беким хаџиу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Nov 2022 13:30:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png беким хаџиу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СОПСТВЕНИКОТ НА „БЕСА ТРАНС“ НЕ СЕ ЧУВСТВУВА ВИНОВЕН – судењето продолжува на 23 декември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sopstvenikot-na-besa-trans-ne-se-chuvstvuva-vinoven-sudenjeto-prodolzuva-na-23-dekemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sopstvenikot-na-besa-trans-ne-se-chuvstvuva-vinoven-sudenjeto-prodolzuva-na-23-dekemvri/#respond Tue, 15 Nov 2022 13:29:41 +0000 https://kurir.mk/?p=760949

Обвинетиот Беким Хаџиу, сопственик и управител на „Беса Tранс“, во Основниот кривичен суд Скопје денеска изјави дека не се чувствува за виновен за „фалсификување исправа“. Застапникот на правното лице „Беса Транс“, Шабан Хоџа, исто така, изјави дека не се чувствува виновен за истото дело кое му се става на товар. Откако јавниот обвинител го прочита Обвинителниот предлог во кој стои дека обвинетиот 41-годишник, Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ“ од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај. – Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини, се наведува во обвинителниот предлог. На денешното рочиште сведочеше претставник на Министерство за транспорт и врски, Драганче Јовев, кој зборуваше за лиценците и изводите од лиценци кои што министерството ги издало на „Беса Транс БТБ“. На прашање од обвинителот, дали од страна на Министерството за транспорт и врски на правниот субјект Беса Транс му е издадена лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај, тој одговори дека врз основа на евиденцијата за лиценцирани превозници, кои вршат јавен превоз за патници, министерството има издадено лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници со број 007017, со важност од 8.8.2018 до 8.8.2022 година. Прашан дали врз основа на оваа лиценца, министерството издава извод за лиценца за секое од возилата одделно, тој одговори да. – Да, врз основа на оваа лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници министерството издава изводи од лиценца за секое од возилата за кои што превозникот има доставено копија од сообраќајни дозволи во самото барање за издавање на лиценца на меѓународен слободен превоз на патници, при што согласно евиденцијата имаме издадено изводи за лиценци за следните возила СК 4436 АИ, СК 8004 АН, СК 0886 АК, СК 8583 АП и СК 0583 АР, значи имаме издадено лиценца за пет возила на име на превозникот Беса Транс БТБ, рече тој. На прашање дали дополнително имаат издадено извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај за возило со регистерска ознака СК 0284 БА, тој одговори дека согласно евиденцијата за ова возило нема издадено извод од лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници во меѓународниот патен сообраќај ниту за друг вид на превоз. Асмир Алиспахиќ, бранителот на обвинетиот, потоа пристапи кон вкрстено испрашување во кое подробно го испрашуваше сведокот околу издадените лиценци и изводи од лиценци. Прашан дали со самото издавање на лиценцата се евидентираат и возилата, тој одговори да. – Да, веќе споменав на почетокот, во процедурата за добивање на лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници една од документацијата е достава на сообраќајни дозволи кои што ги поседува превозникот за возилата за кои што превозникот поднесува барање, рече тој. Прашан дали може да заклучиме дека изводот од лиценца број 22679 постои во евиденцијата на министерството како издадена лиценца за второбвинетото правно лице „Беса Транс БТБ“, тој одговори дека постои за вршење на посебен линиски превоз на патници во внатрешниот патеn сообраќај. Прашан дали е запознаени кога „Беса Транс БТБ“ станала сопственик на возилото СК 0284 БА, тој одговори дека Министерството за транспорт и врски не е запознаено кога правното лице станалo сопственик на наведеното возило. – Но, сакам да појаснам зошто, затоа што кое било правно лице кое поседува лиценца за вршење јавен превоз на патници е должно согласно Законот за превоз да нè известува за секоја настаната промена веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена, треба да не извести за секој вид на промена вклучувајќи и купување и продавање на возила, рече тој. Бранителот потоа праша дали можеме ли да заклучиме дека од сите претходни одговори во поглед на наведените лиценци, министерството ги има физички издадено истите и ги поседува кај нив во оригинал, сведокот одговори дека по однос на ова прашање, министерството ниту за правното лице „Беса Транс БТБ, ниту за кое било друго правно лице за кое што има издадено лиценца и изводи од лиценца за возилото не ги поседува лиценците и изводите од лиценца во оригинал. – Оригиналот се издава на барателот, рече тој. Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски. Судењето продолжува на 23 декември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sopstvenikot-na-besa-trans-ne-se-chuvstvuva-vinoven-sudenjeto-prodolzuva-na-23-dekemvri/feed/ 0
