белгија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 09:36:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png белгија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Скопје обезбедени докази за убиство на жена во Белгија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-skopje-obezbedeni-dokazi-za-ubistvo-na-zhena-vo-belgija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-skopje-obezbedeni-dokazi-za-ubistvo-na-zhena-vo-belgija/#respond Thu, 26 Oct 2023 09:36:11 +0000 https://kurir.mk/?p=893313

Постапувајќи по барање за меѓународна правна помош, Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи презедоа повеќе комплексни истражни дејствија по барање на белгиските истражни органи, вклучувајќи и два претреси во Скопје со цел обезбедување докази за убиство од користољубие извршено во Белгија. Белгиското обвинителство води постапка за убиство извршено во Остендe, Белгија, откако на 21 март било пронајдено безживотно тело на жена фрлено во близина на граничниот појас меѓу Белгија и Холандија. Во досегашната постапка на белгиските истражни органи обезбедени се докази за инволвираност на двајца македонски државјани во овој настан, од кои едниот веќе се наоѓа во притвор во Белгија и очекува судење. Како дел од истрагата за вклученост на вториот македонски државјанин, белгискиот истражен судија побара од Основното јавно обвинителство Скопје да преземе повеќе истражни дејствија. Врз основа на обезбедени наредби од Основниот кривичен суд Скопје, беа извршени и претреси на две локации во Скопје. Јавен обвинител и истражниот центар на скопското обвинителство, како и повеќемина припадници на Министерството за внатрешни работи ги реализираа сите активности согласно барањето за меѓународна правна помош. Од белгиска страна, при спроведувањето на истражните дејствија во Скопје, беа присутни истражен судија, јавен обвинител и претставници на белгиската федерална полиција, кои исклучително високо ја оценија соработката со македонските истражни органи. “Овој предмет е вистински школски пример за совршена меѓународна соработка помеѓу јавните обвинители и полициските службеници од Република Северна Македонија и европските правосудни и полициски органи”, оцени претседателот на Истражниот оддел на Првостепениот суд на Западна Фландрија, истражниот судија Кун Витук по акцијата во која беа обезбедени докази важни за постапката пред белгискиот суд.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-skopje-obezbedeni-dokazi-za-ubistvo-na-zhena-vo-belgija/feed/ 0
Нов белгиски министер за правда Пол ван Тихелт положи заклетва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-belgiski-minister-za-pravda-pol-van-tihelt-polozhi-zakletva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-belgiski-minister-za-pravda-pol-van-tihelt-polozhi-zakletva/#respond Mon, 23 Oct 2023 14:00:40 +0000 https://kurir.mk/?p=892226

Пол ван Тихелт денеска пред белгискиот крал Филип положи заклетва како нов вицепремиер и министер за правда и Северното Море на Белгија. По полагањето на заклетвата, Ван Тихелт изјави дека ќе побара истрага, одговори и решенија за нападот во Брисел од минатиот понеделник при кој мигрантот по потекло од Тунис, Абдесалем Ласавед уби двајца шведски државјани и рани трет. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Ван Тихелт истакна дека ќе работи на спроведување на новиот Акциски план за полицијата и судството, што во саботата го презентираше белгискиот премиер Александер де Кро и дека има намера да постигне резултати. Ван Тихелт, кој доаѓа од редовите на партијата Отворени фламански либерали и демократи (Опен ВЛД) на премиерот Де Кро, го наследи Винсент ван Кикенборн, кој поднесе оставка откако беше обелоденето дека биле направени сериозни пропусти поврзани со барањето на туниските власти за екстрадиција на Ласавед, кој избегал од затвор во Тунис за време на „арапската пролет“ во 2011 година. Ласавед, кој претходно бил во затвор и во Шведска, поднел барање за азил во Белгија, но иако тоа му било одбиено пред три години, тој не бил депортиран од земјата. Досега 50-годишниот Ван Тихелт беше заменик шеф на Кабинетот на Ван Квикенборн и важеше за негова десна рака. Од 2016 до 2020 година тој раководел со Координативната единица за анализа на закани (ОЦАД), во чиј мандат се случија нападите на бриселскиот аеродром и метро станицата Малбек во Брисел во март 2016. Пред тоа работел и во кабинетот на министерот за внатрешни работи, како и во Јавното обвинителство во Антверпен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-belgiski-minister-za-pravda-pol-van-tihelt-polozhi-zakletva/feed/ 0
Зголемен бројот на лажни терористички закани во Белгија по убиството на шведските навивачи во Брисел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgolemen-brojot-na-lazhni-teroristichki-zakani-vo-belgija-po-ubistvoto-na-shvedskite-navivachi-vo-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgolemen-brojot-na-lazhni-teroristichki-zakani-vo-belgija-po-ubistvoto-na-shvedskite-navivachi-vo-brisel/#respond Sun, 22 Oct 2023 07:15:04 +0000 https://kurir.mk/?p=891785

