На платото пред Универзалната сала, утре со почеток од 20 часот, ќе се одржи еден од централните настани на овогодинешната Бела ноќ - „50 години Скопски“.
Драган Мијалковски, Славе Димитров, Верица Ристевска, Лидија Кочовска, Сашо Гигов – Гиш, Ѓоко Танески, Сара Мејс и Ај-Кју, во придружба на Биг бендот со настапи во живо ќе не потсетат на прекрасните изведби на најголемите хитови од фестивалот низ годините.
„50 години Скопски“ ќе оддаде чест на музичките великани, композитори и изведувачи, за прв пат собирајќи ги на едно место и здружувајќи ги сите генерации на музички ѕвезди, од самите почетоци па се до последното издание на фестивалот, во 2015-тата.
]]>На платото пред Универзалната сала, утре со почеток од 20 часот, ќе се одржи еден од централните настани на овогодинешната Бела ноќ - „50 години Скопски“.

]]>