бег – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Sep 2022 13:49:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бег – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Скопјани во неизвесност: Владата смирува дека ќе има парно, БЕГ категорични дека немаат обврска да ги грејат граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopjani-vo-neizvesnost-vladata-smiruva-deka-kje-ima-parno-beg-kategorichni-deka-nemaat-obvrska-da-gi-grejat-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopjani-vo-neizvesnost-vladata-smiruva-deka-kje-ima-parno-beg-kategorichni-deka-nemaat-obvrska-da-gi-grejat-gragjanite/#respond Mon, 26 Sep 2022 13:49:35 +0000 https://kurir.mk/?p=737570

Граѓаните на Град Скопје ќе имаат парно и согласно Законот за енергетика загарантирана е јавната дејност да се врши во целост без прекин, порачаа денеска во соопштение од Владата, откако компанијата БЕГ – Производство соопшти дека нема правен основ да располага со топланите, нема обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона, ниту пак има финансиска можност и кредитна способност за набавка на гориво за производство на топлинска енергија. – Владата континуирано презема мерки за да обезбеди сигурно и стабилно снабдување со топлинска енергија за граѓаните на Скопје. Во овој момент се финализираат преговорите за регулирано производство на топлинска енергија, врз основа на претходно донесената одлука на Владата за избор на вршители на енергетски дејности, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Штом завршат истите, јавноста ќе биде навремено известена, велат во соопштение од Владата. Од таму истакнуваат дека заедно со ресорните институции постојано работат на обезбедување на потребните ресурси за производство на топлинска енергија по најповолни цени се со цел домаќинствата да имаат помали трошоци. Конкретно, потенцираат, се бара најдоброто решение за обезбедување на најниска цена на гас или мазут со цел да се спречи ценовен шок и да не поскапи парното. И оваа година како и минатата, стои во соопштението, Владата согласно со законските можности прави максимални напори да обезбеди непречено снабдување на топлинска енергија за граѓаните на Скопје. Во изминатиот период владиниот економски тим и ресорите енергетика имаа повеќе регионални средби и состаноци, со цел обезбедување на потребните енергенси во услови на најголемата светска криза која ја памтиме во поновата историја. Откако во јуни годинава Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои престанаа да важат одлуките за издавање лиценца за вршење енергетска дејност снабдување, односно дистрибуција на топлинска енергија на компанијата БЕГ, Владата објави јавни повици за избор на вршители за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи викендот изјави дека БЕГ мора да испорачува топлинска енергија се додека не се избере економски оператор, како и да има резерви на гас и други суровини за да обезбеди топлинска енергија. По ова се огласи БЕГ дистрибуција и соопшти дека нема правен основ да располага со топланите, нема обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона, ниту пак има финансиска можност и кредитна способност за набавка на гориво за производство на топлинска енергија. Од компанијата наведоа дека согласно со член 51 од Законот за енергетика имале законска обврска да продолжат да ја извршуваат дејноста, до истекот на рокот од 90 дена за избор на нов вршител на дејноста, кој е веќе истечен. Во овој период БЕГ Производство продолжиле да ја вршат дејноста и ги завршиле сите неопходни ремонтни активности во топланите се со цел новиот носител на лиценца да може непречено да ја започне новата грејна сезона. – БЕГ – Производство нема правна основа за користење на топланите, бидејќи Договорот за закуп е раскинат и новиот сопственик на топланите побара примопредавање на истите.  Дополнително, компанијата е финансиски неспособна за вршење на дејноста, поради големите загуби остварени во претходната грејна сезона како резултат на неколкукратно зголемените трошоци за набавка на енергенси и електрична енергија кои не беа покриени со одобрените тарифи од Регулаторна комисија за енергетика. Заради овие причини на 09.06.2022 година. БЕГ – Производство до РКЕ поднесе барање за престанок на лиценцата се со цел навремено и непречено да се избере нов носител на лиценца за вршење на дејноста производство на топлинска енергија за новата грејна сезона. На 20.06.2022 год. РКЕ донесе решение за престанок на лиценцата на БЕГ – Производство, наведоа од компанијата. Јавното отворање на понудите на владините повици за избор на компанија која ќе произведува, дистрибуира и ќе ги снабдува со топлинска енергија потрошувачите на дел од градот Скопје се одржа на 13 септември. Во тек е евалуација на доставените понуди на ЕСМ ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје, ЕСМ ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје и ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје, трите претпоријатија што беа формирани по одземањето на лиценците на БЕГ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopjani-vo-neizvesnost-vladata-smiruva-deka-kje-ima-parno-beg-kategorichni-deka-nemaat-obvrska-da-gi-grejat-gragjanite/feed/ 0
БЕГ контра Битиќи: Ниту имаме законска обврска ниту имаме можност да испорачуваме топлинска енергија на скопјани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/beg-kontra-bitikji-nitu-imame-zakonska-obvrska-nitu-imame-moznost-da-isporachuvame-toplinska-energija-na-skopjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/beg-kontra-bitikji-nitu-imame-zakonska-obvrska-nitu-imame-moznost-da-isporachuvame-toplinska-energija-na-skopjani/#respond Mon, 26 Sep 2022 11:29:42 +0000 https://kurir.mk/?p=737512

