бегство од затвор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 Jul 2023 14:58:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бегство од затвор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Скопјанец избегал од затвор, полицијата го фати со половина килограм марихуана https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanets-izbegal-od-zatvor-politsijata-go-fati-so-polovina-kilogram-marihuana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanets-izbegal-od-zatvor-politsijata-go-fati-so-polovina-kilogram-marihuana/#respond Thu, 27 Jul 2023 14:58:42 +0000 https://kurir.mk/?p=860796

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.И.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 28.11.2022, полициски службеници постапувале по наредба за приведување на пријавениот поради бегство од затвор и притоа, во станот каде што го пронашле, биле пронајдени и одземени половина килограм марихуана и остатоци од тетрахидроканабинол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanets-izbegal-od-zatvor-politsijata-go-fati-so-polovina-kilogram-marihuana/feed/ 0
Стоилковски: Уште едно бегство од затвор во иста режија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-ushte-edno-begstvo-od-zatvor-vo-ista-rezhija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-ushte-edno-begstvo-od-zatvor-vo-ista-rezhija/#respond Wed, 25 Jan 2023 11:06:32 +0000 https://kurir.mk/?p=791628

Се уште ги нема вистинските одговори и одговорност за крвавото бегство од Идризово, а се случува нов скандал, ново бегство, а со истите режисери. Повеќе од 10 дена во бегство од затворот Скопје во Шуто Оризари е осудениот затвореник Нафи Абдиовски. За појаснување, осуден на 8 месеци за сторено кривично дело измама врз основа на досието, Секторот за ресоцијализација му одредил третман со група Б односно да биде преместен во полуслободно одделение, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Ова лице кое што се повторува на фотографиите Нафи Абдиоски, чест гостин во Владата на СДС, со еден убав албум фотографии во прегратки со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, првиот вицепремиер Артан Груби, во премиерскиот кабинет на Зоран Заев, фотографиии со претседателот на Собрание, фотографија со Стево Пендаровски. И оттука СДС-ДУИ, можеби најмногу Оливер Спасовски министер со најголем стаж во Министерството за внатрешни работи, мора да одговорат: 1. Дали се работи за лице кое што има 16 кривични дела и толку неправосилно пресуди? 2. Дали Нафи Абдиовски со правосилност на овие пресуди би лежел 15 години затвор? 3.Дали е повратник во затвор? 4. Дали законот според пресудите за Абдиовски и во делот на тоа што е повратник, законот посочува дека Нафи Абдиовски НЕ СМЕЕЛ да биде затвореник во Шутка, туку би морал да лежи во Идризово? 5. Уште повеќе, дали смеел да биде сместен во полуотворено одделение?, прашува Стоилковски и додава: „Почитувани, одговорите на овие прашања ги откриваат вистинските факти што се крие зад бегството: 1. Што бара сиот државен врв со човек со 16 пресуди за кривични дела? Што бара тој човек во Влада на Република Македонија? 2. Што предизвикало толкава близина, каква работа им завршувал за да има ваков фото албум? 3. Дали преместувањето во полуотворено одделение во затворот Скопје е исценирано за да може пријателот на власта да побегне додека се чека правосилност на пресуди за 16 кривични дела? Почитувани, два скандали, две бегства од затвор, две лица миленици на власта со дебели досиеја. СДС-ДУИ ја претворија Македонија во држава на мафијата. Затвор лежат само оние коишто не слугуваат на интересите на СДС и ДУИ. Со вакви ликови невозможни се реформи, невозможна е верба во системот. Спасот е во предвремени парламентарни избори“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-ushte-edno-begstvo-od-zatvor-vo-ista-rezhija/feed/ 0
Приведен гостиварец поради бегство од затвор, ќе му бидат поднесени и дополнителни кривични пријави https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-gostivarets-poradi-begstvo-od-zatvor-ke-mu-bidat-podneseni-i-dopolnitelni-krivichni-prijavi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-gostivarets-poradi-begstvo-od-zatvor-ke-mu-bidat-podneseni-i-dopolnitelni-krivichni-prijavi/#respond Mon, 16 Jan 2023 12:18:58 +0000 https://kurir.mk/?p=787924