По нападот во понеделникот навечер во Брисел во кој мигрант од Тунис уби двајца шведски фудбалски навивачи, белгиската полиција евидентира експоненцијален раст на лажни терористички закани во земјата, објави „Брисел Тајмс“. Според полицијата, иако ваквата појава е очекувана, тие сепак мора ги проверуваат сите пријави. -Веќе го доживеавме ова со лажни аларми по нападите во Брисел во 2016 година, изјави претставник на полицијата за државната телевизија РТБФ. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, меѓу лажните пријави биле и тие дека е виден вооружен човек во трамвај во Брисел, потоа дека е забележан маж кој на себе носи елек со експлозив додека со комби вози низ бриселските улици, како и закани за поставени бомби во Институтот „Сент Мари“ во градот Лувиер и во неколку училишта во провинцијата Фламански Брабант. По извршените полициски проверки утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Полицијата потсетува дека дури и кога станува збор за лажни пријави тие мора да ги следат процедурите, па така беа спроведени евакуации на присутните во Институтот „Сент Мари“ и во училиштата за кои биле примени дојави за поставени бомби. Лицата кои упатуваат лажни закани за поставени бомби, според белгиското законодавство, може да се соочат со затворска казна во траење од три месеци до две години и парична казна до 1.800 евра, како и да ги платат судските трошоци кои може да бидат значителни. Според професорот по социјална психологија на Бриселскиот слободен универзитет (УЛБ), Оливие Клајн, појавите на лажни пријави по напад како оној во понеделникот се „природна реакција на настанот“. -Нападите поттикнуваат поинаков поглед за светот. Тие не тераат да го гледаме светот повеќе од аголот на заканите и нештата околу нас ги толкуваме според оваа рамка... Многу повеќе ја толкуваме реалноста од аголот на опасноста и заканата, изјави Клајн за РТБФ. Според него, научните студии покажуваат дека кога „умот е во таква рамка, тоа може да не наведе да ја прецениме опасноста што ја носат сосема безопасни работи“, а тоа исто така ги поттикнува и расните стереотипи. - Студиите во САД покажуваат дека постои тенденција многу почесто да се замисли пиштол во рацете на црнец. отколку на белец, додаде Клајн.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgolemen-brojot-na-lazhni-teroristichki-zakani-vo-belgija-po-ubistvoto-na-shvedskite-navivachi-vo-brisel/feed/ 0
Белгија и Шведска можно е воопшто да не го доиграат мечот? https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/belgija-i-shvedska-mozhno-e-voopshto-da-ne-go-doigraat-mechot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/belgija-i-shvedska-mozhno-e-voopshto-da-ne-go-doigraat-mechot/#respond Wed, 18 Oct 2023 04:05:29 +0000 https://kurir.mk/?p=890023

Прекинатиот квалификациски натпревар помеѓу Белгија и Шведска можно е воопшто и да не се доигра, јаввуваат повеќе европски медиуми. Мечот беше прекинат на паузата меѓу двете полувремиња, кога стигнаа информациите за терористичкиот напад во Брисел, во кој беа убиени двајца шведски државјани. Според правилата на Европската фудбалска унија (УЕФА), прекинат натпревар треба да се доигра во најбрз можен термин, а тоа најчесто се случува веќе следниот ден. Со оглед на безбедносната ситуација, тоа е невозможно, па сега неколку опции се во игра за конечниот епилог. Белгија е веќе пласирана на Европското првенство, но победа против Шведска ќе значи дека ќе бидат први во групата, а тоа е за нив важно за да бидат носители во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Од друга страна, пак, Шведска нема никакви шанси за пласман на континенталниот собир, па дури можно е да нема ни слободен термин за доигрување на дуелот со Белгија. Следниот слободен термин е на 19 ноември, а Шведска тогаш има квалификациски меч со Естонија, а ждрепката за Европскиот шампионат е закажана за 2 декември. Доколку Швеѓаните додадат уште еден термин во распоредот, тоа ќе значи дека ќе мора да одиграат дури три натпревари во само седум дена, што се коси со правилата на УЕФА. Дел од медиумите објавија дека Шведската фудбалска федерација ја информирала УЕФА дека може воопшто и да не го доигра мечот со Белгија, што би значело дека „ѓаволите“ би запишале три бода по службен пат, но за ова уште нема официјална потврда од никого. Едно е јасно, ситуацијата е комплицирана, но Белгија е таа што може во случајов повеќе да загуби, особено ако натпреварот официјално се регистрира со резултатот од моментот на прекинот, 1-1.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/belgija-i-shvedska-mozhno-e-voopshto-da-ne-go-doigraat-mechot/feed/ 0
ЕМОТИВНА СЦЕНА ВЧЕРА НА СТАДИОНОТ: Еве што скандираа белгиските навивачи како гест за поддршка на шведските навивачи по терористичкиот напад (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/emotivna-stsena-vchera-na-stadionot-eve-shto-skandiraa-belgiskite-navivachi-kako-gest-za-poddrshka-na-shvedskite-navivachi-po-teroristichkiot-napad-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/emotivna-stsena-vchera-na-stadionot-eve-shto-skandiraa-belgiskite-navivachi-kako-gest-za-poddrshka-na-shvedskite-navivachi-po-teroristichkiot-napad-video/#respond Tue, 17 Oct 2023 07:41:25 +0000 https://kurir.mk/?p=889647

