база – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Aug 2023 06:02:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png база – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Руско МО: Спречен обид за напад со украински дронови врз базата во Новоросијск https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-mo-sprechen-obid-za-napad-so-ukrainski-dronovi-vrz-bazata-vo-novorosijsk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-mo-sprechen-obid-za-napad-so-ukrainski-dronovi-vrz-bazata-vo-novorosijsk/#respond Fri, 04 Aug 2023 06:02:12 +0000 https://kurir.mk/?p=863177

Уништени се два брода без екипаж со кои вооружените сили на Украина се обиделе да ја нападнат поморската база во Новоросијск, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. „Вооружените сили на Украина синоќа се обидоа да ја нападнат поморската база Новоросијск користејќи два чамца без екипаж. Беспилотните чамци беа визуелно откриени и уништени со оган од стандардното оружје на руските бродови кои ја чуваа поморската база“, соопшти руското Министерство. Гувернерот на Краснодарската област Венјамин Кондратиев изјави дека нема жртви или материјална штета. Претходно, итната служба на Новоросијск посочи дека добиле информации за експлозии во водите на Новоросијск и селото Мишако. Каспискиот нафтоводен конзорциум соопшти дека продолжува нормално да испорачува нафта на терминалот во близина на Новоросијск и дека нема оштетувања на инфраструктурата. како што посочуваат, движењето на пловните објекти во пристаништето Новоросијск е привремено забрането. Новоросијск е едно од најголемите пристаништа на Црното Море.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-mo-sprechen-obid-za-napad-so-ukrainski-dronovi-vrz-bazata-vo-novorosijsk/feed/ 0
Кина гради нова база на Антарктикот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-gradi-nova-baza-na-antarktikot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-gradi-nova-baza-na-antarktikot/#respond Sat, 22 Apr 2023 13:34:01 +0000 https://kurir.mk/?p=826417

Кина гради база на Антарктикот која би можела да служи не само за научни, туку и за воени цели, предупредува група експерти од Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон. Пекинг се обидува да развие нова поморска рута на Арктикот и таму да ги прошири истражувањата, но западните влади се загрижени дека неговото се поголемо присуство во поларните региони може да и даде на кинеската војска подобри можности за надзор. Новата станица на остров во близина на Росовото море, се очекува да вклучи опсерваторија со сателитска копнена станица која треба да и помогне на Кина да „пополни голема празнина“ во нејзините можности за пристап до континентот, стои во извештајот на Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон. Се проценува дека изградбата би можела да биде завршена до 2024 година. „Иако станицата може да обезбеди следење и комуникации за растечката низа научни сателити во Кина кои ги набљудуваат поларните региони, нејзината опрема може да се користи и за пресретнување на сателитски комуникации од други земји. Станицата е добро позиционирана да собира разузнавачки сигнали над Австралија и Нов Зеланд и телеметриски податоци за ракети лансирани од новиот австралиски вселенски центар Арнем, се вели во соопштението од Центарот за стратешки и меѓународни студии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-gradi-nova-baza-na-antarktikot/feed/ 0
НАТО ќе прави база во Драч, потврди Рама https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nato-kje-pravi-baza-vo-drach-potvrdi-rama/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nato-kje-pravi-baza-vo-drach-potvrdi-rama/#respond Sun, 03 Jul 2022 10:09:29 +0000 https://kurir.mk/?p=699138

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија упатила повик до НАТО да учествува во финансирање на воена поморска база во Драч. Рама на прес-конференција соопшти дека на самитот на НАТО во Мадрид изнел детали за изградбата на поморската база, пренесе Анадолија. - На самитот разговаравме за нашиот проект и верувам дека ќе се вратиме во Брисел за продолжување на проектот и предлогот кој не само што предизвика интересирање, туку и желба за продлабочување на разговорите за поставување на поморска база во Драч, која освен комерцијалниот и трговски дел би имала и воен, изјави Рама. Тој додаде дека наскоро за ова прашање ќе се одржи посебен состанок со комплетниот албански експертски тим и со стручњаци од Алијансата за детално да се претстави проектот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nato-kje-pravi-baza-vo-drach-potvrdi-rama/feed/ 0
Албанија му нуди на НАТО поранешна советска база https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-mu-nudi-na-nato-poraneshna-sovetska-baza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-mu-nudi-na-nato-poraneshna-sovetska-baza/#respond Thu, 26 May 2022 20:58:13 +0000 https://kurir.mk/?p=682156

