бентли – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Jan 2023 15:58:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бентли – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бентли постигна рекордна продажба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bentli-postigna-rekordna-prodazhba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bentli-postigna-rekordna-prodazhba/#respond Tue, 10 Jan 2023 15:50:07 +0000 https://kurir.mk/?p=785644

Бентли е последниот производител на луксузни автомобили кој соопшти дека постигнал рекордна продажба, јави ДПА. Компанијата со седиште во Кру, јужно од Манчестер, соопшти дека минатата година испорачала 15.174 автомобили. Тоа е 4 проценти повеќе отколку во 2021 година, и е поттикнато од рекордната побарувачка во Америка, Европа и Азија-Пацифик. Ролс-Ројс вчера соопшти дека постигнал рекорд со испорака на 6.021 автомобил минатата година, што е зголемување од осум отсто на годишно ниво. И други брендови на луксузни автомобили како Бугати постигнаа добра продажба за време на епидемијата на коронавирусот. Доказ за добрата состојба со продажбата на луксузни автомобили е примерот на компанијата Ламборгини (Lamborghini), која во август соопшти дека ги предпродала своите автомобили до почетокот на 2024 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bentli-postigna-rekordna-prodazhba/feed/ 0
„Bentley“ го претстави најмоќниот модел во историја ФОТО+ВИДЕО https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/bentley-go-pretstavi-najmokjniot-model-vo-istorija-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/bentley-go-pretstavi-najmokjniot-model-vo-istorija-foto-video/#respond Tue, 23 Aug 2022 15:05:30 +0000 https://kurir.mk/?p=722779

Британскиот производител „Bentley“ постепено станува електричен бренд, но сѐ уште целосно не го напушти моторот со внатрешно согорување. Компанијата го покажа најмоќниот автомобил во својата историја – „Bentley Mulliner Batur“, кој е големо купе „Grand Touring“ опремено со надградена верзија на познатиот 6.0-литарски твин-турбо W12 мотор. Ова ќе биде последниот модел на брендот со овој мотор, кој, сепак, очигледно има уште многу да понуди. Инженерите на „Bentley“ го опремија со нов доводен вентил, надградени турбо полначи, силни интеркулери, како и титаниумски издувен систем кој доаѓа во комплет со 3D-елементи. Благодарение на сите овие промени, моторот произведува повеќе од 740 ks и 1000 Nm вртежен момент. Тоа е 81 ks повеќе и 100 Nm повеќе од „Continental GT Speed“, кој може да забрза од 0 до 100 km/h за 3,6 секунди и да развие максимална брзина од 335 km/h. „Bentley“ не ги откри точните спецификации на „Batur“, велејќи само дека моторот е поврзан со 8-брзински менувач со двојна спојка. Моделот е опремен и со погон на четири тркала, контрола на вртежниот момент и електронски диференцијал со ограничено лизгање. „Batur“, исто така, располага со адаптивна воздушна суспензија и електричен активен систем за контрола на тркалата што може да испорача до 1.300 Nm за само 0,3 секунди. Покрај тоа што е најмоќниот „Bentley“ досега, „Batur“ се одликува со модернизиран дизајн кој го навестува стилот на идните електрични возила на компанијата. Производителот на автомобили истакна дека автомобилот е опремен со ажурирана решетка која е пониска и поисправена за силен и сигурен изглед. Моделот има и „бескрајна хауба“ како и минималистички фарови кои се опишани како еволуција на оние што се користат на „Bacalar“. Други значајни моменти вклучуваат електрично распоредлив спојлер и 22-инчни тркала кои се единствени за моделот. Купувачите ќе најдат и преден сплитер, аеродинамични странични здолништа и заден дифузор што може да биде направен од јаглерод или природни композитни влакна. Производството на автомобилот ќе биде ограничено на 18 примероци, при што основната цена на секој од нив е 1,94 милиони евра. Секоја машина ќе биде дизајнирана заедно со нејзиниот сопственик, кој самиот ќе може да ја одреди бојата и завршницата на речиси секоја површина на „Batur“. Купувачите можат да избираат и помеѓу светла, темна, сатенска, сјајна или титаниумска надворешна завршница. Друга опција е градуирана решетка со контрастна боја. Внатрешноста е многу приспособлива, а клиентите можат да нарачаат што било, од композитни фурнири од природни влакна до потрадиционални дрвени облоги. Ако тоа не е доволно посебно, некои варијанти се достапни во 3D печатено 18k злато. Откако клиентите ќе го создадат својот идеален автомобил, тој ќе биде рачно изработен во текот на неколку месеци од „Mulliner“. Ако се оди според планот, првите испораки би требало да бидат реалност во средината на 2023-та година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/bentley-go-pretstavi-najmokjniot-model-vo-istorija-foto-video/feed/ 0
ВИДЕО: Бентли гради облакодер со 62 ката, автомобилот може да го паркирате во стан https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-bentli-gradi-oblakoder-so-62-kata-avtomobilot-moze-da-go-parkirate-vo-stan/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-bentli-gradi-oblakoder-so-62-kata-avtomobilot-moze-da-go-parkirate-vo-stan/#respond Fri, 24 Jun 2022 10:29:40 +0000 https://kurir.mk/?p=695118

