бензинска пумпа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 05 Mar 2023 16:21:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бензинска пумпа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пожар на бензинска пумпа во Марино https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozhar-na-benzinska-pumpa-vo-marino/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozhar-na-benzinska-pumpa-vo-marino/#respond Sun, 05 Mar 2023 17:07:39 +0000 https://kurir.mk/?p=808279

На 04.03.2023 во СВР Скопје било пријавено дека околу 19.40 часот на бензинска пумпа во село Марино, општина Илинден, настанал пожар во патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Љ.В.(59) од нас.Илинден. Имено, според пријавеното, додека вработениот М.К.(20) од с.Јурумлери, скопско, точел плин во возилото, настанал пожар при што тој се здобил со повреди. Од пожарот било оштетено и возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Н.(68) од село Бујковци, скопско. Пожарот бил изгаснат од вработените, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozhar-na-benzinska-pumpa-vo-marino/feed/ 0
Кумановец со фалсификувани пари се обидел да плати гориво во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kumanovec-so-falsifikuvani-pari-se-obidel-da-plati-gorivo-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kumanovec-so-falsifikuvani-pari-se-obidel-da-plati-gorivo-vo-skopje/#respond Tue, 20 Dec 2022 14:39:52 +0000 https://kurir.mk/?p=778224

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 40-годишниот С.Д. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“ по член 268 од Кривичниот законик, информираше Министерството за внатрешни работи. – Пријавениот набавил фалсификувана банкнота од 2.000 денари и на 10.03.2022 ја употребил при купување гориво на бензинска станица во Скопје, појаснија од Министерството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kumanovec-so-falsifikuvani-pari-se-obidel-da-plati-gorivo-vo-skopje/feed/ 0
Поради ова не смеете да палите цигара на бензинска (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/poradi-ova-ne-smeete-da-palite-cigara-na-benzinska-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/poradi-ova-ne-smeete-da-palite-cigara-na-benzinska-video/#respond Thu, 04 Aug 2022 15:19:24 +0000 https://kurir.mk/?p=714173

Пушењето е штетно и опасно по здравјето, посебно ако пушите на бензинска станица. Токму тоа при крај на минатиот месец го направил еден возач на бензинска станица во Чељабинск во Русија. Снимката од надзорните камери прикажува возач на "Dacia Logan" кој додека ставал бензин одлучил да запали цигара. Секако, кога ја запалил запалката, се запалила и бензинската пареа, а огнот брзо се проширил на автомобилот. Добра вест е дека резервоарот со гориво не експлодирал, а возачот бил доволно присебен да седне во возилото и да го однесе на безбедно. Веднаш потоа се вратил и со противпожарен апарат се обидел да го изгасне пожарот. Локалните медиуми известуваат дека возачот е во болница бидејќи заработил сериозни изгореници на ногата. Доволна поука за сите пушачи да не палат цигара во близина на запаливи материи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/poradi-ova-ne-smeete-da-palite-cigara-na-benzinska-video/feed/ 0
ВИДЕО: Додик заедно со 7 попови отвори бензиска пумпа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-dodik-zaedno-so-7-popovi-otvori-benziska-pumpa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-dodik-zaedno-so-7-popovi-otvori-benziska-pumpa/#respond Tue, 26 Jul 2022 18:39:04 +0000 https://kurir.mk/?p=710498