Сопственикот на „Беса транс“ достапен за надлежните и сака да соработува, уверува Јовевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sopstvenikot-na-besa-trans-dostapen-za-nadleznite-i-saka-da-sorabotuva-uveruva-jovevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sopstvenikot-na-besa-trans-dostapen-za-nadleznite-i-saka-da-sorabotuva-uveruva-jovevski/#respond Sun, 30 Jan 2022 10:55:56 +0000 https://kurir.mk/?p=624612

Сопственикот на Беса транс Беким Хаџиу е достапен за Обвинителството и сака да соработува со надлежните органи за да се утврдат причините и околностите кои доведоа до оваа сообраќајна несреќа, вели државниот обинител Љубомир Јовески во интервју за РСЕ. Тој објаснува дека семејствата на загинатите патници можат да поднесат жалба до бугарското обвинителство и да побараат да ги разгледаат списите во случајот „Беса транс“. Бугарската национална истражна служба утврди дека за автобуската несреќа во Бугарија одговорен е возачот на „Беса транс“ бидејќи возел со брзина над дозволената. Македонското обвинителство отвори паралелна постапка и тука во Република Македонија. -Во оваа постапка издадени се повеќе наредби од страна на јавниот обвинител кој постапува по предметот и тоа до Министерството за внатрешни работи, до Царинската управа, потоа до Управата за јавни приходи, до Централниот регистер, Бирото за вработување, со намера целосно да го согледа работењето на фирмата којашто го организирала оваа патување и го вршела превозот, а особено во делот како автобусот ги поминувал границите на Република Македонија и границите на соседните земји во делот на техничката исправност на овој автобус и неговата регистрација и лиценци и други околности кои се од значење за донесување на јавно-обвинителска одлука, изјави Јовески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sopstvenikot-na-besa-trans-dostapen-za-nadleznite-i-saka-da-sorabotuva-uveruva-jovevski/feed/ 0
Сопственикот на „Беса Транс“ два пати бил на распит во бугарското обвинителство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sopstvenikot-na-besa-trans-dva-pati-bil-na-raspit-vo-bugarskoto-obvinitelstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sopstvenikot-na-besa-trans-dva-pati-bil-na-raspit-vo-bugarskoto-obvinitelstvo/#respond Sun, 12 Dec 2021 17:12:46 +0000 https://kurir.mk/?p=607418

Улица 1 број 1 Село Рашче. Ако се отиде на оваа адереса на 16 тина километри од Скопје може да се види плац полн со автобуси комбиња но и семејна куќа. Но ако се погледне во централниот регистар на истата адреса се регистрирани две фирми, речиси со идентични имиња, чиј основач е Беса Транс, со сопственици кои имаат исто презиме Хаџиу, но со голема разлика во годините на формирање. Првата Беса Транс БТБ ДООЕЛ Скопје е формирана на 19 август 2009 а нејзин сопственик и управител е Беким Хаџиу. Низ годините таа била регистрирана и за градежни работи, но сепак основната дејност и била транспорт. Втората и многу подоцна создадена, на 18 август годинава е Беса Транс 2 и БТ 2000 ДООЕЛ, а нејзин сопственик е Мереме Хаџиу, сопругата на Беким Хаџиу кој после случувањето на несреќата повеќе не е достапен за македонските власти. Тој е во Бугарија каде КОД дознава дека веќе дал две изјави поврзани со сообраќајната несреќа во која се запали автобус на неговата фирма и во него изгореа 45 луѓе. На какви околности бил испитуван за сега од бугарското обвинителство не откриваат, но ја потврдуваат информацијата за распитот на газдата на Беса Транс. Тој пак тука не е достапен за македонските истражни органи кои никако не можат да влезат во неговата фирма.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sopstvenikot-na-besa-trans-dva-pati-bil-na-raspit-vo-bugarskoto-obvinitelstvo/feed/ 0