Од компанијата посочуваат дека по одземањето на лиценцата на 20 јуни имале законски рок да ја извршува дејноста кој исеткол и во кој период се направени ремонти. Договорот за закуп на топланите „Исток“ и „Запад“ со „Адора“ е раскинат а договорот со ЕСМ е истечен. „БЕГ – Производство имаше законска обврска да продолжи да ја извршува дејноста, до истекот на рокот од 90 дена за избор на нов вршител на дејноста, кој е веќе истечен. Во овој период БЕГ Производство продолжи да ја врши дејноста и ги заврши сите неопходни ремонтни активности во топланите. БЕГ Производство нема правна основа за користење на топланите, бидејќи Договорот за закуп е раскинат и новиот сопственик на топланите побара примопредавање на истите. На 20.06.2022 година РКЕ донесе решение за престанок на лиценцата на БЕГ – Производство. Во врска со договорот за деловно – техничка соработка помеѓу БЕГ – Производство и АД ЕСМ сакаме да ја информираме јавноста дека овој договор беше со важност до 31.03.2022 год., односно истиот е истечен“, соопштија од БЕГ. Се понеизвесно е како ЕСМ ќе испорача топлинска енергија за скопјани со оглед дека грејната сезона почнува на 15 октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/beg-kontra-bitikji-nitu-imame-zakonska-obvrska-nitu-imame-moznost-da-isporachuvame-toplinska-energija-na-skopjani/feed/ 0
Битиќи: Додека не се избере економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitikji-dodeka-ne-se-izbere-ekonomski-operator-beg-mora-da-isporachuva-toplinska-energija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitikji-dodeka-ne-se-izbere-ekonomski-operator-beg-mora-da-isporachuva-toplinska-energija/#respond Sat, 24 Sep 2022 11:58:01 +0000 https://kurir.mk/?p=736901

Се додека не се избере нов економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија кон граѓаните, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, одговарајќи на ноашања поврзани со почетокот на грејната сезона во главниот град. Согласно законот, како што посочи, БЕГ мора да има и резерви на гас и други суровини за да обезбеди топлинска енергија. Во однос на топланите Исток и Запад, кои се во сопственост на „Адора инженеринг“, според која закупот како опција без јасна интенција за купопродажба на топланите не е прифатлив, вицепремиерот со став дека процесите мора да бидат согласно законот и дека закупот е легитимна алатка. – Инсистирањето на еден од чинителите за промена на сопственоста е легитимна, но ќе се склучи според законите. Закупот е легитимна алатка преку која ќе се искористат топланите Исток и Запад и ќе се испорача топлинска енергија, а во меѓувреме има доволно временски период да се запазат сите законски процедурии ако треба да се заокружи откупот на сопственоста, изјави Битиќи. Сериозноста на Владата да не ги остави скопјани без парно греење, според Битиќи, се гледа во тоа што  по непреземањето на парното греење од страна на Град Скопје, Владата интервенирала со формирање на три претпријатија. – За жал, заради тоа што Град Скопје не го презема парното, Владата интервенираше со формирање на три компании. Ако тоа не е доволен показател за сериозната на Владата, не знам што би требало да биде. Во овој момент дистрибутивната мрежа е предадена на ЕСМ, изјави Битиќи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitikji-dodeka-ne-se-izbere-ekonomski-operator-beg-mora-da-isporachuva-toplinska-energija/feed/ 0
Августовските сметки на БЕГ се сторнирани, граѓаните ќе добијат нови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/avgustovskite-smetki-na-beg-se-stornirani-gragjanite-kje-dobijat-novi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/avgustovskite-smetki-na-beg-se-stornirani-gragjanite-kje-dobijat-novi/#respond Wed, 07 Sep 2022 11:57:24 +0000 https://kurir.mk/?p=729891

