Бен Волас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 16 Jul 2023 07:30:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Бен Волас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Британскиот министер за одбрана објави дека се повлекува од политиката https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-minister-za-odbrana-objavi-deka-se-povlekuva-od-politikata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-minister-za-odbrana-objavi-deka-se-povlekuva-od-politikata/#respond Sun, 16 Jul 2023 07:40:49 +0000 https://kurir.mk/?p=857096

Британскиот министер за одбрана Бен Вoлас соопшти дека се повлекува од политиката и нема да се кандидира за пратеник на следните општи избори во Велика Британија, како и дека ќе се повлече од министерската функција и ќе го напушти кабинетот по следната реконструкција на владата на премиерот Риши Сунак. Во интервју за „Тајмс“, тој рече дека најмногу го загрижува континуираната закана на рускиот претседател Владимир Путин, се поагресивната Кина и терористичките групи што се уште не исчезнале. „Кон крајот на деценијата, светот ќе биде многу понебезбеден. Мислам дека ќе се најдеме во конфликт. Без разлика дали станува збор за ладен или топол конфликт, мислам дека ќе бидеме во тешка позиција“, рече британскиот министер. Како што наведе, негова најголема грижа е опасноста од воен конфликт со Русија. „Ако Путин загуби во Украина, ќе биде длабоко ранет. Тој се уште има воздухопловни сили и морнарица - и ја гледаме неговата морнарица како прави неколку прилично агресивни маневри. Путин се уште не е готов со нас. Ќе бара виновници“, предупредува министерот. Додека заканата на Путин за употреба на нуклеарно оружје се повлече, делумно затоа што и Кина и Индија јасно му ставија до знаење на Кремљ дека тоа би било неприфатливо, Волас рече дека Русите имаат доктрина за користење тактичко нуклеарно оружје, што според него е анатема за сите. Според него, еден од начините на кој Русија би можела да ја осакати Велика Британија е да ги оштети подморските кабли што носат комуникациски врски и снабдување со енергија. „Русија има способност да нападне критична инфраструктура на морското дно, без разлика дали се работи за оптички влакна или гас и нафта. Имаат бродови и подморници за тоа... 40 отсто од енергијата во Европа сега доаѓа од норвешките наоѓалишта на гас. Замислете колку е тоа ранливо“, додаде тој. За тероризмот, тој предупредува дека Британија би можела да биде вовлечена во жестока војна во Африка, каде Ал Каеда и Исис ја загрозуваат иднината на националните држави. „Можеме да видиме оживување на Исламската држава или Ал Каеда во Африка, што ќе не поттикне да дејствуваме на меѓународно ниво.Ал Каеда во Африка расте бидејќи некои влади не се во состојба да им се спротивстават“, додаде Волас. Тој зборуваше и за експанзионистичките активности на Кина во Јужното Кинеско Море, каде Пекинг гради нови острови и стационира воена опрема. „Може да се очекува целосен распад на политиката во Пацификот и би можеле да се најдеме во позиција на студена војна до 2030 година“, предупреди британскиот министер. Општите избори мора да се одржат во Британија во следните 18 месеци, додека реконструкцијата на кабинетот на Риши Сунак се очекува во септември, пишува „Тајмс“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-minister-za-odbrana-objavi-deka-se-povlekuva-od-politikata/feed/ 0
Волас: Русија не успева во многу области од војната во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volas-rusija-ne-uspeva-vo-mnogu-oblasti-od-vojnata-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volas-rusija-ne-uspeva-vo-mnogu-oblasti-od-vojnata-vo-ukraina/#respond Fri, 29 Jul 2022 09:34:34 +0000 https://kurir.mk/?p=711791

