„Бехтел и Енка“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 11:35:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Бехтел и Енка“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Државата нема платено пенали кон „Бехтел и Енка“, тврди вицепремиерот Груби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzhavata-nema-plateno-penali-kon-behtel-i-enka-tvrdi-vitsepremierot-grubi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzhavata-nema-plateno-penali-kon-behtel-i-enka-tvrdi-vitsepremierot-grubi/#respond Thu, 26 Oct 2023 11:35:39 +0000 https://kurir.mk/?p=893373

Ниту еден пенал нема платено државата на конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на делниците од Коридорите 8 и 10Д, тврди првиот вицепремиер и координатор за изградбата на коридроите 8 и 10д Артан Груби. Тој денеска одговараше на прашање поставено од пратеничката ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјанновска-Давкова во однос на повиците пто ги упатува за вработувања во конзорциумот „Бехтел и Енка“, што според пратеничката е настпување како менаџер и портпарол на приватна фирма со пари на даночните обврзници. -Се сеќавам во минатото, ако не се лажам во три валди што ги имаше ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2017 година, при секоја странска инвестиција, нели тогашниот премиер, министер за финансии или било кој друг велеше дека се отвараат 1.000 нови работни места и ги повикуваше граѓаните да се вработуваат во тие компании, во индустриските, економските зони. Така беше една цела кампања на целата таа вмроовска Влада да се отвараат работни места во приватниот сектор и ги повикуваа граѓаните да се вработуваат. Ништо не е различно со овој проект, којшто го финансира државата и којшто овозможува над 2.000 работни места за наши граѓани да се вработуваат, рече Груби. Тој побара и пратениците од ВМРО - ДПМНЕ да ги повикаат граѓаните да конкурираат на работните места кои ги бара конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на четирите автопатски делници во земјава. Во однос на тоа дали се платени пенали кон конзорциумот од страна на државата посочи дека податоците се јавни и ги има во ресорните министерства и Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Пратеничката Силјановска-Давкова му возврати на првиот вицепремиер во Владата, Груби дека и тој бил во иста влада со ВМРО-ДПМНЕ, порачувајќи му дека треба да брани општо добро, а не да делува како да е вработен во конзорциумот „Бехтел и Енка“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzhavata-nema-plateno-penali-kon-behtel-i-enka-tvrdi-vitsepremierot-grubi/feed/ 0
Мицкоски: Бехтел и Енка ќе ја чини Македонија над 2 милијарди евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-behtel-i-enka-ke-ja-chini-makedonija-nad-2-milijardi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-behtel-i-enka-ke-ja-chini-makedonija-nad-2-milijardi-evra/#respond Fri, 13 Oct 2023 08:10:33 +0000 https://kurir.mk/?p=888369

Проектот на Бехтел и Енка, ако е точен оној договор кој што ние го имаме добиено, а до сега никој не го демантираше, така е направен, но практично тој од владата што го потпишал се однесувал како вработен во компанија кој што ја добива зделката. Бидејќи во ниту еден момент не е заштитен интересот на државата, а целиот договор го штити интересот на изведувачот, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното гостување на Радио Лидер. И што е уште потрагично, додава Мицкоски, дури и во случај на спор арбитражен не важат македонските закони, туку важат некои други закони и процесот при евентуална арбитража би се водел во Париз пред Меѓународната стопанска комора, посочувајќи дека со тоа е суспендиран правниот поредок на Македонија. Потенцираше дека проектот за изградба на коридорите во изведба на конзорциумот Бехтел и Енка ќе ја надмине првично предвидената сума од една милијарда и 300 милиони евра затоа што во договорот не се вклучени ставки како на пример експропријација и други