бебиња – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Oct 2023 10:31:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бебиња – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нека не ве загрижат, но добро е да знаете: Неколку факти за бебињата родени во есен https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/neka-ne-ve-zagrizhat-no-dobro-e-da-znaete-nekolku-fakti-za-bebinata-rodeni-vo-esen/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/neka-ne-ve-zagrizhat-no-dobro-e-da-znaete-nekolku-fakti-za-bebinata-rodeni-vo-esen/#respond Sun, 22 Oct 2023 10:31:03 +0000 https://kurir.mk/?p=891868

Есен е омилено годишно време на многу мајки, бидејќи на ред доаѓаат широки џемпери и јакни, а трудниците ќе доживеат олеснување по големите летни горештини. Ако на есен очекувате бебе, еве што треба да знаете. Есенските бебиња во просек имаат помала родилна тежина Научно е докажано дека бебињата зачнати во јануари и февруари имаат помала родилна тежина. Бебињата во октомври веројатно ќе бидат предвремено родени Ова е само статистика, но може да се поврзе и со летниот период на бременост, кога мајките се повеќе активни. Есенските бебиња се поспортски типови Бебињата родени во есен имаат поголем ризик да заболат од астма Бидејќи овие бебиња се родени на есен, имаат 3-4 месеци да „фатат“ грип или настинка што им го зголемува ризикот од астма.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/neka-ne-ve-zagrizhat-no-dobro-e-da-znaete-nekolku-fakti-za-bebinata-rodeni-vo-esen/feed/ 0
Истражување: Околу 13,4 милиони бебиња во 2020 година се родени предвреме https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazhuvane-okolu-13-4-milioni-bebina-vo-2020-godina-se-rodeni-predvreme/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazhuvane-okolu-13-4-milioni-bebina-vo-2020-godina-se-rodeni-predvreme/#respond Fri, 06 Oct 2023 07:55:52 +0000 https://kurir.mk/?p=885919

Околу 13,4 милиони бебиња во 2020 година во светот се родени предвреме. Студијата за предвремено породување ја објавија авторите на Светската здравствена организација (СЗО), Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Лондонската школа за хигиена и тропска медицина. „Проценетите 13,4 милиони бебиња се родени предвреме (пред 37 недели од бременоста) во 2020 година, што претставува приближно едно од десет од сите живородени деца“, се вели во извештајот. Наведувајќи дека предвременото раѓање е водечка причина за смрт кај децата во првите години од животот, во извештајот се наведува дека постои итна потреба да се зајакне грижата за предвремено родените бебиња за да се зголеми стапката на преживување. Утврдено е дека предвреме родените имаат голема веројатност да заболат од сериозни болести, попречености, доцнење во развојот, како и хронични болести како дијабетес и срцева слабост во зрелата возраст. „Нема значително намалување на стапката на предвремено породување во ниту еден регион во светот во последната деценија. Годишното глобално намалување на предвремено породување помеѓу 2010 и 2020 година беше само 0,14 отсто“, се наведува во извештајот. Соопштено е дека околу 65 отсто од предвремените раѓања во 2020 година биле регистрирани во субсахарска Африка и Јужна Азија. Во извештајот се објаснува дека предвременото породување не е проблем кој се гледа само во земјите со низок и среден приход, туку дека оваа ситуација ги погодува семејствата насекаде во светот. Додека стапката на предвремено раѓање беше 11,6 отсто во Грција и десет отсто во САД, оваа статистика е забележана и во некои земји со високи приходи. Лошото здравје на мајките и неухранетоста, исто така, придонесуваат за високата стапка на предвремено породување. Аншу Банерџи, директор на Институтот за мајчинско здравје при СЗО, рече дека бебињата родени предвреме се особено ранливи на здравствени компликации опасни по живот. Посочувајќи дека бројките за предвремено породување покажуваат дека има потреба од итно инвестирање во постоечките услуги за поддршка на предвремено родените бебиња и нивните семејства, Банерџи посочи дека постои потреба да се постави фокусот на пристап до квалитетни здравствени услуги, особено пред и за време на бременоста. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazhuvane-okolu-13-4-milioni-bebina-vo-2020-godina-se-rodeni-predvreme/feed/ 0
Ужас во болница во Индија, 12 бебиња починале во еден ден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-vo-bolnitsa-vo-indija-12-bebina-pochinale-vo-eden-den/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-vo-bolnitsa-vo-indija-12-bebina-pochinale-vo-eden-den/#respond Tue, 03 Oct 2023 18:43:45 +0000 https://kurir.mk/?p=884773

