниту судбината на Албанците во рацете на наркомафијата, која се подготвува да ги купи идните избори. Такво нешто нема да дозволиме. Демократската партија и обединета опозиција ќе ги преземат сите мерки, протест по протест, без никакви пречки и спречување на гневот на народот, се додека не го истераме овој разбојник и крадец од фотелјата, што тој ја украде со криминалот и криминалните пари и кој заборави дека власта му припаѓа и ќе му се врати на вистинскиот сопственик, а тоа е народот, посочи Баша. Албанската опозиција е убедена дека со овој екстремен чекор ќе го принуди премиерот Рама да се повлече од власта и да се отвори пат за формирање преодна влада, која ќе спроведе слободни и фер избори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/basha-nema-izbori-so-balkanskiot-maduro/feed/ 0
Баша најави враќање на смртната казна во Албанија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/basha-najavi-vrakjanje-na-smrtnata-kazna-vo-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/basha-najavi-vrakjanje-na-smrtnata-kazna-vo-albanija/#respond Sat, 13 Oct 2018 11:10:16 +0000 https://kurir.mk/?p=114465

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократска партија, Љуљзим Баша, најави дека кога неговата партија ќе дојде на власт ќе распише референдум за враќање на смртната казна во земјата. Ова тој го изјави во селото Шели, околија Мат, откако беше да изрази сочувство на семејствата на тројцата вработени во локалната власт кои беа затрелани пред два дена од жител на селото,незадоволен што не го продолжиле асфалтирањето на патот до неговата куќа. - Враќањето на смртната казна е прашање кое им припаѓа на албанските граѓани, но, јас лично сум подготвен да го поставам ова прашање на албанските граѓани преку референдум кога ДП ја презема одговорноста да владее со земјата, изјави Баша на новинарско прашање. Тој ја обвини актуелната влада на премиерот Еди Рама дека земјата ја довела во најтешка состојба од кога било досега и оти криминалот запоседнал насекаде. Во четвртокот,кога беа убиени општинските службеници, во Албанија беа регистрирани уште две одделни убиства. Последната смртна пресуда во Албанија е извршена на 25 јуни 1992 година, кога во центарот на градот Фиер беа обесени браќата Јосиф и Дритбард Чуко од селото Либофш,кои беа осудени за повеќекратно убиство, случај познат како „Масакрот во Либофш“. Тие ноќта на 29 мај 1992 година при обид за кражба во куќата на семејството Путо во споменатото село убија пет лица, мајка,татко, син,снаа и нивната осуммесечна ќерка. Инаку,лани во Албанија регистрирани се 47 убиства, колку што приближно се регистрирани во изминатиот период од годинава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/basha-najavi-vrakjanje-na-smrtnata-kazna-vo-albanija/feed/ 0