Во јужна Флорида се планира да биде изградена највисоката станбена зграда „Бентли Резиденс“, која ќе има 62 ката. Она што е интересно е дека тие кои ќе живеат во неа ќе можат да го паркираат својот автомобил во станот. Облакодерот кој треба да биде изграден во авенија Колинс по план ќе биде највисока зграда покрај океан во САД. Се работи за заедничка соработка на повеќе компании со производителот на автомобили Бентли, по кој ова издание ќе го носи и името. Во зградата ќе има лифт кој овозможува автомобилите да бидат сместени во становите на нивните сопственици. Гаража ќе има на секој пат, па нема да биде проблем дури и ако имате стан на последниот, 62, кат. Изградбата е планирано да заврши за четири години, а почетната цена на становите изнесува 4,2 милиони долари. Во внатрешноста на зградата се планира да има повеќе заеднички објекти кои на странарите ќе им го олеснат животот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-bentli-gradi-oblakoder-so-62-kata-avtomobilot-moze-da-go-parkirate-vo-stan/feed/ 0
Спасовски најави драстично зголемување на висината на казните, за празниците полиција ќе има секаде https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-najavi-drastichno-zgolemuvanje-na-visinata-na-kaznite-za-praznicite-policija-kje-ima-sekade/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-najavi-drastichno-zgolemuvanje-na-visinata-na-kaznite-za-praznicite-policija-kje-ima-sekade/#respond Sun, 27 Dec 2020 13:12:26 +0000 https://kurir.mk/?p=449058

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека МВР има посебен оперативен план како ќе постапува за време на празниците, а тоа значи дека секаде и во секој момент ќе има полициски службеници кои ќе вршат контрола дали обврските се почитуваат и дали некој придонесува за нарушување на состојбата со ширење на вирусот. Тој рече дека полицијата ќе постапува по пријава или по сознание, кое го добила. – Ако се утврди дека навистина се случува организиран настан, се известува Јавниот обвинител и постапуваме врз основа на законот, појасни Спасовски. Министерот за внатрешни работи информира дека полицијата деновиве растурила неколку забави. – Синоќа се случи растурање на забава во Волково, при што беа приведени 29 лица. Ист таков настан имаше во Куманово, каде што беше растурена семејна веселба. Така што, одговорно и посветено ќе постапуваме и за новогодишната ноќ. Апелирам уште еднаш до граѓаните да прославуваат одговорно. Сите заедно треба да придонесеме да спречиме ширење на вирусот, потенцира Спасовски и додаде дека има тенденција за намалување на новозаразените. Спасовски уште еднаш порача за време на празниците да бидеме сите одговорни. – Секој кој нема да ги почитува мерките, без разлика дали се работи за сопственик на вила за издавање или е граѓанин, кој учествува во такви настани, ќе бидат поднесени кривични пријави со кривична одговорност, бидејќи го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните, подвлече Спасовски. Во врска со возачот на „бентлито“, кој помина низ украсите на скопскиот плоштад и заработи казна од 45 евра, министерот повтори дека смета оти казната е мала и дека во Владата размислуваат за менување на висината на пропишаните казни. – Казната е за едно неодговорно бандитско однесување, коешто го нарушува мирот и спокојот на граѓаните. Планираме драстично да ги зголемиме казните за такво однесување, рече Спасовски. На ова се надоврза министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која додаде дека во Владата се размислува казната да биде одредувана процентуално во зависност од приходите на прекршителот. – Најчестиот коментар кој можевме да го слушнеме во периодов беше дека за човек кој вози „Бентли“ 45 евра се ништо. Но, во програмата на Владата најавивме дека казните ќе бидат формулирани во процент од приходите и имотот и тогаш на секој прекршител ќе му се додели казната ќе ја почувствува и која ќе го натера, а тоа е целта на сите казни, да превенира такво однесување, истакна Шекеринска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-najavi-drastichno-zgolemuvanje-na-visinata-na-kaznite-za-praznicite-policija-kje-ima-sekade/feed/ 0
ФОТО: „Возење низ плоштад за 45 евра – плаќа Петре Шилегов“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-vozenje-niz-ploshtad-za-45-evra-plakja-petre-shilegov/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-vozenje-niz-ploshtad-za-45-evra-plakja-petre-shilegov/#respond Sat, 26 Dec 2020 11:54:48 +0000 https://kurir.mk/?p=448682