трошоци и истиот би ја надминал сумата од над две милијарди евра. „Овој договор е недефиниран до крај, тоа е најголемиот проблем во комерцијална смисла. Затоа што таму се дефинирани ставки и дефинирана е одредена сума, ако се сеќавате таа сума беше околу една милијарда и 300 милиони евра. Таму не е влезен процесот на експропријација како цена, и не се влезени дополнителните работи како ставки. Грубо, тоа што јас сум го анализирал и со колеги од градежниот факултет, ценам дека вака како што сега е конципиран, тој проект ќе ја надмине од 2,2 милијарди евра. И ова е минимално, некој дури се и по песимисти од мене и одат до две и пол милијарди евра“, рече Мицкоски. Посочи дека тоа е исклучително голем обем на пари за држава како Македонија која што има вкупен БДП од не повеќе од 15 милијарди оваа година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-behtel-i-enka-ke-ja-chini-makedonija-nad-2-milijardi-evra/feed/ 0
Рустеми: На „Бехтел и Енка“ им се префрлени 176 или 179 милиони евра, тие имаат целосна надлежност за подизведувачите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rustemi-na-behtel-i-enka-im-se-prefrleni-176-ili-179-milioni-evra-tie-imaat-tselosna-nadlezhnost-za-podizveduvachite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rustemi-na-behtel-i-enka-im-se-prefrleni-176-ili-179-milioni-evra-tie-imaat-tselosna-nadlezhnost-za-podizveduvachite/#respond Tue, 12 Sep 2023 14:23:01 +0000 https://kurir.mk/?p=877319

Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми денеска рече дека на конзорциумот „Бехтел и Енка“ му се префрлени 176 или 179 милиони евра. Сите исплати, како што напомена Рустеми, се вршат врз основа на потпишаниот Договор и финансиската програма. Рустеми потенцира и дека целосна надлежност за подизведувачите има „Бехтел и Енка“. -Ниту Владата, ниту ЈПДП имаат каква било надлежност во изградбата и изведувањето на работите“, нагласи директорот, одговорајќи на новинарски прашања по почетокот на градежните работи на Коридорот 8 во село Горна Бањица. Тоа го потврди и првиот вицепремиер и координатор на активностите за изградба на коридорите 8 и 10д, Артан Груби. -Ниту Владата, ниту која било политичка партија или министер, не си дозволува, нема право, не смее и нема можност да влијае врз изборот на подизведувачи. Тоа го прави „Бехтел и Енка“. Нивна одговорност е да го изградат патот, но и кого да изберат, зашто ако не го изградат патот ќе сносат одговорност, и тие и подизведувачите, истакна Груби.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rustemi-na-behtel-i-enka-im-se-prefrleni-176-ili-179-milioni-evra-tie-imaat-tselosna-nadlezhnost-za-podizveduvachite/feed/ 0
Славески: Договорот со „Бехтел и Енка“ е прв капитален проект кој е без проект и не обезбедено финансирање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveski-dogovorot-so-behtel-i-enka-e-prv-kapitalen-proekt-koj-e-bez-proekt-i-ne-obezbedeno-finansirane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveski-dogovorot-so-behtel-i-enka-e-prv-kapitalen-proekt-koj-e-bez-proekt-i-ne-obezbedeno-finansirane/#respond Fri, 16 Jun 2023 19:52:06 +0000 https://kurir.mk/?p=846662

„СДС уште од 2015-та година промовираше модел на раст кој банкротираше пред нашите очи, тоа беше раст наводен со зголемување на личната потрошувачка, но не гледаме дека се постигнаа стапки на раст од околу 2 проценти а се предизвика инфлација не само заради енергетската криза, кризата со храната на светски берзи кои се стабилизирани оддамна а кај нас инфлацијата е сеуште присутна“, кажа членот на ИК На ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески во вечерашното гостување во емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24. Тој додаде дека длабоки се проблемите од таков модел на очекуван раст . Славески истакна дека јавниот долг нема да се намалува, тој и понатаму ќе расте се додека кретидорите што ни даваат средства на зеаем дека не сме влезени во ризичната зона. Запрашан за договорот за „Бехтел и Енка“, Славески изјави дека македонската јавност разбра дека се работи за еден пристап кој досега е невиден, не го одобрува и бара поголема транспарентост. „Беше кажано се што требаше да се каже со штетниот договор за „Бехтел и Енка“ нема никаква транспарентот каде и пратениците не го добија договорот што беше ветен дека ќе го добијат. Антикорупциска и таа замолкна кога кажаа дека не го добија целосниот дел од договорот“, вели Славески. Тој заклучи дека ова е прв ваков капитален проект во кој се тргнува не само без проекти, туку не е обезбедено ни финансирање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slaveski-dogovorot-so-behtel-i-enka-e-prv-kapitalen-proekt-koj-e-bez-proekt-i-ne-obezbedeno-finansirane/feed/ 0
Пендаровски: Указите што ги потпишав не се однесуваат на договорот меѓу Владата и „Бехтел и Енка“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ukazite-shto-gi-potpishav-ne-se-odnesuvaat-na-dogovorot-megu-vladata-i-behtel-i-enka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ukazite-shto-gi-potpishav-ne-se-odnesuvaat-na-dogovorot-megu-vladata-i-behtel-i-enka/#respond Sun, 04 Jun 2023 09:06:43 +0000 https://kurir.mk/?p=841894

Указите што ги потпишав не се однесуваат на договорот меѓу Владата и „Бехтел-Енка“, ниту пак се однесуваат на составот на Надзорниот одбор кој треба да ја надгледува изградбата на автопатите околу чија што структура се појавија неколку издржани критики во јавноста, вели претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за „Радио Слободна Европа“. Во однос на информациите дека со потпишувањето на указите, сакал да добие политичка поддршка од владејачката коалиција за втор претседателски мандат, Пендаровски нагласува дека потпишаните укази се однесуваат исклучиво на содржината на петте закони и дека тоа нема никаква врска со ниту едно друго политичко или правно прашање. Пендаровски појаснува дека главната причина зошто го потпишал Указот за Законот за работни односи е тоа што во него не постои одредба за 60-часовна работна недела. - Пред пакетот закони воопшто да влезе во Парламентот предупредив на можноста во измените на Законот за работни односи да стои одредба за 60-часовна работна недела и во таков случај сигурно немаше да го потпишам указот затоа што минатата година Уставниот суд веќе ја прогласи за неуставна таа одредба во тогашните измени на истиот закон, вели Пендаровски. Прашан дали проширувањето во ЕУ ќе земе замав заради геополитичкиот момент со војната во Украина, Пендаровски вели дека не верува во нови форми на асоцирање и членување во ЕУ, нагласувајќи дека македонските граѓани се заморени од нови методи според кои треба да се приклучиме кон ЕУ. - Францускиот претседател Макрон пред три години побара нова методологија, која тврдеше дека ќе биде поефикасна и далеку покуса. Велеше како ќе напредувате кластер по кластер веднаш ќе чувствувате придобивки под членство, нема да чекате до последен момент кога ќе станете полноправна членка. За жал, до овој момент и двете држави од Западен Балкан, Србија и Црна Гора кои се во процес на преговори повеќе од деценија, не почнале практично преговори во новата методологија. Не ни се потребни нови форми на соработка во тоа поле за да станеме членка на ЕУ еден ден, посочува Пендаровски. Смета дека има моментум во проширувањето, но спорна за него е позадината на тој моментум, односно мотивацијата. Не би сакал, вели Пендаровски, да видам моментум за приклучување на Западен Балкан, вклучително и на Македонија во Европа, само затоа што има војна некаде на континентот. - Ако дадете статус на кандидат на Украина, на Молдавија и на Босна и Херцеговина со одредени условувања, имено заради војната во Украина, моето прашање до европските званичници е што ќе се случи кога, дај боже утре, престане војната во Украина? Ако треба да чекаме војна на континентот, вам да ви текне Западниот Балкан и дел од таканареченото источно партнерство треба по децении чекање формално да стане дел од ЕУ, се