баскерфест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Jun 2018 10:58:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png баскерфест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почнува „Баскерфест“ во Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pochnuva-baskerfest-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pochnuva-baskerfest-vo-skopje/#respond Tue, 12 Jun 2018 10:58:19 +0000 https://kurir.mk/?p=64935

На плоштадот „Македонија“ вечер од 19 часот ќе почне 13. Фестивал на улични уметници „Баскерфест“ со дефиле на 20-ина учесници од земјава и од странство.  Организаторите најавија повеќе од 20 точки на изведувачи од Јапонија, Аргентина, Шпанија, Франција, Индија, Бразил..., а посетителите како и во минатите изданија ќе имаат можност интерактивно да се вклучат. На годинашниот „Баскерфест“ ќе учествуваат акробатот Енди Ди од Канада кој изведува акробации со огромен хулахоп, Мистер Ф од Франција - баскер-изведувач кој настапува со џиновски балон, Козани и Венди од Аргентина и Еспума Брума која оди на јаже, мајсторот на борачките вештини Хиро-Сан од Јапонија, Шпанецот Максимо Оптимо кој жонглира со моторни пили... - Ќе имаме многу интересни содржини за сите возрасти. Плоштадот „Македонија“ шест дена ќе биде претворен во уличен театар под отворено небо со улични артисти, како и млади македонски музичари и светски баскер-бендови. За најмладите ќе има и детска едукативна работилница „Киндер парк“, едукативен пет-корнер за животни, како и неколку интеркативни игри, рече денеска на прес-конференција Сандра Темова од организаторите на „Баскерфест“. Во склоп на фестивалот ќе има и интерактивни инсталации поставени на целиот плоштад, како и натпревар за креативни уметници- „Арт’Н’Крафт“. По повод претстојното Светско фудбалско првенство, ќе има спортски забавен корнер. Авторот на инсталациите за деца, Горазд Христов, рече дека за најмладите ќе има најразлични игри и забава, како лулашка со гуми, голем кафез полн со балони, тунел на стравот... и, како и другите содржини на „Баскерфест“, во шесте фестивалски дена ќе почнуваат во 19 часот. „Баскерфест“ неофицијално почна во четвртокот со карван од Охрид. Уличното шоу ќе помине низ неколку општини - на 15-ти и 16 јуни во Кочани, на 18-ти и 19-ти во Велес, на 20-ти и 21-ви во Штип, на 21 јуни во Македонска Каменица и од 22-ри до 24 јуни  во општина Центар. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pochnuva-baskerfest-vo-skopje/feed/ 0
Наредните два дена „Баскерфест 2018“ на Градскиот плоштад во Охрид https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/narednite-dva-dena-baskerfest-2018-na-gradskiot-ploshtad-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/narednite-dva-dena-baskerfest-2018-na-gradskiot-ploshtad-vo-ohrid/#respond Fri, 08 Jun 2018 15:46:12 +0000 https://kurir.mk/?p=63737

На Градскиот плоштад во Охрид вечерва од 19 часот почнуваат активностите во рамки на годинашното издание на театарот под отворено небо„ Баскерфест 2018“. Учесниците на манифестацијата на денешната прес-конференција најавија многу возбудувања, адреналин и атрактивни изведби за публиката во Охрид од сите генерации. - Ова е четврта година по ред како Баскерфест доаѓа во Охрид. Нашите артисти при договарањето, секогаш прво не прашуваат дали ќе дојдат во Охрид, истакна Сандра Темова од организацијата на „Баскерфест“. Најавени се настапи на интересни артисти од многу држави од целиот свет, од далечни земји како Аргентина, Бразил, Јапонија, Шпанија... Уметниците Хиро Сан и Ферза, кои на прес-конференцијата изведоа дел од нивните точки, настапуваат низ целиот свет. Првпат се во Охрид и воопшто во Македонија и изразија желба подобро да го запознаат градот. - На мојот прв настап во Охрид ќе понудам спектакуларно шоу со акробации, боречки вештини, кунг-фу, сето проследено со хумор и забава на публиката, изјави Хиро Сан, артист од Јапонија. Во рамки на „Баскерфаст“ во Охрид уште ќе настапуваат и Фернандо Монтехо (Ферза), кловн и акробат од Аргентина, „Џина Циркус“ со нејзиниот танц, Диего Алварес од Бразил, „Оде Зуле“ – баскер бендот од Шпанија, Максимо Оптимо шпанскиот жонглер со моторни пили. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/narednite-dva-dena-baskerfest-2018-na-gradskiot-ploshtad-vo-ohrid/feed/ 0
„Баскерфест“ годинава ќе се одржи од 12 до 17 јуни https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/baskerfest-godinava-kje-se-odrzi-od-12-do-17-juni/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/baskerfest-godinava-kje-se-odrzi-od-12-do-17-juni/#respond Wed, 09 May 2018 09:30:37 +0000 https://kurir.mk/?p=51944

Годинашното издание на „Баскерфест“ ќе се одржи од 12 до 17 јуни на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје. На 13-тото издание на фестивалот на улични изведувачи ќе учествуваат 30 улични артисти од разни краеви на светот, во театарот под отворено небо, шест дена ќе ги забавуваат и анимираат жителите на Скопје. Оваа година, на програмата  на најголемото улично шоу ќе има индиски спектакл, циркус, жонглери, акробати, магионичари, музичари, танчери како и едукативни работилници за деца, пулт за едукација и помош за бездомните животни и уште многу забавни содржини за сите посетители. Фестивалот е поддржан од град Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/baskerfest-godinava-kje-se-odrzi-od-12-do-17-juni/feed/ 0
Шилегов ги прекрсти скопските фестивали „Виноскоп“, „Пиволенд“ и „Баскерфест“- еве како ќе се викаат https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shilegov-gi-prekrsti-skopskite-festivali-vinoskop-pivolend-i-baskerfest-eve-kako-kje-se-vikaat/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shilegov-gi-prekrsti-skopskite-festivali-vinoskop-pivolend-i-baskerfest-eve-kako-kje-se-vikaat/#respond Mon, 05 Mar 2018 19:41:10 +0000 http://kurir.mk/?p=27672

На денешната вонредна седница на Советот на Град Скопје е донесена одлука за промена на имиња на традиционалните манифестации. Со оваа одлука „Фестивал на виното Вино – Скоп 2018“ се преименува во „Вински фестивал“, проектот „Гурмански викенд во Скопје – Пиволенд“ ќе се вика „Пивски фестивал“, а познатиот „Баскерфест“ е преименуван во „Организирање на манифестација со улични изведувачи“. Градоначалникот Петре Шилегов појасни дека новите називи биле неопходни заради усогласување на називите на проектите во програмата со називите на проектите во Буџетот на Град Скопје за 2018 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shilegov-gi-prekrsti-skopskite-festivali-vinoskop-pivolend-i-baskerfest-eve-kako-kje-se-vikaat/feed/ 0