Бенјамин Нетанјах – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Jul 2020 10:41:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Бенјамин Нетанјах – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Израел размислува за нов карантин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-razmisluva-za-nov-karantin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-razmisluva-za-nov-karantin/#respond Mon, 13 Jul 2020 10:41:49 +0000 https://kurir.mk/?p=375096

Израелскиот министер за енергетика, Јувал Штајнц, кој е близок до премиерот Бенјамин Нетанјаху, денеска повика повторно да се воведе карантин за да се спречи заразата со коронавирусот да излезе од контрола. – Верувам дека сега мора да преминеме на карантин, рече Штајнц во интервју емитувано на „Енет“, онлајн верзијата на израелскиот најпродаван весник „Једиот Ахронот“. – Карантин од 10 до 20 дена… Карантин што дише… Одите на работа, во супермаркет и во аптека, но не на места за забава, рече тој. – Зошто? Пред се, веројатно ќе дојдеме до тоа. Значи, подобро порано од подоцна, истакна Штајнц, додавајќи дека сегашната суспензија на летовите до и од Израел поради загриженоста од коронавирусот ќе биде далеку поштетна за економијата на земјата отколку привремено затворање локални бизниси како што се барови. Иако вкупниот број на жртви – 362 – е релативно низок, бројот на новозаразени во Израел почна да излегува од контрола, коментираат локалните медиуми. Израел вчера регистрира 1.151 нови случаи за еден ден, откако во петокот постигна рекорд со 1.464 случаи. До утрово се потврдени 18.300 активни случаи на коронавирус, од кои 151 се во сериозна состојба, додека 47 се на респиратори. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-razmisluva-za-nov-karantin/feed/ 0
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е во самоизолација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskiot-premier-benjamin-netanjahu-e-vo-samoizolacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskiot-premier-benjamin-netanjahu-e-vo-samoizolacija/#respond Mon, 30 Mar 2020 13:30:51 +0000 https://kurir.mk/?p=324311

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска се самоизолира, откако беше утврдено дека негов парламентарен соработник е позитивен на коронавирусот. Официјални извори соопштија дека според првичната истрага, малку е веројатно дека 70-годишниот премиер да е заразен. Предвидено е Нетанјаху утре да биде тестиран за коронавирус. Претходниот тест, направен на 15 март бил негативен. Израелското Министерство за здравство генерално бара 14-дневна самоизолација и можно тестирање на коронавирус за секој кој бил во близина со заразено лице. Израелските медиуми јавија дека парламентарниот помошник бил присутен на седницата на Парламентот минатата недела на која присуствувале Нетанјаху и опозициските пратеници на која се обидуваа да формираат коалициска Влада на национално единство за да се помогне во решавање на кризата со пандемијата на коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskiot-premier-benjamin-netanjahu-e-vo-samoizolacija/feed/ 0
Нетанјаху: Иран лаже, знаеја дека го собориле украинскиот авион https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-iran-laze-znaeja-deka-go-soborile-ukrainskiot-avion/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-iran-laze-znaeja-deka-go-soborile-ukrainskiot-avion/#respond Sun, 12 Jan 2020 14:16:46 +0000 https://kurir.mk/?p=288615

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини Иран дека лаже во врска со падот на украинскиот патнички авион и изрази сочувство до семејствата на загинатите патници и членови на екипажот. – Иран излажа. Исто како што лажеа за својата тајна нуклеарна програма, така сега лажат за украинскиот авион. Од самиот почеток знаеја дека го собориле. Тие знаеја дека тој е соборен случајно, но излажаа со намера. Тие го излажаа целиот свет. Тоа е целосно спротивно на начинот, на кој треба да дејствува една цивилизирана држава. Ние изразуваме сочувство за жртвите на измамата и невнимателноста на Иран, истакна Нетанјаху. Тој побара од Велика Британија, Германија и Франција да се приклучат кон американските санкции против Иран. – Го поздравувам воведувањето на нови строги санкции против тој режим од страна на САД. Треба да се знае дека тоа е направено во врска со одлуката на Иран да го забави процесот на збогатување ураниум. Ги повикувам Велика Британија, Франција и Германија да се приклучат кон напорите на САД. Израел нема да дозволи Техеран да произведе нуклеарно оружје, нагласи израелскиот премиер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-iran-laze-znaeja-deka-go-soborile-ukrainskiot-avion/feed/ 0
Нетанјаху: Не прифајќаме ултиматуми https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-ne-prifajkjame-ultimatumi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-ne-prifajkjame-ultimatumi/#respond Sun, 28 Oct 2018 12:55:49 +0000 https://kurir.mk/?p=120479

Премиерот Бенјамин Нетанјах изјави дека Израел нема да ги прифати барањата на екстремната исламистичка организација Хамас за уплата на месечни средства во замена за мир. Нема начин Израел да прифати таква понуда. Ќе продолжиме да дејствуваме во согласност со интересите на Израел, за израелската безбедност, истакна Нетанјаху на денешната седница на израелската Влада, која почна со одавање почит на жртвите од вчерашниот напад врз синагога во Питсбург, САД. Хамас вчера побара месечни исплати во висина од 15 милиони долари месечно со цел да запре ескалација на насилство во Појасот Газа. Како што е наведено во документот предаден на Египет, кој посредува во склучувањето на договор за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас, се наведува дека парите би ги обезбедил Катар. Во документот лидерот на Хамас во Појасот Газа, Јахија Синвар изјави дека очекува Израел да ги префрли парите до следниот четврток. Со тоа би се избегнала координацијата на Израел и постоечкиот механизам за нављудување, врз чија основа Палестинската управа од Западен Брег транспарентно исплатува плати. Израел го обвинува Хамас дека е организатор на судирите на границата со Појасот Газа. Судирите избија кон крајот на март и се повторуваат речиси еднаш неделно односно во секој петок се организираат протести на границата на Појасот Газа со Израел. Во тие протести загинаа над 160 Палестинци. Протестите ескалираа и во петокот, кога израелската армија отвори оган врз демонстрантите при што загинаа шест Палестинци. Во ноќта помеѓу петок и сабота истрелани се околу 40 ракети од Појасот Газа врз Израел, во знак на одмазда за убиените Палестинци. На ракетирањето возвратија израелските воени авиони, кои нападнаа повеќе цели на Хамас во Појасот Газа. Нападите престанаа откако палестинската група Исламски џихад, кој ја презеде одговорноста за ракетирањето, соопшти дека со египетското посредување прифаќа прекин на огнот. Хамас во 2007 година насилно ја презеде власта во Појасот Газа од умерениот Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас. Фатах сега доминира само на Западниот Брег.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-ne-prifajkjame-ultimatumi/feed/ 0