Британскиот министер за одбрана Бен Волас денеска изјави дека „Русија не успева во многу области од војната во Украина“ и дека е можно претседателот Владимир Путин повторно да ја промени стратегијата. „Русите моментално трпат неуспеси на теренот во многу области… Плановите А, Б и В на Путин пропаднаа и можно е тој да се префрли на планот Г“, изјави Волас за телевизијата Скај њуз. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volas-rusija-ne-uspeva-vo-mnogu-oblasti-od-vojnata-vo-ukraina/feed/ 0
Бен Волас нема да се кандидира за лидер на британската Конзервативна партија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ben-volas-nema-da-se-kandidira-za-lider-na-britanskata-konzervativna-partija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ben-volas-nema-da-se-kandidira-za-lider-na-britanskata-konzervativna-partija/#respond Sat, 09 Jul 2022 12:55:56 +0000 https://kurir.mk/?p=702670

Британскиот министер за одбрана Бен Вoлас, еден од фаворитите за наследник на британскиот премиер Борис Џонсон, денеска изјави дека одлучил да не се кандидира за позицијата лидер на Конзервативната партија. „По внимателно разгледување и разговори со колегите и семејството, донесов одлука да не се кандидирам за лидер на Конзервативната партија“, напиша Валас на Твитер. „Изборот не беше лесен, но мојот фокус е на мојата сегашна работа и на безбедна оваа голема земја“. Џонсон поднесе оставка како лидер на Конзервативната партија по бранот оставки на министри и високи функционери на британската влада, но ќе остане како британски премиер додека не се избере нов партиски лидер. Поранешниот британски министер за финансии Риши Сунак засега ја објави својата кандидатура за наследник на Џонсон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ben-volas-nema-da-se-kandidira-za-lider-na-britanskata-konzervativna-partija/feed/ 0
Волас фаворит за да го замени Џонсон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volas-favorit-za-da-go-zameni-dzonson/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volas-favorit-za-da-go-zameni-dzonson/#respond Thu, 07 Jul 2022 16:17:40 +0000 https://kurir.mk/?p=701874

Министерот за одбрана Бен Волас е фаворит кога станува збор за замена на британскиот премиер Борис Џонсон. Според нова анкета на ЈуГов (YouGov), каде беа анкетирани над 700 членови на Конзервативната партија, Волас се најде на првото место со 13 отсто поддршка. Веднаш зад него е министерката за трговска политика Пени Мордаунт со 12 проценти поддршка, јави Би-би-си. Дванаесет отсто од испитаниците гласале за „ниту еден од наведените“. – Моментално многу е тесна трката меѓу првото и второто место, изјави за медиумот, Патрик Инглиш, придружниот директор на политичкиот и социјалниот истражувачки тим на ЈуГов. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volas-favorit-za-da-go-zameni-dzonson/feed/ 0
Волас: Првата група украински војници пристигна на обука во Велика Британија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volas-prvata-grupa-ukrainski-vojnici-pristigna-na-obuka-vo-velika-britanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volas-prvata-grupa-ukrainski-vojnici-pristigna-na-obuka-vo-velika-britanija/#respond Wed, 06 Jul 2022 07:55:42 +0000 https://kurir.mk/?p=700810

Првата група украински војници пристигна на обука во Велика Британија, соопшти денеска министерот за одбрана Бен Волас. Обуката е дел од британска програма, чија цел е воено да оспособи до 10.000 нови украински регрути со пакет воена помош од 2,3 милијарди фунти, јави Гардијан. „Во Велика Британија неодамна пристигна првата ротација на украински војници. Тие ќе посетуваат курсеви засновани на основна воена обука на Велика Британија. Тоа вклучува обука за пожар, прва помош на бојното поле, обука на терен, патролна тактика и запознавање со законите за вооружани конфликти“, се наведува во соопштението на британското Министерство. За време на посетата на Киев минатиот месец, британскиот премиер Борис Џонсон понуди започнување голема операција со потенцијал за обука до 10.000 украински војници на секои 120 дена, пишуваат британски медиуми. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volas-prvata-grupa-ukrainski-vojnici-pristigna-na-obuka-vo-velika-britanija/feed/ 0
Волас: Велика Британија размислува за испраќање дополнителни противбродски проектили во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volas-velika-britanija-razmisluva-za-isprakjanje-dopolnitelni-protivbrodski-proektili-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volas-velika-britanija-razmisluva-za-isprakjanje-dopolnitelni-protivbrodski-proektili-vo-ukraina/#respond Wed, 15 Jun 2022 13:53:24 +0000 https://kurir.mk/?p=691269