Иако е забрането, автомобил Бентли завчера влезе на плоштадот. Од снимките можеше да се забележи дека граѓаните кои дошле да ја видат предновогодишната атмосфера, мораа да се тргаат за автомобилот да помине. По многубројните реакции од страна на граѓаните, полицијата го казнила со САМО 45 евра за сторен сообраќаен прекршок. Денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје, на истото место каде што помина автомобилот со марка „Бентли“, оставена е играчка автомобил и до нејзе парола на која пишува „Возење низ плоштад за 45 евра - плаќа Петре Шилегов“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-vozenje-niz-ploshtad-za-45-evra-plakja-petre-shilegov/feed/ 0
Граѓаните изреволтирани: Им возеше со Бентли среде Скопје, а го “казнија“ со само 45 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-izrevoltirani-im-vozeshe-so-bentli-srede-skopje-a-go-kaznija-so-samo-45-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-izrevoltirani-im-vozeshe-so-bentli-srede-skopje-a-go-kaznija-so-samo-45-evra/#respond Thu, 24 Dec 2020 16:29:22 +0000 https://kurir.mk/?p=447877

Лавина реакција на граѓаните откако вчера скопскиот градоначалник на својот Фејбук профил соопшти дека пронајден е возачот на Бентли кој пред два дена со огромна брзина влета и возеше низ скопскиот плоштад, притоа загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните кои во тој момент биле таму. Имено, како што се гледа, Министерството за внатрешни работи истрча да се пофали дека возачот е казнет само со 45 евра за сообраќаен прекршок, при што граѓаните реагираат дека казната е премала со оглед дека последиците од истата можеле да бидат кобни. Како што пишува еден твитерџија, “го шинале со казната“, додавајќи дека сега му е јасно како газат луѓе по улици и никогаш не одговараат. -Го шинале со казнава... сега ми е јасно како газат луѓе по улици и никад не одговараат, пишува твитерџијата потпишан како algorit007. Додека, пак, друг додава дека самиот факт дека постои некој што живее во Арачиново, а вози Бентли само покажува дека ние немаме претстава што се се случува во државата Самиот факт дека постои тип што живее у Арачиново и вози Бентли, ми кажуе дека ние имаме само блага претстава што све се дешава у државава, пишува друг твитерџија. Еден твитерџија го открива идентитетот на возачот и, како што пишува, станува збор за Бурим Харачана или Бурим Маслани, а станува збор за лице добро познато на полицијата кај кој минатата година биле пронајдени дрога и оружје, пишувајќи дека ова е срам за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски бидејќи наместо да ги апси, тој спие. -Ова е Бурим Харачина или Бурим Маслани. Ликот кој со своето Бентли се возеше по Плоштад Македонија и ги загрозуваше животите на скопјани.Истиот, беше казнет со мизерни 45 евра за идиоизмот.Лани кај истиот при претрес, беа најдени Дрога и Оружје.А @o_spasovski си спие. СРАМОТА, пишува твитерџијата потпишан како fortiifikacija.
„Ина многу фина“, иронично пишува дека со казна од 45 евра никогаш повеќе нема да му текне да вози сред скопски плоштад.
 
