бебе – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 15:04:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бебе – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Како песничките влијаат на говорниот развој кај бебето? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-pesnichkite-vlijaat-na-govorniot-razvoj-kaj-bebeto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-pesnichkite-vlijaat-na-govorniot-razvoj-kaj-bebeto/#respond Thu, 02 Nov 2023 15:04:03 +0000 https://kurir.mk/?p=895866

Песничките што возрасните им ги пејат на бебињата и тоа како малечките реагираат на ритамот и движењата, има влијание врз говорниот и јазичен развој на детето, според ново истражување спроведено во Универзитетот на Виена во Австрија. Музиката игра важна улога во секојдневниот живот на луѓето уште од рана возраст. Поаѓајќи од тоа, научниците си го поставија прашањето - како новороденчињата реагираат на различните ритми на песните што нивните родители им ги пејат и какви последици има перцепцијата и обработката на овие ритми врз развојот на говорот? Во испитувањето, мајките им пееле две познати детски песни на своите седуммесечни бебиња - „приспивна“ и „весела“. Мозочната активност на бебињата притоа била мерена со електроенцефалографија (ЕЕГ). Биле бележани и ритмичките движења на бебињата (на пр. лулањето и слично). Кога овие деца навршиле 20 месеци, родителите одговараа на прашања околу речитоста на нивните деца. Сѐ на сѐ, на бебињата им било полесно да ја следат „приспивната“ песна. Но, бебето покажува повеќе ритмички движења додека ја слуша „веселата“ песничка. Занимливо е што само „веселата“ - во комбинација со ритмичките движења позитивно влијаат на речникот на децата на 20-месечна возраст, според начниот труд. Натамошните испитувања, според истражувачите, ќе се насочат кон развојот на повеќе интервентни програми за подобрување на музичката интеракција меѓу родителите и бебињата, како и умствено-јазичниот развој на децата во нивната најрана возраст. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-pesnichkite-vlijaat-na-govorniot-razvoj-kaj-bebeto/feed/ 0
И КАМЕН БИ СЕ СТОПИЛ: „Мојата сестра Лана, не ја допирај“, Луна и бебето дојдоа дома, реакцијата на Миа е чиста љубов https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/i-kamen-bi-se-stopil-mojata-sestra-lana-ne-ja-dopiraj-luna-i-bebeto-dojdoa-doma-reaktsijata-na-mia-e-chista-lubov/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/i-kamen-bi-se-stopil-mojata-sestra-lana-ne-ja-dopiraj-luna-i-bebeto-dojdoa-doma-reaktsijata-na-mia-e-chista-lubov/#respond Sun, 08 Oct 2023 16:17:53 +0000 https://kurir.mk/?p=886602

Луна Џогани која пред неколку дена се породи со втората ќерка на која и го дадоа името Лана, денеска излезе од болница. Сопругот Марко Миљковиќ ги земал од болница, по што се упатиле кон семејниот дом каде ги чекала нивната прва ќерка, сега постара сестра, две годишната Миа. Парот, пред породувањето на Луна, истакнуваше дека ја подготвуваат Миа за она што следува, доаѓањето на нејзината сестра. Токму затоа нивните обожаватели со нетрпение ја очекуваа реакцијата на малата Миа кога за првпат ќе ја види својата сестра. На воодушевување на гордите родители, Миа се чини едвај чекаше да ја запознае својата малечка сестра и да ја чува. Нејзината реакција која ја покажува кон Лана многумина веќе коментираат дека е чиста љубов која и камен би стопила. -Дај ми ја мене. Тоа е мојата сестра Лана, немој да ја допираш, таа е моја. Моја е, немој да ја земаш. Јас и ја ставив цуцлата. Има убави нозе и раце. Многу е малечка, со восхит коментира Миа додека ја држи сестра си. Таа ја подели својата омилена играчка со Лана, а за неа имаше и многу бакнежи. Во еден момент, на видеото кое го објавија Луна и Марко на својот ЈуТјуб канал, Миа и вели на својата мајка, која ја пречека со цвеќе, дека е многу убава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/i-kamen-bi-se-stopil-mojata-sestra-lana-ne-ja-dopiraj-luna-i-bebeto-dojdoa-doma-reaktsijata-na-mia-e-chista-lubov/feed/ 0
Матеј и Тара си заминаа дома, родени се во 29-та гестациска недела: По стресните денови, дојде голема среќа за семејствата (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/matej-i-tara-si-zaminaa-doma-rodeni-se-vo-29-ta-gestatsiska-nedela-po-stresnite-denovi-dojde-golema-sreka-za-semejstvata-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/matej-i-tara-si-zaminaa-doma-rodeni-se-vo-29-ta-gestatsiska-nedela-po-stresnite-denovi-dojde-golema-sreka-za-semejstvata-foto/#respond Fri, 06 Oct 2023 08:11:37 +0000 https://kurir.mk/?p=885927