плашам дека тој тип на резонирање не бил никогаш карактеристичен за ЕУ. Тој тип на геостратешко резонирање, безбедносни закани, војни, нови хибридни закани, е специфика на НАТО. ЕУ секогаш низ историјата имала сосема поинаков профил на критериуми низ кој ги проценувала потенцијалните членки. И ако почнете да наликувате на НАТО алијансата, што правиме ако таа војна запре со примирје. Ќе го изгубиме моментумот?, вели претседателот на државата. Прашан колку Русија е вмешана во спорот со Бугарија, Пендаровски со став дека не верува и да има руско влијание, дека тоа не е толку доминантно во нарацијата која бугарските влади ја спроведуваат кон нас. - Мојот впечаток е дека во позадината на тој спор станува збор за дебели историски наслаги на бугарска страна. Нивната реторика во изминативе 2-3 години не се разликува од реториката и кога сме биле дел од Југославија и пред 30 и пред 50 години, вели Пендаровски. Во однос на случувањата на северот на Косово, Пендаровски со оценка дека силите на Алијансата кои, како што посочува ќе бидат засилени, се доволни да не дозволат прелевање на нестабилноста во останатите делови на Косово и во регионот. - Како членка на НАТО ја следиме директно. И како членка на Алијансата, која има свои војници на Косово. Нашите војници не се на северот на Косово распоредени, меѓутоа имаме 65 војници таму. Имаме намера да останеме и во догледна иднина да го зголемиме тој контингент и заеднички придонесуваме во сигурноста на регионот. Ако ние придонесуваме за стабилноста на Косово, со кое сме директни соседи, придонесуваме и за нашата стабилност и безбедност. Проценките на Алијансата се дека таму состојбите одвреме навреме доаѓале и ќе доаѓаат до точка на вриење, на северот на косово, меѓутоа силите на Алијансата, кои во меѓувреме ќе бидат засилени, со дополнителна бројка на војници, се доволни да не дозволат прелевање на нестабилноста ниту во останатите делови на Косово, не само на северот, значи да останат локализирани. А уште помалку да се прелеат кај нас или во некои други делови во регионот, вели Пендаровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ukazite-shto-gi-potpishav-ne-se-odnesuvaat-na-dogovorot-megu-vladata-i-behtel-i-enka/feed/ 0
Груби: До ДКСК не е доставен целиот договор со „Бехтел и Енка“ поради клаузулата за доверливост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grubi-do-dksk-ne-e-dostaven-tseliot-dogovor-so-behtel-i-enka-poradi-klauzulata-za-doverlivost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grubi-do-dksk-ne-e-dostaven-tseliot-dogovor-so-behtel-i-enka-poradi-klauzulata-za-doverlivost/#respond Thu, 01 Jun 2023 14:35:38 +0000 https://kurir.mk/?p=841244

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска изјави дека поради клаузулата за доверливост до Антикорупциската комисија не е доставен целиот договор со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорите 8 и 10д. - Согласно договорот што е потпишан, има клаузула за доверливост. За да се достави до медиумите, Собранието и до ДКСК или која било друга институција, освен Јавното обвинителство, мора да има согласност од двете страни, односно од Владата и од конзорциумот „Бехтел и Енка“. Тие ни доставија редактирана верзија којашто е доставена до ДКСК за разгледување, изјави Груби, одговарајќи на новинарски прашања на почетокот на градежните активности за изградба на Коридорот 8. Целосната верзија од договорот, како што изјави Груби, е доставена само со Јавното обвинителство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grubi-do-dksk-ne-e-dostaven-tseliot-dogovor-so-behtel-i-enka-poradi-klauzulata-za-doverlivost/feed/ 0
Патолошки лажговци и трујачи https://arhiva.kurir.mk/kolumni/patoloshki-lazhgovtsi-i-trujachi/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/patoloshki-lazhgovtsi-i-trujachi/#respond Sun, 28 May 2023 09:06:54 +0000 https://kurir.mk/?p=840786

