Бела куќа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 10:16:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Бела куќа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кирби: Можно е следните денови по сто камиони со хуманитарна помош дневно да влезат во Појасот Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kirbi-mozhno-e-slednite-denovi-po-sto-kamioni-so-humanitarna-pomosh-dnevno-da-vlezat-vo-pojasot-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kirbi-mozhno-e-slednite-denovi-po-sto-kamioni-so-humanitarna-pomosh-dnevno-da-vlezat-vo-pojasot-gaza/#respond Tue, 31 Oct 2023 10:16:05 +0000 https://kurir.mk/?p=894837

Белата куќа верува дека е можно во следните неколку дена 100 камиони со хуманитарна помош дневно да влезат во Појасот Газа, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби. Претседателот на САД, Џо Бајден пред два дена побара „значително и итно“ зголемување на протокот на помош за опколената палестинска територија. Според податоците на ОН, акутниот недостиг на гориво во Појасот Газа веќе влијае на снабдувањето со вода на населението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kirbi-mozhno-e-slednite-denovi-po-sto-kamioni-so-humanitarna-pomosh-dnevno-da-vlezat-vo-pojasot-gaza/feed/ 0
Бела куќа: Русија „егзекутира војници“ кои одбиваат наредби во новите напади врз Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-rusija-egzekutira-vojnitsi-koi-odbivaat-naredbi-vo-novite-napadi-vrz-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-rusija-egzekutira-vojnitsi-koi-odbivaat-naredbi-vo-novite-napadi-vrz-ukraina/#respond Thu, 26 Oct 2023 19:11:10 +0000 https://kurir.mk/?p=893548

Русија егзекутира војници кои не ги следат наредбите во нејзината крвава нова офанзива во источна Украина, додека претрпува „значителни“ загуби, нагласи Белата куќа. „Имаме информации дека руската војска всушност егзекутирала војници кои одбиваат да ги следат наредбите“, изјави на брифинг портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби. „Имаме информации дека руските команданти се закануваат со егзекуција на цели единици доколку се обидат да се повлечат од украинскиот артилериски оган“, додаде тој. „Тоа е за осуда“. Кирби не даде повеќе детали на прашањето за наводните егзекуции или како САД дошле до информациите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-rusija-egzekutira-vojnitsi-koi-odbivaat-naredbi-vo-novite-napadi-vrz-ukraina/feed/ 0
Бела куќа: Оружје и муниција се на пат кон Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-oruzhje-i-munitsija-se-na-pat-kon-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-oruzhje-i-munitsija-se-na-pat-kon-izrael/#respond Tue, 10 Oct 2023 05:55:01 +0000 https://kurir.mk/?p=887229

САД веќе почнаа да испорачуваат критично потребна муниција и воена опрема во Израел, соопшти синоќа Белата куќа, додавајќи дека Пентагон ги прегледува своите резерви за да види што друго може брзо да испрати за да го зајакне својот сојузник во војната со Хамас. Портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби синоќа потврди дека првата пратка воена помош по нападот на милитантите на Хамас „тргнала“ за Израел. Пратката следуваше додека американскиот претседател Џо Бајден се подготвуваше да ги даде своите први официјални изјави за нападите, откако потврди дека најмалку 11 Американци биле убиени во насилството во текот на викендот. - Целосно очекуваме дека ќе има дополнителни барања за безбедносна помош за Израел бидејќи тие продолжуваат да трошат муниција во оваа борба. Ќе бидеме во чекор со нив, внимавајќи да ги исполниме нивните потреби најдобро што можеме и што е можно побрзо, рече Кирби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-oruzhje-i-munitsija-se-na-pat-kon-izrael/feed/ 0
Од Белата куќа се надеваат на брз избор на спикер на Претставничкиот дом, да нема прекин во помошта за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-belata-kuka-se-nadevaat-na-brz-izbor-na-spiker-na-pretstavnichkiot-dom-da-nema-prekin-vo-pomoshta-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-belata-kuka-se-nadevaat-na-brz-izbor-na-spiker-na-pretstavnichkiot-dom-da-nema-prekin-vo-pomoshta-za-ukraina/#respond Wed, 04 Oct 2023 09:36:57 +0000 https://kurir.mk/?p=884999