Сопственикот на „Беса транс“: Автобусот пред да замине од Турција беше на сервис и сè беше во ред https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sopstvenikot-na-besa-trans-avtobusot-pred-da-zamine-od-turcija-beshe-na-servis-i-se-beshe-vo-red/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sopstvenikot-na-besa-trans-avtobusot-pred-da-zamine-od-turcija-beshe-na-servis-i-se-beshe-vo-red/#respond Tue, 30 Nov 2021 08:23:45 +0000 https://kurir.mk/?p=601719

Сопственикот на „Беса транс“ Беким Хаџиу во интервју за БНТ тврди дека автобусот што учествуваше во несреќата на автопатот „Струма“ во Бугарија, пред да замине од Турција бил на сервис и се било во ред. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Хаџиу ја отфрлил можноста некои од патниците да внеле во автобусот запаливи материи. Хаџиу потврди дека тој и неговото семејство биле дел од екскурзијата во Истанбул, но патувале во другите автобуси. Неговите деца биле во последниот автобус. Опожарениот автобус бил произведен во 2007 година, но бил купен од пред околу три години. Според сопственикот, досега немало технички проблем со автобусот. Хаџиу кажа дека овој пат од Република Северна Македонија тргнале четири автобуси. На враќање од Турција, во автобусот кој се движел прв патувал сопственикот на фирмата и неговата сопруга. На бугарско-македонската граница, на излез од Бугарија, Беким Хаџиу дознал дека неговиот автобус излетал и со такси тргнал на местото на несреќата. Кога пристигнал, со часови останал на местото на настанот. Беким Хаџиу одби да ја коментира верзијата за несреќата бидејќи истрагата е во тек. Но, рече дека три недели пред несреќата автобусот поминал на технички преглед во С Македонија. Дополнително, пред секое патување, сите возила на компанијата „Беса транс“ поминуваа низ сервис. – Пред да тргнеме за Турција ги сервисираме, контролираме, па дури и кога ќе стигнеме до Истанбул и таму одиме на сервис да ги проверат, превезуваме патници, да видиме каква е ситуацијата. Се беше во ред и таму кога таму бевме на сервис, и кога има ни кажуваат и веднаш да го поправиме, објасни сопственикот на „Беса транс“. Тој негира дека во автобусот имало туби со гориво бидејќи бензинот што го наполниле во Истанбул бил доволен за да стигнат до Скопје, а потоа да се вратат во Истанбул. Поради темелните проверки на бугарските граници, тој ја исклучува можноста патник да внел запалива материја. – Во секој автобус има туби, но со вода, секој автобус мора да ги има за секој случај. Ова е резервна вода. Има строга контрола на влез во Бугарија, багаж, возач, сè што се превезува, рече Хаџиу. Сопственикот на „Беса транс“ кажа и дека возачите на автобусот биле многу искусни професионалци кои многупати ја поминувале оваа релација. Хаџиу објасни дека за оваа 12-часовна рута биле доволни двајца возачи. Тие строго ги почитувале часовите за одмор. Потврди дека автобусот имал фабрички ограничувања и не можел да крене повеќе од 100 км/ч. БНТ интервјуто со сопственикот на „Беса транс“ го направи во канцеларијата на неговиот адвокат во Софија. Беким Хаџиу рече дека досега не зборувал за медиумите бидејќи е шокиран од тоа што се случило и затоа е во Бугарија да им помогне на истражителите на кој било начин да ги утврдат причините за несреќата во која на 23 ноември загинаа 45 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sopstvenikot-na-besa-trans-avtobusot-pred-da-zamine-od-turcija-beshe-na-servis-i-se-beshe-vo-red/feed/ 0
Сопственикот на Беса транс не се враќал во Македонија по несреќата, а министерот Спасовски во петокот одговори дека сопствениците „се достапни и тука“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sopstvenikot-na-besa-trans-ne-se-vrakjal-vo-makedonija-po-nesrekjata-a-ministerot-spasovski-vo-petokot-odgovori-deka-sopstvenicite-se-dostapni-i-tuka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sopstvenikot-na-besa-trans-ne-se-vrakjal-vo-makedonija-po-nesrekjata-a-ministerot-spasovski-vo-petokot-odgovori-deka-sopstvenicite-se-dostapni-i-tuka/#respond Mon, 29 Nov 2021 19:58:07 +0000 https://kurir.mk/?p=601640