Дванаесет бебиња починаа за еден ден во болница во индиската држава Махараштра, што предизвика гнев во јавноста, а опозицијата ја обвини регионалната власт и раководството на болницата за небрежност. Бебињата починале во неделата и се меѓу 24-те смртни случаи тој ден во државната болница Шанкарао Чаван во областа Нандед, на околу 600 километри од Мумбаи. Еден од сведоците, кој е чичко на починато дете, рече дека тој ден во неонаталното одделение во болницата било преполно и дека во еден инкубатор биле сместени дури четири или пет бебиња. Директорот на болницата Шјамрао Вакоде не одговори во врска со наводите или обвинувањата на опозицијата за небрежност. Тој за новинската агенција АНИ изјави дека 12 возрасни пациенти починале од различни болести, вклучувајќи дијабетес, откажување на црниот дроб и откажување на бубрезите. Директорот тврди дека нема недостиг на лекови или лекари и дека на пациентите им била укажана соодветна помош, но тие не реагирале на терапијата. Властите започнаа истрага за смртта на доенчињата и другите пациенти во болницата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-vo-bolnitsa-vo-indija-12-bebina-pochinale-vo-eden-den/feed/ 0
Доживотен затвор за медицинската сестра од Англија која уби седум бебиња https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dozhivoten-zatvor-za-meditsinskata-sestra-od-anglija-koja-ubi-sedum-bebina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dozhivoten-zatvor-za-meditsinskata-sestra-od-anglija-koja-ubi-sedum-bebina/#respond Mon, 21 Aug 2023 14:42:28 +0000 https://kurir.mk/?p=869216

Поранешната неонатална медицинска сестра Луси Летби (33), која уби седум бебиња и се обиде да убие уште шест во болница во северна Англија, денеска е осудена на доживотен затвор без можност за условно ослободување, што претставува најстрога можна казна во британското законавство. Таа одби на суд да се соочи со родителите на убиените бебиња кои зборуваа за нивната болка поради загубата на нивните деца. Судијата Џејмс Гос кажа дека бројот на убиени деца, како и природата на убиствата извршени од медицинска сестра на која и е доверена грижата за бебињата, ги сочинуваат „исклучителни околности“ потребни за да се изрече „доживотна затворска казна без условна слобода“, што беше исклучително ретко во Велика Британија. По 22 дена советување, поротата на судот во Манчестер ја осуди Луси Летби за убиство на бебињата во неонаталната единица во болница во северозападна Англија меѓу јуни 2015 и јуни 2016 година. Адвокатот на одбраната Бен Мајерс остана на тврдењето за нејзината невиност. Таа била на должност во сите смртни случаи на бебиња, а обвинителите ја опишаа како „постојано злонамерно присуство“ во неонаталното одделение кога бебињата колабираа или умираа. Утврдено е дека таа им наштетила на бебињата на начини на кои е тешко да се откријат, а по пат ги убедувала своите колеги дека сите овие смртни случаи се нормални. Летби конечно беше отстранета од нејзината функција на крајот на јуни 2016 година, а уапсена во јули 2 Ќе се спроведе и независна истрага за тоа што се случувало во болницата и како персоналот и менаџментот реагирале на порастот на смртните случаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dozhivoten-zatvor-za-meditsinskata-sestra-od-anglija-koja-ubi-sedum-bebina/feed/ 0
Медицинска сестра убила седум бебиња – детали за монструозниот чин во Британија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meditsinska-sestra-ubila-sedum-bebina-detali-za-monstruozniot-chin-vo-britanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meditsinska-sestra-ubila-sedum-bebina-detali-za-monstruozniot-chin-vo-britanija/#respond Fri, 18 Aug 2023 20:01:59 +0000 https://kurir.mk/?p=868584

