бејрут – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 31 Jul 2022 17:49:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бејрут – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Бејрут се урна дел од силос во пристаништето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-bejrut-se-urna-del-od-silos-vo-pristanishteto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-bejrut-se-urna-del-od-silos-vo-pristanishteto/#respond Sun, 31 Jul 2022 17:49:22 +0000 https://kurir.mk/?p=712291

Денеска се урна дел од силос во пристаништето Бејрут, а на тоа подрачје може да се забележи голем облак од прашина и чад, изјави очевидец. На почетокот на месецот избувна пожар во остатоците од силосите за жито на пристаништето по што во текот на ноќта бил видлив портокалов сјај од околните населби, јавија светските агенции. Повеќе од 215 луѓе загинаа во силна експлозија на амониум нитрат во пристаништето Бејрут на 4 август 2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-bejrut-se-urna-del-od-silos-vo-pristanishteto/feed/ 0
Во Либан распишана потерница по поранешен министер е поради експлозијата во пристаништето во Бејрут https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-liban-raspishana-poternica-po-poraneshen-minister-e-poradi-eksplozijata-vo-pristanishteto-vo-bejrut/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-liban-raspishana-poternica-po-poraneshen-minister-e-poradi-eksplozijata-vo-pristanishteto-vo-bejrut/#respond Thu, 16 Sep 2021 12:57:28 +0000 https://kurir.mk/?p=564397

Судија задолжен за истрага на минатогодишната катастрофална експлозија во пристаништето во Бејрут, издаде потерница за поранешен министер, кој одби да се појави на сослушување, соопштија судски извори. Налогот бил издаден денеска, еден ден по апелот на 145 локални и меѓународни невладини организации, преживеани и роднини на загинатите во експлозијата до Обединетите нации, кои бараат меѓународна истрага, бидејќи локалната оди бавно поради силен политички притисок. Потерница е распишана против поранешниот министер за транспорт и јавни работи Јусеф Фенианос. Во експлозијата што се случи на 4 август 2020 година, загинаа 214 луѓе, а повеќе од 6.500 беа ранети, а беа уништени цели делови на главниот град. Како што соопштија либанските власти, големи количини на амониум нитрат кои стојат во пристаништето од 2013 година не се правилно складирани. Тие отфрлија меѓународна истрага веднаш по експлозијата. Четворица поранешни министри, меѓу кои и Фенианос, се осомничени за потенцијално убиство со умисла, негрижа и злоупотреба. Фенианос беше министер од 2016 до 2020 година. Во јули, судијата Тарик Битар побара Парламентот да им го укине имунитетот на тројца поранешни министри, како и на нивните заменици, но тоа беше одбиено. Локалната истрага е под зголемен притисок од владејачките партии, кои се обвинети за корупција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-liban-raspishana-poternica-po-poraneshen-minister-e-poradi-eksplozijata-vo-pristanishteto-vo-bejrut/feed/ 0
УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ УСПЕХ: Сашко Коцев со награда за најдобар актер на филмскиот фестивал во Бејрут https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/ushte-eden-golem-uspeh-sashko-kocev-so-nagrada-za-najdobar-akter-na-filmskiot-festival-vo-bejrut/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/ushte-eden-golem-uspeh-sashko-kocev-so-nagrada-za-najdobar-akter-na-filmskiot-festival-vo-bejrut/#respond Tue, 09 Feb 2021 12:38:51 +0000 https://kurir.mk/?p=466249

Награда за најдобар актер на фестивалот за кратки филмови во Бејрут - „Beirut Shorts International Film Festival“ ја доби нашиот актер Сашко Коцев. Актерот Коцев, со потекло од Куманово, наградата ја освои по заслуга на неговата улога во филмот „Налепница“ на Георги Унковски. Ова е една од многубројните награди кој Сашко Коцев ги има освоено. Тој го доби и признанието за најдобар актер на Фестивалот за кратки филмови во Берлин, Германија, две награди во италија, награда за најдобар актер на фестивал во Турција. Сашко Коцев го игра главниот лик во „Налепница“, кој по неуспешниот обид да ја обнови својата сообраќајна дозвола, тргнува на пат и запаѓа во серија бирократски проблеми… Краткометражниот игран филм „Налепница“учествуваше на повеќе од 170 филмски фестивали и доби десетици награди. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/ushte-eden-golem-uspeh-sashko-kocev-so-nagrada-za-najdobar-akter-na-filmskiot-festival-vo-bejrut/feed/ 0
ФОТО: Ова не е Бејрут, туку скопски Карпош! https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-ova-ne-e-bejrut-tuku-skopski-karposh/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-ova-ne-e-bejrut-tuku-skopski-karposh/#respond Sun, 24 Jan 2021 17:09:01 +0000 https://kurir.mk/?p=459238

