батерии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Dec 2022 11:09:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png батерии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Батерии од морска сол можна корисна замена за литиумот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/baterii-od-morska-sol-mozna-korisna-zamena-za-litiumot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/baterii-od-morska-sol-mozna-korisna-zamena-za-litiumot/#respond Tue, 20 Dec 2022 11:09:15 +0000 https://kurir.mk/?p=778067

Батериите од морска сол, според научните сознанија, имаат четири пати поголем капацитет од литиумот, објави „Јуроњуз“ (Euronews). Истражувачите веќе развија батерија направена од натриум-сулфур. Тоа е хемиско соединение што се добива од морска вода. Таквата батерија не само што е поевтина, туку е и поеколошка од постојните литиум-јонски батерии. Одговорниот истражувач Шенглонг Жао од австралиискиот Универзитет на Сиднеј, верува дека оваа батерија може да биде пресвртница во поглед на обновливите извори на енергија. Сепак, според него, има и неколку финансиски препреки за развој на батерии со морска сол. Со оглед на климатско-еколошките услови, на планетава се зголемува потребата од префрлање на обновливи извори на енергија, како што се ветерот и Сонцето. Сепак, имајќи предвид дека обновливите извори не се толку конзистентни, тука е и потребата од складирање енергија, за што се користат батериите. Многу батерии кои моментално се достапни се направени од ретки материјали, како што се литиум, јаглен и кобалт. За да може Европската Унија да постигне климатска неутралност, до 2030 година ќе треба да троши 18 пати повеќе литиум, а до 2050 година речиси 60 пати повеќе. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во септември оваа година најави дека ретките метали наскоро ќе бидат исто толку важни како нафтата и гасот. Сепак, и тие имаат своја цена. Ископувањето литиум може да резултира со недостиг на вода, уништување на биолошката разновидност и загадување на почвата. Покрај тоа, пронаоѓањето и обработката се многу скапи. Имајќи предвид дека морската сол е сеприсутна, батеријата од морска сол би можела да биде далеку поисплатлива алтернатива за литиум-јонските батерии. Што се батерии од морска сол? Тие не се новина „од вчера“, велат научниците. Како концепт постојат 50 години, но не се сметаа за доволно корисни поради кусиот период на употребливост. Сепак, батериите со морска сол што сега се развиваат се различни од своите претходници. Научниците ги модифицирале електродите за да ја подобрат реактивноста на сулфурот, клучен елемент за капацитетот на складирање енергија. Резултатот е – батерија со „супер-висок капацитет и ултра-долг животен век на собна температура“, објаснуваат истражувачите од Универзитетот во Синдеј. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/baterii-od-morska-sol-mozna-korisna-zamena-za-litiumot/feed/ 0
Кина вложува во Европа во фабрики за батерии и за електрична мобилност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-vlozuva-vo-evropa-vo-fabriki-za-baterii-i-za-elektrichna-mobilnost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-vlozuva-vo-evropa-vo-fabriki-za-baterii-i-za-elektrichna-mobilnost/#respond Wed, 27 Apr 2022 18:49:21 +0000 https://kurir.mk/?p=668830

Кинеските инвестиции годинава се фокусирани на нови проекти, посебно во производството на батерии и електричната мобилност, покажуваат резултатите од студијата на американската истражувачка група „Родиум“ и германскиот институт „Мерсис“. Минатата година кинеските инвестиции во Европа се зголемија за една третина, на 10,6 милијарди евра, додека во 2020, првата година од пандемијата, тие беа на најниско ниво од 2013 година. Заедно со Холандија, во 2021 година Кинезите најмногу инвестирале во Германија, Велика Британија и Франција. Во студијата се посочува дека кинеските компании сега сакаат да градат свои фабрики во Европа, особено во секторите за кои сметаат дека имаат конкурентна предност, како што се производството на батерии и развојот на електричната мобилност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-vlozuva-vo-evropa-vo-fabriki-za-baterii-i-za-elektrichna-mobilnost/feed/ 0
„Џенерал моторс“ повлече речиси 69.000 електро автомобили поради пожар во батериите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzeneral-motors-povleche-rechisi-69-000-elektro-avtomobili-poradi-pozar-vo-bateriite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzeneral-motors-povleche-rechisi-69-000-elektro-avtomobili-poradi-pozar-vo-bateriite/#respond Mon, 16 Nov 2020 07:34:49 +0000 https://kurir.mk/?p=430007