Медицинска сестра од одделот за неонатологија во британска болница денеска е прогласена за виновна за убиство на седум бебиња и обид за убиство на уште шест. Луси Летби (33) беше обвинета за убиство за смртта на пет машки и две женски новороденчиња, како и пет обиди за убиства на машки бебиња и пет обиди за убиства на девојчиња помеѓу 2015 и 2016 година кога работела во болницата во Честер во Северна Западна Англија. Таа беше обвинета за намерно повредување на новородените бебиња на различни начини, вклучително и вбризгување воздух во нивните крвотоци и внесување воздух или млеко во нивниот стомак преку назогастричните цевки (цевките што одат од носот до желудникот). Таа, исто така, беше обвинета за труење бебиња со интровенозно додавање инсулин и оштетување на цевките за дишење. Летби се изјасни дека не е виновна за ниту едно од обвиненијата. Поротата составена од седум жени и четворица мажи расправаше 22 дена пред да донесе пресуда. Еден од поротниците од првичниот совет не учествуваше во постапката откако побара да биде изземен од лични причини. Потоа судијата им даде право на поротниците да донесат пресуда со 10 гласа наместо потребната едногласност.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meditsinska-sestra-ubila-sedum-bebina-detali-za-monstruozniot-chin-vo-britanija/feed/ 0
Медицинска сестра во Британија виновна за убиство на седум бебиња: Ги труела со инаку безопасни материи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meditsinska-sestra-vo-britanija-vinovna-za-ubistvo-na-sedum-bebina-gi-truela-so-inaku-bezopasni-materii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meditsinska-sestra-vo-britanija-vinovna-za-ubistvo-na-sedum-bebina-gi-truela-so-inaku-bezopasni-materii/#respond Fri, 18 Aug 2023 15:27:27 +0000 https://kurir.mk/?p=868507

Медицинската сестра во Велика Британија, Луси Летби, е прогласена за виновна за убиство на седум бебиња. Таа ги убила бебињата со вбризгување воздух помеѓу јуни 2015 и јуни 2016 година, кога работела во болница во Честер, јавува Би-Би-Си. Летби, која има 33 години, беше прогласена за виновна и за обид за убиство на уште шест бебиња во породилиштето. Таа користела различни методи, како намерно вбризгување воздух во нив, насилно хранење со млеко и труење со инсулин. Таа убила пет момчиња и две девојчиња. Жената се соочила со вкупно 22 обвиненија, а била прогласена за невина по две точки од обвинението. Поротата беше неодлучна по обвиненијата за обид за убиство на уште четири бебиња. 33-годишната девојка, по потекло од Херефорд, ги отфрли сите 22 обвиненија против неа, тврдејќи дека смртта на бебињата се должи на хигиената во болницата и слабо обучениот персонал. Поротата на Крунскиот суд во Манчестер расправаше вкупно повеќе од 110 часа. Нејзината пресуда ќе биде изречена во понеделник. „Во нејзините раце, безопасни материи како воздух, млеко, течност – или лекови како инсулин – станаа смртоносни. Она што го научи на училиште и на факултет, таа целосно го изопачи и се вооружи со опасен занает да предизвика штета, тага и да донесе смрт. повторно и постојано ги повредуваше бебињата, во средина која требаше да биде безбедна за нив и нивните семејства“, рече обвинителот Паскал Џонс. Таа додаде дека „родителите биле изложени на нејзината морбидна љубопитност и нејзиното лажно сочувство“. „Премногу од нив дојдоа дома во празни соби што ги опремуваа за бебиња. Нејзините напади беа целосно предавство на довербата што и беше дадена“, рече Џонс. Одбранбениот тим на Луси Летби тврди дека смртните случаи биле резултат на сериски грешки во грижата за бебињата и дека таа била жртва на систем кој сакал да ја префрли вината на неа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meditsinska-sestra-vo-britanija-vinovna-za-ubistvo-na-sedum-bebina-gi-truela-so-inaku-bezopasni-materii/feed/ 0
ДЕЦАТА КОИ ГО НОСАТ ОВА ИМЕ ЌЕ ИМААТ СРЕЌА ВО ЖИВОТОТ: Повеќето Македонци не ја знаат неговата симболика! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/detsata-koi-go-nosat-ova-ime-ke-imaat-sreka-vo-zhivotot-poveketo-makedontsi-ne-ja-znaat-negovata-simbolika/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/detsata-koi-go-nosat-ova-ime-ke-imaat-sreka-vo-zhivotot-poveketo-makedontsi-ne-ja-znaat-negovata-simbolika/#respond Sun, 11 Jun 2023 16:12:48 +0000 https://kurir.mk/?p=844660