Бензинската пумпа во Мањача, недалеку од Бања Лука, денеска свечено ја отвори српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, со седум свештеници на СПЦ кои ја благословија пумпата, пишува „Индекс“. И не само што Додик ја отвори пумпата, беше подготвена прослава на самата бензинска пумпа, па на само неколку метри од дозерот за гориво беа поставени долги маси и шатор. Веднаш до агрегатот за гориво беа поставени високи маси на кои гостите консумираа храна и пијалоци. Присутните беа забавувани со музика во живо. Додик одржа кус говор. На Бензинска и’ посака добри деловни резултати, а ги повика луѓето „да поминат и да набават гориво“ со забелешка: „Мораме да си помагаме“.„Едно ќе ви кажам, Република Српска е стабилна и безбедна. Никој ништо не ни може, посилни сме од судбината“, рече Додик и доби громогласен аплауз на бензинската пумпа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-dodik-zaedno-so-7-popovi-otvori-benziska-pumpa/feed/ 0
Ковачевски „им се сити“ на граѓаните за високите цени на горивата, перформанс пред бензиските пумпи низ државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-im-se-siti-na-gragjanite-za-visokite-ceni-na-gorivata-performans-pred-benziskite-pumpi-niz-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-im-se-siti-na-gragjanite-za-visokite-ceni-na-gorivata-performans-pred-benziskite-pumpi-niz-drzavata/#respond Wed, 08 Jun 2022 08:49:16 +0000 https://kurir.mk/?p=688203

На бензинските пумпи низ државата утринава осамнаа фигури на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски на кои држи транспарент со текст: "Ви благодариме што ни го полните буџетот". Кој е авторот на овој досетлив перформанс со кој се изразува негодување од нереално високите цени на горивата, не успеавме да дознаеме. Сепак, можеме да забележиме дека станува збор за уште една креативна форма која го изразува големиот гнев на граѓаните од инфлацијата, високите трошоци за живот и корупцијата во Македонија. Луѓето што ги анкетиравме се согласуваат со ставот дека е премногу и дека Владата е виновникот за оваа состојба во која е доведена земјата. Инаку вчера беше одбиен законот за намалување на акцизата на цената за горивата кој го предложи ВМРО ДПМНЕ со кој ќе се намалеа цените на горивата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-im-se-siti-na-gragjanite-za-visokite-ceni-na-gorivata-performans-pred-benziskite-pumpi-niz-drzavata/feed/ 0
ФОТО: КОЛОНИ ВОЗИЛА ЧЕКААТ ПРЕД БЕНЗИНСКИТЕ ПУМПИ ВО ШТИП – нè очекува ли ценовен шок на горивата? https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-koloni-vozila-chekaat-pred-benzinskite-pumpi-vo-shtip-ne-ochekuva-li-cenoven-shok-na-gorivata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-koloni-vozila-chekaat-pred-benzinskite-pumpi-vo-shtip-ne-ochekuva-li-cenoven-shok-na-gorivata/#respond Thu, 03 Mar 2022 16:21:35 +0000 https://kurir.mk/?p=640349

Во текот на денешниот ден почнаа да се шират неофицијални и се уште непотврдени информации дека цените на нафтените деривати од вторник ќе поскапат за дури 10 денари. Граѓаните панично започнаа да се упатуваат кон бензинските пумпи да стават горива по моменталната цена. Од градот Штип ни пристигнуваат фотографии од моменталната глетка пред бензинските пумпи каде што има колона од возила кои чекаат ред за ставање на гориво. Се поставува прашањето дали ни престои нов ценовен шок како за горивата така и за прехрабрените продукти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-koloni-vozila-chekaat-pred-benzinskite-pumpi-vo-shtip-ne-ochekuva-li-cenoven-shok-na-gorivata/feed/ 0
Тепачка на бензинска пумпа во Куманово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tepachka-na-benzinska-pumpa-vo-kumanovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tepachka-na-benzinska-pumpa-vo-kumanovo/#respond Sun, 20 Feb 2022 16:58:17 +0000 https://kurir.mk/?p=634015

На 20.02.2022 околу 02.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.А.(21) од с.Љубодраг, С.М.(36), Д.Л.(28) и С.Т.(25), сите од с.Љубодраг, кумановско. Лицата, информира МВР, на бензинска пумпа во близина на Железничката станица во Куманово го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tepachka-na-benzinska-pumpa-vo-kumanovo/feed/ 0
Со опел тигра удрил во бетонски столб на бензинска пумпа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-opel-tigra-udril-vo-betonski-stolb-na-benzinska-pumpa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-opel-tigra-udril-vo-betonski-stolb-na-benzinska-pumpa/#respond Sun, 12 Dec 2021 15:58:51 +0000 https://kurir.mk/?p=607398