Иако тагашниот кандидат на власта а сега веќе градоначалник на скопската општина Карпош Стефан Богоев, најавуваже засилена борба како што своевремено велеше со урбаната мафија, тоа никако не го направи. Овие фотографии не се од Бејрут,туку од општина со која ракорводи токму Богоев. Фотографиите до нашата редакција пристигнаа од револтирани граѓани, кои што се разочарани од рботата на нивниот градоначалник. Имено, токму Богоев во предизборието на жителите на оваа општина им ветувал брда и долини, но еве речиси на крајот на неговиот мандат и речиси ништо и да не направил за жителите на општината. И покрај тоа што ветуваше борба со наводната урбана мафија, токму истиот Богоев дели дозволи за градба кај што ќе стигне. Овие фотографии се направени во општина Карпош, односно на улица Багдатска. Како што може да се забележи од самите фотографии одалеченоста на двете соседни згради е речиси еден метар, букфално соседите од двете соседни згради утринското кафе и низ муабет можат да си го пијат заедно на тераса. Револтираните граѓани велат дека Богоев ги излажал и дека доколку повторно се кандидира за градоначалник нема да ја добие довербата на Карпошани. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-ova-ne-e-bejrut-tuku-skopski-karposh/feed/ 0
ФОТО: Најтажната елка на светот – накитена е со сеќавања на големиот настан кој го расплака светот оваа година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-najtaznata-elka-na-svetot-nakitena-e-so-sekjavanja-na-golemiot-nastan-koj-go-rasplaka-svetot-ovaa-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-najtaznata-elka-na-svetot-nakitena-e-so-sekjavanja-na-golemiot-nastan-koj-go-rasplaka-svetot-ovaa-godina/#respond Wed, 23 Dec 2020 16:39:34 +0000 https://kurir.mk/?p=447327

Оваа новогодишна елка до половина е декорирана со украси, а на другата половина се наоѓа список од жртвите. Иако дочекот на новата 2021 година поради пандемијата ќе биде малку поразлична, некои од светските метрополи сепак заблескаа целосно во новогодишната декорација. Па, така плоштадите ширум светот украсени се со новогодишни елки, но една од најтажните е поставена во Бејрут. Елката со имиња на загинатите луѓе од страшната експлозија во пристаништето во главниот град која што се случи на 4-ти август годинава. поставена е на местото на трагедијата. Новогодишната елка до пола е декорирана со украси, а на другата половина се наоѓа список со жртвите. На овој начин оддадена им е почит на сите оние кои што погинале во една од најголемите трагедии во Либан. Да ве потсетиме, престолнината на Либан оваа година ја зафати страшна трагедија (експлозија) во која што загинаа над 200 луѓе, додека пак 6.500 беа повредени. Голем број од луѓето останаа без своите домови кога експлодираа 2.750 тони амониум-нитрат кој што беше сместен во складиштето во пристаништето од 2013-та година. Фоторафии од ужасот го обиколија светот, а експлозијата се почувствува стотини километри подалеку. По бранот потреси, владата поднесе оставка, а премиерот и многубројни министри се соочуваа со голем број обвиненија поради експлозијата Извор: ТОЧКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-najtaznata-elka-na-svetot-nakitena-e-so-sekjavanja-na-golemiot-nastan-koj-go-rasplaka-svetot-ovaa-godina/feed/ 0
ФБИ: Нема заклучок за експлозијата во Бејрут https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-nema-zakluchok-za-eksplozijata-vo-bejrut/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-nema-zakluchok-za-eksplozijata-vo-bejrut/#respond Wed, 14 Oct 2020 07:37:58 +0000 https://kurir.mk/?p=416097

Американското Федерално истражно биро ФБИ денеска соопшти дека не дошло до точен заклучок за тоа што ја предизвика големата експлозија во Бејрут на 4 август во која загинаа близу 200 лица, а причинета беше материјална штета од повеќе милијарди долари. Други агенции на САД и земјите од ЕУ кои одблиску ја надгледуваат истрагата за експлозијата се уверени дека причината е несреќен случај, пренесува Ројтерс. -Таков заклучок не е постигнат. Потребно е да се постават дополнителни прашања до либанските власти кои раководат со истрагата, истакнале од ФБИ во одговор до британската агенција. Либанските власти информираат дека извештајот на ФБИ за експлозијата во понеделникот е доставен до либанскиот суд. ФБИ меѓутоа не сакале да ги коментираат наводите на медиумите од оваа земја, пишува Ројтерс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-nema-zakluchok-za-eksplozijata-vo-bejrut/feed/ 0
Трет пожар во рок една недела во Бејрут https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tret-pozar-vo-rok-edna-nedela-vo-bejrut/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tret-pozar-vo-rok-edna-nedela-vo-bejrut/#respond Tue, 15 Sep 2020 10:54:49 +0000 https://kurir.mk/?p=403454

