белград – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 20:02:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png белград – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пукање во Белград, ранет еден маж https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pukane-vo-belgrad-ranet-eden-mazh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pukane-vo-belgrad-ranet-eden-mazh/#respond Sat, 04 Nov 2023 20:02:23 +0000 https://kurir.mk/?p=896535

Во Чукарица во Белград околу 17:00 часот дошло до пукање во кое едно лице е рането, соопшти Н1 Белград. Маж (28) е ранет во улицата „Милорад Јовановиќ“ во Чукарица. На улиците има полиција со огнено оружје, а моментално во тек е т.н акција „Виор“. Како што неофицијално дознава Телеграф, ранетиот И.А. е свесен. Тој е ранет во градниот кош или во стомакот и со тешки повреди е пренесен во болница. Се уште не е познат мотивот за пукањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pukane-vo-belgrad-ranet-eden-mazh/feed/ 0
Макрон, Шолц и Мелони: Белград и Приштина треба да работат на целосна имплементација на договорот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-sholts-i-meloni-belgrad-i-prishtina-treba-da-rabotat-na-tselosna-implementatsija-na-dogovorot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-sholts-i-meloni-belgrad-i-prishtina-treba-da-rabotat-na-tselosna-implementatsija-na-dogovorot/#respond Fri, 27 Oct 2023 18:36:26 +0000 https://kurir.mk/?p=893888

Претседателот на Франција, германскиот канцелар и премиерката на Италија денеска го поздравија вклучувањето на Белград и Приштина во вчерашните разговори во Брисел, нагласувајќи дека сега треба да се работи на целосна имплементација на Договорот за патот кон нормализација на односите. -Со цел да се постигне брз напредок во имплементацијата, го повикуваме Косово да иницира процедура за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство на Косово, како што е пропишано во (новиот, европски) нацрт-статут, а Србија да испорача де факто признавање. Формалностите, вклучително и оние поврзани со усвојувањето, не треба да застанат на патот за напредок во ова прашање, порачаа лидерите на трите најмоќни европски земји. Се додава дека нацрт-статутот на ЗСО што беше претставен и кој тројцата функционери целосно го поддржуваат, вклучува „современ европски начин за решавање на чувствителното прашање за заштита на малцинствата во согласност со најдобрите европски практики и стандарди". Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони наведуваат дека „фазата на имплементација треба да напредува така што двете страни паралелно, чекор по чекор, да ги исполнуваат своите обврски, во согласност со принципот дека двете страни треба да направат нешто за да добијат нешто“. „Фокусот сега треба да биде на целосно спроведување на Договорот (на патот кон нормализација), без предуслови или одложувања. Сега очекуваме дека Косово и Србија брзо ќе се договорат за деталите во дијалогот со посредство на ЕУ. Во случај на недостаток на напредок во нормализацијата на односите, двете страни ризикуваат да пропуштат важни можности“, нагласуваат Шолц, Макрон и Мелони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-sholts-i-meloni-belgrad-i-prishtina-treba-da-rabotat-na-tselosna-implementatsija-na-dogovorot/feed/ 0
Евро-американска дипломатска петорка денеска во Приштина и Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evro-amerikanska-diplomatska-petorka-deneska-vo-prishtina-i-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evro-amerikanska-diplomatska-petorka-deneska-vo-prishtina-i-belgrad/#respond Sat, 21 Oct 2023 08:38:41 +0000 https://kurir.mk/?p=891530

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, придружуван од пратеникот на американскиот претседател Џо Бајден за Западен Балкан, Габриел Ескобар и високите советници на лидерите на Германија, Франција и Италија, денеска ќе престојува во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Дипломатската петорка ќе биде примена во кабинетот на косовскиот премиер Албин Курти во 10 часот, а потоа ќе продолжат за Белград, каде што ќе се сретнат со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Како што е најавено, цел на посетата е да се постигне конкретен напредок во имплементацијата на Договорот на патот кон нормализација на односите меѓу двете држави и деескалација на состојбата по последните случувања во северно Косово. Покрај Лајчак и Ескобар, делегацијата ја сочинуваат и Емануел Боне, советник за безбедност и надворешна политика на францускиот претседател Емануел Макрон, Јенс Плотнер, советник на германскиот канцелар Олаф Шолц и Франческо Таљо, советник на италијанската премиерка Џорџа Мелони. Последната средба меѓу Курти и Вучиќ се одржа на 14 септември годинава, на која страните не успеаја да се договорат за планот за редослед на имплементацијата на договорот, за што ЕУ ја посочи како виновна косовската страна. Во меѓувреме, ЕУ продолжува да ги одржува казнените мерки кон Косово и размислува за воведување мерки против Србија, доколку се докаже нејзината поврзаност со терористичкиот напад во Бањска на северот на Косово, на 24 септември, каде што беше убиен припадник на косовската полиција, а во судирите што уследија меѓу вооружената српска група и полицијата загинаа и тројца од напаѓачите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evro-amerikanska-diplomatska-petorka-deneska-vo-prishtina-i-belgrad/feed/ 0
Брнабиќ: Во односите меѓу Белград и Приштина има „однапред поделени улоги“ и фактите немаат тежина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brnabik-vo-odnosite-megu-belgrad-i-prishtina-ima-odnapred-podeleni-ulogi-i-faktite-nemaat-tezhina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brnabik-vo-odnosite-megu-belgrad-i-prishtina-ima-odnapred-podeleni-ulogi-i-faktite-nemaat-tezhina/#respond Wed, 04 Oct 2023 08:50:45 +0000 https://kurir.mk/?p=884964