На 16.01.2023 околу 20.00 часот во с.Идризово, скопско, од полициски службеници од СВР Скопје приведен е Ш.Ј.(45) од Гостивар, кој се барал со потерница поради бегство од Казнено-поправна установа Идризово каде издржувал казна затвор. Воедно при легитимирањето, пријавениот употребил лажни хрватски документи на име Л.Ј.. За случајот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен и соодветни поднесоци поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа" казниво по чл.378 и кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, казниво од чл.380 од Кривичниот законик.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-gostivarets-poradi-begstvo-od-zatvor-ke-mu-bidat-podneseni-i-dopolnitelni-krivichni-prijavi/feed/ 0
Приведено лице од Гевгелија по распишана потерница поради бегство од затвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeno-lice-od-gevgelija-po-raspishana-poternica-poradi-begstvo-od-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeno-lice-od-gevgelija-po-raspishana-poternica-poradi-begstvo-od-zatvor/#respond Mon, 09 Jan 2023 08:18:33 +0000 https://kurir.mk/?p=784850

Денеска (09.01.2022) во 01:00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода М.С.(27) од Гевгелија. За него била распишана потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија, а бил баран за доиздржување на затворска казна од осум месеци за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „неизвршување на судска одлука“. Лицето било спроведено во Затвор Гевгелија за доиздржување на казната.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeno-lice-od-gevgelija-po-raspishana-poternica-poradi-begstvo-od-zatvor/feed/ 0
СПЕКТАКУЛАРНО БЕГСТВО ОД ПРИЛЕПСКИОТ ЗАТВОР – додека имал посета од мајката и сопругата исчезнал, ова се филмските детали https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spektakularno-begstvo-od-prilepskiot-zatvor-dodeka-imal-poseta-od-majkata-i-soprugata-ischeznal-ova-se-filmskite-detali/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spektakularno-begstvo-od-prilepskiot-zatvor-dodeka-imal-poseta-od-majkata-i-soprugata-ischeznal-ova-se-filmskite-detali/#respond Mon, 23 Aug 2021 10:47:09 +0000 https://kurir.mk/?p=553957

Бегството не е забележано ниту од безбедносните камери ниту од затворската полиција. Според првичните информации кои денеска треба да бидат потврдени и од надлежните институции во текот на вчерашниот ден околу пладне затвореникот имал посета од неговата мајка и неговата сопруга, објавува Канал 5. Во текот на посетата без никој да го забележи избегал од затворот а во посебните простории за средби со најблиските останале само двете жени. Oткако завршило времето за посета затворските полицајци забележале дека осуденикот го нема.Аламирана е затворската управа и полицијата.Започната е потрага по затвореникот која на полноќ е прекината а денеска продолжува.Неговата сопруга и неговата мајка веднаш се приведени во полициската станица во Прилеп на информативен разговор. Според неофицијалните информации вакво бегството не е можно без надворешна а можеби и внатрешна подршка.Тоа ќе треба да го потврди истрагата. Најавени се и дисциплински мерки против дежурните затворски полицајци кои биле задолжени безбедно да ја реализираат посетата и да го вратат затвореникот во затворениот дел од затворот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spektakularno-begstvo-od-prilepskiot-zatvor-dodeka-imal-poseta-od-majkata-i-soprugata-ischeznal-ova-se-filmskite-detali/feed/ 0
Популарниот актер откри: Шок, но не и изненадување, конечно добив дијагноза https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/popularniot-akter-otkri-shok-no-ne-i-iznenaduvanje-konechno-dobiv-dijagnoza/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/popularniot-akter-otkri-shok-no-ne-i-iznenaduvanje-konechno-dobiv-dijagnoza/#respond Wed, 28 Jul 2021 09:49:24 +0000 https://kurir.mk/?p=542964

