Бен Валас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Jul 2023 17:22:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Бен Валас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Валас: Киев да покаже благодарност за оружјето, ние не сме Амазон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/valas-kiev-da-pokazhe-blagodarnost-za-oruzhjeto-nie-ne-sme-amazon/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/valas-kiev-da-pokazhe-blagodarnost-za-oruzhjeto-nie-ne-sme-amazon/#respond Wed, 12 Jul 2023 17:22:56 +0000 https://kurir.mk/?p=855987

Британскиот секретар за одбрана Бен Валас денеска изјави дека ја предупредил Украина оти нејзините меѓународни сојузници „не се Амазон“ и дека Киев треба да покаже благодарност за донациите на оружје за да ги убеди западните политичари да дадат повеќе. Валас зборуваше на маргините на самитот на НАТО во Литванија како одговор на новинарско прашање за поплаките на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека на Киев не му била дадена временска рамка за приклучување кон Алијансата. Валас, како што пренесуваат британските медиуми, се присети дека минатата година отпатувал во Украина, каде што му била претставена „шопинг листа со оружје“. Знаете, ние не сме Амазон, рече тој, мислејќи на гигантската американска компанија за технологија и малопродажба. Тоа им го кажав лани кога возев 11 часа за да ми дадат список. Зеленски денеска го ублажи својот тон, велејќи дека резултатите од Самитот биле добри дури и да немало формална покана за Украина да се приклучи на НАТО и дека добил позитивни вести за одбранбените пакети од сојузниците. На прес-конференција Зеленски рече дека не ги разбира коментарите на Валас. -Секогаш бевме благодарни на Обединетото кралство, на премиерите и на министерот за одбрана, бидејќи луѓето секогаш нè поддржуваат. Не знаев што сакаше да каже и како поинаку треба да бидеме благодарни. Можеби министерот сака нешто посебно, но имаме прекрасни односи, рече тој. Прашан за коментарите на Валас, британскиот премиер Риши Сунак рече дека Зеленски бил благодарен за досегашната поддршка и дека ќе има поголема поддршка доколку се бара. -Претседателот Зеленски ја изрази својата благодарност за она што го направивме во неколку наврати. Целосно ја разбирам желбата на Володимир да направи се што може за да го заштити својот народ и да ја запре оваа војна, а ние ќе продолжиме да му ја даваме потребната поддршка. изјави Сунак на прес-конференцијата на самитот во Вилнус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/valas-kiev-da-pokazhe-blagodarnost-za-oruzhjeto-nie-ne-sme-amazon/feed/ 0
Британскиот министер за одбрана Бен Валас не очекува да го наследи Столтенберг на чело на НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-minister-za-odbrana-ben-valas-ne-ochekuva-da-go-nasledi-stoltenberg-na-chelo-na-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-minister-za-odbrana-ben-valas-ne-ochekuva-da-go-nasledi-stoltenberg-na-chelo-na-nato/#respond Thu, 22 Jun 2023 06:09:56 +0000 https://kurir.mk/?p=848423

Британскиот министер за одбрана Бен Валас изјави дека не очекува да го наследи Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар на НАТО, објави магазинот „Економист“. Британските меидуми пренесуваат дека Столтенберг треба да поднесе оставка во септември по девет години како генерален секретар на Алијансата. Алијасната бара наследник на Столтенберг пред самитот во средината на јули во Литванија, а извори од неа минатата недела изјавија дека се очекува тој да остане на функцијата уште една година. -Тоа нема да се случи, рече Валас, кој отворено изјави дека би сакал да ја добие позицијата, во интервју за „Економист“, додавајќи дека САД сакаат Столтенберг да остане. Написот, исто така, цитира извори блиски до Валас кои велат дека процесот останува отворен. Портпаролот на Валас не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-minister-za-odbrana-ben-valas-ne-ochekuva-da-go-nasledi-stoltenberg-na-chelo-na-nato/feed/ 0
Валас: Никакви закани и пропаганда не можат да го скријат фактот дека Украина победува https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/valas-nikakvi-zakani-i-propaganda-ne-mozat-da-go-skrijat-faktot-deka-ukraina-pobeduva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/valas-nikakvi-zakani-i-propaganda-ne-mozat-da-go-skrijat-faktot-deka-ukraina-pobeduva/#respond Wed, 21 Sep 2022 08:54:56 +0000 https://kurir.mk/?p=735624