Додека Стево по сто и прв пат се самодемантираше, а Таче ширеше трагикомични ветувања дека економски ќе сме ги надминеле Полска и Чешка, власта симултано ги труеше Македонците со отровен зеленчук и лажни вести. Пуста, стара и иритирачка навика на бандата на Заевци, кои кариерата ја започнаа токму со отровни корнишони. Чуму тогаш, неговиот шут и престолонаследник би бил поинаков? Ќе останат запаметени како северната сурија која доде на власт со отров, а со него и си замина. Настрана отровот собран во душата на секој вистински Македонец... Прво, зошто, воопшто, некој и би се чудел што македонските граѓани ги трујат со токсични албански производи? Со иста таа Албанија бизнис сигурно не прави никој друг освен „неогнените“ (преостанати) и заштитени ко мечки бандити на Алија. Никој друг и не смее да чепне таму, било за струја, било за канабисче, било за зеленчук. А ним, се знае, се’ им е дозволено. Таче мора да замиже на се’ што Артан ќе направи. Мижи ко замајан за Бехтел и Енка, не па за отровни краставици. За домати башка. Ќуран може само да праша, а Груби ќе му направи инстант орле со рачињата, и толку. Договорениот знак кој значи - „трај“, гитла, не се мешај и бркај работа. И не, „орлето“ не е оној албанскиот симбол, истото во рацете на Арти и Алија значи „ќе ти летнеме од влада“. А после, Ќуран добро знае што ќе прави без орлињата кои веќе шеста година ги крепат одродите на власт. Интегративната банда одамна зад превезот на национализмот краде ко улава, ним албанштината им е саде маска за рајата, која упорно гласа за нив, убедена дека еден ден ќе ги вработат во државна администрација. Второ, чуму некој и би се чудел за трујачките афинитети на оваа власт? Па истата таа мижи пред веродостојните информации за линдан над Драчево, молчи за се’ она што остана во Охис и ја крие јавната тајна што се’ на ангро се гори во Македонија. Полека, но сигурно, испливуваат информациите за странски „увоз“ на високо-токсични материјали, кои под превезот на обичен отпад одамна се складираат и горат на македонските депонии. Јавна тајна која не ја знае и ја игнорира само власта на Тачевци, заглавена до уши во митото и рушветот од „складирањето“ на истите живото-загрозувачки материјали кои од државата прават токсична бомба за навек. Северна депонија... Трето, зошто и би се посомневале во дарбата на агилните трујачи од власта, северни хохштаплери кои веќе 6 години редум национално не’ трујат и ништат со опортунистички, северни пестициди? Гебелсчиња, маричиќиња и забрчанчиња кои катадневно ја трујат јавноста со продуктите од северната фабрика за лажни вести? Настрана 30-годишното богато искуство и серијата „успеси“ во дејноста на токсиколошките експерти за ништење на знаме, устав, територијални поделби и исконско име. Пестицид за „пирејот“. Во обид, затоа што ништо од прикаската не е завршено. Така, во Македонија и мноооогу пошироко, никој жив одамна нема сомнежи во талентот и „квалитетите“ на фигуративните и буквални наследници на Лукреција Борџија, трујачи и развратници на секое можно поле, неспособни Едиповци со Електра комплекс кои и е..а мајката на сопствената татковина, северни чеда возљубени во Мамон, дилајли кои да ги оставиме на власт уште две-три години самите ќе се испозатворат затоа што немаат исав и крадат ко улави. Освен што така ќе ја унишат и Македонија. Доуништат, де... Најмалку, пак, чуди информацијата дека истите овие тотални и ултра „неспособњаковиќи“ и’ ги с’скале амбасадорите и странските фунционери на опозицијата за да ги убедат да поддржат забегани, пробугарски и самоубиствени уставни измени. Стар, добро познат антимакедонски филм на „демократската“ употреба на Хановите „балкански методи“, дозволени и благосиљани криминални средства од „меџународна“, злодејанија пожелни секогаш кога Македонецот треба да принесе нова саможртва на олтарот на  лицемерниот прогрес, напредок и интеграција. Да се надеваме дека нема да присуствуваме на уште едно дежа ви. Овојпат, за среќа, опозицијата е постамена и без претходен багаж за да ги стискате за „онаквите“. Настрана силната поддршка на македонскиот народ кој врие... Уште Рене Декарт вели дека демократија не е да го правиш она што сакаш (рецептот на Заевци, Тачевци и Грубиевци), туку да не го правиш она што не сакаш. Пак она што ни го прават бандитите. 