Пожар денеска изби во зграда во централниот дел на Бејрут, во близина на пристаништето каде на 4 август се случи експлозија во која загинаа речиси 200 лица, а повредени беа илјадници. Не е познато што го предизвика пожарот во зградата проектирана од покојната британска архитектка по потекло од Ирак, Заха Хадид. Зградата е се уште во изградба и нема повредени луѓе. Пожарот е изгаснат и отворена е истрага. Тоа е трет пожар во таа област во рок од една недела.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tret-pozar-vo-rok-edna-nedela-vo-bejrut/feed/ 0
По страшната експлозија во Бејрут денеска нов пожар на пристаништето- пламените јазици голтаат сѐ пред себе (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-strashnata-eksplozija-vo-bejrut-deneska-nov-pozar-na-pristanishteto-plamenite-jazici-goltaat-s-pred-sebe-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-strashnata-eksplozija-vo-bejrut-deneska-nov-pozar-na-pristanishteto-plamenite-jazici-goltaat-s-pred-sebe-video/#respond Thu, 10 Sep 2020 12:23:29 +0000 https://kurir.mk/?p=401596

На пристаништето во Бејрут избувна пожар по повеќе од еден месец од страшната експлозија на магацинот со амониум нитрат во тој град, во кој загинаа 191 лице. „Ројтерс“ наведува дека голем црн облак од чад се издигнал во небото над либанскиот главен град. Засега е непознато што го предизвикало пожарот. Експлозијата во главниот град на Либан, што се случи на 4 август, ги уништи пристанишните објекти и ги опустоши локалните области. Сè уште не е познато што го предизвикало пожарот во кој изгореа скоро 3.000 тони амониум нитрат складирани во пристаништето Бејрут. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-strashnata-eksplozija-vo-bejrut-deneska-nov-pozar-na-pristanishteto-plamenite-jazici-goltaat-s-pred-sebe-video/feed/ 0
Надежите згаснаа: Нема преживеани под урнатините во Бејрут https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nadezite-zgasnaa-nema-preziveani-pod-urnatinite-vo-bejrut/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nadezite-zgasnaa-nema-preziveani-pod-urnatinite-vo-bejrut/#respond Sun, 06 Sep 2020 17:28:52 +0000 https://kurir.mk/?p=399995

Спасувачките екипи кои ги пребаруваа урнатините во Бејрут по силната експлозија од минатиот месец, тврдат дека нема повеќе знаци на живот и дека никој повеќе не може да биде спасен. Уред со сензори открил можни знаци на живот во четвртокот, но спасувачите не го пронашле изворот откако отстраниле 95 отсто од урнатините, пишува Би-Би-Си. Околу 50 волонтери, вклучително и тим од Чиле, работеа на локацијата. Откако уредот открил потенцијални знаци на живот, луѓето се собрале, очекувајќи да се случи чудо и да се најде преживеан. Сигналот доаѓал од длабочина од три метри. Напорите на спасувачките екипи сега ќе бидат насочени кон пронаоѓање на посмртните останки на жртвите. Бејрут беше уништен од експлозија од 2.750 тони амониум нитрат во август. Во експлозијата загинаа околу 190 лица, а околу 6.000 беа повредени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nadezite-zgasnaa-nema-preziveani-pod-urnatinite-vo-bejrut/feed/ 0
Уапсен шефот на либанската царина поради експлозијата во Бејрут https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-shefot-na-libanskata-carina-poradi-eksplozijata-vo-bejrut/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-shefot-na-libanskata-carina-poradi-eksplozijata-vo-bejrut/#respond Mon, 17 Aug 2020 16:42:29 +0000 https://kurir.mk/?p=391748

Шефот на царинската управа на Либан Бадри Дахер денеска и официјално е уапсен откако беше на распит за разорната експлозија, која се случи на 4 август и во која загинаа најмалку 180 луѓе. Истрагата е фокусирана на утврдување зошто речиси 3.000 тони експлозивен амониум нитрат биле складирани во градското пристаниште. Детонирањето на тие залихи предизвика експлозија, која ја потресе престолнината на Либан, и во која загинаа најмалку 180, а повредени се околу 6000 луѓе. Се уште околу 30 лица се сметаат за исчезнати во експлозијата која предизвика материјална штета од 10 до 15 милијарди долари. Во меѓувреме се појавија документи од кои се гледа дека либанските власти со години знаеле за 2.750 тони амониум нитрат складиран во пристаниште и за опасноста што ја претставува. Судијата Фади Саван четири и пол часа го испитуваше шефот на царината Бадри Дахер, кој беше притворен веднаш после експлозијата, по што издаде наредба за негово апсење. Тој ќе остане во притвор до завршување на истрагата. Претседателот на Либан Мишел Аун изјави дека истрагата за експлозијата е многу сложена и нема бргу да заврши. Тој појасни дека истрагата е поделена на три дела и оти првиот има за цел да ги испита околностите поврзани со товарот, вториот да се утврди од каде и кој го товарел и третиот да се утврди декој бил одговорен за безбедноста на товарот. Аун рече дека француски и американски истражители помагаат бидејќи имаат повеќе можности отколку Либанците да откријат детали за тоа зошто бродот со високоексплозивен материјал пристигнал, изворот и кој го поседува. По експлозијата се зголеми гневот на јавноста која и дотогаш беше незадоволна поради корупцијата и лошото управување и доведе до оставка на Владата поддржана од Хезболах. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-shefot-na-libanskata-carina-poradi-eksplozijata-vo-bejrut/feed/ 0