Актерот од серијата „Бегство од затворот“, Вентворт Милер објави дека официјално му е поставена дијагноза аутизам, по повеќегодишен мачен процес за конечно да дознае што е причината за проблемите кои ги има целиот живот. Милер објави на Инстаграм бела фотографија со долг опис каде раскажува што се случувало и дека конечно ја добил дијагнозата за која се сомневал со години. -Ова не е нешто што би го променил. Фактот дека имама аутизам е централниот дел на мојот идентитет, дел од се што имам постигнато. Оваа есен ќе помина една година откако ја добил дијагнозата аутизам. Прво си ја поставив самиот, а потоа официјално беше потврдена и од стручни лица. Се работење за долг процес полн со недостатоци, кои според моето мислење потребно е да се исправат. Јас сум возрасен човек, не дете од пет години, напиша 49 годишниот актер. Објаснува дека со години се прашувал што му е, дека идентификувал симптоми на аутизам, но подвлекува дека не сакал да звучи како експерт и со тоа да нанесе штета на испитувањата. -Мојата дијагноза беше шок, но не и изненадување. Пет децении од животот ги следам со други очи. Не сакам да ризикувам и да бидам истакнам, недоволно информирам глас во јавноста. Заедницата која е соединета поради аутизмот низ историјата била замолчувана. Други говореа место нив или преку нив. Не сакам да нанесам зло, туку само да ја кренам раката и да кажам „и јас сум тука“. Тука бев долги години, само тоа не го знаев, напиша актерот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Wentworth Miller (@wentworthmiller)

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/popularniot-akter-otkri-shok-no-ne-i-iznenaduvanje-konechno-dobiv-dijagnoza/feed/ 0
По бегството од затвор, 17 години живеел во пештера- го фатиле па пак го вратиле https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/po-begstvoto-od-zatvor-17-godini-ziveel-vo-peshtera-go-fatile-pa-pak-go-vratile/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/po-begstvoto-od-zatvor-17-godini-ziveel-vo-peshtera-go-fatile-pa-pak-go-vratile/#respond Tue, 01 Oct 2019 08:29:25 +0000 https://kurir.mk/?p=246505

Во кинеската покраина Јунан, полицијата уапси 62-годишен маж кој бил во бегство 17 години, откако со помош на дронови го откриле неговото засолниште. Сонг Јианг, осуденик за трговија со жени и деца, во 2002. побегнал од затворскиот логор. Оттогаш со години живеел во мала пештера во планината близу неговото родно место, целосно отсечен од цивилизацијата, објави Би-би-си. Полицијата добила дојава за локацијата на Сонг на почетокот на септември, но по неуспешната теренска потрага, властите употребиле дополнителни беспилотни летала. Така, пештерата на бегалецот била најдена. Според полициските извештаи, поради тоа што долго време живеел сам, на човекот му било тешко да комуницира со службениците. Осуденикот е вратен во затвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/po-begstvoto-od-zatvor-17-godini-ziveel-vo-peshtera-go-fatile-pa-pak-go-vratile/feed/ 0
Фимско бегство од затвор во Србија: Затворник се исекол со жилет па на пат до болница побегнал https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fimsko-begstvo-od-zatvor-vo-srbija-zatvornik-se-isekol-so-zilet-pa-na-pat-do-bolnica-pobegnal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fimsko-begstvo-od-zatvor-vo-srbija-zatvornik-se-isekol-so-zilet-pa-na-pat-do-bolnica-pobegnal/#respond Mon, 08 Apr 2019 15:15:38 +0000 https://kurir.mk/?p=183945

Рано утринава 27- годишниот Ј.Н кој бил на издржување на затворска казна во затворот во Прокуупње, побегнал од клиничкиот центар во Ниш, а потрегата по него се уште трае. Во текот на ноќта тој во затворот сам се повредил со жилет, па му е укажана помош и со полициска придружба е пренесен во здравствена установа. Меѓутоа тој не стигнал до клиничкиот центар и според српските медиуми се претпооставува дека скокнал од возилото во движење и побегнал пред да стаса во болницата. Полицијата се уште трага по него.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fimsko-begstvo-od-zatvor-vo-srbija-zatvornik-se-isekol-so-zilet-pa-na-pat-do-bolnica-pobegnal/feed/ 0