31.година ќердосани со Бранковци, па Бучковци, Заевци и Тачевци и една лита чета одроди околу нив не’ терате да го правиме она што не го сакаме, создавате мачнина во стомакот, исконска тежина во душата и не’ терате на блуење. Аман веќе, крајно време е за едно громогласно ДОСТА Е! И не прашувајте се зошто кловновите се однесуваат како кловнови. Време е да се прашаме зошто ние постојано доаѓаме и доаѓаме во истиот тој циркус...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/patoloshki-lazhgovtsi-i-trujachi/feed/ 0
Македонските граѓани сметаат дека во договорот со Бехтел и Енка има корупција и бараат тој да биде променет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-gragani-smetaat-deka-vo-dogovorot-so-behtel-i-enka-ima-koruptsija-i-baraat-toj-da-bide-promenet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-gragani-smetaat-deka-vo-dogovorot-so-behtel-i-enka-ima-koruptsija-i-baraat-toj-da-bide-promenet/#respond Sun, 28 May 2023 09:03:05 +0000 https://kurir.mk/?p=839666

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 23 и 26 мај 2023 на 1112 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања. Дури 45,1% од граѓаните се изјасниле дека се ПРОТИВ договорот со Бехтел и Енка во сегашната форма како што беше потпишан од страна на Владата. Истиот го поддржуваат 24,8%. За разлика од македонските граѓани, Албанците кои живеат во Македонија изразиле поддршка за договорот. Граѓаните сметаат дека во договорот со Бехтел и Енка има корупција и бараат тој да биде променет. Најголем дел од македонските граѓани се изјасниле дека има корупција и треба да биде променет, а кај Албанците овој проект добил поголема поддршка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-gragani-smetaat-deka-vo-dogovorot-so-behtel-i-enka-ima-koruptsija-i-baraat-toj-da-bide-promenet/feed/ 0
Заврши пленарната расправа за измените на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за изградба на коридорите 8 и 10д https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-plenarnata-rasprava-za-izmenite-na-zakonot-za-utvrduvane-na-javen-interes-i-nominirane-na-strateshki-partner-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-plenarnata-rasprava-za-izmenite-na-zakonot-za-utvrduvane-na-javen-interes-i-nominirane-na-strateshki-partner-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d/#respond Thu, 25 May 2023 13:15:36 +0000 https://kurir.mk/?p=838625

Собранието во рамките на денешното продолжение на 115-тата седница го заврши општиот претрес по Предлог-законот за изменување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп– Битола), по скратена постапка, кој е последен од петте измени на закони потребни за реализација на договорот со „Бехтел и Енка“. Гласањето дополнително ќе биде одредено. Претходно во своето обраќање во расправата Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ праша како е возможно договорот за реализација на автопатите од коридорот 8 и 10д да го добие Антикорупциската комисија, а не можат да го видат пратениците кои треба да гласаат за законските измени потребни за нивна реализација. Порача дека никој не знае какви меѓународни правила на изградба ќе има овој договор за коридорите. -Договорот е скриен и не може да се види дали има пресметка или не. Власта сака да го суспендира законот за градење, целата фела е против, коморите се против, сите бараат јавна дебата, а Владата бега од дебата за коридорите. Ова не е добро бидејќи поминуваат со европско знаменце и во иднина секоја влада на тој начин ќе може да помине било кој закон, рече Мисајловски. Посочи дека е за изградба на автопати, но е против носење на закони спротивни на Уставот. Здравко Трајанов од истата партија рече дека цената за изградба на овие автопати е екстремно висока и е повисока од сите