„Џенерал моторс“ викендов повлече 68.687 електро автомобили Шевролет Болт (Chevrolet Bolt), откако имаше неколку инциденти на пожар на батериите. Според Детроит њуз, досега се забележани пет слични случаи кај автомобили произведени од 2017 до 2019 година. Според Националната управа за безбедност на патниот сообраќај (НХТСА), најголем дел од повлечените автомобили (речиси 51 илјада) се наоѓаат на територијата на САД. Како резултат на овие инциденти, беа повредени две лица кои се затруле од гасовите при горењето. Според автопроизводителот, во сите случаи батериите биле наполнети целосно, и им препорачува на сопствениците на колите батериите да ги полнат до 90 проценти „Џенерал моторс“ соопшти дека работи со регулаторот за одредување на причината на пожарот во батериите. -Пакетните батерии на транспортните средства потенцијално можат да испуштат дим и да започнат да горат, оганот може да се прошири на останатиот дел од транспортното средтсво и да предизвика пожар во просторијата, ако автомобилот е паркиран во гаража или покрај дом, се вели во соопштението на НХТСА. Со оглед на ова, регулаторот препорачува соптвениците на „Chevrolet Bolt “ да ги паркираат електро автомоbилите на улица, поделаку од објектите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzeneral-motors-povleche-rechisi-69-000-elektro-avtomobili-poradi-pozar-vo-bateriite/feed/ 0
Никогаш полесно! Генијален трик со кој ќе проверите дали батериите се празни https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nikogash-polesno-genijalen-trik-so-koj-kje-proverite-dali-bateriite-se-prazni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nikogash-polesno-genijalen-trik-so-koj-kje-proverite-dali-bateriite-se-prazni/#respond Sun, 26 Jul 2020 20:50:20 +0000 https://kurir.mk/?p=381598

Оваа постапка е едноставна и корисна. Со овој трик ќе проверите дали вашите батерии се полни или празни. Погледнете! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nikogash-polesno-genijalen-trik-so-koj-kje-proverite-dali-bateriite-se-prazni/feed/ 0
Тесла со помоќни батерии ќе конкурира на обичните автомобили https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/tesla-so-pomokjni-baterii-kje-konkurira-na-obichnite-avtomobili/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/tesla-so-pomokjni-baterii-kje-konkurira-na-obichnite-avtomobili/#respond Sun, 17 May 2020 17:59:26 +0000 https://kurir.mk/?p=347043

Компанијата Тесла се подготвува да ги намали цените на своите автомобили до ниво на цените на автомобилите со мотори со внатрешно согорување со воведување многу поефтин батерии со подолг рок на траење. Батериите ќе има моќност да создаваат електрична енергија за километража од еден милиони миљи (1.6 милиони километри), со капацитет на полнења зголемен од 1,6 илјади до 6.000. Според достапните информации, акумулаторот ќе биде вграден во новите автомобили Тесла Модел 3 од кинеско производство, а потоа ќе почне да се вградува и во другите модели електро автомобили достапни на европскиот и американскиот пазар. Елон Маск, основачот на Тесла, треба да го најави новиот акумулатор на компаниски настан при крајот на мај наречен „Ден на батерија“. Продажбите се планирани да започнат при крајот на 2020 година. Батериите ќе се призведуваат во партнерство со „Амперекс технолочи“, кинески гигант за производство на батерии. Компанијата најави дека со новите батерии, цените на најновите модели електро автомобили Тесла можат да се намалат до цените на обичните автомобили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/tesla-so-pomokjni-baterii-kje-konkurira-na-obichnite-avtomobili/feed/ 0
Возови на батерии од следната година на пругите во Данска https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vozovi-na-baterii-od-slednata-godina-na-prugite-vo-danska/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vozovi-na-baterii-od-slednata-godina-na-prugite-vo-danska/#respond Wed, 04 Dec 2019 08:08:35 +0000 https://kurir.mk/?p=273041

