бегалски бран – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 27 Sep 2022 10:16:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бегалски бран – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ковачевски: Не се очекува бегалски бран од Русија во земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ne-se-ochekuva-begalski-bran-od-rusija-vo-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ne-se-ochekuva-begalski-bran-od-rusija-vo-zemjava/#respond Tue, 27 Sep 2022 10:16:17 +0000 https://kurir.mk/?p=737906

Премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање денеска изјави дека не се очекува бегалски бран од Русија, со оглед на тоа, како што кажа, што ние немаме конекција со Москва, како што имаат некои други држави. На прашањето, пак, доколку има руски бегалци, дали ќе го имаат истиот третман како украинските, тој кажа дека Украинците имаат третман согласно со меѓународните организации во кои ние сме членки за згрижуавање на бегалци од војна. – Ние ги донесовме сите потребни одлуки во однос на постојано згрижување или згрижување во транзит бидејќи дел доаѓаат и потоа заминуваат во други земји. Тоа е нивниот третман, а вашето прашање е насочено сосема на нешто друго. Тие одат во земји каде што имаат директни летови. Кај нас нема директни летови, одговори Ковачевски по настанот за презентација на Проект за поврзување на локалните патишта. Премиерот на прашањето дали се размислува за укинување на визите за граѓаните на Русија, вели дека нема таков предлог во моментов. Во изминатите денови илјадници руски државјани ја напуштаат земјата во обид да избегнат мобилизација, откако рускиот претседател Владимир Путин минатата седмица нареди делумна мобилизација на 300.000 резервисти. Русите најчесто со автомобили се упатуваат кон границите кон Грузија и Монголија, каде што чекаат и по 48 часа на граница, бидејќи цената на авионските карти, на оние кои се уште се достапни, значително се зголеми и достигна по неколку илјади евра. Меѓу земјите на кои на руските државјани им се овозможува влез без виза се и Србија, Турција, Грузија и Ерменија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ne-se-ochekuva-begalski-bran-od-rusija-vo-zemjava/feed/ 0
Неколку болници во земјава означени како „црвени зони“ за евентуален бегалски бран од Украина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nekolku-bolnici-vo-zemjava-oznacheni-kako-crveni-zoni-za-eventualen-begalski-bran-od-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nekolku-bolnici-vo-zemjava-oznacheni-kako-crveni-zoni-za-eventualen-begalski-bran-od-ukraina/#respond Mon, 14 Mar 2022 14:49:42 +0000 https://kurir.mk/?p=647071

Состојбата со евентуален бран на бегалци од Украина засега е мирна и досега единствена здравствена услуга на бегалец од Украина е раѓањето на едно девојче во Гинеколошката болница во Чаир, вели во интервју за МИА министерот за здравство Беким Сали, во врска со евентуалните стравувања за зголемувањето на бројките на новозаразаени со Ковид-19, доколку бегалскиот бран се прелее во Северна Македонија. Околу 2,7 милиони бегалци досега ја напуштиле Украина. Неодамна Меѓународната федерација Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФЦР) изразија загриженост дека војната во Украина би можела да доведе до зголемување на бројот на новозаразени со Ковид -19 како во Украина, така и во нејзините соседни земји. Северна Македонија не е сосед, но сепак надлежните кај нас повеќе пати нагласуваа дека се подготвуваат за евентуален бран бегалци. -Засега ние немаме наплив на мигранти од Украина и тие малку што се, во помал број, се згрижени. Досега не сме имале некоја посебна потреба од итна здравствена услуга, освен раѓањето на едно девојче во Гинеколошката болница во Чаир. Тоа е единствената услуга засега што сме ја пружиле на мигрант. Досега немаме ни најава за доаѓање, за пристигнување на некој одреден број на мигранти. Меѓутоа, сепак ние како Министерство сме организирани и спремни за пречекување. Неколку болници сме ги назначиле како „црвени зони“, односно точки каде што би можеле да пристапуваат евентуално новодојдените мигранти и сметам дека сме доволно спремни за пречек, нагласува Сали за МИА. Министерот за здравство во интерјуто за МИА, кое целосно ќе биде објавено утре со видеоматеријал, говори и за моменталната состојба со Ковид-19, за ковид-мерките, состојбата со вакцинација, колективниот имунитет, но и генерално за останатите проблеми со кои се соочува здравствениот систем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nekolku-bolnici-vo-zemjava-oznacheni-kako-crveni-zoni-za-eventualen-begalski-bran-od-ukraina/feed/ 0
Иконому: Грција е целосно подготвена за бегалските бранови од Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-grcija-e-celosno-podgotvena-za-begalskite-branovi-od-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-grcija-e-celosno-podgotvena-za-begalskite-branovi-od-ukraina/#respond Mon, 28 Feb 2022 12:58:34 +0000 https://kurir.mk/?p=638031