Напаѓач уби двајца Швеѓани во Брисел пред натпреварот на пет километри од стадионот „Крал Бодуен“, но играта сепак започна. Пред почетокот на натпреварот, шведските фудбалери не знаеја што се случило. Кога дознале за трагедијата во соблекувалната, одбиле да го доиграат натпреварот. Натпреварот официјално беше прекинат, а навивачите од безбедносни причини беа задржани речиси три часа на стадионот, а белгиските навивачи со овации ги поддржаа Швеѓаните и го скандираа името на нивната земја. Осомничениот за терористичкиот напад во Брисел неофицијално е убиен утрово при полициска интервенција во главниот град, јавуваат белгиските медиуми. Осомничениот бил застрелан во кафуле во Шаербек, било потврдено за nieuwsblad.be.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/emotivna-stsena-vchera-na-stadionot-eve-shto-skandiraa-belgiskite-navivachi-kako-gest-za-poddrshka-na-shvedskite-navivachi-po-teroristichkiot-napad-video/feed/ 0
Белгија издвојува 20 милиони евра за камери за подобрување на безбедноста https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-izdvojuva-20-milioni-evra-za-kameri-za-podobruvane-na-bezbednosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-izdvojuva-20-milioni-evra-za-kameri-za-podobruvane-na-bezbednosta/#respond Tue, 10 Oct 2023 14:06:01 +0000 https://kurir.mk/?p=887526

Белгиската влада одлучи следната година да обезбеди 20 милиони евра за камери за препознавање на регистерските таблички на автомобилите, објавија локалните медиуми. Целта е вкупниот број на тие камери следната година да достигне 10.000. Камерите ANPR беа воведени по исламистичките напади во земјата во 2016 година и се дел од системот за национална безбедност. Тие се користат и за откривање на возачи кои возат неосигурени или возат со брзина поголема од дозволената. Финансирањето ќе се обезбеди од казните на возачите. Лани во Белгија од сообраќајни казни се собрани 543 милиони евра. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-izdvojuva-20-milioni-evra-za-kameri-za-podobruvane-na-bezbednosta/feed/ 0
Белгија ја продолжува шестмесечната забрана за користење на TikTok од владини претставници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-ja-prodolzhuva-shestmesechnata-zabrana-za-koristene-na-tiktok-od-vladini-pretstavnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-ja-prodolzhuva-shestmesechnata-zabrana-za-koristene-na-tiktok-od-vladini-pretstavnitsi/#respond Fri, 15 Sep 2023 12:43:36 +0000 https://kurir.mk/?p=878402

Забраната за користење на кинеската апликација за социјални медиуми TikTok на уредите на федералните министри и државните службеници ќе биде продолжена за шест месеци, соопшти белгискиот Национален совет за безбедност. Белгија ја забрани употребата на TikTok за државните службеници од нивните официјални уреди на различни политички нивоа. Причината е загриженоста за начинот на кој апликацијата се справува со податоците на корисниците. Федералната влада ја воведе привремената забрана во март, наведувајќи дека алгоритмите на апликацијата можат да манипулираат со протокот на информации и содржина. Според кинескиот закон, TikTok е обврзан да соработува со кинеските разузнавачки служби. Кога беше воведена забраната, беше договорено таа да трае шест месеци, а потоа да се ревидира. Кинеската компанија ByteDance, која е сопственик на TikTok, се најде на удар на критики откако технолошката фирма призна дека одредени вработени имале пристап до кориснички податоци од САД и Европа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-ja-prodolzhuva-shestmesechnata-zabrana-za-koristene-na-tiktok-od-vladini-pretstavnitsi/feed/ 0
Пожари во неколку училишта во Белгија, се протестира против часови за сексуално образование https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozhari-vo-nekolku-uchilishta-vo-belgija-se-protestira-protiv-chasovi-za-seksualno-obrazovanie/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozhari-vo-nekolku-uchilishta-vo-belgija-se-protestira-protiv-chasovi-za-seksualno-obrazovanie/#respond Thu, 14 Sep 2023 17:45:02 +0000 https://kurir.mk/?p=878170