-Возачот на Бентлито е казнет со 45 евра, како јако сте му влегле, нема да му текне никад више, само стого, иронично пишува таа.
За ова реагираше и новинарот Огнен Чанчаревиќ, кој пишува дека додека возачот е казнет согласно член 187 став 6 со 45 евра, негов колега бил казнет со 120 евра за прегорена сијаличка на фар, додавајќи дека тоа е таа чудесна Македонија. Но, дека законот не важи за сите подеднакво најдобар пример е токму арачинецот кој со своето Бентли влета на скопскиот плоштад, а наместо во најмала рака да биде казнет за нарушување на јавен ред и мир, како и за загрозување на безбедноста на граѓаните и возачката да му биде одземена, истиот помина со само 45 евра казна. Погледнете дел од твитер реакциите на граѓаните:      ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-izrevoltirani-im-vozeshe-so-bentli-srede-skopje-a-go-kaznija-so-samo-45-evra/feed/ 0
Стоилковски: Возачот на “бентлито“ е Бурим Маслам, осуден криминалец – заштитен од Заев и Спасовски  дивее во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-vozachot-na-bentlito-e-burim-maslam-osuden-kriminalec-zashtiten-od-zaev-i-spasovski-divee-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-vozachot-na-bentlito-e-burim-maslam-osuden-kriminalec-zashtiten-od-zaev-i-spasovski-divee-vo-skopje/#respond Thu, 24 Dec 2020 14:08:37 +0000 https://kurir.mk/?p=447783

Правдата на Зоран Заев е кога осуден криминалец среде плоштад во Скопје полн со луѓе ќе се втурне со Бентли и за тоа Спасовски формално ќе го казни со само 45 евра, а Шилегов ќе се пофали и кога на пример нечепнат ќе помине сторителот на сообраќајката кај Млечен кога еден човек загина, мајка го загуби плодот, а таа останаа со тешки телесни повреди, порачува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција: Казната од 45 евра е грубо исмевање на правдата и шамар во лицето на чесниот народ. Тоа што се случи вчера на плоштадот во Скопје е последица на тоа што правниот систем на Заев и Спасовски нефункционира и го штити криминалот и ги штити криминалците.  Затоа што осудени криминалци не одговараат за сторени кривични дела а тука Заев, Спасовски и Шилегов глумат правда за прекршок од 45 евра. Срамно! Еве што стои во позадина. Возачот на бентлито е  Бурим Маслан познат како Бурим Харачина, познат на полицијата, кој што бил осуден со затворска казна за тешки дела разбојништво и загрозување со предизвикување на општа опасност. Лежел затвор за обид за убиство. И од лани има две кривични пријави за разбојништво и за насилство. Лани и кај него е направен претрес дома при онаа т.н спектакуларна полициска акција во Грчец и Арачиново кога беше пронајдено нелегално оружје и дрога. Кај него било пронајдено најмалку едно парче недозволено оружје. Овој човек поминува неказнето за илегално оружје, обид за убиство и насилство и затоа дивее низ скопските улици. Еве го Харачина кој е заштитен како бела мечка од Заев и Спасовски  денес слободно лудува среде Скопје по цена од 45 евра! Објавува снимки по социјалните мрежи како вози со над 220 на час, лудува меѓу украсите на Петре од 200.000 евра, загрозува пешаци на плоштадот, а Заев и Оливер Спасовски прават маркетинг дека му наплатиле 45 евра!! Харачина нема ниту еден ден работен ден стаж, ама има за лудување со луксузни возила, да купува нови како Бентлито купено пред неколку дена, може при претрес да му биде одземено оружје како при акцијата лани, за да потоа во шерифски стил да вози по пешачка зона среде Скопје. Кој му дава сила и храброст на Харачина неказнето да се однесува како шериф среде Скопје, со толку кривични пријави? Можеби и вчера ќе убиеше некого, ама помина со казна од 45 евра. Како е можно луѓе со кривични пријави за тешки дела да лумпуваат среде Скопје и да минуваат со казни од по 45 евра? Вчерашното лумпување е исто предизвикување општа опасност по член 288 од КЗ, особено што е повторување на делото! Па, го штити ли Заев, возачот кој што дивееше со Бетлито, Бурим Харачина? Почитувани, изворот на ова однесување е неказнивоста заради интересите на Заев и на Оливер Спасовски! ЈО има должност да поднесе Кривична пријава за Бурим Харачина за предизвикување општа опасност од член 288 став 3 од КЗ особено затоа што лицето казнето само со 45 евра и до сега има повеќе тешки и притоа слични дела. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-vozachot-na-bentlito-e-burim-maslam-osuden-kriminalec-zashtiten-od-zaev-i-spasovski-divee-vo-skopje/feed/ 0
Власта се обидува да замачка очи со смешната казна: Момчето кое вчера влета на плоштадот претходно возел 234km/h, а бил и апсен за оружје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-se-obiduva-da-zamachka-ochi-so-smeshnata-kazna-momcheto-koe-vchera-vleta-na-ploshtadot-prethodno-vozel-234km-h-a-bil-i-apsen-za-oruzje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-se-obiduva-da-zamachka-ochi-so-smeshnata-kazna-momcheto-koe-vchera-vleta-na-ploshtadot-prethodno-vozel-234km-h-a-bil-i-apsen-za-oruzje/#respond Thu, 24 Dec 2020 10:55:27 +0000 https://kurir.mk/?p=447651

