Бенјамин Нетанјаху – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 14:47:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Бенјамин Нетанјаху – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ердоган: „Го избришав“ Нетанјаху, со него не може да се разговара https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-go-izbrishav-netanjahu-so-nego-ne-mozhe-da-se-razgovara/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-go-izbrishav-netanjahu-so-nego-ne-mozhe-da-se-razgovara/#respond Sat, 04 Nov 2023 14:47:14 +0000 https://kurir.mk/?p=896451

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека ги прекинува сите контакти со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради акциите на Израел во Појасот Газа. Според турскиот претседател, Нетанјаху е одговорен за насилството во Појасот Газа и оцени дека израелскиот премиер „ја изгубил поддршката од сопствените граѓани“ и треба да се повлече. - Нетанјаху повеќе не е некој со кој можеме да разговараме. Го избришавме и го отфрливме, наведе Ердоган. Тој истакна дека „нема друга земја чија армија се однесува со таква нечовечност“, истакна Ердоган алудирајќи на одмаздничките мерки на Израел во Појасот Газа по нападот на Хамас на израелска територија на 7 октомври, при што загинаа 1.400 луѓе на израелска страна, главно цивили. Претходно, турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Анкара го отповикала својот амбасадор во Израел на консултации поради одбивањето на Израел да се согласи на прекин на огнот во Појасот Газа. - Амбасадорот на Турција, Сакир Озкан Торунлар е отповикан со оглед на хуманитарната трагедија во Газа предизвикана од континуираните напади на Израел против цивили и одбивањето на Израел (да прифати) прекин на огнот, се наведува во соопштението на турското МНР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-go-izbrishav-netanjahu-so-nego-ne-mozhe-da-se-razgovara/feed/ 0
Нетанјаху: Ние сме во пикот на борбата во Газа, имаме импресивен успех и напредуваме https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-nie-sme-vo-pikot-na-borbata-vo-gaza-imame-impresiven-uspeh-i-napreduvame/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-nie-sme-vo-pikot-na-borbata-vo-gaza-imame-impresiven-uspeh-i-napreduvame/#respond Thu, 02 Nov 2023 18:14:44 +0000 https://kurir.mk/?p=895908

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека битката во Газа е „во својот пик“ и дека израелските сили ја поминале периферијата на градот Газа. „Ние сме во пикот на борбата. Постигнавме импресивен успех и ја поминавме периферијата на градот Газа. Напредуваме“, соопштија од кабинетот на Нетанјаху, но, како што пренесува Би-Би-Си, во соопштението не се дадени дополнителни детали. Израел претходно денеска го гранатираше бегалскиот камп Буриџ во центарот на Газа. Портпаролот на цивилната одбрана во Газа, Махмуд Басал, истакна дека на возилата на цивилна одбрана и тимовите за итни случаи им е тешко да пристапат и да ги расчистат урнатините. Под урнатините наводно се заробени десетици лица, а нападот создал голем кратер и сериозно оштетил неколку околни згради. Покрај тоа, одбранбените линии на Хамас во северниот дел на Појасот Газа продолжуваат да паѓаат, додека неговите членови се повлекуваат на југ кон центарот на енклавата. Според портпаролот на израелската армија Даниел Хагари, израелските војници продолжуваат да ги уништуваат одбранбените линии на Хамас на северот на Појасот Газа и да ја преземат контролата врз централните области. Хагари тврди дека израелските сили имаат „надмоќ “ во секоја конфронтација. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-nie-sme-vo-pikot-na-borbata-vo-gaza-imame-impresiven-uspeh-i-napreduvame/feed/ 0
Спасувањето на Мегидиш ја покажува посветеноста за враќање на сите заложници, изјави израелскиот премиер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spasuvaneto-na-megidish-ja-pokazhuva-posvetenosta-za-vrakane-na-site-zalozhnitsi-izjavi-izraelskiot-premier/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spasuvaneto-na-megidish-ja-pokazhuva-posvetenosta-za-vrakane-na-site-zalozhnitsi-izjavi-izraelskiot-premier/#respond Mon, 30 Oct 2023 19:13:15 +0000 https://kurir.mk/?p=894629

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека спасувањето на заробениот војник на ИДФ, капларката Ори Мегидиш, ја покажува „посветеноста“ за враќање на сите заложници, пренесе „Тајмс оф Израел“ Премиерот ја прими капларката Мегидиш откако таа ноќеска беше спасена за време на копнена операција на ИДФ во Газа. Тој им честита на ИДФ и на Шин Бет „за ова важно достигнување, што ја покажува нашата посветеност да ги вратиме сите заложници дома“. Премиерот ги нарече „чудовишта“ терористите на Хамас , изјавувајќи дека Израел ќе продолжи да ги гони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spasuvaneto-na-megidish-ja-pokazhuva-posvetenosta-za-vrakane-na-site-zalozhnitsi-izjavi-izraelskiot-premier/feed/ 0
Нетанјаху: Израел нема да се согласи на прекин на огнот, ова е време за војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-izrael-nema-da-se-soglasi-na-prekin-na-ognot-ova-e-vreme-za-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-izrael-nema-da-se-soglasi-na-prekin-na-ognot-ova-e-vreme-za-vojna/#respond Mon, 30 Oct 2023 18:56:49 +0000 https://kurir.mk/?p=894621

