белград-охрид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Jul 2022 13:03:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png белград-охрид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Отворена иницијатива за сезонска авиолинија Белград-Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-inicijativa-za-sezonska-aviolinija-belgrad-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-inicijativa-za-sezonska-aviolinija-belgrad-ohrid/#respond Tue, 05 Jul 2022 13:03:32 +0000 https://kurir.mk/?p=700367

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија, Љупчо Јаневски, на покана на државниот секретар Жикица Несторовиќ при Министерство за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија, зема учество на работните средби во Белград, во рамките на Конференцијата „Нови идеи за ново време“. Конференцијата „Нови идеи за ново време“ е организирана од Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, за заедничко дефинирање на стратегијата и начинот на претставување на регионалниот туристички потенцијал, како надополнување на иницијативата “Отворен Балкан”. Денес директорот Јаневски, оствари состанок со државниот секретар Жикица Несторовиќ при Министерство за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија и Бошко Рупиќ, комерцијален директор на “Air Serbia”, фокусот на дискусијата беше воведување на авиолинија на релација Белград-Охрид која би оперирала два пати неделно и би имала сезонски карактер. “Ова е поткрепено со одличните статистички показатели за раст на бројот на српски туристи и тоа за повеќе од 500% во 2021година споредбено со 2022г. Раст од 100% во бројот на туристи од Србија кој го посетиле Охрид е забележан и во првиот квартал од 2022 години споредбено со 2021, исто така и остварените ноќевања се со значителен раст”-изјави директорот Љупчо Јаневски. Јаневски дополни дека регионалната соработка е предуслов за развој на туристичката индустрија, а со иницијативата "Отворен Балкан", се поместуваат границите и истата станува дестинација од 15 милиони домашни туристи која е сериозна можност за инвестиции. Туризмот треба да се перцепира и како генератор на воспоставување доверба, соработка, економско закрепнување и добрососедски односи во регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-inicijativa-za-sezonska-aviolinija-belgrad-ohrid/feed/ 0