Албанија му понуди на НАТО користење на поранешната советска поморска база Пашалиман, соопшти денеска Кабинетот на албанскиот премиер. Премиерот Еди Рама рече дека поморската база Пашалиман, 180 километри јужно од Тирана, може да биде „додадена вредност“ за Алијансата и дека Албанија подготвила проект за нејзина обнова. -Во овие опасни времиња, верувам дека генералот би можел да размисли да има поморска база на НАТО во Албанија“, рече Рама во вчерашното обраќање при доделувањето медал” Голема ѕвезда на благодарноста”на командантот на НАТО, Тод Даниел Волтерс. Базата Пашалиман, која се наоѓа под Валонскиот Залив, е изградена во 1950-те кога Советскиот Сојуз донесе 12 подморници и беше единствената поморска база што ја имаа во Средоземното Море. По прекинот на врските меѓу Тирана и Москва во 1961 година, Пашалиман остана како поморска база во која се сместени четирите преостанати подморници и други помали воени бродови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-mu-nudi-na-nato-poraneshna-sovetska-baza/feed/ 0
Турција создава нова военопоморска база во Црното Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-sozdava-nova-voenopomorska-baza-vo-crnoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-sozdava-nova-voenopomorska-baza-vo-crnoto-more/#respond Tue, 11 Dec 2018 09:43:52 +0000 https://kurir.mk/?p=138523

Турција создава нова воено база на источниот брег на Црното Море. Новиот воен објект ќе се наоѓа во областа на селото Сурмене, на 40 километри од градот Трабзон. Се очекува, во воената база да служат 400 војници, а исто така ќе работат 200 цивилни лица. Анкара го презема овој чекор по веста за плановите на САД за испраќање на своите воени бродови во Црно Море. Вашингтон  ги презема овие дејства по инцидентот во Керченскиот Теснец. Во моментов, Турција располага со осум воено бази во четирите мориња – Средоземно, Црно, Мраморно и Егејско.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-sozdava-nova-voenopomorska-baza-vo-crnoto-more/feed/ 0
По фијаското против Каљари, играчите на Рома „заклучени“ во базата https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/po-fijaskoto-protiv-kaljari-igrachite-na-roma-zaklucheni-vo-bazata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/po-fijaskoto-protiv-kaljari-igrachite-na-roma-zaklucheni-vo-bazata/#respond Sun, 09 Dec 2018 12:11:16 +0000 https://kurir.mk/?p=137739

Фудбалерите на Рома ќе останат „заклучени“ во клупската база по вчерашното фијаско против тимот на Каљари. „Волците“ дозволија израмнување длабоко во додаденото време, иако водеа со 2:0 на полувреме и имаа предност на теренот, откако домаќините добија два црвени картони. Одлуката екипата на Рома да биде „заклучена“ во тренинг базата беше соопштена од „Рома Радио“, а казнениот камп ќе трае до среда, кога тимот ќе се соочи против Викторија Плзен во средба без значење во групната фаза на Лигата на шампионите. Иднината на менторот на тимот, Еузебио ди Франческо пак сè уште нејасна. Во медиумскиот простор веќе се појавија имињата на неговите потенцијални заменици, меѓу кои се Пауло Соуса и Винченцо Монтела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/po-fijaskoto-protiv-kaljari-igrachite-na-roma-zaklucheni-vo-bazata/feed/ 0
НАТО гради прва база во Албанија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nato-gradi-prva-baza-vo-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nato-gradi-prva-baza-vo-albanija/#respond Sat, 13 Oct 2018 07:09:29 +0000 https://kurir.mk/?p=114359