Данска од наредната година на своите пруги ќе воведе возови на батерии. Тие треба да се најдат на две железнички линии во 2020 година. Министерот за сообраќај Бени Енгелбрехт постигна договор со регионалните власти на Копенхаген, Зеланд и Централен Јутланд да ги пуштат во работа пробните возови на батерии на две различни железнички линии. Планирано е експериментот со новите возови да трае од 2020 година до почетокот на 2021 година. Енгелбрехт изрази надеж дека возовите на батерии ќе бидат корисни и за климата и дека ќе помогнат за решавање на проблемите на помалите железници. Возовите на батерии во моментов се користат во тест-возења во Австрија, а се тестираат и во Германија. Во Германија, првиот воз на водороден погон беше пуштен во употреба во септември минатата година, така што оваа поскапа, но еколошки поприфатлива технологија се спротивставува на дизел-возовите кои го загадуваат воздухот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vozovi-na-baterii-od-slednata-godina-na-prugite-vo-danska/feed/ 0
Амнести Интернешнал: Батериите за електромобили се штетни за околината https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnal-bateriite-za-elektromobili-se-shtetni-za-okolinata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnal-bateriite-za-elektromobili-se-shtetni-za-okolinata/#respond Thu, 21 Mar 2019 10:26:43 +0000 https://kurir.mk/?p=177109

Меѓународната организација Амнести Интернешнал ја осуди индустријата за електрични возила која се претставува како пријател на околината, а, како што наведуваат оттаму, произведува батерии „со помош на фосилни горива и неетички собрани материјали“. Во извештајот се наведува дека производството на батерии е штетно за околината и за озонот поради емисијата на јаглерод, додека пак, снабдувањето со матеијрали за батериите е поврзано со кршење на човековите права, како што се оние околу детскиот труд. – Електричните возила се клуч за оддалечување на автомобилската индустрија од фосилните горива, но тие во овој миг не се етички како што би сакале да ги гледаме. Подрачјата за изработката на литиум-јонски батерии најмногу ги има во Кина, Јужна Кореја и Јапонија, а при самото создавање на енергијата се согорува многу јаглен и други фосилни горива, стои во документот. Светските производители на автомобили вложуваат милијарди долари во производство на електромобили. Фолксваген, на пример, само минатата година произведе 40.000 електрични возила. До 2025 година се планира тој број да изнесува три милиони. Од друга страна, пак, во февруари годинава, 14 невладини организации, меѓу кои и АИ и Глобал Витнес, се спротивставија на плановите на Лондонскиот пазар на метал (ЛМЕ) да го забрани кобалтот кој е резултат на кршење на човековите права. – Наместо забраната на кобалтни брендови, ЛМЕ треба да соработува со компаниите кои ги произведуваат, за да се обезбедува одговорно производство, истакнуваат од АИ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnal-bateriite-za-elektromobili-se-shtetni-za-okolinata/feed/ 0
Батериите за мобилните ќе се полнат за неколку минути https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/bateriite-za-mobilnite-kje-se-polnat-za-nekolku-minuti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/bateriite-za-mobilnite-kje-se-polnat-za-nekolku-minuti/#respond Tue, 31 Jul 2018 20:32:30 +0000 https://kurir.mk/?p=83283

Тајната на батериите кои се полнат за неколку минути повеќе не е тајна за научници од Универзитетот „Кембриџ“. Истражувачите открија нова категорија материјали коja овозможува батериите да се наполнат 100 отссто за само неколку минути. Материјалите се познати како оксиди на ниобиум и волфрам, кои создаваат помал отпор во батериите и овозможуваат позитивно наелектризираните честички да патуваат стотици пати побрзо отколку кај типичните материјали за керамички електроди, пишува „Дејли Мејл“. Освен тоа, научниците велат дека батериите од тие оксиди се поевтини за изработка и нема потреба да се додаваат други хемикалии или разредувачи како при производството на типични батерии. Иако новите материјали за батерии нема во блиска иднина да ги видиме кај најновите паметни телефони, истражувачите велат дека оваа нова техника ќе ја постави основата за нова генерација батерии кои нема да треба да се полнат цела ноќ. Со цел една батерија да се наполни, позитивно наелектризираните честички или јоните мора да појдат до негативниот крај од батеријата. Материјалот од кој се направени батериите е од најголемо значење за брзината на полнење. Оксидите на ниобиум и волфрам прв пат се откриени во 1965 година, а нудат многу помал отпор и може навистина да го скратат времето потребно за позитивните честички да дојдат до негативниот крај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/bateriite-za-mobilnite-kje-se-polnat-za-nekolku-minuti/feed/ 0