Грција е целосно подготвена за бегалските бранови од Украина, но и бара Европската Унија да создаде механизам за распределба на луѓето, за секоја од членките да знае колку бегалци ќе треба да згрижи, објасни портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. Иконому додаде дека во следниот период со одлука на Европската Унија ќе се активираат одредби што ќе им даваат можност на бегалците за 12-месечна дозвола за престој и работа во земјатата -Во секој случај, координирани сме со партнерите на сите ниво, па така и за конкртеното прашање, а Грција побара формирање механизам за распределба на луѓето што ќе бидат принудени да си заминат од нивните домови и во оваа насока сме координирани со одлуките на партнерите и Европската унија, рече портпаролот на грчката Влада. Во изминатите денови во Грција пристигнаа неколку автобуси со украински државјани, но сепак станува збор за мал број, а Иконому рече дека овие луѓе се сместени кај нивни роднини или сами си обебзедиле сместување, а Владата доколу е потребно ќе ги преземе сите неопходни мерки . На новинарско прашање дали доколку од сите земји- членки се побара да испратат во Полска воени авиони и пилоти за зајакнување на украинската одбрана и што во тој случај би направила Грција, Иконому истакна дека земјата „е целосно усогласена со нејзините партнери и сојузници во справувањето со руската инвазија во Украина“, додавајќи дека со конкретен став ќе излезат по завршувањето на состанокот на министрите за одбрана. За одлуката да испратат воен материјал во Украина, објасни дека „Грција е јасна и непоколеблива пред постапки што претставуваат ревизија на меѓународните договори и на меѓународното право и пред руската инвазија во Украина“. -Јасна и непоколеблива значи, не само да осудуваме, туку и да бараме и да поддржуваме санкции како што прават нашите партнери и сојузници. Значи практично и активно да го поддржиме украинскиот народ што во овој момент е погоден од инвазијата на Русија. Не треба да држиме дистанца, не треба да го поистоветуваме насилникот со жртвата, рече Иконому, додавајќи дека „неопходни се интервенции за поддршка на Украина и украинскиот народ“. Дополнително истакна дека Грција беше меѓу првите земји што испрати хуманитарна помош и одбранбен материјал во Украина. Иконому на брифингот, неколку пати повтори дека Грција, за сите одлуки е во координација и усогласеност со Европската Унија и НАТО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-grcija-e-celosno-podgotvena-za-begalskite-branovi-od-ukraina/feed/ 0
Бујар Османи: Подготвени сме за евентуален бегалски бран https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bujar-osmani-podgotveni-sme-za-eventualen-begalski-bran/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bujar-osmani-podgotveni-sme-za-eventualen-begalski-bran/#respond Sun, 01 Mar 2020 12:17:28 +0000 https://kurir.mk/?p=310721

Земјава е подготвена за справување со евентуален наплив на бегалци од Сирија, но во координација со ФРОНТЕКС и земјите-членки на Европската Унија, порача денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. -Ние сме во постојана координација со земјите-членки на Европската Унија и со нашите партнери ја следиме состојбата уште од моментот кога почна да се разгорува ова прашање. Нашите институции се подготвени за справување со евентуален хипотетички бегалски бран, но тоа справување е повеќе во координација со ФРОНТЕКС и со земјите-членки на ЕУ со кои споделуваме заедничка политика во однос на бегалците, рече Осамни во одговор на прашање на денешната партиска прес-конференција во седиштето на ДУИ во Скопје. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bujar-osmani-podgotveni-sme-za-eventualen-begalski-bran/feed/ 0