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави денеска дека во односите меѓу Белград и Приштина улогите се однапред поделени - Србија е „постојано негативец“, а Приштина е „бедна беспомошна сила што прави се што може“. Според неа, „фактичката состојба нема тежина“. Брнабиќ рече дека „не го оправдува“ убиството на никого, дури ни убиството на албанскиот припадник на косовската полиција, но додаде дека Србите на Косово трпат постојан притисок од властите во Приштина, поради што тоа е „ прашање на денови, прашање на минути“ кога ќе се случи инцидент. „Не можете постојано да живеете под таков терор“, рече Брнабиќ. Запрашана за коментар за апсењето на Милан Радоичиќ, до неодамна функционер на Српската листа, кој е осомничен за организирање на вооружен инцидент во кој на 24 септември во Бањска на северот на Косово беа убиени косовски полицаец и тројца униформирани и вооружени Срби, Брнабиќ рече дека Србија е „правна држава“. „Ова е правна држава и ќе направиме се што треба согласно законот и Уставот, да ги истражиме сите околности“, рече Брнабиќ. Таа додаде и дека „мора да ги собереме сите докази и да ја одбраниме апсолутната вистина“, пред седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации за Косово закажана за 18 октомври. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brnabik-vo-odnosite-megu-belgrad-i-prishtina-ima-odnapred-podeleni-ulogi-i-faktite-nemaat-tezhina/feed/ 0
Градоначалникот на Белград Александар Шапиќ поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gradonachalnikot-na-belgrad-aleksandar-shapik-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gradonachalnikot-na-belgrad-aleksandar-shapik-podnese-ostavka/#respond Fri, 29 Sep 2023 10:20:34 +0000 https://kurir.mk/?p=883184

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, изјави дека формално поднесува оставка од таа функција, но дека посветено ќе работи и ќе го води Белград до денот на изборите и конечната проверка за довербата на граѓаните, јави дописникот на МИА од Белград. -Штотуку поднесов формална оставка како градоначалник на Белград, за да почнат да се создаваат законски услови за одржување на изборите кои покрај парламентарните и покраинските избори, на 17 декември ќе се одржат и на ниво на град Белград, рече Градоначалникот Александар Шапиќ. Шапиќ е и функционер на владејачката Српска напредна партија (СНС). -Кога Владата на Србија ќе воведе привремено тело... Очекувам како претседател на тоа тело да продолжам да го водам Белград, до денот на изборите и конечната проверка на довербата за се што направивме во претходната година и пол и што допрва планираме да направиме за доброто на Белград, рече Шапиќ. Денес продолжи бранот оставки на градоначалници во Србија, за да се стекнат услови за одржување и на вонредни локални избори, па така оставки поднесоа и градоначалникот на Крагуевац, Никола Дашиќ и градоначалникот на Пирот, Владан Васиќ. Вчера оставки поднесоа градоначалниците на Краљево Предраг Терзиќ, на Лесковац Горан Цветановиќ, на Нови Пазар, на Кучево, Трстеник и Смедерево. Градоначалниците и претседателите на општитните почнаа од вчера да поднесуваат оставки, што е во корелација со изјавата на претседателот Александар Вучиќ, дека „парламентарните, покраинските и белградските избори ќе се одржат заедно, како и во некои општини и може да се одржат и на 17 декември“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gradonachalnikot-na-belgrad-aleksandar-shapik-podnese-ostavka/feed/ 0
Шапиќ: Избори во Белград најверојатно на 17 декември https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shapik-izbori-vo-belgrad-najverojatno-na-17-dekemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shapik-izbori-vo-belgrad-najverojatno-na-17-dekemvri/#respond Thu, 28 Sep 2023 11:05:35 +0000 https://kurir.mk/?p=882744