Администрацијата на претседателот Џо Бајден располага со доволно средства за финансирање на помошта за Украина за подршка на офанзивата на Киев и да не се направи прекин во снабдувањето за што потребна е помош од Конгресот, изјави синоќа Џон Кирби, официјален претставник за национална безбедност во Белата куќа. Мала група тврдокорни републиканци во Претставничкиот дом се противат на испораките на воената помош и спречената блокада на финансирањето на американската влада, што вклучува и помош за Украина, беше причина за разрешувањето на нивниот лидер, спикерот Кевин Мекарти. Ова ги втурна републиканците во Конгресот во политичка криза. Додека Белата куќа порача брз избор на нов спикер на долниот дом на американскиот Конгрес. -Претседателот Бајден јасно стави до знаење дека под никакви околности не смееме да дозволиме прекин во подршката на Америка за Украина, изјави Кирби. Тој рече дека рокот на истекување на тековните финансии за Украина е „околу два месеца и нешто“. Исто како и претседателот Бајден, и тој ја критикуваше малата група републиканци во Претставничкиот дом кои иницираа блокада на финансиите за Украина, истакнувајќи дека мнозинство од републиканците во Конгресот го подржуваат Киев. -Таков прекин во подршката ќе направи (рускиот претседател Владимир) Путин да поверува дека тој може да не исчека и може да продложи со тој конфликт до тогаш додека ние и нашите сојузници и партнери не се предадеме, изјави Кирби. Според него, ова може да му донесе победа на Путин. Можната блокада на владата и пресвртот со изгласување на привремен буџет до 15 ноември е причината зошто спикерот на долниот дом синоќа беше разрешен од финкцијата, процес инициран токму од таа мала група тврдокорни републиканци кои се противат на помошта на Украина. За разрешувањето гласаа и сите демократски претставници. По овој повод, од Белата куќа изјавија дека се надеваат на брз избор на нов спикер. -Американскиот народ заслужува лидери кои мислат на прашања што се животно важни за Американците“ изјави Жан Пјер Карин, портпарол на Белата куќа. -Претседателот Бајден повеќекратно демонстрираше спремност за работа со двете партии во Конгресот од име на американскиот народ... Неодложните проблеми исправени пред нашата земја не можат да чекаат, претседателот се надева дека Претставничкиот дом ќе избере спикер мошне брзо, изјави таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-belata-kuka-se-nadevaat-na-brz-izbor-na-spiker-na-pretstavnichkiot-dom-da-nema-prekin-vo-pomoshta-za-ukraina/feed/ 0
Бела куќа: Украина постигна „забележителен напредок“ во офанзивата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-ukraina-postigna-zabelezhitelen-napredok-vo-ofanzivata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-ukraina-postigna-zabelezhitelen-napredok-vo-ofanzivata/#respond Fri, 01 Sep 2023 15:52:57 +0000 https://kurir.mk/?p=873464

Украинските сили во изминатите денови постигнаа „забележителен напредок“ против руските трупи во нивната јужна офанзива, соопшти денеска Белата куќа. Запрашан за критиките дека јужната кампања на Киев против окупаторските руски сили не напредувала многу во последните три месеци, портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби призна дека борбата одела побавно отколку што самата Украина се надевала. „Во изминатите 72 часа има забележителен напредок на украинските вооружени сили на таа јужна линија“, изјави Кирби. „Тие постигнаа одреден успех против таа втора линија на руска одбрана“, рече тој. Во последните денови, анализите на западните бојни полиња покажаа дека украинските сили навлегуваат во руските линии на неколку километри меѓу Роботин и Вербове во регионот Запорожје. Целта на Киев е да напредува директно на југ до Азовското Море, отсекувајќи го рускиот копнен пристап до окупираниот Крим, јавија западни медиуми.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-ukraina-postigna-zabelezhitelen-napredok-vo-ofanzivata/feed/ 0
Вашингтон пост: Белата куќа испратила барање до Конгресот за повеќе финансирање за да се избегне „шатдаун“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-belata-kuka-ispratila-barane-do-kongresot-za-poveke-finansirane-za-da-se-izbegne-shatdaun/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-belata-kuka-ispratila-barane-do-kongresot-za-poveke-finansirane-za-da-se-izbegne-shatdaun/#respond Thu, 31 Aug 2023 20:53:01 +0000 https://kurir.mk/?p=873194

