бел картон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Jan 2023 09:53:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бел картон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Првпат во историјата покажан бел картон на фудбалски натпревар https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/prvpat-vo-istorijata-pokazhan-bel-karton-na-fudbalski-natprevar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/prvpat-vo-istorijata-pokazhan-bel-karton-na-fudbalski-natprevar/#respond Mon, 23 Jan 2023 09:53:10 +0000 https://kurir.mk/?p=790594

За прв пат во историјата на фудбалски натпревар беше покажан бел картон, а оваа необична ситуација беше видена во Португалија. Од 1970 година и Светското првенство, навивачите се навикнаа на судијата да носи жолти и црвени картони во џебот за време на натпреварот, па на тој начин ги санкционира поради кршење на правилата. Но, сега во Португалија експериментално е воведен картон од друга боја - бела. Бел картон за прв пат беше покажан на натпреварот од португалската женска лига меѓу лисабонски Бенфика и Спортинг. И додека жолти и црвени картони се покажуваат за неспортско однесување, бел картон се покажува како награда за фер-плеј. Бенфика водеше со 3:0 во последната минута од првото полувреме, кога една од фудбалерките колабираше на теренот. Лекарите од двата тима веднаш притрчаа на терен да ѝ помогнат. Откако девојката стана, судијата на натпреварот им покажа бел картон на клупите на двете екипи и на тој начин ги награди за фер-плеј, а сите гледачи на стадионот Луж почнаа да аплаудираат. Останува да видиме дали практиката на покажување бел картон ќе фати корен на терените низ Европа и светот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/prvpat-vo-istorijata-pokazhan-bel-karton-na-fudbalski-natprevar/feed/ 0