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ денеска изјави дека предвремените избори во главниот град на Србија најверојатно ќе се одржат на 17 декември, јави дописникот на МИА од Белград. -Се ќе знае за неколку дена. Ако се одржат изборите на 17 декември, дали тоа е конечниот договор, ќе знаете за неколку дена. Има точно законски процедури кои ја условуваат таа одлука. За неколку дена ќе имате информации дали се договориме крајниот датум да биде 17 декември. И многу е веројатно дека ќе биде, а за неколку дена ќе знаете какви чекори ќе се преземат за да треба да ги спроведеме изборите на 17 декември, одговори Шапиќ на прашањето на Н1 кога ќе поднесе оставка доколку изборите се одржуваат на 17 декември и дали ќе оди на некоја друга тактика, како на пример колективна оставка на сите одборници во собранието на градот Белград. Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа во гостувањето на РТС изјави дека парламентарните, покраинските, белградските избори, како и во некои други општини, може да се одржат веќе на 17 декември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shapik-izbori-vo-belgrad-najverojatno-na-17-dekemvri/feed/ 0
Стано: Белград и Приштина да се вратат на нормално решавање на проблемите преку дијалог https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stano-belgrad-i-prishtina-da-se-vratat-na-normalno-reshavane-na-problemite-preku-dijalog/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stano-belgrad-i-prishtina-da-se-vratat-na-normalno-reshavane-na-problemite-preku-dijalog/#respond Mon, 25 Sep 2023 11:48:07 +0000 https://kurir.mk/?p=881532

Европската Унија е многу јасна дека Белград и Приштина треба да работат на деескалација и на смирување на тензиите и на опасната ситуација во северниот дел на Косово, порача денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи, Питер Стано, додавајќи дека ЕУ строго го осудува вчерашниот „терористички напад“ врз косовската полиција во Бањска. - Мора да најдеме излез од постојаната криза и да се вратиме на нормално решавање проблемите преку дијалог. Итно е потребна деескалација, изјави Стано, нагласувајќи дека ЕУ беше сосема јасна за тоа што очекува да направат двете страни кога станува збор за потребата за деескалирање на состојбата. Според него, деескалацијата е важна за да се смират тензиите и да може ЕУ да продолжи со напорите за смирување и нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. - Позицијата на Европската Унија е јасна. ЕУ е олеснувач во дијалогот на двете страни. Тие и двете сакаат да се приклучат на Европската Унија, а нивниот пат до ЕУ води преку олеснувачкиот дијалог. Очекувањата, модалитетите и однесувањето на ЕУ како олеснувач беа објаснети многу пати и упатени и до Косово и до Србија, како треба да се однесуваат и што треба да направат за остварување на нивната стратешка цел да влезат во Европската Унија еден ден, изјави Стано. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, околу можноста за преземање санкции од страна на ЕУ против Србија во врска со вчерашниот напад, како што претходно беа најавени кон Косово, Стано изјави истрагата за нападот се уште е во тек и се работи на утврдување на фактите за тоа што се случило и кога таа ќе биде завршена Унијата ќе заземе конкретен став. - ЕУ има многу јасна позиција. Мерките што беа преземени против Косово не беа санкции. Нема санкции во терминологијата на ЕУ, нема рамка за санкции и за рестриктивни мерки, туку за мерки за да се деескалира состојбата. Тие мерки се времени и може да се намалат и зголемат во зависно од случувањата на теренот, додаде Стано. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stano-belgrad-i-prishtina-da-se-vratat-na-normalno-reshavane-na-problemite-preku-dijalog/feed/ 0
Гардијан: 5 од 15-те најзагадени населби во Европа се во Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gardijan-5-od-15-te-najzagadeni-naselbi-vo-evropa-se-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gardijan-5-od-15-te-najzagadeni-naselbi-vo-evropa-se-vo-belgrad/#respond Fri, 22 Sep 2023 10:09:21 +0000 https://kurir.mk/?p=880665

