батлер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 Aug 2022 10:22:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png батлер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО+ВИДЕО: Гол батлер за 106 роденден, оваа баба знае што сака https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-gol-batler-za-106-rodenden-ovaa-baba-znae-shto-saka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-gol-batler-za-106-rodenden-ovaa-baba-znae-shto-saka/#respond Fri, 12 Aug 2022 10:22:38 +0000 https://kurir.mk/?p=717511

Витална бабичка која ги преживеала двете светски војни и 20 британски премиери првпат видела гол батлер и не крие колку е импресионирана. Бабата Нора Шо неодамна го прославила 106 роденден и како подарок добила гол батлер. Таа се пошегувала со персоналот во домот за стари лица дека за роденден би сакала да „добие“ маж, а желбата и ја исполнила ќерката Гил Шо (67). Таа ангажирала маж кој бил облечен само во престилка и папилотка, ја понудил со сендвич, печиво и чај за време на прославата. Нејзината ќерка изјавила дека се труди секоја година да и приреди незаборавен роденден. Судејќи по реакциите на Нора, овој пат биле надминати нејзините очекувања. Возбудената бабичка се разбудила околу 05:30 на денот на роденденот и едвај чекала да го види изненадувањето. -Не верувам дека е навистина гол, морав да проверам, па го пратив по грицки. Кога се сврте се шокирав кога видов дека не носи долна облека. Беше прилично забавно, но јас морав да продолжам да проверувам, па го замолив да донесе и сендвичи, вели баба Нора. Не крие дека и се допаднала задницата на батлерот, кој е 32 годишниот Еди Бетериџ кој всушност работи за агенција која се занимава во изнајмување голи батлери за разни прослави. -Еди беше висок, имаше убави очи и многу е привлечен. Воопшто немаше влакна на торзото што ме импресионираше. Никогаш не сум видела ништо слично, вели Нора. Персоналот од домот во кој е сместена Нора немал ништо против доаѓањето на Еди. Нора е една од нивните омилени станарки, а за роденден и подариле колачиња со кои била формирана бројката 106 која ги означува нејзините години. -Не можам да ви ја откријам тајната на мојот долг живот, бидејќи тогаш нема да биде тајна, вели Нора. Нора е родена во Манчестер на 6 август во 1916 година. Ги преживеала двете светски војни, 18 американски претседатели и 20 британски премиери. -Мојата мајка е историска книга која оди и говори. Се’ видела и поминала. Доживела да види автомобили кои можат сами да се возат без возач, а никој во нејзиното семејство немаше автомобил кога таа е родена. Толку многу се промени во нејзиниот живот, но таа се прифати со необична леснотија, вели ќерката на Нора. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-gol-batler-za-106-rodenden-ovaa-baba-znae-shto-saka/feed/ 0
Батлер: Не го сметам Мајами за аутсајдер во серија против Лејкерси https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/batler-ne-go-smetam-majami-za-autsajder-vo-serija-protiv-lejkersi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/batler-ne-go-smetam-majami-za-autsajder-vo-serija-protiv-lejkersi/#respond Wed, 30 Sep 2020 06:37:10 +0000 https://kurir.mk/?p=410364

Дефанзивецот на Мајами, Џими Батлер ги сподели своите размислувања за претстојното финале во НБА плејофот против Лос Анџелес лејкерс. – Мислам дека имаме навистина одличен тим. Нема да кажам дека сме многу подобри од некој друг, но исто така не сметам дека заостануваме од противникот во финалето. Па што ако никој не сметаше на нас за финалето? Сосема е нормално. Сигурен сум дека никој не се обложил и дека можеме да победиме, го разбираме тоа. Ние го земаме како што е, не ни е гајле. Ќе одиме на терен и ќе се бориме, ќе играме заедно, како и секогаш. Да видиме како ќе заврши. Како и да е, ние ќе делуваме во наш стил, во стилот на Мајами кој работи цела година, вели Батлер во изјава за „ЕСПН“. Првиот натпревар од финалната серија од плејофот во НБА меѓу Лејкерс и Мајами ќе се одигра вечер во 3 часот по полноќ по македонско време. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/batler-ne-go-smetam-majami-za-autsajder-vo-serija-protiv-lejkersi/feed/ 0
Најпознатиот батлер во светот почина од коронавирус, им служеше на 11 претседатели https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najpoznatiot-batler-vo-svetot-pochina-od-koronavirus-im-sluzeshe-na-11-pretsedateli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najpoznatiot-batler-vo-svetot-pochina-od-koronavirus-im-sluzeshe-na-11-pretsedateli/#respond Fri, 22 May 2020 10:56:46 +0000 https://kurir.mk/?p=349058

Вилсон Рузвелт Џерман, кој во Белата куќа служел повеќе од 50 години, на 11 претседатели, почина од новиот коронавирус на 92-годишна возраст. Со работа во Белата куќа започнал во 1957 година, во време на претседателот Двајт Ајзенхауер, како хигиеничар, а неколку години подоцна бил унапреден во батлер од првата дама на САД, Џеки Кенеди. Фотографијата од Џерман е објавена во мемоарите на Мишел Обама „Becoming“. Неговата повеќедецениска служба во Белата куќа, исто така, беше предмет на многу историски студии за Афроамериканците во политиката. Авторката на книгата од „Робовска колиба“ до „Белата куќа“, Корита Мичел од државниот Универзитет Охајо, изјави дека Џерман, како и многумина Афроамериканци од неговата генерација, извршувал со достоинство едно од ретките работни места што му биле достапни во тоа време. Мичел изрази уверување дека фактот што Џерман ја заврши кариерата за време на претседателството на Афроамериканецот, Барак Обама, сигурно му причинувало задоволство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najpoznatiot-batler-vo-svetot-pochina-od-koronavirus-im-sluzeshe-na-11-pretsedateli/feed/ 0