Уште две среќни приказни доаѓаат од Клиниката за гинекологија и акушерство оваа недела. По 52 дена дружење со докторите и со сестрите од Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), во средата Матеј е испратен дома. Марта Јолевска го роди во 29-та гестациска недела со само 960 грама, а Матеј си замина од ГАК со 1900 грама. Вчера пак и малата Тара си отиде дома по 48 дена престој на ОИНТ. Оваа новородено исто така дојде на свет во 29-та гестациска недела, а си замина дома во прегратките на мајка му Назире Селмани со тежина од 1880 грама. ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје им посакува среќно детство и безброј насмевки да им измамуваат во своите најблиски, велат од клиниката. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/matej-i-tara-si-zaminaa-doma-rodeni-se-vo-29-ta-gestatsiska-nedela-po-stresnite-denovi-dojde-golema-sreka-za-semejstvata-foto/feed/ 0
РОДЕН СО САМО 900 ГРАМА: По 66 дена животна битка на ГАК, малото момче си замина дома https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roden-so-samo-900-grama-po-66-dena-zhivotna-bitka-na-gak-maloto-momche-si-zamina-doma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roden-so-samo-900-grama-po-66-dena-zhivotna-bitka-na-gak-maloto-momche-si-zamina-doma/#respond Thu, 28 Sep 2023 08:59:12 +0000 https://kurir.mk/?p=882634

Малите бебиња се големи победници, објавија од Клиниката за гинекологија и акушерство откако мало момче кое било родено со само 900 грама по 66 дневна битка си замина дома. -Семејството Зендели си замина дома со најубавиот подарок. Принцот роден 900 грама си замина домче со цели 2080 грама по 66 дневна битка. Ордени животни за овие дечиња, за овие родители, за целиот персонал. Принцу мал и тебе ти посакуваме силно здравје, весели детски дни и остварени животни сни. ОИНТ вие сте чудо...вие правите да веруваме во чуда, а овие бебиња тоа го потврдуваат, стои во објавата на ГАК. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roden-so-samo-900-grama-po-66-dena-zhivotna-bitka-na-gak-maloto-momche-si-zamina-doma/feed/ 0
Бебе заврши со фрактура на рамото во градинка во Шуто Оризари, на родителите им кажале дека е само “нервозно поради забите“ – се бара одговорност! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bebe-zavrshi-so-fraktura-na-ramoto-vo-gradinka-vo-shuto-orizari-na-roditelite-im-kazhale-deka-e-samo-nervozno-poradi-zabite-se-bara-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bebe-zavrshi-so-fraktura-na-ramoto-vo-gradinka-vo-shuto-orizari-na-roditelite-im-kazhale-deka-e-samo-nervozno-poradi-zabite-se-bara-odgovornost/#respond Sat, 23 Sep 2023 12:57:40 +0000 https://kurir.mk/?p=880996