Девојките со ова моќно име зрачат со топлина и светлина. Според потеклото на името Искра, неговото преведено значење може да се види како – „она што е светла“; „оној кој е полн со енергија“; „оној што свети со светлина и топлина“; „оној што на секого му го грее срцето и душата“; „оној кој има и надворешна и внатрешна убавина“; „огнена“; „мистериозна“, но и „оној што дава радост“; „оној што носи подобра иднина“; „радост“; „среќна девојка“. Се претпоставува дека вистинското име Искра е изведено од зборот „искра“ што на словенските јазици значи оган; жар; „искрата“ што се создава при палење на пожар. Уште од античко време постоеле верувања дека „искрите“ што се создаваат при палење дрва во оган, кои „светкаат“, носат подобри времиња и нови радости, богатство, подобро здравје и добар живот и иднина. Ова е едно од ретките женски имиња што немаат прекар!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/detsata-koi-go-nosat-ova-ime-ke-imaat-sreka-vo-zhivotot-poveketo-makedontsi-ne-ja-znaat-negovata-simbolika/feed/ 0
ДЕЦА РАЃААТ ДЕЦА: Лани во Македонија се породиле 17 девојчиња кои немале наполнето ниту 15 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detsa-ragaat-detsa-lani-vo-makedonija-se-porodile-17-devojchina-koi-nemale-napolneto-nitu-15-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detsa-ragaat-detsa-lani-vo-makedonija-se-porodile-17-devojchina-koi-nemale-napolneto-nitu-15-godini/#respond Wed, 07 Jun 2023 14:25:45 +0000 https://kurir.mk/?p=843259

Во 2022 година се регистрирани 17 живородени деца од мајки на возраст помала од 15 години. Минатата година во земјава се родени вкупно 18.183 деца, од кои живородени 18.073, а мртвородени 110. -Бројот на живородените деца во споредба со 2021 година е намален за 3,1 отсто. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа од 51,2 отсто, односно на 100 живородени женски деца 104,8 се машки, соопшти Државниот завод за статистика. Вонбрачни живородени деца се 2.298 или 12,7 отсто од вкупниот број живородени деца.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detsa-ragaat-detsa-lani-vo-makedonija-se-porodile-17-devojchina-koi-nemale-napolneto-nitu-15-godini/feed/ 0
ПОРАЗИТЕЛНА СТАТИСТИКА: Намален бројот на живородени деца во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/porazitelna-statistika-namalen-brojot-na-zhivorodeni-detsa-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/porazitelna-statistika-namalen-brojot-na-zhivorodeni-detsa-vo-makedonija/#respond Wed, 07 Jun 2023 13:56:16 +0000 https://kurir.mk/?p=843255

Минатата година во земјава се родени вкупно 18 183 деца, од кои живородени 18 073, а мртвородени 110. -Бројот на живородените деца во споредба со 2021 година е намален за 3,1 отсто. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа од 51,2 отсто, односно на 100 живородени женски деца 104,8 се машки, соопшти Државниот завод за статистика. Според месецот на раѓање, најголем број раѓања, 1 717, имало во јули. Според возраста на мајката, најголемо учество од 33,2 отсто имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 29,4 години, а кај прворотките 27,7 години. Генерациска година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1993 година. Во 2022 година се регистрирани 17 живородени деца од мајки на возраст помала од 15 години. Вонбрачни живородени деца се 2 298 или 12,7 отсто од вкупниот број живородени деца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/porazitelna-statistika-namalen-brojot-na-zhivorodeni-detsa-vo-makedonija/feed/ 0
Дел од нив се чести во Македонија: Овие имиња за деца се најпопуларни годинава https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/del-od-niv-se-chesti-vo-makedonija-ovie-imina-za-detsa-se-najpopularni-godinava/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/del-od-niv-se-chesti-vo-makedonija-ovie-imina-za-detsa-se-najpopularni-godinava/#respond Wed, 03 May 2023 06:56:21 +0000 https://kurir.mk/?p=829979

Имињата за бебиња постојано влегуваат и излегуваат од мода, па затоа е важно да се избере име со кое детето може да расте, објаснуваат стручњаците. Британски „Мирор“ ги пренесува предвидувањата за најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во 2023 година. „Изминативе години, нашите предвидувања се покажаа како едни од најточните, ако не и најточните предвидувања за имињата на интернет. Од 2018. до 2021 година, 95 отсто од времето ги погодуваме имињата, што е фантастично“, се вели во написот. Најбарани британски, но и светски женски имиња би биле: Оливија, Ема, Амелија, Шарлота, Ава, Софија, Мија, Изабела, Евелин, Луна. Според предвидувањата, кога станува збор за машки деца, најбараните имиња во Велика Британија и ширум светот, ќе бидат: Лијам, Ное, Оливер, Џејмс, Илајџа (што, со македонското име Илија, има исто, хебрејско потекло), Хенри (Андреј), Вилијам, Лука, Бенјамин, Теодор (Тодор). (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/del-od-niv-se-chesti-vo-makedonija-ovie-imina-za-detsa-se-najpopularni-godinava/feed/ 0