бекутан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 14 May 2023 11:21:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бекутан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Алкалоид“ одбележа 45 години од постоењето на „Бекутан“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alkaloid-odbelezha-45-godini-od-postoeneto-na-bekutan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alkaloid-odbelezha-45-godini-od-postoeneto-na-bekutan/#respond Sun, 14 May 2023 11:21:40 +0000 https://kurir.mk/?p=834011

Фармацевтската компанија „Алкалоид“ денеска одбележа 45 години на еден од своите најпрепознатливи брендови, колекцијата производи за деца „Бекутан“. Менаџерот на компанијата Живко Мукаетов рече дека е голема чест да се прослави голем јубилеј, а тоа е 45 години од постоењето на брендот „Бекутан“. - Денеска би сакал да ви се обратам не како човек кој е менаџер во компанијата, туку како татко на четири деца. Да се биде родител е веројатно една од најодговорните работи кои можат да му се случат на еден човек. Тоа е грижа и посветеност за некој кој живее покрај вас, расте и се развива и треба да порасне во здрава личност. Од многу непроспиени ноќи, па преку изборот на храната, па се до изборот на козметиката која едно бебе ќе ја добие. Моите родители го користеа „бекутан“, јас и мојата сестра го користиме „Бекутан“, јас и мојата сопруга го користиме овој производ. Од 1978 година, откако постои кремчето „Бекутан“, досега се произведени повеќе од 60 милиони теглички, што е уште еден доказ за квалитетот и традицијата. Уште еден доказ дека тоа е производ на кој може апсолутно да му се верува, истакна Мукаетов. Тој посочи дека со „Бекутан“ растеа и растат генерации кај нас но и во регионот и тој е бренд на кој треба да бидеме благодарни и горди. - Ние сме многу среќни, што може да се пофалиме, дека брендот континуирано расте, потенцира Мукаетов. Силвија Брајовиќ од СОС Детското село нагласи дека „Бекутан“ е водечки бренд за нега и грижа на малите деца и оти тоа веќе 45 години го прави најдобро. - Токму таа грижа за децата не спои заедно со СОС Детското село. „Бекутан“ најдобро и најквалитетно се грижи за нашите најмили. А СОС Детското село веќе 22 години гради семејства за да може секое дете да расте во грижа, љубов и припадност на одредено семејство. Од голема важност за нас е потрошувачите на „Бекутан“ да имаат свесност за оваа наша поврзаност којашто резултира во додадена хуманитарна вредност на брендот „Бекутан“. Со оваа кампања, по повод 45 години, и самите потрошувачи се дел од нашата заедничка мисија – Сите деца се наша грижа, истакна Брајовиќ. Прим. д-р Марина Поп-Лазарова нагласи дека брендот „Бекутан“ асоцира на традиција, на квалитет, на безбедност, на сигурност, на ефикасност, на иновативност. - Грижата за децата е наш заеднички фокус. И тоа грижата која почнува од најраната возраст. Секогаш кога говориме за одредени ситуации кај детето, портфолиото и производите на „Бекутан“, апсолутно ефикасно и безбедно, ни користат во надминување на разните заеднички проблеми. Заедничка цел ние е здраво дете. Здраво дете е среќно дете, рече Поп-Лазарова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alkaloid-odbelezha-45-godini-od-postoeneto-na-bekutan/feed/ 0
„Бекутан“ и децата од „Дајте музика“ со божиќна порака за сите генерации https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekutan-i-decata-od-dajte-muzika-so-bozikjna-poraka-za-site-generacii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekutan-i-decata-od-dajte-muzika-so-bozikjna-poraka-za-site-generacii/#respond Wed, 06 Jan 2021 10:34:17 +0000 https://kurir.mk/?p=452373