досегашни искуства во земјава и во околните држави. -Цената за изградба на коридорите во ниту една ситуација нема да биде пониска од сегашната. При тоа цената не претставува клуч на рака и е отворена што покажува дека во иднина ќе расте. Покрај тоа, државата ќе плати многу дополнителни трошоци со земање на поскапи кредити, што ќе значи минимум уште една милијарда дополнителни импликации во Буџетот. На крајот цената за овој проект со другите дополнителни трошоци ќе изнесува помеѓу 2,8 и три милијарди евра што се премногу пари за 110 километри автопат од кои 50 отсто се постојни патишта кои малку треба да се прошират и се во рамничарски крај, рече Трајанов. Оцени дека договорот е со многу обврски за Владата и без никакви обврски за изведувачот. Неговиот сопартиец Миле Лефков рече дека со овој закон се штитат криминални интереси во Владата и се менуваат цела плејада на закони. -Со овој закон се штитат криминални интереси во владата на Ковачевски и на Груби. Пакет закони што се плејада на закони што се менуваат. Опозицијата побара договорот да биде објавен во службен весник. Уставниот суд вели дека на начин на кој што е донесен законот се суспендира само законот за јавни набавки додека остануваат останатите закони. И тоа вие го искористивте на тој начин да ни менува плејада закони, истакна Лефков. Прецизира дека со овие закони се менуваат и Законот за акцизи, како и процедурите при царинското постапување, и се дерогираат на штета на јавниот интерес. -Со ова се менува и Законот за акцизи, процедури при царинското постапување, се дерогираат на штета на јавниот интерес за владата на Груби и Ковачевски да може да си купи уште некој ден, да можат финансиски да се обезбедат, па да живеат некаде по белиот свет, истакна Лефков. Антонио Милошоски, исто така од ВМРО-ДПМНЕ, порача дека таинственоста на договорот укажува дека во него се крие сомнежот за висока корупција. -Затоа овој пат европското знаменце служи само какао покритие за високата корупција која Владата веќе ја потпишала. Во меѓувреме забележала дека ги пречекорила овластувањата и сега со овие интервенции во законите се обидува да најде покритие како тие излегувања од законските овластувања да ги санира. Не може да ги поништи и да ги укине ниту да исчезнат штетите кои се веќе направени, но како барем да се санираат за да се намали одговорноста на потписниците на овој контроверзен договор кој со својата тајност упатува на висока корупција, потенцира Милошоски. Согласно договорот, како што кажа, нема изведувачот да ги плаќа евентуалните грешки во проектот, туку државата. -Кога ќе се случи некој застој во работата министерот Бочварски и директорот Рустеми потпишале штетни клаузули со кои на изведувачот му е овозможено дури и кога се во мирување машините, кои се наменети за градба, заради застој во проектот тие машини и дневниците да ги плаќа државата од Буџетот. Затоа сметам дека бројката од 1,3 милијарди евра плус 300 милиони евра за експропријација е паушална и ќе надмине две милијарди евра, рече Милошоски. Златко Пенков од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека автопатите од коридорот 8 и 10д можат да се наречат автопат до пеколот, бидејќи македонските граѓани ќе платат превисока цена за лагоден живот на мала група луѓе и додаде дека со овие пари може да се изградат дополнителни 100 километри автопат. -Ни нудат дупло повисока цена за еден километар автопат, цена која ќе ја платат граѓаните. На крајот ќе излезе дека за истите пари сме можеле да направиме дополнителни 100 километри автопат. За најголемиот број на македонски граѓаните цената која ќе ја платиме е еднаква на автопат до пеколот овде на земјата, во Македонија. Само за една мала клика на луѓе тоа ќе биде автопат до рајот, а сите останати ќе платат премногу висока цена. За да се овозможи лагоден живот на тие сега се потребни милијарди евра, рече Пенков. Во реплика пратеничката Даниела Николова од СДСМ му порача дека автопат до пеколот може да биде и автопатот од