Баз Олдрин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Jan 2023 15:31:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Баз Олдрин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НА 93 ГОДИНИ: Возбудени како тинејџери што избегале за да се земат – Се ожени Баз Олдрин, вториот човек кој стапна на Месечината https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-93-godini-vozbudeni-kako-tinejdheri-shto-izbegale-za-da-se-zemat-se-ozheni-baz-oldrin-vtoriot-chovek-koj-stapna-na-mesechinata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-93-godini-vozbudeni-kako-tinejdheri-shto-izbegale-za-da-se-zemat-se-ozheni-baz-oldrin-vtoriot-chovek-koj-stapna-na-mesechinata/#respond Sun, 22 Jan 2023 15:55:38 +0000 https://kurir.mk/?p=790374

Космонаутот и воен пилот Баз Олдрин, вториот човек кој стапна на Месечината во мисијата Аполо 11 во 1969 година, се венча со својата долгогодишна девојка на својот 93. роденден. Олдрин објави фотографии на Твитер од венчавката со новата сопруга д-р Анка Фаур (63), со која повеќегодини е во врска. Венчавката се случила завчера, на 20 јануари. – На мојот 93. роденден, и на денот кога бев одликуван со орденот Живи легенди на авијацијата, задоволство ми е да соопштам дека се венчавме со мојата долгогодишна љубов Анка Фор. Стапивме во брак на мала приватна церемонија во Лос Анџелес и возбудени сме како тинејџери кои што избегале за да се земат – напиша Олдрин на Твитер. Анка Фаур е хемиски инженер технолог и е извршен потпретседател на компанијата на Олдрин, „Баз Олдрин венчрс’. Олдрин се венчаше и се разведуваше три пати пред да стапи во брак со Фор. Тој е единствениот жив член на тричлениот екипаж на Аполо 11. Нил Армстронг беше првиот астронаут кој стапна на месечевата површина, а 19 минути подоцна тоа го направи и Баз. Откако ја заврши својата кариера како астронаут, Олдрин признава дека не знаел што да прави со својот живот. Се борел со депресија и алкохолизам, но пред повеќе од 40 години се ослободил од зависноста и се посветил на бизнисот. Поранешниот астронаут се повлече од НАСА во 1971 година, а во 1998 година ја основаше фондацијата „Шер спејс“, непрофитна организација за промовирање на истражувањата на вселената.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-93-godini-vozbudeni-kako-tinejdheri-shto-izbegale-za-da-se-zemat-se-ozheni-baz-oldrin-vtoriot-chovek-koj-stapna-na-mesechinata/feed/ 0
Астронаутот Олдрин ги тужи своите деца https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/astronautot-oldrin-gi-tuzi-svoite-deca/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/astronautot-oldrin-gi-tuzi-svoite-deca/#respond Tue, 26 Jun 2018 16:25:14 +0000 https://kurir.mk/?p=70026

Американскиот астронаут Баз Олдрин ги тужи своите деца и поранешната менаџерка, бидејќи наводно го клеветат и му украле пари. Тужбата, во која е наведено дека тие му забраниле да се ожени, е поднесена откако неговите деца правно побарале да ја преземат контролата врз неговите финансии. Тие побарале судот да ги именува за негови законски старатели, бидејќи 88-годишниот Баз Олдрин  наводно го губи помнењето. Неговите деца наведуваат дека новите пријатели на татко им се обидуваат да го одвојат од семејството, а со нив троши и големи суми на пари. Неговата поранешна менаџерка Кристина Корп изјави дека e неправедно обвинета, откако во тужбата е наведено дека таа со неговите деца ги користела кредитните картички и го клеветела. Таа нагласи дека извесни луѓе почнале негативно да влијаат врз него и дека е тажна заради сето тоа. По барање на судот во текот на оваа седмица медицински експерти ќе извршат проценка на неговото ментално здравје. Астронаутот Баз Олдрин е вториот човек кој одел по Месечината како дел од мисијата Аполо 11 во 1969 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/astronautot-oldrin-gi-tuzi-svoite-deca/feed/ 0