11 месечно бебе наместо да се адаптира во градинка, се здобило со скршеница на десното рамо обвинуваат родителите. Немилиот настан се случил во градинка во Шуто Оризари тврди таткото Имер Салиу. Тој со рентген снимки во раце излезе јавно да ја докажува повредата на неговото чедо и да го искаже револтот за тоа што и се случило на 11 месечната ќеркичка. Салиу вината ја бара во негувателките кои биле одговорни за децата и бара одговорност од раководството на градинката и од општина Шуто Оризари, пренесува ТВ АЛФА. -Бебе од 11 месеци не може само да си ја скриши коската. Бебе од 11 месеци не може да зборува и да оди. Тоа бебе било под надзор на негователките кои што во моментот на настанатата повреда дали се они фактор на повредата, дали они ја предизвикале дали они не внимавале на неа дека се случило ова не знаеме. Не добивме конкретен одговор за ова. Како родител загрижен барам одговороност од сите институции поготово од општината Шуто Оризари коишто ги вработуваат негователките” - вели таткото на бебето, Имер Салиу. Салиу е гневен од односот на вработените во градинката што не добил никакви информации дека неговата ќерка има сршеница, вели дека ќе направи се, за да ја дознае вистината. “Откако ја земавме немаше видни траги на неа, прашавме зошто е повредена ми рекоа дека сама се повредила била нервозна од забите. А за тоа што се случило со рамото не добивме конкретен одговор. Се надевам ќе добиеме одговор што и како се случило, бидејќи секој родител би сакал да го знае тоа” – вели Салиу. Ова не е прв случај на пријава за повредено дете во градинка. Минатата година десетмесечно бебе во гевгелиската градинка „Цветови“, се здоби со полесни повреди откако за тоа пријавија родителите, а не градинката, потсети АЛФА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bebe-zavrshi-so-fraktura-na-ramoto-vo-gradinka-vo-shuto-orizari-na-roditelite-im-kazhale-deka-e-samo-nervozno-poradi-zabite-se-bara-odgovornost/feed/ 0
МАЈКА ОД ГОСТИВАР ЌЕ ЈА ДОБИЕ ЗАСЛУЖЕНАТА КАЗНА – вчера го оставила седум месечното бебе само и дехидрирано, еве што ја очекува! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/majka-od-gostivar-ke-ja-dobie-zasluzhenata-kazna-vchera-go-ostavila-sedum-mesechnoto-bebe-samo-i-dehidrirano-eve-shto-ja-ochekuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/majka-od-gostivar-ke-ja-dobie-zasluzhenata-kazna-vchera-go-ostavila-sedum-mesechnoto-bebe-samo-i-dehidrirano-eve-shto-ja-ochekuva/#respond Fri, 22 Sep 2023 12:05:36 +0000 https://kurir.mk/?p=880734

Гостиварката која остави седумесечно бебе само и без грижа, ќе биде лишена од родителското право. Постапката е поведена во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Гостивар, каде од синоќа се работи на сместување на уште две деца од истото семејство. Случајот излезе во јавноста вчера попладне кога по пријава во полиција, тим од социјални работници дошол во куќа на улицата „Илинденска“ и затекнал седумесечно бебе во лоша здравствена состојба. - Детето било оставено само и дехидрирано по што е пренесено во гостиварската болница и оттаму испратено за Скопје. Мајката има уште две деца, едно на осум и другото на 1,5 годишна возраст. Со оглед дека станува збор за нефункционално семејство, за децата е поведена постапка и во најскоро време тие ќе бидат сместени во згрижувачко семејство, наведуваат од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа. Од оваа институција најавуваат и постапка за одземање на родителското право на мајката врз трите деца, бидејќи таа е осудена и до правосилноста на пресудата се наоѓала во куќен притвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/majka-od-gostivar-ke-ja-dobie-zasluzhenata-kazna-vchera-go-ostavila-sedum-mesechnoto-bebe-samo-i-dehidrirano-eve-shto-ja-ochekuva/feed/ 0
ВИДЕО: Неверојатна снимка од Мароко, новороденче извлечено од под урнатините https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-neverojatna-snimka-od-maroko-novorodenche-izvlecheno-od-pod-urnatinite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-neverojatna-snimka-od-maroko-novorodenche-izvlecheno-od-pod-urnatinite/#respond Sat, 09 Sep 2023 20:46:57 +0000 https://kurir.mk/?p=876457