Дружењето, патувањата, гушкањето со другарите и со другарките, концертите, насмевките без маски, а, неверојатно но вистинито, дури и училиштето се дел од нештата кои им недостасуваа не само на јунаците од популарниот детски серијал „Дајте музика“ туку, веројатно, и на сите луѓе на планетава во 2020 година. Во вонредни околности и со почитување на сите здравствени мерки и протоколи, продукцијата „Еден на еден“ со режисерот Зоран Зонде Стојановски спакува видеоспот, во кој главната порака е дека љубовта е најголемиот подарок. Продуцентката на серијалот, Цаци Паковска, истакна дека предизвикот за екипата беше огромен. „Дечињата, пред сѐ, се актери, а требаше да отпеат песна од Каролина Гочева и беа премногу возбудени и исплашени како ќе го изведат сето тоа и како ќе звучат, па во текот на подготовките, кои траеја околу месец и половина, имаа дури и часови по пеење. Одговорноста беше уште поголема бидејќи работевме проект за бренд каков што е ‘Бекутан’, а тука, исто така, не смееше да има компромиси. Сепак, мислам дека крајниот производ е одличен, а целата екипа на ‘Дајте музика’ беше на висина на задачата“ – рече Паковска. Празниците се за дарување, а најубавиот подарок е љубовта. Кога ќе се обединат најискреното другарство и најубавата македонска божиќна песна, испеана од маестралната Каролина, а сето тоа под закрилата на најдобриот детски бренд, резултатот е прекрасна празнична честитка за сите генерации. „Повеќе од 40 години постоиме за најмилите. Многу генерации сe врзуваат со приказната за ‘Бекутан’, а искрената љубов и посветеност, внесени во секој еден производ, се оние што го прават ‘Бекутан’ различен и единствен. Овие празнични денови љубовта има посебна димензија, а близината со нашите најсакани е важна повеќе од кога било досега. На сите наши бекутанчиња сакаме да им подариме среќа и многу љубов, спакувани во прекрасно видео, и порака посветена на чистото детско срце. Да не заборавиме да подаруваме добрина и да учиме од детската искреност! Ви благодариме за секоја година помината со нас!“ – изјави Маја Мизо, менаџер за брендот „Бекутан“. А за оваа година очекувањата се навистина големи. Во пораката што ја испраќаат преку видеото протагонистите на серијалот се вели: „По дождот секогаш следува сонце! Нека сонцето во 2021 силно сјае за сите!“ Видеото може да го погледнете на линкот подолу. Музиката и аранжманот се на Никола Мицевски, текстот е на Весна Малинова, а песната е дел од албумот „Извор“ на Каролина Гочева-Корубин, чиј издавач е „Авалон продукција“. Кореографијата за видео записот ја подготви студио „Еурека“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekutan-i-decata-od-dajte-muzika-so-bozikjna-poraka-za-site-generacii/feed/ 0
„Бекутан“- традиција и љубов која спојува генерации и трае цели 40 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekutan-tradicija-i-ljubov-koja-spojuva-generacii-i-trae-celi-40-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekutan-tradicija-i-ljubov-koja-spojuva-generacii-i-trae-celi-40-godini/#respond Tue, 03 Apr 2018 12:09:43 +0000 https://kurir.mk/?p=35753

Брендот кој спојува генерации, миризбата која потсетува на сечие детство, производите кои се хит во цел регион и пошироко. Секако, зборуваме за Бекутан, водечкиот бренд кој празнува 40 години постоење. Приказната за Бекутан започнува далечната 1978-ма година, со само 5 производи наменети за нега на бебешката кожа. Прв во редот беше кремот Бекутан. Денес на свечен настан беа претставени низа активности преку кои „Алкалоид“ одбележува четири децении доверба со своите лојални потрошувачи. -По повод 40-годишниот јубилеј, компанијата одлучи да подготви низа активности наменети за нашите ценети корисници, посебно оние најмалите, меѓу кои: лимитирани трендовски пакувања од добропознатите шампон и пенлива купка, нови форми на водечкиот производ Бекутан крем, кои наскоро ќе бидат достапни на пазарот. Вибер стикери за полесна и поинтересна комуникација, наградна игра со бројни интересни награди, а со оглед на динамиката на брендот, сигурно ќе следуваат и други изненадувања, истакна Маја Мизо, бренд менаџер за „Бекутан“. Слатки дечиња станаа заштитни лица на брендот и се дел од новата кампања. -Довербата во брендот Бекутан од 1978-ма година се пренесува од генерација на генерација. Тоа е нашиот најцврст темел за долгогодишна традиција. Формулациите на продуктното портфолио се работени според најновите трендови во медицинската козметологија, во блиска соработка со врвни фармацевти, педијатри и дерматолози во земјава. Со повеќе од 200 милиони продадени парчиња производи, „Бекутан“ е синоним за постојан квалитет, доверба и лојалност. И во иднина, ние како компанија, ќе продолжиме да работиме сериозно и максимално посветено, за оваа наша заедничка успешна приказна да продолжи,  истакна генералниот директор на Алкалоид, Живко Мукаетов. Рангирани меѓу водечките брендови во сегментот „детска козметика“ на регионално ниво, „Бекутан“ производите се изработени од врвни суровини со проверен квалитет, исклучително благи формулации и уникатни рецептури, сигурни за употреба уште од првиот ден по раѓањето. Севкупниот производен процес се одвива во согласност со строгите стандарди за „Добра производна пракса“. Лидер во колекцијата е „Бекутан“ детскиот крем со продадени над 45 милиони парчиња.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekutan-tradicija-i-ljubov-koja-spojuva-generacii-i-trae-celi-40-godini/feed/ 0