Бенедикт Шеснаесетти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Jan 2023 10:19:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Бенедикт Шеснаесетти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Одржана погребната церемонија на Бенедикт Шеснаесетти пред базиликата „Свети Петар“ во Ватикан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-odrzana-pogrebnata-ceremonija-na-benedikt-shesnaesetti-pred-bazilikata-sveti-petar-vo-vatikan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-odrzana-pogrebnata-ceremonija-na-benedikt-shesnaesetti-pred-bazilikata-sveti-petar-vo-vatikan/#respond Thu, 05 Jan 2023 10:19:48 +0000 https://kurir.mk/?p=783952

Со изнесувањето на ковчегот со посмртните останки на Бенедикт Шеснаесетти на плоштадот „Свети Петар“ пред истоимената базилика во Ватикан денеска започна погребната церемонија на поранешниот поглавар на Римокатоличката црква. Огромна толпа верници и великодостојници, јавни личности и обични луѓе со аплауз го пречекаа ковчегот пред базиликата. Меѓу официјалните гости присутни се претседателите на Италија, Германија, Полска и на Того, канцеларот на Германија, кралот на Белгија, францускиот министер за внатрешни работи, поранешната шпанска кралица Софија. Заврши двочасовната литургија за починатиот папа, предводена од папата Франциск, во сослужение на бројни кардинали, бискупи и свештеници. Луѓето почнаа да се собираат на плоштадот пред базиликата уште во текот на ноќта. Меѓу нив имаше и следбеници на Бенедикт Шеснаесетти кои потекнуваат од неговата родна Баварија, облечени во традиционална баварска облека. Некои од нив држеа плакати на кои на германски пишува „Благодарам Бенедикт“. Погребната церемонија ја следеа илјада новинари од целиот свет. Светата столица го објави и текстот што го сумира понтификатот на Бенедикт Шеснаесетти, што во метален цилиндар ќе биде ставен во неговиот ковчег. Во текстот меѓу другото се наведува дека поранешниот папа „одлучно се борел против злосторствата што претставниците на свештенството ги направиле против малолетници и луѓе на кои им била потребна заштита, како и оти постојано ја повикувал црквата на промени, на молитви, на покајание и прочистување“, јави ДПА. За време на понтификатот на Бенедикт Шеснаесетти и низ годините откако тој се повлече, имаше бројни обвинувања дека не направил доволно за да ја исчисти црквата од погрешните лица, откако се појавија докази за злоупотреби во осумте години додека тој беше на чело на Римокатоличката црква.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-odrzana-pogrebnata-ceremonija-na-benedikt-shesnaesetti-pred-bazilikata-sveti-petar-vo-vatikan/feed/ 0
Папата Франциск во новогодишната миса зборуваше за „верниот слуга“ Бенедикт Шеснаесетти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-vo-novogodishnata-misa-zboruvashe-za-verniot-sluga-benedikt-shesnaesetti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-vo-novogodishnata-misa-zboruvashe-za-verniot-sluga-benedikt-shesnaesetti/#respond Sun, 01 Jan 2023 12:54:40 +0000 https://kurir.mk/?p=783023

Папата Франциск денеска повика на молитви за поранешниот поглавар на Католичката црква, Бенедикт Шеснаесетти, еден ден по неговата смрт. -Денеска и го доверуваме саканиот почесен папа Бенедикт Шеснаесетти на мајката Божја, да го придружува на неговото патување од овој свет до Бога, рече папата Франциск за време на денешната новогодишна миса во базиликата Свети Петар. -Сите се здружуваме заедно со едно срце и душа во благодарност кон Бога за дарот на овој верен слуга на Евангелието и на Црквата, рече тој. Поранешниот папа почина вчера наутро на 95-годишна возраст во манастирот Mater Ecclesiae во Ватиканските градини, каде што живееше по неговата оставка во 2013 година. Телото на германскиот теолог Џозеф Рацингер, како што е роденото име на Бенедикт, од утре ќе биде положено во базиликата Свети Петар за верниците да можат да му оддадат почит. Погребот е закажан за 5 јануари. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-vo-novogodishnata-misa-zboruvashe-za-verniot-sluga-benedikt-shesnaesetti/feed/ 0
Гутереш: Бенедикт Шенаесетти бил „неуморен во неговата потрага по мир“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-benedikt-shenaesetti-bil-neumoren-vo-negovata-potraga-po-mir/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-benedikt-shenaesetti-bil-neumoren-vo-negovata-potraga-po-mir/#respond Sat, 31 Dec 2022 14:36:48 +0000 https://kurir.mk/?p=782776

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изрази сочувство по смртта на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти. -Го паметиме папата Бенедикт како скромен човек на молитва и проучување, рече Гутереш денеска. Тој нагласи дека покојниот папа бил „принципиелен во својата вера, неуморен во потрагата по мир и решителен во одбраната на човековите права“.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-benedikt-shenaesetti-bil-neumoren-vo-negovata-potraga-po-mir/feed/ 0
Телото на Бенедикт Шеснаесетти од понеделник ќе биде положено во базиликата Свети Петар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teloto-na-benedikt-shesnaesetti-od-ponedelnik-kje-bide-polozeno-vo-bazilikata-sveti-petar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teloto-na-benedikt-shesnaesetti-od-ponedelnik-kje-bide-polozeno-vo-bazilikata-sveti-petar/#respond Sat, 31 Dec 2022 12:39:46 +0000 https://kurir.mk/?p=782732