Белата куќа денеска испратила барање до Конгресот да одобри средства што би биле доволни за потребите за функционирање на федералната влада во периодот додека се согласува опширниот буџет за 2024 фискална година, соопшти весникот Вашингтон пост. Краткорочниот буџет е потребен за да не се запре работата на владата поради исцрпени асигнации. Ако не се одобри овој привремен буџет до 1 октомври возможно е запирање на работата на федералната влада или таканаречено „шатдаун“ (shutdown). Весникот дознава дека администрацијата на Бајден го повикала Конгресот кога ќе започне со работа во есенската сесија да одобри финансирање на низа програми, како на пример 1.4 милијарди долари субвенции за исхрана. Некои од тие програми е 20.6 милијарди долари итна помош за Украина, 12 милијарди долари за помош од катастрофи, и подршка на други домашни фондови, посебно во време кога ураганот Идалија направи голема штетат во Флорида и неколку недели по катастрофалниот пожар на Хаваите. Дијана Крисвел, директорка на Федералната агенција за менеџмент на вонредни состојби (ФЕМА), неделава се пожали за мошне низок буџет кој опаднал до 3.4 милијарди долари, и дека се потребни многу повеќе пари за брза реакција во случај на катастрофи. Спикерот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти, републиканец од државата Калифорнија и Чак Шумер, сенатор демократ од Њујорк и лидер на демократското мнозинство во Сенатот, во август изјавија дека не се против одобрување краткорочно продлжување на финансирањето на владата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-belata-kuka-ispratila-barane-do-kongresot-za-poveke-finansirane-za-da-se-izbegne-shatdaun/feed/ 0
Евентуалнoто загинување на Пригожин во авионска несреќа не би било изненадување, тврди претставник на Белата куќа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eventualnoto-zaginuvane-na-prigozhin-vo-avionska-nesreka-ne-bi-bilo-iznenaduvane-tvrdi-pretstavnik-na-belata-kuka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eventualnoto-zaginuvane-na-prigozhin-vo-avionska-nesreka-ne-bi-bilo-iznenaduvane-tvrdi-pretstavnik-na-belata-kuka/#respond Wed, 23 Aug 2023 19:28:23 +0000 https://kurir.mk/?p=870231

Евентуалнoто загинување на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин во авионска несреќа не би било изненадување со оглед на неговата расправија со рускиот претседател Владимир Путин, изјави висок претставник на Белата куќа. „Ги видовме извештаите“ за несреќата. Ако се потврди, никој не треба да биде изненаден“, наведе портпаролката на Советот за национална безбедност, Адриен Вотсон во соопштението. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eventualnoto-zaginuvane-na-prigozhin-vo-avionska-nesreka-ne-bi-bilo-iznenaduvane-tvrdi-pretstavnik-na-belata-kuka/feed/ 0
Бела куќа: Нема индикации дека Русија стои зад пичот во Нигер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-nema-indikatsii-deka-rusija-stoi-zad-pichot-vo-niger/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-nema-indikatsii-deka-rusija-stoi-zad-pichot-vo-niger/#respond Tue, 01 Aug 2023 17:11:29 +0000 https://kurir.mk/?p=862441

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби изјави дека нема индикации дека Русија стои зад пучот во Нигер и додаде дека САД не ја промениле одлуката за своето присуство во оваа западноафриканска земја. - Американската влада се уште не одлучила дали ќе продолжи да дава помош за Нигер, изјави Кирби за новинарите. Тој ја коментираше и ситуацијата на белоруско-полската граница, посочувајќи дека Вашингтон нема податоци за конкретна закана за Полска или други земји-членки на НАТО од руската приватна воена компанија „Вагнер“. Кирби додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата. Варшава распореди повеќе од 1.000 воен персонал на својата источна граница откако платениците на Евгениј Пригожин почнаа да ги обучуваат белоруските специјални сили на само неколку километри од полска територија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-nema-indikatsii-deka-rusija-stoi-zad-pichot-vo-niger/feed/ 0
Белата куќа разочарана од одлуката на Врховниот суд да го блокира укинувањето на долговите за студентски кредити https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belata-kuka-razocharana-od-odlukata-na-vrhovniot-sud-da-go-blokira-ukinuvaneto-na-dolgovite-za-studentski-krediti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belata-kuka-razocharana-od-odlukata-na-vrhovniot-sud-da-go-blokira-ukinuvaneto-na-dolgovite-za-studentski-krediti/#respond Sat, 01 Jul 2023 20:10:02 +0000 https://kurir.mk/?p=851654