Демир Капија до Смоквица што го градеше грчки Актор заради злоупотребите при неговата изградба. -Од банкарската сметка на Актор од македонските банки незаконски беа извлечени 3,5 милиони евра преку добро разработена шема и секој месец во Неготино стигнувале автобуси со граѓани кои требало да извадат одредена готовина. Автопатот што се градеше со европски пари, 40 милиони евра грант од ИПА фондовите и 200 милиони евра заем од ЕБОР заврши со казна од 50 милиони евра за изведувачот Актор од страна на Европската агенција за борба против криминалот, рече Николова. Борислав Крмов од Левица посочи дека истата фирма ќе го гради моравскиот автопат во Србија кој исто така е долг 110 километри, но за многу пониска цена отколку кај нас. -Таму истиот конзорциум „Бехтел и Енка“ има договор од 745 милиони евра или за 540 милиони евра помалку отколку кај нас за ист број на километри. Договорот кај нив е јавен, рече Крмов. Порача дека станува збор за сомнителен козорциум, особоено во американскиот дел, и додаде дека во 2014 година извршниот директор на „Бехтел“ бил осуден од судот во Њујорк за мито од 5,2 милиони евра за местење на тендер во Египет. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-plenarnata-rasprava-za-izmenite-na-zakonot-za-utvrduvane-na-javen-interes-i-nominirane-na-strateshki-partner-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d/feed/ 0
Грковска: Договорот со „Бехтел и Енка“ има клаузула за тајност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-dogovorot-so-behtel-i-enka-ima-klauzula-za-tajnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-dogovorot-so-behtel-i-enka-ima-klauzula-za-tajnost/#respond Wed, 17 May 2023 10:57:42 +0000 https://kurir.mk/?p=835267

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска на денешниот брифинг со новинарите укажа дека договорот со „Бехтел и Енка“ има клаузула за тајност. -Мојата прва изјава за тоа беше дека во принцип не гледам причина да не биде објавен, освен ако има клаузула што би можела да влијае на таквата одлука и дека ќе проверам дали има таква клаузула. Меѓутоа, таква клаузула постои, веднаш беше објавено од премиерот и беше информирана јавноста за постоењето на таква клаузула и дека таа не обврзува во еден дел за таква мерка, рече Грковска на средбата со новинари. Во однос на механизмот кој им стои на располагање - опомените за функционери кои го прекршуваат етичкиот кодекс и ја злоупотребуваат својата функција, Грковска нагласи дека без оглед за кого станува збор одлучуваат исклучиво врз основа на аргументите. Прашана дали има притисоци од страна на некои функционери, Грковска одби да одговори. -Ние без оглед на се и без оглед за кого станува збор одлучуваме исклучиво врз основа на аргументите и гледате дека и од функционерите на кои им е изречен очигледно дека не не засега многу за кого и за што туку дали аргументите укажуваат на тоа дали го прекршиле или не. Има влијание, има промена во однесувањето тоа се гледа по дискусиите што ги правиме, рече Грковска. Таа посочи дека е дадена препорака секое министерство и секоја институција да има лице задолжено за кодексот со цел најдобро имплементирање на етичкиот кодекс. -Во добра насока сме, тоа е процес заради тоа што досега не сме имале случаи на изрекување мерки и опоменување за такво однесување на функционери. Тоа е процес кој се надеваме дека еден ден ќе не доведе до ситуација кога свесноста на функционерите ќе биде на тоа ниво какво што е во денеска поразвиени демократски држави, но преку ноќ не се случува, рече Грковска. Одговарајќи на прашање што доколку некој и понатаму го прекршува кодексот, Грковска кажа дека доколку продолжи да го прекршува кодексот за истото за кое е опоменат, обврзани се да го информираат премиерот за тоа и понатаму тој треба да одлучи за каква мерка ќе се определи. Мерките се да побара оставка, разрешување и јавна опомена.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-dogovorot-so-behtel-i-enka-ima-klauzula-za-tajnost/feed/ 0