белгиска полиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Apr 2023 15:40:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png белгиска полиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Белгиската и германската полиција извршија рација во канцелариите на ЕПП во Брисел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskata-i-germanskata-politsija-izvrshija-ratsija-vo-kantselariite-na-epp-vo-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskata-i-germanskata-politsija-izvrshija-ratsija-vo-kantselariite-na-epp-vo-brisel/#respond Tue, 04 Apr 2023 15:40:37 +0000 https://kurir.mk/?p=820160

Во канцелариите на Европската народна партија (ЕПП) во Брисел денеска белгиската полиција и германски истражители извршија рација во врска со истрага во германската сојузна покраина Тирингија. ЕПП, партијата со најмногу претставници во Европскиот парламент, во соопштение кажа дека претставниците на власта од Белгија и Германија денеска ги посетиле нејзините канцеларии како дел од истрагата поврзана со германската покраина Тирингија, но не прецизираше за каков тип истрага станува збор, пренесуваат британските медиуми. „Партијата соработува целосно транспарентно со властите, обезбедувајќи ги сите релевантни информации и документација“, се додава во соопштението на ЕПП. Оттаму наведоа дека не се во можност да дадат повеќе информации бидејќи истрагата е во тек. Британските медиуми наведуваат дека членки на ЕПП се партии од земјите низ цела ЕУ, како и европските земји надвор од Унијата, па така во неа членуваат партии од Норвешка, Швајцарија, Австрија и земјите од Западен Балкан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskata-i-germanskata-politsija-izvrshija-ratsija-vo-kantselariite-na-epp-vo-brisel/feed/ 0
Белгиската полиција протестира, еден месец нема да пишува казни https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskata-policija-protestira-eden-mesec-nema-da-pishuva-kazni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskata-policija-protestira-eden-mesec-nema-da-pishuva-kazni/#respond Mon, 12 Dec 2022 07:38:36 +0000 https://kurir.mk/?p=774187

Четири полициски синдикати најавија дека од 15 декември до 15 јануари се бара полицајците да ги сведат казните на минимум во знак на протест против владата. Синдикатите бараат од полицајците да одговорат на „нерепресивен начин“ во случај на прекршување од страна на автомобилистите, како и да ги намалат контролите за присуство на алкохол во крвта на возачите. Овој протест е одговор на владината одлука за реформа на пензиите во полицијата како и укинувањето на покачувањето на платите на полицајците. Доколку не добијат задоволителен одговор полицајците најавија дека ќе продолжат со слични акции ако треба до 2024 година, јавија белгиските медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskata-policija-protestira-eden-mesec-nema-da-pishuva-kazni/feed/ 0