белгиско министерство за надворешни работи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 16 Sep 2022 05:36:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png белгиско министерство за надворешни работи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Комеморација за амбасадорот Рамадан Назифи во МНР https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemoracija-za-ambasadorot-ramadan-nazifi-vo-mnr/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemoracija-za-ambasadorot-ramadan-nazifi-vo-mnr/#respond Fri, 16 Sep 2022 05:36:32 +0000 https://kurir.mk/?p=733500

Во Министерството за надворешни работи денеска ќе биде одржана комеморација по повод смртта на амбасадорот на Северна Македонија во Берлин, Рамадан Назифи. Комеморацијата ќе се одржи во амфитеатарот на Министерството со почеток во 12 часот.

Амбасадорот Назифи почина ненадејно во Берлин на 3 септември на 60-годишна возраст, а беше погребан во неговото родно место Радуше на 7 септември.

Рамадан Назифи ја почнал дипломатската кариера во 1995 година. Работел во повеќе директорати на Министерството за надворешни работи. Првиот дипломатски ангажман во странство му бил аташе во македонската Амбасада во Бон, а бил и министер-советник во Амбасадата во Берлин.

Од 2009 до 2013 година беше амбасадор во Швајцарија, а од 2019 година ја извршуваше амбасадорската функција во Германија.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemoracija-za-ambasadorot-ramadan-nazifi-vo-mnr/feed/ 0
МНР препорачува да не се патува во Италија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-preporachuva-da-ne-se-patuva-vo-italija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-preporachuva-da-ne-se-patuva-vo-italija/#respond Tue, 10 Mar 2020 11:23:48 +0000 https://kurir.mk/?p=314527

Со оглед на рапидноста на развојот на настаните со COVID-19 во Италија, препорачуваме нашите граѓани да не патуваат на целата територија на Италија. За оние граѓани кои веќе се наоѓаат во Италија, препорачуваме зголемени мерки на претпазливост во секое време и да се следат локалните медиуми и упатствата на локалните власти. Информираме дека нашиот Генерален конзулат во Венеција, следејќи ја праксата на другите европски дипломатско конзуларни претставништва во истиот регион како и заради понатамошна превенција од ширење на COVID-19, во следниов период нема да работи со странки, освен во итни и неодложни ситуации. За подетални информации околу развојот на состојбите, македонските граѓани кои се наоѓаат во Италија, можат да го контактираат нашиот Генерален конзулат во Венеција на + 39 389 5837913 или [email protected]. Преку нашите дипломатско конзуларни претставништва продолжуваме будно да ја следиме состојбата со COVID-19 и соодветно ќе ги информираме граѓаните, согласно развојот на состојбата. Официјални информации може да се добијат на travel.mfa.gov.mk.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-preporachuva-da-ne-se-patuva-vo-italija/feed/ 0
Кибер напад врз белгиското Министерство за надворешни работи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiber-napad-vrz-belgiskoto-ministerstvo-za-nadvoreshni-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiber-napad-vrz-belgiskoto-ministerstvo-za-nadvoreshni-raboti/#respond Tue, 16 Apr 2019 13:20:57 +0000 https://kurir.mk/?p=187196

Целата интернет мрежа на белгиското Министерство за надворешни работи и на дипломатските служби е исклучена откако бил извршен обид за кибер напад. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, истрагата за случајот е во тек. Извори од Министерството соопштија дека хакерскиот обид за упад во белгиските дипломатски служби се третира „многу сериозно“. Преземени се низа итни мерки на заштита за сите сервери во Министерството, а за тоа време интернет мрежата ќе биде исклучена освен во делот на внатрешната комуникација. Процесот на рестартирање на серверите може да трае до три дена. До тогаш не функционираат ниту веб сајтовите на Министерството и на амбасадите, ниту нивните апликации. Истрагата треба да го идентификува изворот на овој обид за хакирање, кој бил навремено спречен благодарение на безбедносните мерки кои се преземаат, велат изворите во белгиското Министерство за надворешни работи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiber-napad-vrz-belgiskoto-ministerstvo-za-nadvoreshni-raboti/feed/ 0