Граѓаните на градот Скопје да бидат спокојни, сметките на БЕГ за топлинска енергија се сторнирани и ќе добијат нови корегирани сметки за месец август, изјави попладнево претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски. – Оние кои веќе ги имаат платено августовските повисоки сметки, сумата ќе има биде намалена соодветно за повисоката уплатена сума во следните сметки. А во тек на месецов останатите ќе добијат нови коригирани сметки за месец август, рече Бислимоски. БЕГ на карјот на август достави сметки за парно до скопјани кои беа повисоки за околу 40 проценти. Единствена причина за зголемувањето на сметките за топлинска енергија, како што образложи Бислимовски, е тоа што во нив не е вкалкулирана субвенцијата што ја дава Владата за потрошувачите на топлинска енергија во Градот Скопје. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/avgustovskite-smetki-na-beg-se-stornirani-gragjanite-kje-dobijat-novi/feed/ 0
БЕГ: Субвенцијата на потрошувачите на топлинска енергија до овој момент е на товар на компанијата https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/beg-subvencijata-na-potroshuvachite-na-toplinska-energija-do-ovoj-moment-e-na-tovar-na-kompanijata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/beg-subvencijata-na-potroshuvachite-na-toplinska-energija-do-ovoj-moment-e-na-tovar-na-kompanijata/#respond Thu, 01 Sep 2022 16:07:07 +0000 https://kurir.mk/?p=727370

Субвенциите кои БЕГ Снабдување ги пресметуваше во фактурите за топлинска енергија во месец февруари, март и април 2022 година во висина од 99,6 милиони денари согласно Одлуката на Владата се уште не се исплатени, односно субвенцијата на потрошувачите на топлинска енергија до овој момент е на товар на компанијата, истакнуваат во соопштение од БЕГ по денешната изјава на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски. Од БЕГ посочуваат дека услугата снабдување со топлинска енергија за грејната сезона 2022/2023 се фактурира согласно последната Одлука донесена од страна на Регулаторна комисија за енергетика донесена на 29.07.2022 година. – Воедно Ве информираме дека Одлуката на Владата за субвенционирање е истечена на ден 30.04.2022 година, односно не постои правен основ за аплицирање на субвенции во авансните августовски фактури до потрошувачите, велат од БЕГ. Оттаму посочуваат дека редовна пракса е фактурите во месеците кога не се испорачува топлинска енергија да се доставуваат до потрошувачите на крајот од тековниот месец, а рокот за плаќање на истите како и секогаш е на 21-виот ден во следниот месец. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска објави дека е побарано од БЕГ да ги сторнира сметките за парно греење за скопјани за август. -Единствена причина за зголемувањето на сметките за топлинска енергија што ги добија граѓаните за август е тоа што во нив не е вкалкулирана субвенцијата која што ја дава Владата за потрошувачите на топлинска енергија во Градот Скопје и од тие причини се значително зголемени, порача денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски и додаде дека сметките се зголемени за 40-тина проценти. Тој на прес-конференција посочи дека РКЕ бара БЕГ да ги сторнира сите сметки коишто се испратени до потрошувачите и да се изготват нови сметки во коишто ќе биде вкалкулирана субвенцијата која што ја добиваат граѓаните од страна на Владата. За оние граѓани кои веќе ги платиле сметките рече дека ќе им биде вратена разликата во сумата во наредните сметки без разлика дали дејноста ќе ја врши БЕГ или некоја друга компанија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/beg-subvencijata-na-potroshuvachite-na-toplinska-energija-do-ovoj-moment-e-na-tovar-na-kompanijata/feed/ 0
Регулаторна бара БЕГ да ги сторнира сметките, еве што вели Бислимовски за високите сметки за парно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/regulatorna-bara-beg-da-gi-stornira-smetkite-eve-shto-veli-bislimovski-za-visokite-smetki-za-parno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/regulatorna-bara-beg-da-gi-stornira-smetkite-eve-shto-veli-bislimovski-za-visokite-smetki-za-parno/#respond Thu, 01 Sep 2022 11:19:59 +0000 https://kurir.mk/?p=727203