Возачот на автомобилот марка „бентли“ кој со поголема брзина вчера се движеше низ скопскиот плоштад, притоа загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните, е пронајдет и казнет, но јавноста не престанува да коментира за оваа смешна постапка на власта и полицијата. Станува збор за извесен Б.А. од Арачиново, а потврда за ова стигна и од скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој на социјалните мрежи објави фотографија од записникот кој му е врачен на сторителот. На истата може да се забележи дека Б.А. е казнет според членот 187, став 6 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. И додека тој вчера на смешен начин беше казнет со глоба од 45 евра, лани во месец декември тој беше дел од „спектакуларната“ акција за дрога и оружје на МВР кога му беше извршен и претрес во домот каде полицијата пронајде и нелегално оружје. До ден денес истиот е на слобода, а власта и скопскиот градоначалник вчера се пофали дека никој не бил над законот. Инаку на својот Тик-Ток истото момче кое вчера влета на плоштадот со Бентли, неодамна се снимал и како на автопат достигнал брзина од 234 километри на час со својот Мерцедес, пркосејќи му на законот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-se-obiduva-da-zamachka-ochi-so-smeshnata-kazna-momcheto-koe-vchera-vleta-na-ploshtadot-prethodno-vozel-234km-h-a-bil-i-apsen-za-oruzje/feed/ 0
Возачот на „бентлито“ што влета на плоштад казнет со 45 евра, еве го записникот (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vozachot-na-bentlito-shto-vleta-na-ploshtad-kaznet-so-45-evra-eve-go-zapisnikot-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vozachot-na-bentlito-shto-vleta-na-ploshtad-kaznet-so-45-evra-eve-go-zapisnikot-foto/#respond Wed, 23 Dec 2020 20:13:42 +0000 https://kurir.mk/?p=447409

Возачот на автомобилот марка „бентли“ кој со поголема брзина се движеше низ скопскиот плоштад, притоа загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните, е пронајдет и казнет. Станува збор за извесен Б.А. од Арачиново, а потврда за ова стигна и од скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој на социјалните мрежи објави фотографија од записникот кој му е врачен на сторителот. На истата може да се забележи дека Б.А. е казнет според членот 187, став 6 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Таа одредба гласи: Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на учесник во сообраќајот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (3) на овој член, пренесе МАКФАКС. Целата вест прочитајте ја на МАКФАКС]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vozachot-na-bentlito-shto-vleta-na-ploshtad-kaznet-so-45-evra-eve-go-zapisnikot-foto/feed/ 0
Со „Бентли“ влезе на скопскиот плоштад – жител на Арачиново ги исплаши посетителите (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-bentli-vleze-na-skopskiot-ploshtad-zitel-na-arachinovo-gi-isplashi-posetitelite-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-bentli-vleze-na-skopskiot-ploshtad-zitel-na-arachinovo-gi-isplashi-posetitelite-video/#respond Wed, 23 Dec 2020 19:15:19 +0000 https://kurir.mk/?p=447388

Автомобил од марката „Бентли“ со скопски регистерски таблички со голема брзина поминува среде поставените украси на плоштадот „Македонија“ каде што во овој претпразничен период обично се собираат многу посетители и деца. На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како граѓаните кои се затекнаа под украсот панично бегаат. Во меѓувреме МВР го пронашла возачот . Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вечерва околу 19 часот е пронајден и санкциониран Б.А. од Арачиново, кој со патничко возило се движел по плоштадот во Скопје и ја загрозил сигурноста на присутните граѓани. Министерството за внатрешни работи и во наредниот период најостро ќе ги санкционира сите кои ќе го нарушат јавниот ред и мир и ќе ја загрозат безбедноста на граѓаните, се наведува во соопштението од МВР. Видеото го пренесе и А1ОН: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-bentli-vleze-na-skopskiot-ploshtad-zitel-na-arachinovo-gi-isplashi-posetitelite-video/feed/ 0