белоруски власти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Nov 2020 09:46:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png белоруски власти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Доминик Раб ги осуди белоруските власти за протерувањето на двајца британски дипломати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dominik-rab-gi-osudi-beloruskite-vlasti-za-proteruvanjeto-na-dvajca-britanski-diplomati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dominik-rab-gi-osudi-beloruskite-vlasti-za-proteruvanjeto-na-dvajca-britanski-diplomati/#respond Tue, 10 Nov 2020 09:46:37 +0000 https://kurir.mk/?p=427249

Шефот на британската дипломатија, Доминик Раб, синоќа изјави дека одлуката на Белорусија да протера двајца британски дипломати е целосно неоправдана. „Протерувањето на двајцата британски дипломати од Белорусија поради легитимно набљудување на протест е целосно неоправдано“, напиша Раб на Твитер. Раб тврди дека белорускиот претседател, Александар Лукашенко, не може „да го сокрие угнетувањето на неговиот народ“. „Единствен начин да се оди напред се слободни и фер избори и изведување пред лицето на правдата на одговорните за насилствата врз демонстрантите“, додада Раб во твитот. Белоруското Министерство за надворешни работи прогласи двајца дипломати од британската Амбасада во Минск за персона нон грата, претходно вчера соопшти портпаролот на министерство, Анатолиј Глаз. -Мистерството за надворешни работи донесе одлука да прогласи двајца дипломати на британската Амбасада за персона нон грата поради активности што не се во согласност со статусот на дипломатски агент, статусот дипломат и со целите за останување во Република Белорусија, рече Глаз за ТВ ОНТ. Британските медиуми наведуваат дека одлуката е донесена поради наводна „деструктивна активност“ на дипломатите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dominik-rab-gi-osudi-beloruskite-vlasti-za-proteruvanjeto-na-dvajca-britanski-diplomati/feed/ 0
Белоруските власти почнаа да ги ослободуваат приведените демонстранти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/beloruskite-vlasti-pochnaa-da-gi-osloboduvaat-privedenite-demonstranti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/beloruskite-vlasti-pochnaa-da-gi-osloboduvaat-privedenite-demonstranti/#respond Fri, 14 Aug 2020 08:11:24 +0000 https://kurir.mk/?p=390555

Владата на Белорусија почна да ги ослободува од притвор граѓаните кои изминатите денови ги приведе на демонстрациите против изборната победа на претседателот Александар Лукашенко. Според очевидци голем број од ослободените демонстанти имаат видливи повреди. Приведените граѓани тврдат дека биле држани во нехумани услови и биле малтеретирани од полицијата. Во повеќедневните протести во Белорусија загинаа најмалку две лица, а над 6.700 луѓе се приведени. Во меѓувреме белорускиот министер за внатрешни работи Јуриј Карајев им се извини на граѓаните. – Преземам одговорност и се извинувам за повредувањето на граѓаните, изјави Карајев. Во меѓувреме, соработничката на претседателската кандидатла Светлана Тихановскаја, Марија Колесникова упати апел до градоначниците да организираат мирни протести – Сите градоначалници во Белорусија на 15 и 16 август би требало да организираат протести во сите градови. Да се слушне гласот на народот и нивното мислење, но на мирен начин, истакна Колесникова. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/beloruskite-vlasti-pochnaa-da-gi-osloboduvaat-privedenite-demonstranti/feed/ 0