На 11.12.2021 во 19.30 часот било пријавено дека на магистрален пат А4 Струмица Радовиш, во с.Владевци, на бензинска станица, патничко моторно возило “опел тигра“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(40) од с.Злеово, удрило во бетонски столб. Со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.К.. Увид на лице место извршила екипа од СВР Струмица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-opel-tigra-udril-vo-betonski-stolb-na-benzinska-pumpa/feed/ 0
Ограбена бензинска пумпа кај Бит Пазар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ograbena-benzinska-pumpa-kaj-bit-pazar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ograbena-benzinska-pumpa-kaj-bit-pazar/#respond Mon, 11 Jan 2021 15:37:18 +0000 https://kurir.mk/?p=453933

На 10.01.2021 во 04:28 часот во СВР Скопје, И.И.(32) пријавил дека на  бензинска пумпа на подрачје на Бит Пазар, две лица со закана одзеле пари од вработените. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ograbena-benzinska-pumpa-kaj-bit-pazar/feed/ 0
ЈО: Жител на Василево на бензинска нудел ваучери за гориво за да се гласа за определена политичка партија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jo-zitel-na-vasilevo-na-benzinska-nudel-vaucheri-za-gorivo-za-da-se-glasa-za-opredelena-politichka-partija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jo-zitel-na-vasilevo-na-benzinska-nudel-vaucheri-za-gorivo-za-da-se-glasa-za-opredelena-politichka-partija/#respond Wed, 15 Jul 2020 11:23:32 +0000 https://kurir.mk/?p=376200

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на предвремените парламентарни избори,  ја известува јавноста дека до 13.00 часот во основните јавни обвинителства и преку електронската адреса , пристигнати се неколку известувања за евентуални изборни нерегуларности. Денеска во Основното јавно обвинителство Струмица е доставено известување за лице кое на бензиска станица во с. Василево, нудел ваучери за гориво за да се гласа за определена политичка партија. Обвинителството издаде наредби за обезбедување на видео камери, видео записи и преземање дејствија во насока на утврдување на фактите. Во струмичкото обвинителство примени се известувања за уште два настани, случени вечерта на 14.07.2020 година. Едниот во с. Добрадинци каде околу 21.00 часот лице нудело пари за да се гласа за определена политичка партија. Вториот настан се случил во с. Дражево, каде околу 21.50 часот лице вработено во Центарот за социјални работи вршело агитација со закани за да се гласа за определена политичка партија. Во Основното јавно обвинитлство Кочани се преземаат дејствија за расчистување на вкупно шест настани пријавени до овој момент. Се однесуваат на наводен изборен поткуп и за агитирање со организирано носење гласачи до избирачките места. Се преземаат дејствија за расчистување на настаните. Во Основното јавно обвинителство Скопје добиено е известување за настан во избирачко место во ОУ Петар Поп Арсов. На лице со истечена лична карта не му било дозволено да гласа, по што тој започнал вербална расправија и со мобилен телефон ги снимил членовите на избирачкиот одбор. Јавен обвинител презеде дејствија за расчистување на настанот. На електронската адреса на која граѓаните можат да пријават сомненија за изборни нерегуларности денеска се пристигнати вкупно пет известувања. Преставници на една политичка партија испратија четири известувања за наводен поткуп на гласачи кои се вршеле во избирачки места во Кочани. Известувањата се итно проследени во надлежното Основно јавно обвинителство Кочани и по нив се постапува. Основач на граѓанска организација испрати известување за наводни изборни нерегуларности кои се вршеле преку агитирање на социјалните мрежи. Известувањата се проследени и се предмет на постапување во надлежните обвинителства. По сите известувања се постапува итно и со приоритет, согласно насоките дадени од Комисијата.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jo-zitel-na-vasilevo-na-benzinska-nudel-vaucheri-za-gorivo-za-da-se-glasa-za-opredelena-politichka-partija/feed/ 0