Никакви закани и пропаганда не можат да го скријат фактот дека Украина победува, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас, кој смета дека изјавите на Владимир Путин утринава се признание дека неговиот план во Украина пропаѓа. – Тој и неговиот министер за одбрана испратија во смрт десетици илјади нивни лошо опремени и лошо водени граѓани. Ниту една пропаганда не може да го скрие фактот дека Украина победува во оваа војна, дека меѓународната заедница е обединета, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/valas-nikakvi-zakani-i-propaganda-ne-mozat-da-go-skrijat-faktot-deka-ukraina-pobeduva/feed/ 0
Валас: Путин е во кафез кој самиот го изгради https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/valas-putin-e-vo-kafez-koj-samiot-go-izgradi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/valas-putin-e-vo-kafez-koj-samiot-go-izgradi/#respond Thu, 31 Mar 2022 20:37:17 +0000 https://kurir.mk/?p=656625

Британскиот министер за одбрана Бен Валас во интервју за Скај Њуз ја коментираше војната во Украина при што рече дека рускиот претседател Владимир Путин „повеќе не е онаква сила каква што бил“. -Тој сега е човек во кафез што самиот го изгради. Неговата армија е исцрпена, тој претрпе значителни загуби. Угледот на големата руска армија е уништен, рече Валас. -Не само што мора да живее со последиците од она што и го прави на Украина, туку мора да живее и со она што и го направи на сопствената армија, рече Валас, додавајќи дека се чини оти руската војска се прегрупира и се фокусира на источна и јужна Украина. -Го видовме тоа и претходно. Секогаш завршува уште полошо. Одат на уште повеќе напади врз цивили и цивилни области, рече британскиот министер. Тој додаде дека се договорил со меѓународните сојузници да испрати повеќе воена опрема и оружје во Украина, вклучувајќи оклопни возила, артилерија со долг дострел и муниција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/valas-putin-e-vo-kafez-koj-samiot-go-izgradi/feed/ 0
Британскиот министер за одбрана: Путин е потрошена сила во светот, ова ќе биде неговиот крај! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-minister-za-odbrana-putin-e-potroshena-sila-vo-svetot-ova-kje-bide-negoviot-kraj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-minister-za-odbrana-putin-e-potroshena-sila-vo-svetot-ova-kje-bide-negoviot-kraj/#respond Tue, 08 Mar 2022 10:26:24 +0000 https://kurir.mk/?p=643203

Рускиот претседател Владимир Путин е потрошена сила во светот, без разлика како ќе заврши војната во Украина, според британскиот министер за одбрана Бен Валас, предвидувајќи дека инвазијата ќе претставува крај на Путин, пренесе Ројтерс. Руската офанзива во Украина, која Кремљ ја нарекува „специјална воена операција“, продолжува, но со значително побавно темпо, велат од украинската војска и разузнавачите додека преплашените жители бегаат од бомбардираните градови. „Претседателот Путин е потрошена сила во светот и е готов, неговата војска е готова. Тој мора да си го признае тоа“, изјави Валас за Тајмс радио. „Ова ќе биде крајот на Путин... и така треба да биде“, рече Валас за Би-би-си радио, додавајќи дека „би било невозможно да се окупира таков народ и земја“. „Долгорочно, никој повеќе нема да ги прима неговите телефонски повици. Тој ја исцрпи својата војска, тој е одговорен за смртта на илјадници руски војници, за убиствата на невини луѓе. Ја сведе руската економија на нула. Мора да преземе одговорност за тоа“, заклучи британскиот министер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-minister-za-odbrana-putin-e-potroshena-sila-vo-svetot-ova-kje-bide-negoviot-kraj/feed/ 0
Валас: Путин си игра со оган https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/valas-putin-si-igra-so-ogan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/valas-putin-si-igra-so-ogan/#respond Fri, 04 Mar 2022 12:18:18 +0000 https://kurir.mk/?p=640898

