Белгиски научници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Nov 2022 15:12:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Белгиски научници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Белгиски научници открија заштитен ефект од ОВА РАСТЕНИЕ врз Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiski-nauchnici-otkrija-zashtiten-efekt-od-ova-rastenie-vrz-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiski-nauchnici-otkrija-zashtiten-efekt-od-ova-rastenie-vrz-kovid-19/#respond Mon, 28 Nov 2022 15:12:51 +0000 https://kurir.mk/?p=767721

Научниците од Универзитетот во Антверпен открија дека пурпурната екинацеа има ефикасен заштитен ефект врз вирусите вклучително Ковид-19. Според тимот на научници под водство на професорот Вим Ванден Берг ова растение има “многу ветувачки“ последици за повеќе респираторни вируси, објавува денеска весникот Ле Соар. Пурпурната екинацеа помага во борбата против респираторни вирози, но и помага да се намали ризикот од заразување, според научниците од Универзитетот во Антверпен. Првите резултати од лабораториските тестирања се покажале многу позитивни бидејќи растението го зголемува вродениот имунитет против вируси. Научниците спровеле клинички тестирања и врз возрасни и врз деца, секој пат со убедлив исход. Екстрактот од пурпурна екинацеа го намалува бројот на настинки, кај децата дури до 98 отсто намалување е забележано. Сепак лекот не би требало да биде комерцијализиран пред да се спроведат дополнителни тестови.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiski-nauchnici-otkrija-zashtiten-efekt-od-ova-rastenie-vrz-kovid-19/feed/ 0
Белгиските научници откриле врска меѓу генетските разлики и смртноста од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskite-nauchnici-otkrile-vrska-megju-genetskite-razliki-i-smrtnosta-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskite-nauchnici-otkrile-vrska-megju-genetskite-razliki-i-smrtnosta-od-kovid-19/#respond Tue, 05 May 2020 15:58:50 +0000 https://kurir.mk/?p=342041

Истражувачите од Универзитетот во Гент веруваат дека со генетските разлики меѓу жителите може да се објасни зошто повеќе луѓе починале во некои земји поради вирусот Ковид-19. Според нив, ова може да објасни зошто скандинавските или источноевропските земји се помалку погодени од другите земји, пишува белгиски „Ла Либре“. Весникот посочува дека во скандинавските земји бројот на смртни случаи од коронавирусот е многу помал од просекот, и дека во балканските земји бројот на умрени е релативно мал. Од друга страна, коронавирусот тешко ги погоди северна Италија, Шпанија и Њујорк. Експертите заклучуваат дека сериозноста на пандемијата е под влијание на одредени генетски карактеристики. Поточно, тие ја откриле врската меѓу генот ACE1 и развојот на вирусот и заклучиле дека колку повеќе луѓе во една земја имаат Д полиморфизам на тој ген, толку помалку смртни случаи од коронавирусот има во таа земја. Полиморфизмот, патем, е појава на повеќе варијанти на истиот ген во рамките на една популација. „Колку понатаму одиме кон истокот на Европа почест е полиморфизмот на генот ACE1 D“, објасни професорот Јoрис Деланж, посочувајќи дека сериозноста на епидемијата Ковид-19 се намалува одејќи од западна кон источна Европа. Научниците сметаат дека дури 41 отсто од разликите во јачината на пандемијата во одделни земји може да се објасни со зачестеноста на полиморфизмот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskite-nauchnici-otkrile-vrska-megju-genetskite-razliki-i-smrtnosta-od-kovid-19/feed/ 0
Белгиски научници истражуваат дали лековите за реума се ефикасни против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiski-nauchnici-istrazuvaat-dali-lekovite-za-reuma-se-efikasni-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiski-nauchnici-istrazuvaat-dali-lekovite-za-reuma-se-efikasni-protiv-kovid-19/#respond Mon, 06 Apr 2020 13:00:58 +0000 https://kurir.mk/?p=328166

Девет научни центри во Белгија од денеска започнуваат со студија на лекови за реума во борбата против новиот коронавирус, Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел. Целта на истражувањето е да се утврди дали овие лекови ја забавуваат инфламаторната реакција која произлегува од инфекцијата со Ковид-19. Според научниците, околу дваесет отсто од заразените претставуваат тешки заболувања на белите дробови кои предизвикуваат недостиг на кислород во телото. Испитувањата се фокусираат на улогата на инфламаторните супстанци во организмот кои го предизвикуваат воспалението кога имунитетот е силно погоден. Овие супстанци наречени цитокини играат улога и кај пациентите со реума, објаснуваат научниците. – Истражувања што се водат во Кина и Италија покажуваат зголемено присуство на цитокини кај лицата кои се под респираторна асистенција, вели професорот Барт Ламбрехт од Универзитетската болница во Гент. Над триста пациенти заразени од коронавирусот ќе бидат третирани со лекови против реума во рамките на ова истражување за да се утврди дали тие даваат ефикасни резултати. Научниците се повикуваат на студии од други земји каде три четвртини од пациентите со тешка форма на Ковид-19 покажале значајно подобрување на состојбата откако биле лекувани со третман против реума, вели професорот Ламбрехт. Меѓутоа, останува нејасно кој лек против реума е поефикасен и дали би била потребна комбинација на терапии. Научниците ги истражуваат и можните нус ефекти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiski-nauchnici-istrazuvaat-dali-lekovite-za-reuma-se-efikasni-protiv-kovid-19/feed/ 0
Белгиски научници се поблиску до третман за коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiski-nauchnici-se-poblisku-do-tretman-za-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiski-nauchnici-se-poblisku-do-tretman-za-koronavirusot/#respond Sat, 14 Mar 2020 10:08:32 +0000 https://kurir.mk/?p=316422

Екипи на универзитетот во Гент и Институтот за биотехнологија се приближуваат кон третман за коронавирусот, објавија медиумите во Белгија. Не станува збор за вакцина, бидејќи третманот не предизвикува имунолошка реакција, туку за техника која користи антитело со кое се оневозможува да делува протеинот на површината на вирусот, и со тоа се спречува вирусот да се закачи за човечките ќелии. Тимовите работат заедно со други истражувачи низ светот на овој нов третман и сметаат дека значајно се приближуваат кон убедливи резултати. Третманот би бил побрзо ефикасен отколку обична вакцина, што би им овозможило на лекарите и медицинските работници побрзо да се вратат на работа. Притоа, објаснуваат истражувачките тимови, постарите пациенти се помалку респонзивни на вакцини, а коронавирусот е најопасен токму за овие лица. Според достапните информации, тимот е сега во фаза на неутрализација на лабораториска варијанта на Ковид-10, следниот чекор е да се испитува врз жив примерок. – Важно е да истакнеме дека ни е потребна потврда на нашите резултати користејќи го вирусот кој ја предизвикува епидемијата, изјави професорот Ксавие Саленс, вирологот кој го предводи тимот. Наскоро се очекува да започнат ин-витро тестирања со вистинскиот Ковид-19 во заштитена лабораторија во градот Лувен. Тимот добил и финансиска поддршка од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiski-nauchnici-se-poblisku-do-tretman-za-koronavirusot/feed/ 0