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски на денешната прес-конференција говоореше за причината поради која голем број скопјани добија повисоки сметки за топлинска енергија и за 40 проценти. -Единствена причина за зголемување на сметките е поради тоа што не е вкалкулирана субвенцијата која ја дава владата до потрошувачите на топлинска енегија. Од тие причини има зголемени сметки. За да се избегне оваа ситуација, РКЕ бара БЕГ да ги сторнира сите сметки кои се испратени до потрошувачите и да се изготват нови сметки во кои ќе биде вкалкулирана субвенција која ја добиваат граѓаните од страна на Владата, истакна Бислимовски. Посочи дека средства за оваа намена се обезбедени во државниот буџет. -Има одредена одлука која е еднаш донесена. Доколку таа е со изменет рок ќе се донесе нова одлука со која уште еднаш ќе се потврди дека потрошувачите на топлинска енергија во Градот Скопје ќе ги добијат субвенциите. Потенцирам, сметките кои ги изготвил БЕГ невообичаено се испраќани на30 и 31 август, да бидат сторнирани и да бидат изготвени нови сметки со пресметана субвенцијата од владата, посочи Бислимовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/regulatorna-bara-beg-da-gi-stornira-smetkite-eve-shto-veli-bislimovski-za-visokite-smetki-za-parno/feed/ 0
Скопјани од БЕГ добија двојно поголеми сметки од предвидените 14% покачување https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopjani-od-beg-dobija-dvojno-pogolemi-smetki-od-predvidenite-14-pokachuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopjani-od-beg-dobija-dvojno-pogolemi-smetki-od-predvidenite-14-pokachuvanje/#respond Wed, 31 Aug 2022 20:57:44 +0000 https://kurir.mk/?p=726953

За над 100 отсто повисоки сметки за парно добија скопјани за месец август. Граѓаните кои се јавија во редакцијата на СДК се пожалија дека од БЕГ им стигнале сметките за парно, иако месецот не е завршен. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на 29 јули донесе одлука цената на парното да се зголеми за 14%, што е многу помалку од зголемувањето на сметките кои сега ги добиваат граѓаните. -Првпат се случува да добиеме сметки пред да заврши месецот. Ај што стигнаа порано, туку се повисоки за 100%. Зошто стигаат волку високи сметки кога поскапувањето требаше да биде само 14%“, прашува еден од граѓаните. Повеќе прочитајте ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopjani-od-beg-dobija-dvojno-pogolemi-smetki-od-predvidenite-14-pokachuvanje/feed/ 0
РКЕ објави: Еве колку поскапува парното https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rke-objavi-eve-kolku-poskapuva-parnoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rke-objavi-eve-kolku-poskapuva-parnoto/#respond Fri, 29 Jul 2022 11:16:10 +0000 https://kurir.mk/?p=711842

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски денеска соопшти за колку проценти поскапува цената на топлинската енергија. Новата цена почнува да важи од 1 август, односно од понеделник. За најголем дел од корисниците (над 90 проценти) на топлинска енергија, кои снабдување добиваат преку БЕГ, цената ќе се зголеми за 14,18 проценти. За корисниците на железарско греење цената ќе биде повисока за 15,58 проценти. Корисниците на мрежата Скопје-Север ќе плаќаат повисоки сметки за 16,31 процент. Тоа значи дека кај просечна сметка за топлинска енергија од 1.800 денари, зголемувањето би било 250 денари. -Единствена причина за зголемување на цените е драстичното зголемување на цената на природниот гас која е за 10 пати повисока во однос на цената минатиот период, истакна Бислимовски. Нагласи дека предвидуваат ТЕ-ТО да работи со 70 проценти од потребите на потрошувачите, а останатите потреби да ги обезбедат топланите во Скопје. Се предвидува ТЕ-ТО да обезбеди 70 проценти од потребната топлинска енергија, а 30 проценти да се обезбедат од топланите. Доколку ТЕ-ТО не работи и ако нема субвенции од државата, како што посочи Бислимоски, цената би се зголемила за над 100 проценти. – Доколку не е можно да се увезат потребните количини на природен гас за производство на топлинска енергија во ТЕ-ТО и топланите, тогаш сета потребна топлинска енергија ќе мора да се произведе во топланите со користење на мазут, што е многу неповолно од еколошки аспект, и е ризично заради потенцијалната неможност да се обезбедат потребните количини на мазут, рече Бислимоски. Апелира до сите потрошувачи, почнувајќи од институциите на централно и локално ниво, во грејната сезона да ги следат препораките на ЕУ за штедење и намалување на греењето. – Еден степен намалување на температурата овозможува заштеда на енергенс од околу 5 проценти, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rke-objavi-eve-kolku-poskapuva-parnoto/feed/ 0
Нова цена за парното денеска, РКЕ одлучува колку ќе биде поскапувањето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nova-cena-za-parnoto-deneska-rke-odluchuva-kolku-kje-bide-poskapuvanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nova-cena-za-parnoto-deneska-rke-odluchuva-kolku-kje-bide-poskapuvanjeto/#respond Fri, 29 Jul 2022 05:38:34 +0000 https://kurir.mk/?p=711614