Британскиот весник Гардијан пишува за загадениот воздух во Белград што граѓаните можат да го почувствуваат и вкусат, посочувајќи дека главниот град на Србија има пет од 15-те најзагадени населби на европскиот континент. Во написот со наслов: Белград град во кој валканиот воздух се смета за резултат на економскиот расt, авторот пишува дека уште во 1974 година тогашниот југословенски премиер Џемал Биједиќ ветил дека ќе го исчисти воздухот во земјата, а дека половина век подоцна белграѓани се уште го чекаат тоа. Воздухот во главниот град на Србија, земја со седум милиони жители на ред за влез во ЕУ, е полош од речиси во кој било друг град во Европа, пишува авторот. Пирит, амонијак, воз, вагон, истекување на амонијак, истекување амонијак, несреќа, магла, чад, несреќа, воз излета од шините, железница, пруга, загадување Пет од 15-те најзагадени населби на континентот се наоѓаат во Белград, според моделската анализа на Гардијан врз основа на податоците за квалитетот на воздухот во Европа. Валкани електрани на јаглен, депонии, стари возила и лоши греалки испуштаат коктел од токсични честички кои завршуваат во белите дробови и вените на жителите на градот, пишува Гардијан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gardijan-5-od-15-te-najzagadeni-naselbi-vo-evropa-se-vo-belgrad/feed/ 0
ВИДЕО: Мајмун снимен на покрив од куќа во Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-majmun-snimen-na-pokriv-od-kuka-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-majmun-snimen-na-pokriv-od-kuka-vo-belgrad/#respond Mon, 18 Sep 2023 06:14:20 +0000 https://kurir.mk/?p=878933

Српските портали објавија видео на кое се гледа мајмун на покривот на куќа во, како што велат, белградската населба Карабурма. Видеото вчера првпат го објави Инстаграм страната мој-бео-град. Не е јасно како мајмунот завршил на слобода. Тоа е мајмун од родот макаки. Постојат дваесет и три видови макаки кои живеат низ Азија, Северна Африка и Гибралтар.
На снимката се слуша гласот на една личност која вели дека на мајмунот му дала чоколадо и јаболка, кои животното ги земало и потоа повторно побегнало. Засега не е познато што се случило со животното откако било снимено.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-majmun-snimen-na-pokriv-od-kuka-vo-belgrad/feed/ 0
Коњуфца: Барањата на ЕУ се исти како и на Белград, не прифаќаме боснизација на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/konuftsa-baranata-na-eu-se-isti-kako-i-na-belgrad-ne-prifakame-bosnizatsija-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/konuftsa-baranata-na-eu-se-isti-kako-i-na-belgrad-ne-prifakame-bosnizatsija-na-kosovo/#respond Sat, 16 Sep 2023 13:16:38 +0000 https://kurir.mk/?p=878669

Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, коментирајќи ја средбата во Брисел меѓу косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ, рече дека Европската унија има неизбалансиран пристап кон Косово и кон Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Во вчерашното обраќање пред медиумите во Собранието, каде што беше одбележан Меѓународниот ден на демократијата, Коњуфца ја критикуваше ЕУ дека нејзините барања кон Косово се исти како и барањата што ги поставува Србија во преговорите. - Не може да се прифатат сите договори. Пристапот на ЕУ е неурамнотежен, бидејќи сите барања што се поставуваат кон Косово одговараат на она што Србија ни го бара. Такво барање е она за оставка на градоначалниците на општините (со мнозинско српско население) без никаква процедура. Сите тие се барања на Србија и за жал истото тоа од нас го бара ЕУ. Не можеме да ја нарушиме нашата земја, изјави Коњуфца. Собранискиот спикер порача дека Косово нема да прифати формирање заедница на српски општини која е спротивна на Уставот на државата. - Тоа е неприфатливо за Косово... Преку охридскиот договор (меѓу Курти и Вучиќ) се направи обид да се регулираат надворешните односи меѓу Косово и Србија, а тоа е регулирано со член 2 од договорот кој вели дека државите ќе функционираат како две суверени држави според принципите на Обединетите нации. И во оваа рамка на трансформација на односите, кога тие ќе станат пријателски, Косово ќе ја формира Заедницата. Во спротивно, Косово нема обврска да ѝ даде заедница на Србија и ние да останеме непризнаени од Белград. Тоа би било катастрофално и со големи последици, рече Коњуфца. Тој нагласи дека Приштина во ниту еден случај нема да прифати „боснизација на Косово“. - Никогаш нема да се умориме да ѝ аргументираме не меѓународната заедница дека ова е став од кој Косово не се откажува, бидејќи ако се откаже, би можеле да доведеме до боснизација на Косово. Народот гласаше (владејачката партија) Движење самоопределување (ВВ) да го запре процесот на боснизација на Косово, рече првиот косовски парламентарец. Според него, формирањето на Заедницата на српски општини е прифатено од претходните влади, и тоа „не може да се врати на нулта точка“. - Ние разбираме дека Косово нема капацитет да го ресетира тој процес. Но, за да ја исполниме нашата обврска, може ли да ни се гарантира дека Србија нема да го користи овој механизам за да го поткопа државјанството и суверенитетот на Косово. Меѓународната заедница не дава гаранции. Меѓународната заедница мора да ни даде силни гаранции, а не само зборови, изјави Коњуфца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/konuftsa-baranata-na-eu-se-isti-kako-i-na-belgrad-ne-prifakame-bosnizatsija-na-kosovo/feed/ 0