Белгискиот премиер Александар Де Кро денеска изјави дека е „длабоко шокиран“ од серијата подметнати пожари во училиштата поврзани со протестите против задолжителните часови за сексуално образование. „Нашите училишта мора да бидат безбедно место за сите наши деца“, рече Де Кро во видеото објавено на Фејсбук. „Пристапот до сексуалното образование не може да се доведе во прашање. Тоа ги прави нашите деца еластични и е основа за добро сексуално здравје“, додаде тој. Претходно овој месец, Парламентот за белгиските региони каде што се зборува француски усвои предлог двочасовните курсеви за сексуално образование да бидат задолжителни за учениците на возраст од околу 11 и 15 години, пишува новинската агенција Белга. Четири училишта беа запалени во вторникот вечерта, а обвинителите ги поврзаа инцидентите со протестите, бидејќи на местата беа пронајдени графити со слогани против реформите, објави Белга. Петтото училиште изгоре во средата навечер, но не беа пронајдени графити поврзани со протестите, соопштија обвинителите. Протестите се поттикнати од дезинформации кои кружат на социјалните мрежи, вклучително и неосновани тврдења дека учениците ќе научат како да мастурбираат на новите курсеви, објави белгискиот јавен сервис РТБФ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozhari-vo-nekolku-uchilishta-vo-belgija-se-protestira-protiv-chasovi-za-seksualno-obrazovanie/feed/ 0
Белгија зимава ќе се соочи со тројна епидемија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-zimava-ke-se-soochi-so-trojna-epidemija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-zimava-ke-se-soochi-so-trojna-epidemija/#respond Tue, 05 Sep 2023 05:59:32 +0000 https://kurir.mk/?p=874590

Белгија се соочува со потенцијална „тројна епидемија“ оваа зима, бидејќи порастот на бројот на случаи на Ковид 19 во комбинација со зголемувањето на редовните сезонски инфекции на настинки и грип се заканува да изврши притисок врз здравствената служба над одржливите граници. Ризикот од тројна епидемија што ќе изврши силен притисок врз нашиот здравствен систем е реалност што мора да се земе предвид, истакна раководител на одделот за вирусни болести во Институтот за јавно здравје Стивен Ван Гухт. Експертите препорачуваат мерките на претпазливост усвоени за време на пандемијата, вклучително и носењето маски, привремено повторно да се воведат за да се ограничат инфекциите и да се намали притисокот врз здравствениот систем на Белгија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-zimava-ke-se-soochi-so-trojna-epidemija/feed/ 0
Белгија нема да ѝ даде авиони Ф-16 на Украина бидејќи „ловците“ се премногу стари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-nema-da-dade-avioni-f-16-na-ukraina-bidejki-lovtsite-se-premnogu-stari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-nema-da-dade-avioni-f-16-na-ukraina-bidejki-lovtsite-se-premnogu-stari/#respond Mon, 04 Sep 2023 08:56:16 +0000 https://kurir.mk/?p=874289

Белгија нема да и обезбеди на Украина борбени авиони Ф-16 бидејќи леталата се премногу стари, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на изјави на претставници на Министерството за одбрана. Се прецизира дека белгиските „ловци“ имаат минато премногу часови на лет. Според претставниците на Министерството, на Киев не може да му се даде опрема што белгиската војска не би ја користела. Белгија очекува постепено да ги замени своите ескадрили Ф-16 со најсовремени Ф-35, а првите испораки се закажани за крајот на оваа година. Се очекува земјата да добие вкупно 34 борбени авиони од најновата генерација. Експерти од областа на одбраната објаснуваат дека белгиските ловци се искористени до тој степен што на трупот се забележуваат знаци на опасно абење и пукнатини. Додаваат дека тоа би ги загрозило животите на украинските пилоти и во овој случај треба да се третираат како лекови со поминат рок, кои се фрлаат наместо да се испраќаат во сиромашните земји. Белгија беше меѓу првите земји во светот што и обезбеди на Украина помош за самоодбрана против руската инвазија на почетокот на минатата година. Белгиските власти обезбедија хаубици, оклопни транспортери, автоматско оружје, муниција, гориво и медицинска опрема.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-nema-da-dade-avioni-f-16-na-ukraina-bidejki-lovtsite-se-premnogu-stari/feed/ 0