башакшехир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Jul 2022 15:57:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png башакшехир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Озил ја продолжува кариерата во Башакшехир https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ozil-ja-prodolzuva-karierata-vo-bashakshehir/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ozil-ja-prodolzuva-karierata-vo-bashakshehir/#respond Thu, 14 Jul 2022 15:57:56 +0000 https://kurir.mk/?p=705273

Поранешниот германски фудбалски репрезентативец Месут Озил (33) ќе ја продолжи кариерата во турскиот прволигаш Башакшехир, соопшти синоќа клубот од Истанбул. Озил во клубот, чиј навивач е неговиот кум и претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, доаѓа без обесштетување, откако неодамна го раскина договорот со Фенербахче. Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Арсенал имаше проблеми со физичката подготвеност и посветеноста на тренинзите и поради тоа од март не беше во плановите на Фенербахче. Роден во Гелзенкирхен, Озил за репрезентацијата на Германија одигра 92 натпревари и постигна 23 голови, а во 2014 година ја освои светската титула на Мундијалот во Бразил. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ozil-ja-prodolzuva-karierata-vo-bashakshehir/feed/ 0
ФОТО: Хит натпревар – Ги гледате ли фудбалерите во бели дресови? https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-hit-natprevar-gi-gledate-li-fudbalerite-vo-beli-dresovi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-hit-natprevar-gi-gledate-li-fudbalerite-vo-beli-dresovi/#respond Sun, 17 Jan 2021 08:24:23 +0000 https://kurir.mk/?p=456407

Фудбалерите на Башакшехир и Сиваспор одиграа неверојатен натпревар откако гостинскиот тим одлучи да настапи со бели дресови на терен прекриен со снег. Фудбалерите можеби немале поголеми проблеми на теренот да се видат, но за гледачите гледањето на натпреварот било невозможна мисија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-hit-natprevar-gi-gledate-li-fudbalerite-vo-beli-dresovi/feed/ 0
Барнс за романскиот судија: Како требаше да каже за тренерот освен црниот? Нема расизам во ова! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barns-za-romanskiot-sudija-kako-trebashe-da-kaze-za-trenerot-osven-crniot-nema-rasizam-vo-ova/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barns-za-romanskiot-sudija-kako-trebashe-da-kaze-za-trenerot-osven-crniot-nema-rasizam-vo-ova/#respond Wed, 09 Dec 2020 09:22:49 +0000 https://kurir.mk/?p=440772

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Џон Барнс проговори за инцидентот на вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Башакшехир. Средбата беше прекината поради наводна расистичка изјава на романскиот резервен судија Себастијан Клотеску кон вториот тренер на турскиот клуб Пјер Вебо. – Еве го стручниот штаб на Истанбул. Треба да се отстрани еден од нив, а судијата го прашува резервниот судија кој точно. Може ли некој да ми каже како судијата требаше да го назначи освен „Црниот“, кога судијата не ги знае имињата на стручниот штаб, а тие немаат бројки? Нема расизам ако некој со темна боја на кожата го наречеме црн. Резервниот судија не го знаеше името на тренерот. Шест од седум тренери што беа таму се Турци. Што друго имаше судијата да каже? – напиша поранешниот фудбалер на Твитер, приложувајќи скриншот од фотографијата на стручниот штаб на тимот од Истанбул. Џон Барнс е со темна боја на кожата и е првиот фудбалер од оваа раса кој застана во одбрана на судијата Клотеску. Натпреварот ПСЖ – Башакшехир прекинат вчера во 13. минута, ќе се доигра денес со нови судии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barns-za-romanskiot-sudija-kako-trebashe-da-kaze-za-trenerot-osven-crniot-nema-rasizam-vo-ova/feed/ 0
Солскјер се надева дека Погба може да игра против Башакшехир https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solskjer-se-nadeva-deka-pogba-moze-da-igra-protiv-bashakshehir/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solskjer-se-nadeva-deka-pogba-moze-da-igra-protiv-bashakshehir/#respond Tue, 24 Nov 2020 07:41:01 +0000 https://kurir.mk/?p=433486

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер има надеж дека играчот за врска Пол Погба ќе биде подготвен за натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против Башакшехир. – Се надеваме дека Погба ќе може да игра. Пол тренираше вчера. Да видиме што велат лекарите на денот на натпреварот. Што се однесува до Лук Шоу – се надевав дека ќе се врати за еден месец, но кога играч ќе добие уште една повреда на тетивата, не вреди да се ризикува. Тој сè уште не се врати на тренинзите со тимот. Се надевавме дека ќе пропушти само четири недели, но напротив, тој е поблизу до пропуштање на шест недели, изјави Солскјер за „Sky Sports“. Натпреварот „Манчестер јунајтед – Башакшехир ќе се игра вечер со почеток во 21 часот. Турскиот клуб го доби првиот натпревар со резултат 2:1.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solskjer-se-nadeva-deka-pogba-moze-da-igra-protiv-bashakshehir/feed/ 0
Башакшехир го казни Арда Туран со 370.000 евра https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bashakshehir-go-kazni-arda-turan-so-370-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bashakshehir-go-kazni-arda-turan-so-370-000-evra/#respond Tue, 16 Oct 2018 14:36:39 +0000 https://kurir.mk/?p=115768

Турскиот фудбалер Арда Туран кој игра во истанбулскиот тим Башакшехир како позајмен играч од Барселона, ќе ја плати цената за своето арогантно однесување и инцидентот што го предизвика во ноќен клуб. Клубот процени дека „несоодветното однесување на Туран не се вклопува во етичкото и професионалното разбирање на фудбалот“ и го казни со 370.000 евра. Поранешниот турски репрезентативец продолжува редовно да ги извршува своите обврски за клубот до судска пресуда за инцидентот во кој учествуваше. Туран е обвиент поради напад врз турскиот пејач Беркај Шахин, поради што Обвинителството во Истанбул побара затворска казна од 12 и пол години. Инцидентот се случи минатата седмица во ноќен клуб во Истанбул, а 31-годишниот фудбалер го нападнал пејачот и му го скршил носот. Во ноќниот клуб за време на нападот присуствувала и сопругата на Шахин, а како што објавија турските медиуми причина за расправијата биле токму навредите на Туран упатени кон неа. Туран е обвинет за сексуален напад, незаконско носење на огнено оружје, закани по живот и намерно нанесување тешки телесни повреди. Искусниот 31-годишен играч од средниот ред не прави проблеми првпат. Во мај на Туран му беше изречена парична казна од 9.200 долари и доби суспензија од 16 натпревари, откако нападна помошен судија за време на натпревар од турското фудбалско првенство, а минатата година беше исфрлен од Барселона, бидејќи сакаше да се пресмета со новинар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bashakshehir-go-kazni-arda-turan-so-370-000-evra/feed/ 0