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за цената на парното, која ќе зависи од цената на гасот кој е двојно поскап од лани. Ако државата не преземе мерки, цената може да скокне за 150 отсто. -Ако зголемувањето на цената на парното се ориентира според поскапувањето на природниот гас, треба да изнесува над 150 отсто, но државата ќе преземе мерки на ублажување. Една од опциите да се стабилизира цената на парното греење е скопската когенеративна термоцентрала ТЕ-ТО да работи постојано, особено во зимскиот период и сите домашни капацитети да бидат ставени на располагање, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски. Сите најави во Европа се дека доаѓа тешка зима, што ги подгреа стравувањата од проблеми за затоплување на домовите на граѓаните, со оглед на цените на енергенсите кои вртоглаво растат. Ситуацијата во земјава е дополнително позагрижувачка поради раскинувањето на договорот со Балкан енерџи груп (БЕГ) кој досега беше задолжен за затоплувањето на скопјани. Владата најави распишување на отворен повик за компанија која ќе ја преземе обврската, а во краен случај се најавува можноста грижата за парното да биде префрлена на државната компанија Електрани на Македонија (ЕСМ). До ваков развој на настаните дојде откако Регулаторната комисија за енергетика во јуни ги одзеде трите лиценците на „Балкан енерџи груп“ (БЕГ).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nova-cena-za-parnoto-deneska-rke-odluchuva-kolku-kje-bide-poskapuvanjeto/feed/ 0
ЕСМ ќе ги грее скопјани? Владата го задолжи да формира три трговски друштва https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-kje-gi-gree-skopjani-vladata-go-zadolzi-da-formira-tri-trgovski-drushtva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-kje-gi-gree-skopjani-vladata-go-zadolzi-da-formira-tri-trgovski-drushtva/#respond Thu, 21 Jul 2022 11:11:48 +0000 https://kurir.mk/?p=708419

Со цел поуспешно пребродување на кризата со топлинска енергија, Владата го задолжи АД ЕСМ да основа три трговски друштва за вршење поединечна енергетска дејност производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија за подрачјето на Град Скопје, чиј основач и единствен содружник ќе биде АД ЕСМ, информираат од ЕСМ. Како што појаснуваат новооснованите друштва ќе бидат задолжени да се јават во постапката за избор на вршител на енергетска дејност кој што ќе има обврска за обезбедување на јавната, односно универзалната услуга, која ја спроведува Владата. -АД ЕСМ ќе влезе во овој проект со свои капацитети, но и со нови капацитети во делот на опремата и човечките ресурси, се со цел да обезбеди континуирано и стабилно снабдување на Скопје со топлинска енергија за претстојната грејна сезона. Во овој проект ќе помогне и Владата, со носење на брзи одлуки и поддршка во делот на финансиите. Исто така, АД ЕСМ е задолжен да формира уште еден ДООЕЛ-Топлификација Битола, кое ќе има обврска да го спроведува реализирањето на договорот во прва фаза кој АД ЕСМ го има склучено за изградба на топловодот од РЕК Битола до градот Битола. Во следните фази ова Друштво ќе се грижи за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на Битола и другите две општини, проект замислен пред 30 години, а кој сегашниот менаџмент на АД ЕСМ и Владата го спроведуваат, се вели во соопштението. Топлификација Битола е инвестиција од над 40 милиони евра, од кои дел се средства на ЕСМ, а поголемиот дел се поволна кредитна линија од германската КФВ Банка, и е проект кој ќе донесе големи еколошки и економски придобивки за трите општини кои гравитираат околу РЕК Битола, а тоа се Битола, Новаци и Могила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-kje-gi-gree-skopjani-vladata-go-zadolzi-da-formira-tri-trgovski-drushtva/feed/ 0