Сопственикот на фирмата Беса транс Беким Хаџиу е во Бугарија од каде не се вратил после несреќата, како што вели поради тоа за да биде достапен на истражните органи во таа држава каде се случи трагедијата со автобусот и загинаа 45 македонски државјани од кои 12 деца, објави Телма телевизија. Хаџиу во интервју за БНТ вели дека не излегол од Бугарија, бидејќи бил возач на друг автобус, а кога слушнал за трагедијата, застанал на границата и се вратил со такси. Во Софија тој зел и стан и тврди дека ќе остане за да помогне на истражителите. Хаџиу досега не дал никаква изјава во македонско обвинителство. Од друга страна, министерот Оливер Спасовски во петокот одговори дека сопствениците се достапни и се во Македонија. -Каде се сопствениците на компанијата, дали е разговарано со нив, каде се, дали се во државата, дали МВР стапи во контакт со нив?- гласеше новинарското прашање до Спасовски, кој беше на заедничка прес конференција со министрите Бујар Османи и Благој Бочварски. -Овие лица се достапни, тука се. Се разговара со нив врз основа на наредби од јавното обвинителство. Секако ќе има разговори и со патници од другите автобуси, но ги чекаме наредбите од обвинителството, одговори Спасовски во петокот. -Истрагата мора да ја водиме во институциите, не во јавноста, не во медиумите, рече Спасовски подоцна на слично прашање каде е сопственикот и дали МВР има информации за него бидејќи куќата на Хаџиу беше обезбедувана од полиција. Хаџиу, според зборовите на обвинителката Вилма Русковска, бил на местото на несреќата минатиот вторник, неколку часа по случената трагедија, кога македонските обвинители со бугарските колеги ги посетија истражителите и медицинските служби на терен на автопатот „Струма“. Интервјуто за бугарски БНТ е прво појавување во јавноста на сопственикот на Беса транс, Беким Хаџиу. Роднини на настраданите сведочеа во Софија дека тој се јавувал на блиски на жртвите за да им изрази сочувство. Хаџиу во интервјуто посочи и дека тој е во контакт со семејствата на настраданите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sopstvenikot-na-besa-trans-ne-se-vrakjal-vo-makedonija-po-nesrekjata-a-ministerot-spasovski-vo-petokot-odgovori-deka-sopstvenicite-se-dostapni-i-tuka/feed/ 0
Екслузивно ИНТЕРВЈУ на сопственикот на „Беса турс“ за БНТ: Што не бев и јас во автобусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eksluzivno-intervju-na-sopstvenikot-na-besa-turs-za-bnt-shto-ne-bev-i-jas-vo-avtobusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eksluzivno-intervju-na-sopstvenikot-na-besa-turs-za-bnt-shto-ne-bev-i-jas-vo-avtobusot/#respond Mon, 29 Nov 2021 17:16:28 +0000 https://kurir.mk/?p=601570

Сопственикот на агенцијата „Беса транс“ Беким Хаџиу даде ексклузивно интервју за Бугарската национална телевизија, кое беше емитувано денеска во 17 часот. Беким Хаџиу рече дека автобусот поминал на технички преглед пред да замине од Турција и се било во ред. Ја исклучува можноста некој од патниците да има увезено запаливи материи. Хаџиу потврди дека и тој и неговото семејство биле дел од патувањето, но патувале во друг автобус. Неговите деца биле во последниот автобус. Беким Хаџиу рече дека досега не зборувал за медиумите бидејќи е шокиран од тоа што се случило, но на секој начин соработува со истражителите за да се утврдат причините за инцидентот во кој загинаа 45 лица. Тој рече дека автобусот бил произведен во 2007 година, но бил купен од неговата компанија пред околу три години. Според сопственикот, досега немало технички проблем со автобусот. На Беким Хаџиу се уште му е тешко да ја прифати трагедијата на автопатот Струма, во која загинаа 45 лица кои патуваа во еден од неговите автобуси. -„Си велев зошто не сум во овој автобус, да умрам во автобус и тоа си го кажав многу пати“, вели Беким Хаџиу, сопственик на Беса Транс. Беким Хаџиу со семејството често учествуваше на екскурзиите што ги организираше неговата туристичка агенција. Овој пат, од Македонија тргнаа четири автобуси. На враќање од Турција, во автобусот кој се движел прв патувал сопственикот на фирмата и неговата сопруга. Нивните деца биле во еден од автобусите. На граница, на излез од Бугарија, Беким Хаџиу дознал дека автобусот му излетал. „Им реков да ме испратат на местото да видам со свои очи што се случило таму“, додаде Беким Хаџиу. Сопственикот на „Беса транс” се качил со такси и се вратил на местото на несреќата. Беким Хаџиу одби да коментира за несреќата бидејќи истрагата се уште е во тек. Сепак, рече дека три недели пред несреќата автобусот поминал на технички преглед. Дополнително, пред секое патување, сите возила поминуваа низ сервисен центар. „Пред да тргнеме за Турција ги сервисираме, контролираме, па дури и кога ќе стигнеме до Истанбул и таму одиме на сервис да ни проверат, превезуваме патници, да видиме каква е состојбата. Се беше во ред таму и таму и кога бевме на сервис таму, ни кажуваат нешто веднаш да го поправиме“, објасни сопственикот на „Беса транс“. Хаџиу рече дека во автобусот немало цевки со нелегално увезено гориво. Поради темелните проверки на