Велика Британија размислува да испрати дополнителни противбродски ракети во Украина, покрај оружјето што веќе го вети, изјави денеска во Осло британскиот министер за одбрана, Бен Валас. Британските медиуми пренесуваат дека за време на посетата на Норвешка, Валас изјави дека испораката на повеќенаменски ракетни системи (MLRS), што Велика Британија и ги вети на Украина, ќе биде неизбежна и дека Лондон размислува да испрати повеќе оружје. -Обуката на украинскиот воен персонал станува исто толку важна како и испраќањето оружје, а треба да се направи повеќе во однос на обуката, рече Валас. Тој посочи дека украинските сили на истокот од земјата се на тој фронт веќе 90 дена и дека се исцрпени. -Важно е да и помогнеме на Украина во нејзината способност да ги замени луѓето на линијата на фронтот, изјави британскиот министер за одбрана. Тој најави дека следната недела ќе оди во Турција за да разговара за Исламска држава и Сирија, за барањата на Шведска и Финска за членство во НАТО, на што Анкара се противи, како и за извозот на житарки од Украина. Во однос на барањето на Шведска и Финска за влез во НАТО, Валас оцени дека е важно да се слушне загриженоста на Турција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volas-velika-britanija-razmisluva-za-isprakjanje-dopolnitelni-protivbrodski-proektili-vo-ukraina/feed/ 0
Лондон го обвини Кремљ дека стои зад измамничкиот разговор со британскиот министер за одбрана Бен Волас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-go-obvini-kremlj-deka-stoi-zad-izmamnichkiot-razgovor-so-britanskiot-minister-za-odbrana-ben-volas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-go-obvini-kremlj-deka-stoi-zad-izmamnichkiot-razgovor-so-britanskiot-minister-za-odbrana-ben-volas/#respond Tue, 22 Mar 2022 08:15:57 +0000 https://kurir.mk/?p=651146

Велика Британија денеска ја обвини Русија дека стои зад видео-повикот меѓу лице кое лажно се претставува како премиер на Украина во разговор со министерот за одбрана Бен Волас. Лондон го обвини Кремљ за обид за измама, дека Москва стои зад видео-повикот чија снимка синоќа беше објавена на „Јутјуб“, дека на низок начин сака да обезбеди чувствителни информации и да посрамоти британски официјални лица. Лондон се обидува да издејствува од „Јутјуб“ отстранување на снимката на која се гледа дека Волас преку видео-врска смета дека навистина разговара со украинскиот премиер Денис Шмихаљ. И британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател, исто така потврди дека разговарала со измамниците кои неуспешно се обиделе да стапат во контакт и со министерката за култура, Надин Дорис. Волас на снимката е прикажан како зборува од автомобил во Полска, додека другото лице во разговорот вели дека Украина сака да ја подобри својата „нуклеарна програма“ за да се заштити од Москва, на што претходно укажуваа руските државни медиуми. Откако разговорот беше објавен преку Интернет, се огласи Волас велејќи дека инвазијата врз Украина „секако оди многу лошо за Кремљ што се спушта на ниво да произведува монтирани видео-снимки“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-go-obvini-kremlj-deka-stoi-zad-izmamnichkiot-razgovor-so-britanskiot-minister-za-odbrana-ben-volas/feed/ 0
Валас: Треба да се забрза процесот за виза за бегалците од Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/valas-treba-da-se-zabrza-procesot-za-viza-za-begalcite-od-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/valas-treba-da-se-zabrza-procesot-za-viza-za-begalcite-od-ukraina/#respond Tue, 08 Mar 2022 11:59:04 +0000 https://kurir.mk/?p=643294

