Белградски саем – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 27 Jul 2021 12:24:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Белградски саем – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонците и понатаму се вакцинираат на Белградскиот саем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-i-ponatamu-se-vakciniraat-na-belgradskiot-saem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-i-ponatamu-se-vakciniraat-na-belgradskiot-saem/#respond Tue, 27 Jul 2021 12:24:29 +0000 https://kurir.mk/?p=542514

Освен во Бујановац, Врање, Ниш, македонските граѓани и понатаму се вакцинираат на белградскиот Саем, јави дописникот на МИА од Белград. -На пунктот на белградскиот саем дневно се вакцинираат меѓу 300 и 500 граѓани, а за време на викендите се вакцинираат меѓу 600 и 800 лица, а половината од нив се државјани на Северна Македонија и Босна и Херцеговина, изјави за агенцијата Бета координаторката на пунктот на Саемот, Светлана Мичиќ. Покрај ревакцинацијата, на белградскиот Саем воглавно се вакцинираат државјани на Северна Македонија кои патуваат во странство. -Продолжуваме да ги вакцинираме луѓето кои не се жители на Србија, од Босна и Херцеговина и Македонија, но одѕивот од сите овие земји се намалува. Најчесто доаѓаат да се вакцинираат луѓето што патуваат во странство, имајќи предвид дека мерките се засилени во сите земји, да не може да се влезе во ресторан, а ова е многу поекономично, бидејќи преку вакциницијата не треба да се прави ПЦР тест и немора да се плаќа карантин во тие земји. Предлог е вакцинацијата да не се препорачува, туку да биде задолжителна во многу земји, изјави за Курир д-р Снежана Калабиќ. На граѓаните на Саемот достапни им се вакцините на „Фајзер“, „АстраЗенека“, „Синофарм“ и „Спутник В“ со кои можат да се вакцинираат секој ден од 8:30 до 15:30 часот. Според податоците на Здравствениот центар во Врање, до 23 јули годинава на вакциналниот пункт во Спортсака сала во овој град вкупно со првата доза вакцинирани се 12.006 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 9.392 наши државјани. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-i-ponatamu-se-vakciniraat-na-belgradskiot-saem/feed/ 0
Белградскиот саем од утре ќе работи како привремена болница https://arhiva.kurir.mk/svet/region/belgradskiot-saem-od-utre-kje-raboti-kako-privremena-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/belgradskiot-saem-od-utre-kje-raboti-kako-privremena-bolnica/#respond Thu, 26 Mar 2020 20:50:14 +0000 https://kurir.mk/?p=322793

Пулмологот Бранимир Несторовиќ по завршувањето на седницата на Кризниот штаб, изјави дека утре од 14 часот ќе почне со работа објектот на Саемот, бидејќи доаѓаат авиони со српски државјани кои мора да бидат тестирани, а во таа привремена болница ќе одат и лицата позитивни на коронавирусот, додека оние што се негативни ќе одат дома со задолжителна самоизолација. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Несторовиќ за ТВ Прва додаде дека здравствениот систем во Србија добро се носи со епидемијата. -Ќе се обидеме неколку полесни пациенти од болницата „Драгиша Мишовиќ“ на Дедиње да пренесеме на Саемот, како и да не ја оптоваруваме болницата во Земун, кажа Несторовиќ, кој додаде дека на седницата разговарано е и за прашањето за проширено тестирање бидејќи тоа е напор за здравствениот систем, а целта е да има 5.000 тестови на ден. Директорот на Инфективната клиника во Белград, Горан Стевановиќ, на денешната редовна владина прес конференција изјави дека Белградскиот саем е предвидено да биде „една голема болница“ која би се користела доколку значително се зголеми бројот на заразени од коронавирус. -Саемот е една голема болница, се надевам дека нема да ни треба, но мора да се подготвиме, кажа Стевановиќ. Тој посочи дека Саемот, кој веќе има подготвено 3.000 кревети не бил наменет за колективно сместување, додавајќи дека тој не е наменет за сместување на деца заболени од Ковид 19. Епидемиологот Бранислав Тодоровиќ рече дека и во Ниш се подготвува спортската сала „Чаир“ да биде привремена болница за пациенти со коронавирус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/belgradskiot-saem-od-utre-kje-raboti-kako-privremena-bolnica/feed/ 0