базилика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 31 Dec 2022 12:39:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png базилика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Телото на Бенедикт Шеснаесетти од понеделник ќе биде положено во базиликата Свети Петар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teloto-na-benedikt-shesnaesetti-od-ponedelnik-kje-bide-polozeno-vo-bazilikata-sveti-petar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teloto-na-benedikt-shesnaesetti-od-ponedelnik-kje-bide-polozeno-vo-bazilikata-sveti-petar/#respond Sat, 31 Dec 2022 12:39:46 +0000 https://kurir.mk/?p=782732

Телото на почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти од понеделник ќе биде положено во базиликата Свети Петар за верниците да можат да му оддадат почит, соопшти Ватикан. Погребот ќе биде во четврток на 5 јануари. Папата Франциск ќе ја предводи погребната служба на неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти во четврток на плоштадот Свети Петар, соопшти Ватикан. Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти денеска почина во својата резиденција во Ватикан, на 95-годишна возраст, речиси една деценија откако се повлече поради нарушено здравје. Тој ја водеше Католичката црква помалку од осум години и во 2013 година стана првиот папа што поднесе оставка по Григориј Дванаесетти во 1415 година. Бенедикт ги помина своите последни години во манастирот Mater Ecclesiae внатре во Ватикан. – Со тага ве известуваме дека почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти почина денеска во 9:34 часот во манастирот Mater Ecclesiae во Ватикан, се вели во соопштението на Ватикан. Иако поранешниот папа беше болен подолго време, Светата столица соопшти дека неговата состојба се влошила поради староста. Во средата, папата Франциск на неговата последна аудиенција за годинава во Ватикан повика на „посебна молитва за почесниот папа Бенедикт“, за кој рече дека е многу болен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teloto-na-benedikt-shesnaesetti-od-ponedelnik-kje-bide-polozeno-vo-bazilikata-sveti-petar/feed/ 0
Венеција: Милиони евра за реставрација на базиликата Свети Марко по поплавата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecija-milioni-evra-za-restavracija-na-bazilikata-sveti-marko-po-poplavata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecija-milioni-evra-za-restavracija-na-bazilikata-sveti-marko-po-poplavata/#respond Tue, 19 Nov 2019 19:06:58 +0000 https://kurir.mk/?p=266232

За познатата базилика Свети Марко во Венеција ќе бидат потребни милиони евра за реставрација, откако неделава беше поплавена по шести пат во 1.200 години, а нејзините деликатни мермерни мозаици беа изложени на разорната солена вода, изјави нејзиниот кустос. Свети Марко, личната капела на дуждот на Венеција во средновековниот и ренесансниот период, е најпознатиот објект во мноштвото споменици кои беа загрозени од најтешките поплави регистрирани во Венеција од 1872 година досега. Експертите стравуваат од корозивните кристали на солта, кои кога се повлекуваат поплавите, можат да го разјадат мермерниот под на базиликата и мозаиците на површината, и да ја ослабнат криптата што го поддржува телото на црквата. Венеција претрпе штета од стотици милиони евра кога водата оваа недела го достигна второто највисоко ниво во последните 50 години. Осигурителните компании нема да дадат помош затоа што одбиваат да обезбедат покриеност од поплави во град каде што тоа е редовна појава и која се влошува под влијание на климатските промени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecija-milioni-evra-za-restavracija-na-bazilikata-sveti-marko-po-poplavata/feed/ 0
Припадник на ИД сакал да ја крене во воздух Базиликата Свети Петар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pripadnik-na-id-sakal-da-ja-krene-vo-vozduh-bazilikata-sveti-petar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pripadnik-na-id-sakal-da-ja-krene-vo-vozduh-bazilikata-sveti-petar/#respond Tue, 18 Dec 2018 06:37:42 +0000 https://kurir.mk/?p=141540

Италијанската полиција синоќа објави дека уапсила 20-годишен Сомалиец, осомничен член на Исламска држава, кој се заканувал дека ќе постави бомби во црквите, вклучително и во Базиликата Свети Петар. Полицијата наведе дека исламистот Омар Моџин Ибрахим е приведен на 13 декември, а потоа обвинет за поттикнување и поддршка на тероризмот. Ибрахим е приведен во операцијата што траела еден месец. Тој е уапсен во моментот кога се подготвувал да го напушти Бари, каде работел како чистач. Тој е уапсен врз основа на прислушувани телефонски разговори. Ибрахим во Италија пристигнал во 2016 година, а често го користел лажното име Анас Калил, а на социјалните мрежи се претставувал како Јусуф. Италијанската полиција пред Божиќ ги зајакна обезбедувањето околу црквите, вклучително и Базиликата Свети Петар. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pripadnik-na-id-sakal-da-ja-krene-vo-vozduh-bazilikata-sveti-petar/feed/ 0
Прото-ренесансен сликар го скрил ѓаволот во фреска во базилика, и тоа седум века останало тајна https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/proto-renesansen-slikar-go-skril-gjavolot-vo-freska-vo-bazilika-i-toa-sedum-veka-ostanalo-tajna/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/proto-renesansen-slikar-go-skril-gjavolot-vo-freska-vo-bazilika-i-toa-sedum-veka-ostanalo-tajna/#respond Wed, 07 Nov 2018 07:42:35 +0000 https://kurir.mk/?p=124524

Кога ќе погледнете кон таванот на базиликата „Свети Франциско“ во гратчето Асизи во Италија, сигурно не очекувате да го видите лицето на ѓаволот. Сепак, во фреската на куполата на црквата токму ликот на Луцифер е скриен меѓу облаците. Ренесансните уметници имале чудна смисла за хумор. Микеланџело во Систинската капела скрил мноштво „тајни знаци за предноста на науката пред верата“, а Леонардо скрил – жена во „Тајната вечера”. Слично на тоа, и познатиот сликар Џиото во 13. век го сместил ѓаволот во сликата што ја опишува смртта на Свети Франциско од Асизи, но така што ако не се доближите до таванот, нема да го забележите. Стручните лица го откриле тоа дури кога базиликата е подложена на реставрација по силен земјотрес во 1997 година. Приближно 700 години „шегата“ на Џиото останала тајна. Со длабоки очи, остар нос, лукава насмевка и рогови, сатаната се појавува во фреската на која е прикажана смртта на Свети Франциско. Но, според стручните лица, ни Џиото не очекувал некој да го види тоа бргу по создавањето на сликата. Всушност, официјалната верзија на приказната е дека уметникот со ова сакал „да се пошегува“, но и да се одмазди. Ликот на „сатаната“ најверојатно припаѓа на човек, кого Џиото го познавал, но неговиот идентитет засега останува тајна. Мистериозната фреска е уникатна поради уште една причина. Таквата сликарска техника, според доскорешните научни сознанија, почнала да се користи околу 1460 година, речиси два века по смртта на Џиото. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/proto-renesansen-slikar-go-skril-gjavolot-vo-freska-vo-bazilika-i-toa-sedum-veka-ostanalo-tajna/feed/ 0