Велика Британија треба да го забрза процесот за виза за бегалците, кои бегаат од војната во Украина, изјави денеска министерот за одбрана Бен Волас, јави Би-Би-Си. Тој, за медиумот, појасни дека Владата може и сака да стори повеќе, за да ги поддржи бегалците. Неговиот оддел, додаде Волас, ќе му помогне на Министерството за внатрешни работи да го забрза системот. Британија им одобри виза на 300 украински бегалци досега, според новата шема, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во процес се 17.700 апликации. Но, речиси 600 бегалци се заглавени во францускиот град Кале, од кои многумина тврдат дека се одбиени за виза, поради недоволно документација. Речиси 300 луѓе се одбиени, додека се обидувале да преминат во Велика Британија, наведоа француските власти за британскиот медиум. На лицата во Кале им било кажано да одат во Париз за да аплицираат за виза. Според податоците на Обединетите нации, Полска примила 1.028.000 бегалци, Унгарија – 180.000, Молдавија – 83.000, Словачка – 128.000, Романија – 79.000, Русија – 53.000, Белорусија – 406, а над 183.000 лица преминале од овие, во други европски земји, наведува медиумот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/valas-treba-da-se-zabrza-procesot-za-viza-za-begalcite-od-ukraina/feed/ 0
Волас: Британската армија може да даде 100.000 вакцини на ден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volas-britanskata-armija-moze-da-dade-100-000-vakcini-na-den/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volas-britanskata-armija-moze-da-dade-100-000-vakcini-na-den/#respond Thu, 31 Dec 2020 11:30:22 +0000 https://kurir.mk/?p=450650

Британските вооружени сили можат да обезбедат 100.000 дози вакцина против Ковид-19 на ден доколку е потребно, помагајќи да се имунизираат милиони ранливи луѓе пред пролетта, изјави денеска министерот за одбрана Бен Волас. Волас рече дека веќе овластил 130 воени планери и персонал да работат со здравствената служба за зголемување на вакцинацијата, а повеќе персонал може да се користи за примена на вакцината. – Исто така, имам планови за до 250 тимови мобилен медицински обучен персонал кој може да излезе и да ја даде вакцината на национално ниво – тоа ќе биде над 100.000 на ден што потенцијално би можеле да го испорачаат доколку тоа го побара НХС (Национална здравствена служба), изјави Волас за Радио Тајмс. Велика Британија во средата одобри вакцина изработена од Универзитетот во Оксфорд и АстраЗенека, која ќе започне да се користи во понеделник, покрај вакцината на Фајзер/БиоНТек, која веќе се користи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volas-britanskata-armija-moze-da-dade-100-000-vakcini-na-den/feed/ 0
Вoлас: Кина ќе мора да одговори на некои прашања https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volas-kina-kje-mora-da-odgovori-na-nekoi-prashanja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volas-kina-kje-mora-da-odgovori-na-nekoi-prashanja/#respond Mon, 04 May 2020 08:56:37 +0000 https://kurir.mk/?p=341256

Кина ќе мора да одговори на прашања за информациите што ги сподели за епидемијата на коронавирусот, но согледувањето на нејзината улога треба да дојде подоцна, изјави денеска британскиот министер за одбрана Бен Волас. – Време за согледување е откако сите ќе ја ставиме пандемијата под контрола и кога нашите економии ќе се вратат во нормала, рече Волас за радио ЛБЦ. Тој додаде дека Кина треба ќе да биде отворена и транспарентна во врска со тоа што научи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volas-kina-kje-mora-da-odgovori-na-nekoi-prashanja/feed/ 0