Со нападот на нуклеарната електрана во југоисточниот дел на Украина, рускиот претседател Владимир Путин си игра со оган, изјави денеска, британскиот министер за одбрана Бен Валас. Тој го повика Путин да престане со нападите на такви цели. Како што соопшти Киев, руската војска ја зазела најголемата европска нуклеарна електрана Запорoжје, откако ја нападнаа рано утринава. При нападот, настана пожар во петкатен објект за обука. – Најцврсто апелираме до рускиот претседател, во потполност да престане со напаѓање такви места. Тоа е многу опасно, појасни Валас на прес конференцијата, за време на посетата во Копенхаген. Според министерот, тоа не е опасно за Украина и Русија, туку за Европа. – Тоа е играње со оган, надвор од сè што е поврзано со логика или потреба, истакна Валас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/valas-putin-si-igra-so-ogan/feed/ 0
Бен Валас: Воените планови на Русија пропаѓаат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ben-valas-voenite-planovi-na-rusija-propagjaat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ben-valas-voenite-planovi-na-rusija-propagjaat/#respond Thu, 03 Mar 2022 20:18:03 +0000 https://kurir.mk/?p=640474

Британскиот министер за одбрана Бен Валас оцени дека Русија многу заостанува зад својот „распоред“, откако претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата „специјална воена операција“ во Украина – позната и како инвазија – „се одвива според планот“, објави Би-Би-Си. – И покрај ужасното секојдневно уништување и бомбардирање на цивилни области и голем број градови, Украинците излегуваат во текот на денот, се спротивставуваат, во некои случаи ги одбиваат и продолжуваат да се борат, истакна Валас за Би-Би-Си. – Русија има значителен број не само жртви, туку и дезертери и луѓе кои се предаваат, а уништени се и многу тенкови и воена опрема, додаде тој. Валас нагласи дека руските сили не успеале да го освојат главниот град Киев и дека имале лошо логистичко планирање во врска со превозните средства и храна за војската. Британскиот министер го опиша Путин како „човек обвиткан со санкции што сам ги создал. Тој е човек кој го прекршил целото меѓународно право. Тој е човек кој е сè поизолиран“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ben-valas-voenite-planovi-na-rusija-propagjaat/feed/ 0
Окупацијата на Украина ќе биде „многу тешка“ за Русија, вели британскиот секретар за одбрана https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okupacijata-na-ukraina-kje-bide-mnogu-teshka-za-rusija-veli-britanskiot-sekretar-za-odbrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okupacijata-na-ukraina-kje-bide-mnogu-teshka-za-rusija-veli-britanskiot-sekretar-za-odbrana/#respond Wed, 02 Mar 2022 09:31:21 +0000 https://kurir.mk/?p=639230

Британскиот секретар за одбрана Бен Валас оцени дека Русија се соочува со „голем предизвик“ да влезе во поголемите градови на Украина, каде вооружените сили и цивилите веројатно ќе ги одбијат непријателските трупи што се приближуваат преку сите достапни средства, јави Би-Би-Си. Валас вели дека е дел од руската воена доктрина да се опколуваат големите урбани центри и „недискриминирачки“ да се бомбардираат, за на крајот да се затвори „населението што тие се надеваат дека ќе го разбијат и ќе го преземат она што останало“. Но, тој вели дека географската големина на Украина и нејзиното големо население од 44 милиони би ја направило окупацијата од Русија „многу тешка“. – Тогаш ќе почнат да се трупаат вистинските жртви, изјави тој за Би-Би-Си, наведувајќи го искуството на Русија во Чеченија, Советскиот Сојуз во Авганистан – и Западот во Ирак. – Да се изврши инвазија на земја со огромна сила е една работа, да се окупира 44-милионски народ, кој не ве сака во неа, е сосема поинаква работа, тврди британскиот министер. Тој ја отфрла опцијата НАТО да воведе зона на забранети летови, велејќи дека секој судир што произлегува од кршењето на зоната од страна на Русија „може да доведе до војна во Европа“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okupacijata-na-ukraina-kje-bide-mnogu-teshka-za-rusija-veli-britanskiot-sekretar-za-odbrana/feed/ 0