бели шлемови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Feb 2023 21:12:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бели шлемови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шефот на „Белите шлемови“: ОН мора да му се извинат на сирискиот народ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-belite-shlemovi-on-mora-da-mu-se-izvinat-na-siriskiot-narod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-belite-shlemovi-on-mora-da-mu-se-izvinat-na-siriskiot-narod/#respond Fri, 10 Feb 2023 21:12:48 +0000 https://kurir.mk/?p=799169

Спасувачката група „Бели шлемови“ ги обвини Обединетите нации за неуспешната реакција во областите под контрола на бунтовниците во северозападна Сирија по земјотресот. Користејќи го долгогодишното искуство стекнато за време на долгата војна во Сирија, Белите шлемови ги водат спасувачките напори во областите под контрола на бунтовниците без речиси никаква надворешна помош. - ОН извршија злосторство против сирискиот народ на северозапад, рече шефот на групата Раед Салех, посочувајќи дека агенциите на ОН не пружиле никаква помош за преживеаните од земјотресот. - ОН мора да му се извинат на сирискиот народ, додаде тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-belite-shlemovi-on-mora-da-mu-se-izvinat-na-siriskiot-narod/feed/ 0
Русија ги обвинува „Белите шлемови“ за тргување со човечки органи во Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-gi-obvinuva-belite-shlemovi-za-trguvanje-so-chovechki-organi-vo-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-gi-obvinuva-belite-shlemovi-za-trguvanje-so-chovechki-organi-vo-sirija/#respond Thu, 21 Nov 2019 10:27:02 +0000 https://kurir.mk/?p=267065

Невладината организација „Бели шлемови“ е вмешана во трговија со органи на Сиријците кои живат во зоните под контрола на екстремистите, тврди директорот на Руската фондација за студии за демократија Максим Григориев. Григориев ова го соопшти при претставувањето на истражувањето „Белите шлемови: терористички поттикнувања и извори за дезинформирање“ во Министерството за надворешни работи на Русија, за кое предговорот го напиша шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, пренесе Тасс. -Тие (Белите шлемови) се клучниот елемент во оваа илегална шема на остранување органи. За тоа слушнавме од луѓето со кои разговаравме. Овие податоци за нас беа непријатно изненадување, рече Григориев. Спорд него, истражувачите ги добиле овие информации додека ги интервјуирале жителите на сириските региони каде „Белите шлемови“ се најактивни. Григориев и истражувачите интервјуирале повеќе до 100 жители на Алепо, Дамаск, Деир ел Зор и Сакба, но и 40 членови на „Белите шлемови“ и околу 20 членови на вооружените групи. Григориев уште кажа и дека сведоците навеле дека „Белите шлемови“ се вмешани во евакуациите на луѓето на кои им била ветувана медицинска помош, по што нивните роднини ги примиле телата без никакви витални органи. Григориев додаде дека според медициснките написи на коосновачот на „Белите шлемови“, Џејмс Ле Мезурие, кој недоамна почина под сомнителни околности, кон крајот на 90-тите тој престојувал и во поранешна Југославија, во времето кога во полн ек било вадењето и трговијата со органи на Косово. -Шемата за илеглано вадење органи на жителите на Србија е изведувана на територијата каде престојувал Мазурие, а сосема ист систем бил создаден и во Сирија. Тоа го прават „Белите шлемови“, рече Григориев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-gi-obvinuva-belite-shlemovi-za-trguvanje-so-chovechki-organi-vo-sirija/feed/ 0
Основачот на „Бели шлемови“ пронајден мртов https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osnovachot-na-beli-shlemovi-pronajden-mrtov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osnovachot-na-beli-shlemovi-pronajden-mrtov/#respond Mon, 11 Nov 2019 13:43:59 +0000 https://kurir.mk/?p=262654

Џејмс ле Мезури, основачот на организацијата што ја обучуваше сириската група за итни интервенции „Бели шлемови“ утрово е пронајден мртов во близина на својот дом во Истанбул. Се уште не се познати околностите за неговата смрт. „Белите шлемови“ е организација која спаси илјадници луѓе од териториите што беа под контрола на бунтовниците, а беа бомбардирани од силите на сириската Влада. Невладината организација има канцеларија во Амстердам и во Истанбул, а чии проекти се финансирани од Обединети нации и влади.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osnovachot-na-beli-shlemovi-pronajden-mrtov/feed/ 0
Јордан: Речиси 300 сириски „Бели шлемови” заминуваат на Запад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jordan-rechisi-300-siriski-beli-shlemovi-zaminuvaat-na-zapad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jordan-rechisi-300-siriski-beli-shlemovi-zaminuvaat-na-zapad/#respond Thu, 18 Oct 2018 06:23:30 +0000 https://kurir.mk/?p=116525

