белгиска влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 19 Jul 2020 13:39:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png белгиска влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Белгиската Влада ги советуваше граѓаните да не ја напуштаат државата поради Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskata-vlada-gi-sovetuvashe-gragjanite-da-ne-ja-napushtaat-drzavata-poradi-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskata-vlada-gi-sovetuvashe-gragjanite-da-ne-ja-napushtaat-drzavata-poradi-kovid-19/#respond Sun, 19 Jul 2020 13:39:48 +0000 https://kurir.mk/?p=378435

Белгиската Влада ги советуваше граѓаните денеска да не ја напуштаат државата, особено ако се уште не ги резервирале летните одмори. Повикот е поради влошената епидемична состојба во Белгија и стравувањата од втор бран на појава на Ковид-19. Според здравствените власти, за само една недела бројот на заразени лица е зголемен за 61 процент. Се прецизира дека досега ова не води до зголемен број на хоспитализирани и смртни случаи. Владата денеска донесе одлука да ја упати полицијата да следи строго придржување кон мерките против епидемија. До денеска, заразени се 63.706 лица, а 9.800 починати во Белгија од почетокот на епидемијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskata-vlada-gi-sovetuvashe-gragjanite-da-ne-ja-napushtaat-drzavata-poradi-kovid-19/feed/ 0
Белгискиот министер за надворешни ја наследува и одбраната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskiot-minister-za-nadvoreshni-ja-nasleduva-i-odbranata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskiot-minister-za-nadvoreshni-ja-nasleduva-i-odbranata/#respond Sun, 09 Dec 2018 13:28:30 +0000 https://kurir.mk/?p=137770

По напуштањето на коалицискиот владин партнер НВА, реконструкцијата во Владата го зајакнува министерот Дидие Рејндерс, најави премиерот Шарл Мишел пред малку. Дидие Рејндерс, досегашен министер за надворешни работи, го добива и портфолиото “одбрана“ и станува “суперминистер“ во сега малцинската влада на Мишел, изјави премиерот. По напуштањето на НВА, се празни и функцијата државен секретар за миграција кој и е предаден на министерката за здравство, Маги Де Блок од фламанските либерали. Министерството за внатрешни работи му се доделува на Питер де Крем од фламанските демохристијани. По денови владина криза синоќа главниот коалициски партнер во белгиската влада, НВА, најави дека поднесува оставка. Оставките на петтемина министри и државни секретари од оваа партија ги прифати Кралот Филип Втори денеска, како што налага Уставот. Со ова белгиската влада станува малцинска сѐ до следните парламентарни избори во мај 2019 и ќе треба да смета на алтернативни мнозинства во Парламентот за да преживее. Сепак, поранешниот коалициски партнер гарантира поддршка за клучни досиеја како буџетот, најавија од партијата. Партијата НВА се повлече поради тоа што не ја поддржува волјата на владата и на сите белгиски партии освен екстремната десница да се потпише Пактот за миграции на ОН.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskiot-minister-za-nadvoreshni-ja-nasleduva-i-odbranata/feed/ 0
Белгиската Влада разнишана, главниот коалициски партнер ја напушти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskata-vlada-raznishana-glavniot-koaliciski-partner-ja-napushti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskata-vlada-raznishana-glavniot-koaliciski-partner-ja-napushti/#respond Sun, 09 Dec 2018 08:51:31 +0000 https://kurir.mk/?p=137618

Главниот коалициски партнер на белгиската Влада, фламанската националистичка партија НВА, доцна синоќа одлучи да ја напушти извршната власт по денови криза околу Пактот за миграции на ОН. – НВА го напушти Советот на министри, констатирам дека таа го напушти мнозинството, изјави синоќа премиерот Шарл Мишел по последниот министерски состанок на кој коалициските партнери се обидоа да ја спасат Владата. Министерските места на НВА ќе им бидат трансферирани на државни секретари, иако за сега е неизвесно точно како тоа ќе се случи, дали Кралот или Парламентот ќе им ги одземе мандатите. Во секој случај, Мишел увери дека сите процедури ќе бидат во согласност со Уставот. Вкупно со националистите заминуваат тројца министри, меѓу кои и министерот за внатрешни работи Јан Јамбон, како и министерот за финансии, како и двајца државни секретари, од кои едниот беше задолжен токму за миграција и азил, Тео Франкен. Владината криза изби пред неколку дена кога НВА одби Белгија да стави потпис на Пактот за миграции на ОН кој треба да биде одобрен утре во Маракеш, а на 19 декември треба да биде изгласан во Њу Јорк. Одбивањето на НВА да го поддржи овој Пакт го наведе премиерот Мишел да побара поддршка од Парламентот преку алтернативно мнозинство, без националистите. Шефот на партијата НВА, Барт де Вевер, го предупреди Премиерот дека доколку замине за Маракеш в понеделник, владата ќе падне. По маратонски министерски совет синоќа, Мишел потврди дека утре заминува за Мароко за да го “одбрани во име на владата, зборот на Белгија“. Следните редовни парламентарни избори се планирани во мај 2019 и за сега ниедна партија не изразила волја за предвремени избори. Политички консултации се предвидени по враќањето на Премиерот од Мароко.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskata-vlada-raznishana-glavniot-koaliciski-partner-ja-napushti/feed/ 0