Израел нема да се согласи на прекин на огнот, бидејќи тоа би било еквивалентно на предавање на Хамас и тероризмот, изјави денеска Бенјамин Нетанјаху. Израелскиот премиер одржа прес-конференција додека израелските трупи навлегоа подлабоко во Газа, при што главниот воен портпарол на Израел предупреди дека воените операции на територијата ќе „ескалираат“. Тој додаде дека повиците за прекин на огнот се исто што и „повикот до Израел да му се предаде на Хамас, да се предаде на тероризмот и варварството“. -Тоа нема да се случи. Библијата вели дека има време за мир и време за војна. Ова е време за војна, рече израелскиот премиер. Тој го повика светот „да не се предава на тиранијата и теророт“. -Израел не ја започна оваа војна. Израел не ја сакаше оваа војна. Но, Израел ќе победи во оваа војна. Хамас „силуваше жени“ и „обезглавуваше мажи“ за време на нивниот напад на 7 октомври, рече Нетанјаху. Тој ги опиша нивните постапки како „најстрашните злосторства што можат да се замислат“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-izrael-nema-da-se-soglasi-na-prekin-na-ognot-ova-e-vreme-za-vojna/feed/ 0
„Њујорк Тајмс“: Нетанјаху одбил да ги потпише плановите за копнена операција во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nujork-tajms-netanjahu-odbil-da-gi-potpishe-planovite-za-kopnena-operatsija-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nujork-tajms-netanjahu-odbil-da-gi-potpishe-planovite-za-kopnena-operatsija-vo-gaza/#respond Fri, 27 Oct 2023 09:35:45 +0000 https://kurir.mk/?p=893717

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одбил да ги потпише плановите за копнена операција во Појасот Газа, тврди весникот „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на извори. Политичкото и военото раководство се уште не одлучило како, кога и дали е воопшто неопходно да се изврши копнена операција во Појасот Газа, јавуваат американските медиуми. Израелската армија, распоредена на границата со Појасот Газа, е подготвена да дејствува, но политичките и воените лидери не можат да се договорат за решение, пишува „Њујорк Тајмс“, додавајќи дека операцијата се одложува за да се даде повеќе време за преговори за ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас во Појасот Газа. „Военото раководство ги заврши плановите, но Нетанјаху одби да ги потпише, што ги налути високите офицери“, наведуваат извори на американскиот весник. Одбивањето на Нетанјаху е делумно поврзано со неговата желба да добие едногласно одобрение од членовите на воениот кабинет, објаснува „Њујорк Тајмс“. „Аналитичарите веруваат дека Нетанјаху се плаши еднострано да ја одобри операцијата, бидејќи поради падот на довербата на јавноста во неговото раководење со владата, тој се плаши дека ќе биде обвинет доколку операцијата не успее“, нагласува весникот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nujork-tajms-netanjahu-odbil-da-gi-potpishe-planovite-za-kopnena-operatsija-vo-gaza/feed/ 0
Нетанјаху го одложува потегот за привремено затворање на Ал Џезира во Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-go-odlozhuva-potegot-za-privremeno-zatvorane-na-al-dhezira-vo-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-go-odlozhuva-potegot-za-privremeno-zatvorane-na-al-dhezira-vo-izrael/#respond Thu, 26 Oct 2023 14:19:25 +0000 https://kurir.mk/?p=893457

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го одложува притисокот на министерот за комуникации Шломо Кархи за затворање на работата на Ал Џезира во Израел. Според извештај на израелски медиуми, Нетанјаху допрва треба да го донесе овој потег на одобрување во безбедносниот кабинет, потег неопходен за да се донесе забраната. Според медиумите, одложувањето е поврзано со тековната улога на Катар во дипломатските напори за ослободување на најмалку 224 заложници кои се држат во Газа. Ал Џезира е државно финансирана од Катар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-go-odlozhuva-potegot-za-privremeno-zatvorane-na-al-dhezira-vo-izrael/feed/ 0
Нетанјаху: Борбата на Израел против Хамас може да биде долга војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-borbata-na-izrael-protiv-hamas-mozhe-da-bide-dolga-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-borbata-na-izrael-protiv-hamas-mozhe-da-bide-dolga-vojna/#respond Tue, 24 Oct 2023 12:48:18 +0000 https://kurir.mk/?p=892527