Бројот на жртвите од земјотресот во Мароко се зголемува од час во час, а спасувачите се тркаат со времето за да спасат што повеќе животи. На социјалните мрежи се појави видео од неверојатното спасување на новороденче од урнатините на зграда. Бебето за чудо е извлечено живо и здраво. Бројот на загинатите во разорниот земјотрес што го погоди Мароко достигна 1.037.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-neverojatna-snimka-od-maroko-novorodenche-izvlecheno-od-pod-urnatinite/feed/ 0
Хрватка се породила во хеликоптер https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/hrvatka-se-porodila-vo-helikopter/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/hrvatka-se-porodila-vo-helikopter/#respond Fri, 08 Sep 2023 13:34:42 +0000 https://kurir.mk/?p=876072

За време на итен интервентен лет од островот Раб до Риека, Хрватска, бебе се роди во хеликоптер на Хрватското воено воздухопловство. Трудницата од Раб родила девојче тешко 4,94 килограми неколку минути пред слетувањето. По тој повод, хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ и бројни медиуми ги посетија мајката и девојчето во болницата во Риека. Властите посебно им се заблагодарија на докторката по медицина, Данијела Врховски и на воената медицинска сестра Маја Херцег, кои ја породиле жената. - Беше некаде помеѓу Омишаљ и Риека, шест минути пред слетувањето. Се роди малата Лара. Сѐ мина добро и веднаш заплака. Ја ставивме на градите на мајка, ја повивме и по една минута слетавме, изјави д-р Врховски. Мајката и девојчето се добро и веќе се вратени дома на Раб. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/hrvatka-se-porodila-vo-helikopter/feed/ 0
Баба ѝ запеала на внуката: Реакцијата на бебето станала хит на интернет https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/baba-zapeala-na-vnukata-reaktsijata-na-bebeto-stanala-hit-na-internet/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/baba-zapeala-na-vnukata-reaktsijata-na-bebeto-stanala-hit-na-internet/#respond Fri, 25 Aug 2023 11:38:07 +0000 https://kurir.mk/?p=870857

Малечките бебиња се како сунѓери. Имаат толку многу да научат од овој голем свет, а од моментот кога првпат ќе вдишат воздух, тие впиваат сѐ околу себе, секој поглед, звук, вкус, мирис и допир. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/baba-zapeala-na-vnukata-reaktsijata-na-bebeto-stanala-hit-na-internet/feed/ 0
Парис Хилтон објави слики од синот, луѓето реагираа: Треба да го однесеш на лекар https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/paris-hilton-objavi-sliki-od-sinot-lugeto-reagiraa-treba-da-go-odnesesh-na-lekar/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/paris-hilton-objavi-sliki-od-sinot-lugeto-reagiraa-treba-da-go-odnesesh-na-lekar/#respond Sun, 06 Aug 2023 13:00:34 +0000 https://kurir.mk/?p=863740

Парис Хилтон неодамна на Инстаграм објави фотографија од својот син Феникс. Фотографиите предизвикаа загриженост кај дел од нејзините обожаватели. Некои од нив веруваат дека момчето има одреден синдром, па и советуват на Парис дека треба да го однесе на лекар. -Тој е мојот свет и го прави мојот живот комплетен, напиша Парис Хилтон која фотографиите ги објави по повод шест месеци од раѓањето на нејзиниот син. -„Морате да го ставите на стомак. Тој веќе покажува знаци на „рамна глава.“ „Феникс е многу симпатичен, но лекарите треба да ја погледнат неговата глава“, коментираат тие на Инстаграм.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Дали навистина е проблем или не, ќе оцени доктор. Плагиоцефалијата, позната и како синдром на рамна глава, е еднострана коронална синостоза која се карактеризира со асиметрично искривување или израмнување на едната страна од черепот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/paris-hilton-objavi-sliki-od-sinot-lugeto-reagiraa-treba-da-go-odnesesh-na-lekar/feed/ 0