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа соопшти дека одлуката на Врховниот суд да ја блокира неговата уредба за простување на студентските долгови е погрешна. Републиканците пак сметаат дека таа е правилна. Бајден изјави дека „борбата за ова не е завршена“. -Планот на мојата администрација за олеснување на долговите би било појас за спасување за десетици милиони Американци кои напорно заработуваат за леб во време кога се обидуваат да се опороват од пандемијата кој се случува еднаш во столетие. Речиси 90 отсто од простеното според нашиот план би отишло на зајмувачите кои зарабатуваат 75 илјади долари годишно, ништо од тоа не би отишло кај луѓето кои заработуваат повеќе од 125 илјади. Со тоа би им се сменил животот на милиони Американци и нивните семејства. И би било добро за економскиот раст, како краткорочно така и во долгорчна перспектива, изјави Бајден. Планот за просутвање на студентските долгови на администрацијата на Бајден беше важна точка во нејзината економска политика и исполнување на предизборните ветувања, посебно пред младите Американци за да им се олесни бремето од земените и невратени кредити. Според Си-ен-ен, федералниот студентски долг во просек изнесува 37.338 долари по лице, додека приватните студентски кредити се во висина од речиси 55 илјади долари по лице. Во САД околу 45 милиони луѓе должат студентски кредити, од кои 92 отсто се федерални заеми. Дел од републиканците, учесници во претседателската кампања за 2024 година ја подржаа одлуката на Врховниот суд. Мајк Пенс, поранешен потпретседател во администрацијата на Доналд Трамп, изјави дека планот на Белата куќа за простување на долговите на Американците со пониски плати всушнпст е „помошта со која се субвенционира образованието на елитите на сметка на трудољубивите Американци“. Поранешната амбасадорка на САД во ОН и поранешен гувернер на Јужна Каролина, Ники Хејли, го нарече планот на Бајден за укинување на студентските долгови „узурпација на власта“ и изјави дека Врховниот суд е во право. -Претседателот не може едноставно да замавне со раката и да ги укине заемите на оние студенти кои тој ги претпочита, не земајќи ги в предвид сите останати кои напорно работеле да ги исплатат своите долгови или направиле друг избор во кариерата, рече таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belata-kuka-razocharana-od-odlukata-na-vrhovniot-sud-da-go-blokira-ukinuvaneto-na-dolgovite-za-studentski-krediti/feed/ 0
Бела куќа: Кина поседува шпионска база на Куба најмалку од 2019 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-kina-poseduva-shpionska-baza-na-kuba-najmalku-od-2019-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-kina-poseduva-shpionska-baza-na-kuba-najmalku-od-2019-godina/#respond Sun, 11 Jun 2023 09:29:52 +0000 https://kurir.mk/?p=844558

Кина поседува шпионска база на Куба најмалку од 2019 година во глобалните напори на Пекинг да ги зајакне своите способности за собирање разузнавачки информации, изјавија денеска од Белата куќа откако Пентагон извештајот на Волстрит журнал за изградба на таква база го отфрли како неточен. Во извештајот од четвртокот се вели дека Кина ќе ја користи базата за следење американска електронска комуникација како имејл, телефонски повици и сателитска трансмисија, но и за регистрација на пловидбата на бродовите од американска страна. Од Белата куќа додаваат дека администрацијата на Бајден презела мерки да се спротивстави на експанзијата на безбедносното влијание на Кина на глобално ниво. Соопштението, за кое Белата куќа наведува дека е засновано на неодамна декласифицирано разузнавање, следи по извештај на Волстрит журнал објавен во четвртокот во кој се вели дека Кина склучила договор со Куба на островот да гради станица за електронско прислушување. Официјални лица изјавија за весникот дека Кина, како дел од преговорите за ова, планирала да плати на Куба, која се наоѓа во тешка економска положба, милијарди долари. По објавата, Белата куќа соопшти дека статијата на весникот е неточна, но не даде дополнително објаснување. Денеска, пак, оттаму кажаа: „Ова е тековно прашање и не е нешто ново, а аранжманите окарактеризирани во известувањето не се согласни со нашето разбирање“. Како што е посочено, откако дошла на власт во јануари 2021 година, администрацијата на Бајден била брифирана за кинеските напори за воено и разузнавачко ширење на глобално ниво, вкучувајќи проекти во Атлантскиот Океан, Јужна Америка, Блискиот Исток, Централна Азија и тихоокеанско-пацифички регион. Ова вклучува и планови за „објекти за собирање разузнавачки информации“ во Куба, што според соопштението, биле надградени во 2019 година. - Ова е добро познато во разузнавачката заедница. Таа (Кина) ќе се обидува да го засилува своето присуство во Куба, а ние ќе работиме тоа да го осуетиме. Мислиме дека НРК не е таму каде тие се надеваа да бидат“, се наведува во соопштението. Разузнавачките податоци за плановите на Кина во Куба се појавија во изминатите недели и биле исто така споделени и со членови на комитетите за разузнавање во Конгресот. Републиканскиот конгресмен од Охајо, Мајк Тарнер изјави дека со ова соопштение Белата куќа си противречи самата на себе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-kina-poseduva-shpionska-baza-na-kuba-najmalku-od-2019-godina/feed/ 0