Албанската база во Кучово, која одамна е „гробишта на авиони", кои некогаш биле дел од воздухопловството, ќе стане нова воздухопловна база на НАТО. Албанските мигови- претежно од кинеско и од руско производство, не летаат од 2005 година, додека албанскиот воздушен простор го надгледуваат Италија и Грција. - Базата е прв потпис на НАТО на Западен Балкан, бидејќи Кучово ќе ја претвори во прва воздухопловна база на НАТО за овој регион, вели албанската министерка за одбрана, Олта Џака. Според неа, за првата фаза од работата, НАТО ќе одвои 50 милиони евра, со цел да го претвори Кучово во база за опрема, логистика, обуки и вежби. Се вели дека Албанија заслужува трансформација на старата база, со цел да придонесе за одржување на стабилноста во регионот и мировните мисии на НАТО низ целиот свет. -Регионот како целина влезе во неповратен процес на евроатланска интеграција, рече Џака. Базата, во 50-тите години на минатиот век, била дизајнирана од советски инженери, кои поставиле динамит под пистата за да ја разнесат во случај таа да падне во непријателски раце. - Базата на НАТО ќе ги зголеми одбранбените способности на земјата, додека странските инвеститори ќе имаат поголема доверба во Албанија. Ова ќе биде добро за зголемување на вработеноста во тоа подрачје, изјави командантот на воздухопловните сили Клемент Аликај.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nato-gradi-prva-baza-vo-albanija/feed/ 0
Кина демантира дека ќе гради воена база во Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-demantira-deka-kje-gradi-voena-baza-vo-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-demantira-deka-kje-gradi-voena-baza-vo-avganistan/#respond Wed, 29 Aug 2018 11:50:48 +0000 https://kurir.mk/?p=93619

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи на Кина, Хуа Чиунин денеска изјави дека Кина не планира да гради воена база во Авганистан. Нејзината изјава уследи откако весникот „Саут Чајна морнинг пост“ објави дека Кина почна  со изградба на својата прва воена база за обука во провинцијата Бадахшан во североисточен Авганистан, во рамки на зголемената соработка со Кабул во борбата против тероризмот. Весникот наведе дека во Авганистан ќе бидат испратени и војници. - Бидејќи не постои изградба и обука, оваа ситуација не постои, тоа не е точно. Значи се тоа не е вистина, посочи Хуа. „Саут Чајна морнинг пост“ претходно објави дека базата ќе биде распоредена во Ваханскиот Коридор, кој претставува насип во планините кои граничат со три земји: Таџикистан на север, Пакистан на југ и Ксинџијанг-ујгурски автономен регион на Кина на исток. Во претежно муслиманскиот Ксинџианг постојат сепаратистички групи поврзани со меѓународните терористички и исламистички нелегални активности. Според весникот, тоа ќе биде првото воено присуство на Кина на територијата на соседниот Авганистан. Минатата година, Пекинг ја распореди својата прва воено-логистичка база во странство, во Џибути на источниот брег на Африка. Но, досега, основата на тој контингент се инженери и градежници ангажирани во инфраструктурата. - Базата во Авганистан мора да одигра многу поинаква стратешка улога поради неговата близина до Ксинџијанг, каде што во последниве години имаше напади од исламски терористи, наведува „Саут Чајна морнинг пост“. Официјален Пекинг и претходно демантираше дека кинески воени возила патролираат на авганистанска територија. Кина стравува дека нестабилноста од Авганистан може да се прелее во кинески Ксинџијанг-ујгурски автономен регион. Кинеското Министерство за одбрана досега официјално не ги потврди плановите за формирање кинеска база во Авганистан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-demantira-deka-kje-gradi-voena-baza-vo-avganistan/feed/ 0
Амбасадорот на Израел тврди дека Иран обучува борци во база близу Дамаск https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ambasadorot-na-izrael-tvrdi-deka-iran-obuchuva-borci-vo-baza-blizu-damask-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ambasadorot-na-izrael-tvrdi-deka-iran-obuchuva-borci-vo-baza-blizu-damask-2/#respond Thu, 26 Apr 2018 18:05:02 +0000 https://kurir.mk/?p=46638

Амбасадорот на Израел во ОН, Дени Денон денеска го обвини  Иран дека регрутирал најмалку 80.000 шиитски борци кои ги обучува во база близу Дамаск. - Тоа што може да видите е главен регрутен центар на Иран во Сирија. Таму има повеќе од 80.000 шиитски екстремисти под иранска контрола, изјави тој пред СБ на ОН, покажувајќи мапа. Тој додаде дека во таа база, на само неколку километри од Дамаск, тие се обучуваат да извршат „терористички напади во Сирија и ширум регионот“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ambasadorot-na-izrael-tvrdi-deka-iran-obuchuva-borci-vo-baza-blizu-damask-2/feed/ 0