Речиси 300 припадници на сириските „Бели шлемови“, кои избегаа од Сирија во Јордан пред три месеци, сега заминуваат за распоредување во западните земји, информираат извори од јорданското Министерство за надворешни работи. Во јули, спасувачите, бегајќи од сириските провладини сили поддржани од Москва, навлегоа во Голанската висорамнина, окупирана од Израел, и со помош на израелските војници и западните сили стигнаа во Јордан.  Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху тогаш рече дека по молба на американскиот претседател Доналд Трамп и други лидери помогнал за евакуација и оти имало опасност по животот на спасувачите. Јордан ги прими откако доби гаранции дека престојот ќе им биде привремен и оти ќе им биде дадено засолниште во Канада, Германија и Велика Британија, рекоа јордански претставници. „Белите шлемови“, познати како сириска цивилна заштита, учествуваа во спасување на илјадници луѓе од областите  кои беа окупирани од бунтовниците за време на бомбардирањето на сириската влада и руските трупи за време на граѓанска војна во земјата. Членовите на организацијата велат дека се неутрални. Сирискиот претседател Башар ал- Асад и неговите поддржувачи ги сметаат за инструмент на западните пропаганди и исламистичките бунтовници. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jordan-rechisi-300-siriski-beli-shlemovi-zaminuvaat-na-zapad/feed/ 0
Околу 400 „Бели шлемови“ остануваат заглавени во јужна Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-400-beli-shlemovi-ostanuvaat-zaglaveni-vo-juzna-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-400-beli-shlemovi-ostanuvaat-zaglaveni-vo-juzna-sirija/#respond Tue, 24 Jul 2018 05:55:45 +0000 https://kurir.mk/?p=80212

Околу 400 „Бели шлемови“ остануваат заглавени во јужна Сирија еден ден по евакуацијата што ја организираше Израел, информира претставник на организацијата кој изрази страв за судбината на членовите кои останаа во земјата. - Ги повикуваме засегнатите страни да ни помогнат да излеземе од сирискиот југ, изјави 23-годишниот Сезар, доброволец во новинарска екипа на „Белите шлемови“ во градот Дара. Владата во Дамаск вчера ја осуди евакуацијата на стотици членови на сириската невладина организација „Бели шлемови“ во Јордан нарекувајќи ја „криминална операција“ на Израел и неговите слуги. Сириската Влада ги обвинува „Белите шлемови“, познати и под името Сириска цивилна одбрана дека се агенти на странски непријатели и оти соработуваат со бунтовниците против претседателот Башар ал Асад. Членовите на организацијата и нивните семејства се преселија од Сирија во Голанската висорамнина окупирана од Израел, а потоа се префрлија во Јордан. Израел соопшти дека помогнал за нивното евакуирање на барање на американскиот претседател Доналд Трамп и други светски лидери поради опасност по животот на активистите. Вкупно 422 лица, евакуирани ноќта меѓу саботата и неделата, пристигнале во Јордан. Се очекува ови луѓе да бидат  префрлени во Велика Британија, Германија, Канада или Франција. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-400-beli-shlemovi-ostanuvaat-zaglaveni-vo-juzna-sirija/feed/ 0
Нетанјаху: Евакуацијата на Белите шлемови е важен хуманитарен потег https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-evakuacijata-na-belite-shlemovi-e-vazen-humanitaren-poteg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-evakuacijata-na-belite-shlemovi-e-vazen-humanitaren-poteg/#respond Mon, 23 Jul 2018 06:16:27 +0000 https://kurir.mk/?p=79799

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ја помогнал евакуацијата на Белите шлемови од Сирија во Јордан на барање на американскиот претседател Доналд Трамп и други лидери. – Животите на тие луѓе кои спасуваат туѓи животи, беа во опасност. Одобрив нивно префрлање преку Израел до други држави како важен хуманитарен потег, изјави Нетанјаху. Јорданските власти дозволија ОН да организира влез за 800 припадници на сириската цивилна одбрана познати како Бели шлемови, чии животи беа загрозени по офанзивата на сириските владини трупи кои вратија контрола врз бунтовнички области на југ во Сирија. Белите шлемови кои во 2016 година беа номирани за Нобелова награда за мир, дејствуваа во југозапад на Сирија каде останаа заробени поради офанзивата на владините сили. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-evakuacijata-na-belite-shlemovi-e-vazen-humanitaren-poteg/feed/ 0
Израел ги евакуираше сириските Бели шлемови во Јордан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-gi-evakuirashe-siriskite-beli-shlemovi-vo-jordan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-gi-evakuirashe-siriskite-beli-shlemovi-vo-jordan/#respond Sun, 22 Jul 2018 08:23:16 +0000 https://kurir.mk/?p=79599

Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги евакуираа припадниците на сириската цивилна одбрана, познати како Бели шлемови од воената зона во јужна Сирија и ги стационира во Јордан. Израелската армија соопшти дека дејствувала на барање на САД и на европските држави. Израелските медиуми објавија дека преку Голанска Висорамнина, која е под окупација на Израел, во Јордан се евакуирани околу 800 луѓе. Бели шлемови во 2016 година беа номинирани за Новелова награда за мир, тие дејствуваа на подрачјето на југозападна Сирија, каде останаа заробени по офанзивата на владините сили. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-gi-evakuirashe-siriskite-beli-shlemovi-vo-jordan/feed/ 0