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по средбата со францускиот лидер Емануел Макрон изјави дека уништувањето на Хамас е крајната цел на војната и во исто време го предупреди Хезболах да не се вклучува во конфликтот, пренесоа израелските медиуми. Нетанјаху, исто така, посочи дека борбата на неговата земја против Хамас „може да биде долга војна“. Говорејќи на прес-конференција во Ерусалим заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, Нетанјаху ја истакна потребата да се победи Хамас или „сите ќе изгубиме“. Нетанјаху предупреди дека Хамас ќе претставува закана и за Европа и нагласи дека Хезболах „ќе зажали“ доколку влезе во конфликтот. -Се надевам дека ќе го слушнат нашето предупредување. Ќе претрпат страшни последици, нагласи тој. Според него, Израел прави се што е потребно за да го уништи Хамас во Газа. -Ќе ја разбиеме нејзината терористичка машина, ќе ја разбиеме нејзината политичка структура. Ќе вложиме максимални напори да ги ослободиме нашите заложници. И ќе вложиме максимални напори да ги заштитиме палестинските цивили од опасност. Хамас мора да биде уништен, заклучи Нетанјаху. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-borbata-na-izrael-protiv-hamas-mozhe-da-bide-dolga-vojna/feed/ 0
Бајден и Нетанјаху се договорија за непрекинат проток на помош за Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-i-netanjahu-se-dogovorija-za-neprekinat-protok-na-pomosh-za-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-i-netanjahu-se-dogovorija-za-neprekinat-protok-na-pomosh-za-gaza/#respond Mon, 23 Oct 2023 08:23:26 +0000 https://kurir.mk/?p=892103

Американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се согласија да има непрекинат проток на хуманитарна помош во опколениот Појас Газа, соопшти Белата куќа. Втор конвој камиони синоќа влезе од Египет во Појасот Газа. „Бајден и Нетанјаху имаа телефонски разговор во кој потврдија дека ќе има континуиран проток на оваа критично важна помош за палестинското население во Газа“, се вели во соопштението на американското претседателство.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-i-netanjahu-se-dogovorija-za-neprekinat-protok-na-pomosh-za-gaza/feed/ 0
Нетанјаху: Хезболах би направил грешка доколку реши да војува против Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-hezbolah-bi-napravil-greshka-dokolku-reshi-da-vojuva-protiv-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-hezbolah-bi-napravil-greshka-dokolku-reshi-da-vojuva-protiv-izrael/#respond Sun, 22 Oct 2023 15:14:26 +0000 https://kurir.mk/?p=891963

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го предупреди либанскиот Хезболах дека ќе ја направат најголемата грешка во животот доколку решат да војуваат против Израел. „Ќе удриме со таква сила што тие не можат да замислат и тоа ќе биде погубно за државата Либан“, рече Нетанјаху за време на посетата на израелските војници на северот на земјата. Израелската армија денеска го обвини Хезболах дека е за воена ескалација со ризик да го вовлече Либан во војна, по новите судири на границата каде тензиите се високи по нападот на палестинскиот Хамас во Израел на 7 октомври. „Хезболах го напаѓа и го вовлекува Либан во војна од која нема да има корист, но ризикува да загуби многу“, изјави портпаролот на израелската војска Џонатан Конрикус на социјалната мрежа Икс. Меѓународната заедница стравува од „прелевање на војната“ што започна на 7 октомври меѓу Хамас и Израел и учество на други стрни, особено Хезболах, кој е сојузник на палестинското исламистичко движење Хамас. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-hezbolah-bi-napravil-greshka-dokolku-reshi-da-vojuva-protiv-izrael/feed/ 0
Нетанјаху вети дека „ќе се бори до победа“ откако Хамас ослободи две американски заложнички https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-veti-deka-ke-se-bori-do-pobeda-otkako-hamas-oslobodi-dve-amerikanski-zalozhnichki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-veti-deka-ke-se-bori-do-pobeda-otkako-hamas-oslobodi-dve-amerikanski-zalozhnichki/#respond Sat, 21 Oct 2023 07:28:15 +0000 https://kurir.mk/?p=891510

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека „ќе се бори до победа“ во Газа, сигнализирајќи дека нема да ги прекине воздушните напади и очекуваната копнена операција во енклавата откако палестинската исламистичка група Хамас ослободи две американски заложнички, објавија странските агенции. Џудит и Натали Раанан, мајка и ќерка кои беа киднапирани од борците на Хамас на 7 октомври, се првите киднапирани чие ослободување е потврдено од двете страни во конфликтот. „Двајца од нашите киднапирани се дома. Не се откажуваме од нашите напори да ги вратиме сите киднапирани и исчезнати. Во исто време, ќе продолжиме да се бориме до победа“, изјави ноќеска Нетанјаху. Израел распореди тенкови и војници во близина на Газа, подготвувајќи се да ја нападне палестинската енклава по копно. Во израелските воздушни напади врз Газа досега загинале најмалку 4.137 Палестинци, меѓу кои стотици деца, а раселени се повеќе од еден милион цивили, според палестинските власти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-veti-deka-ke-se-bori-do-pobeda-otkako-hamas-oslobodi-dve-amerikanski-zalozhnichki/feed/ 0