бугарските граници се исклучува можноста патник да внесе пиротехника. „Во секој автобус има цевчиња, имаат вода, секој автобус мора да ги има за секој случај. Ова е резервна вода. Строги контроли за влез во Бугарија, багаж, возач – се – што се носи“, рече Беким Хаџиу. Одземена е лиценцата на фирмата сопственик на опожарениот автобус. Сопственикот на Беса Транс ги опиша возачите на автобуси како добри и искусни професионалци кои многупати ја поминале оваа релација. Строго ги почитуваа часовите за паузи. Тој тврди дека автобусот има фабрички ограничувања и не можел да крене повеќе од 100 km/h. На прашањето дали автобусот ги има сите потребни документи, Беким и неговиот адвокат рекоа дека во оваа фаза нема да коментираат бидејќи истрагата е во тек. „Можеме со сигурност да кажеме дека Беса Транс има дозвола да врши транспортни дејности на територијата на Европа и повторно да врши туристичка дејност на територијата на Република Северна Македонија и надвор од РСМ“, изјави адвокатот Лубомир Таков. Беким рече дека неговата компанија е основана во 2009 година, но веќе четири години е редовен превозник во Истанбул. Во цената од 80 евра е вклучено патување и две ноќевања, а секое патување во рамките на патувањето и услугата се доплаќа. Беким Хаџиу од несреќата живее во Бугарија. Изнајмил стан за да им биде достапен на истражителите и да помогне колку што може. Тој вели дека е достапен и за жртвите. Неговите роднини се во контакт и со роднините на луѓето во опожарениот автобус. „Никој не сакаше ова да се случи. Сите го знаат тоа. Не дозволувајте никому да му се случи оваа трагедија, тажна, многу тажна трагедија. Не знам што друго да кажам“, изјави за БНТ сопственикот на Беса транс. Беким Хаџиу рече дека не се чувствувал загрозен од никого.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eksluzivno-intervju-na-sopstvenikot-na-besa-turs-za-bnt-shto-ne-bev-i-jas-vo-avtobusot/feed/ 0
Се огласи и сопственикот на „Беса Транс“, еве што изјави за автобуската несреќа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-i-sopstvenikot-na-besa-trans-eve-shto-izjavi-za-avtobuskata-nesrekja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-i-sopstvenikot-na-besa-trans-eve-shto-izjavi-za-avtobuskata-nesrekja/#respond Sun, 28 Nov 2021 08:39:14 +0000 https://kurir.mk/?p=600817

Сопственикот на автопревозникот Беса Транс, Беким Хаџиу, синоќа на Фејсбук им изрази сочувство на семејствата на жртвите од сообраќајката во која 45 граѓани ги загубија животите патувајќи во неговиот автобус, за кој органите обзнанија дека немал извод од лиценца, а не бил евидентиран на границата кога ја напуштил земјата на патувањето за Истанбул. ,,Алах да им даде рај на починатите, а на повредените што поскоро опоравување. Овие зборови ги кажувам со жалење и со повредено срце. Тие беа исто така наше семејство, бидејќи секогаш кога патувавме и патниците ги сметавме за фамилија. Четири дена бевме заедно во Истанбул и забележав дека повеќето и порано доаѓале со нас на тури со нашите автобуси за Истанбул. Овие тестови се од Алах и верувам дека се прифатени од секој верник, неговата волја не може да биде променета ни за минута и бараме од Алах никого да не тестира”, напиша Хаџиу на Фејсбук. Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вчера информираше дека е отворен предмет за Беса Транс и дека податоците што се собираат на барање на бугарските обвинители, во исто време ќе се користат и во делот на тој предмет, а со цел на расчистување на сите ситуации поврзани со несреќата, од документација за автобусот до тоа како тој ги поминувал границите. -Ние ги прибираме потребните документации, а потоа ќе донесеме соодветна одлука. Веднаш по сообраќајната несреќа документацијата од команијата Беса Транс е одземена. Ве уверувам за било кое лице доколку има основ, Обвиниелството ќе отвори постапка, изјави Јовекси. Истражителот во Националната истражна служба на Република Бугарија, Младен Христов Петров, посочи дека се работи на сите верзии кои не се отфрлени, но бидејќи несреќата е голема и се собираат многу докази, во ваква ситуација истрагата треба да продолжи и не може да се даде дефинитивна верзија за причините за несреќата. -Сопственикот на фирмата е сослушан во раните часови. Со него интензивно се соработува на територија на Северна Македонија и тој е достапен на надлежните институции, изјави Петров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-i-sopstvenikot-na-besa-trans-eve-shto-izjavi-za-avtobuskata-nesrekja/feed/ 0