Телото на почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти од понеделник ќе биде положено во базиликата Свети Петар за верниците да можат да му оддадат почит, соопшти Ватикан. Погребот ќе биде во четврток на 5 јануари. Папата Франциск ќе ја предводи погребната служба на неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти во четврток на плоштадот Свети Петар, соопшти Ватикан. Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти денеска почина во својата резиденција во Ватикан, на 95-годишна возраст, речиси една деценија откако се повлече поради нарушено здравје. Тој ја водеше Католичката црква помалку од осум години и во 2013 година стана првиот папа што поднесе оставка по Григориј Дванаесетти во 1415 година. Бенедикт ги помина своите последни години во манастирот Mater Ecclesiae внатре во Ватикан. – Со тага ве известуваме дека почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти почина денеска во 9:34 часот во манастирот Mater Ecclesiae во Ватикан, се вели во соопштението на Ватикан. Иако поранешниот папа беше болен подолго време, Светата столица соопшти дека неговата состојба се влошила поради староста. Во средата, папата Франциск на неговата последна аудиенција за годинава во Ватикан повика на „посебна молитва за почесниот папа Бенедикт“, за кој рече дека е многу болен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teloto-na-benedikt-shesnaesetti-od-ponedelnik-kje-bide-polozeno-vo-bazilikata-sveti-petar/feed/ 0
Почина поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-poraneshniot-papa-benedikt-shesnaesetti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-poraneshniot-papa-benedikt-shesnaesetti/#respond Sat, 31 Dec 2022 10:15:53 +0000 https://kurir.mk/?p=782692

Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти почина во својата резиденција во Ватикан, на 95-годишна возраст, речиси една деценија откако се повлече поради нарушено здравје. Тој ја водеше Католичката црква помалку од осум години и во 2013 година стана првиот папа што поднесе оставка по Григориј Дванаесетти во 1415 година. Бенедикт ги помина своите последни години во манастирот Mater Ecclesiae внатре во Ватикан. – Со тага ве известуваме дека почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти почина денеска во 9:34 часот во манастирот Mater Ecclesiae во Ватикан, се вели во соопштението на Ватикан. Иако поранешниот папа беше болен подолго време, Светата столица соопшти дека неговата состојба се влошила поради староста. Во средата, папата Франциск на неговата последна аудиенција за годинава во Ватикан повика на „посебна молитва за почесниот папа Бенедикт“, за кој рече дека е многу болен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-poraneshniot-papa-benedikt-shesnaesetti/feed/ 0
Папата Бенедикт знаел за злоставувањето деца во надбискупијата во Минхен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-benedikt-znael-za-zlostavuvanjeto-deca-vo-nadbiskupijata-vo-minhen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-benedikt-znael-za-zlostavuvanjeto-deca-vo-nadbiskupijata-vo-minhen/#respond Thu, 20 Jan 2022 12:19:25 +0000 https://kurir.mk/?p=621280

Папата Бенедикт Шеснаесетти знаел за свештениците кои малтретирале деца додека тој бил надбискуп на Минхен, се наведува во извештајот на адвокатската канцеларија Westpfahl Spilker Wastl (WSW) . Според светските медиуми, папата Бенедикт Шеснаесетти бил надбискуп во периодот од 1977 до 1981 година, а овој извештај ги демантира неговите претходни тврдења дека не знаел ништо за скандалот. -Тој бил информиран за сите факти, изјави адвокатот Мартин Пуш во Минхен, пренесува Си-Ен-Ен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-benedikt-znael-za-zlostavuvanjeto-deca-vo-nadbiskupijata-vo-minhen/feed/ 0
Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти се врати во Ватикан по посетата на братот во Германија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-papa-benedikt-shesnaesetti-se-vrati-vo-vatikan-po-posetata-na-bratot-vo-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-papa-benedikt-shesnaesetti-se-vrati-vo-vatikan-po-posetata-na-bratot-vo-germanija/#respond Mon, 22 Jun 2020 14:08:03 +0000 https://kurir.mk/?p=360984

Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти (93) денеска се врати во Ватикан од Германија, каде помина четири дена во посета на својот брат Џорџ Рацингер (96), кој е болен. Поранешниот Папа, кој е со баварско потекло, полета од Минхен кон Рим со авион на италијанските воздушни сили. На аеродромот го испрати претседателот на Владата на германската покраина Баварија, Маркус Зедер, кој рече дека тоа бил „момент на среќа и меланхолија“. Бискупијата претходно објави дека станува збор за приватна посета, на која поранешниот Папа се одлучил „спонтано“, поради влошената здравствена состојба на неговиот брат. Ова е вторпат поранешниот Папа да го напушти Ватикан откако се одрекна од службата. Претходно, кратко време престојуваше во папската палата Кастел Гандолфо, во близина на Рим. Откако се одрече од папската служба, Јозеф Рацингер живее повлечено во мал манастир во Ватикан. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-papa-benedikt-shesnaesetti-se-vrati-vo-vatikan-po-posetata-na-bratot-vo-germanija/feed/ 0