бензински пумпи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Jun 2022 06:11:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бензински пумпи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „ТоталЕнерџи“ го зголеми попустот на бензинските пумпи на 12 центи место предвидените 10 центи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/totalenerdzi-go-zgolemi-popustot-na-benzinskite-pumpi-na-12-centi-mesto-predvidenite-10-centi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/totalenerdzi-go-zgolemi-popustot-na-benzinskite-pumpi-na-12-centi-mesto-predvidenite-10-centi/#respond Thu, 30 Jun 2022 06:11:18 +0000 https://kurir.mk/?p=697579

Во обид да го намали ценовниот удар на бензинските пумпи летово француската компанија „ТоталЕнерџи“ денеска треба официјално да го соопшти намалувањето од 12 центи за литар гориво на сите свои пумпи на автопатите, дознава весникот „Паризиен“, а информацијата е потврдена и за Фигаро. Оваа мерка ќе се применува од 1 јули и за време на летниот распуст, односно до 31 август. Мерката беше најавена во април, а сега намалувањето е зголемено, бидејќи првично требаше да изнесува 10 центи. Бруно Ле Мер, претходно ја повика компанијата да направи „дополнителен напор“ за возачите во пресрет на летните одмори, јави дописникот на МИА. Ова намалување се додава на намалувањето од 18 центи за кое се одлучи владата. Министерот за економија, исто така, сака да побара од Парламентот да го продолжи овој државен механизам до декември, додека бранот на инфлација на цените, кој особено се однесува на енергетиката, продолжува да ја тресе куповната моќ на Французите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/totalenerdzi-go-zgolemi-popustot-na-benzinskite-pumpi-na-12-centi-mesto-predvidenite-10-centi/feed/ 0
ФОТО: Герила акција за енормните поскапувања на производите и енергенсите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-gerila-akcija-za-enormnite-poskapuvanja-na-proizvodite-i-energensite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-gerila-akcija-za-enormnite-poskapuvanja-na-proizvodite-i-energensite/#respond Sat, 11 Jun 2022 15:52:22 +0000 https://kurir.mk/?p=689636

Кантички бензин со лого на најлуксузните светски брендови денеска беа поставени на повеќе бензински пумпи во Скопје. Центарот за современи уметности преку оваа инсталација наречена златен бензин ги искритикува енормните поскапувања на продуктите и енергенсите и намалувањето на животниот стандард на граѓаните како и недостатокот на владини мерки. - Цените на бензините и нафтените деривати се вивнаа во небо, како се одвиваат работите ќе се увериме во синтагмата дека ‘само небото е граница’. Последните неколку недели граѓаните на Македонија, но и пошироко, за еден резервоар плаќаат повеќе отколку што еден грам злато чини на берзите (околу 3600 денари наспроти 4-5000 денари колку што чини еден резервоар гориво). Всушност многумина се прашуваат дали во резервоарите точиме виски, парфем или гориво бидејќи литар гориво последниве недели е поскапо од литар вино и скоро дупло поскапо од литар боза, пиво или овошен сок. Со оваа акција сакаме да ги потсетиме надлежните дека со укинувањето на мерките за намалување на цените на горивата македонските граѓани мака мачат да ги извршуваат секојдневите обврски а околу 100 000 граѓани се директно зависни (доставувачи, дистрибутери, таксисти) од цената на горивата. Најавуваат и нови герила акции кои треба да упатат повик до Владата да преземе мерки кои ќе овозможат како што велат преживување на граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-gerila-akcija-za-enormnite-poskapuvanja-na-proizvodite-i-energensite/feed/ 0
Редици на бензинските пумпи: Граѓаните брзаат да наточат гориво пред драстичното поскапување од полноќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redici-na-benzinskite-pumpi-gragjanite-brzaat-da-natochat-gorivo-pred-drastichnoto-poskapuvanje-od-polnokj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redici-na-benzinskite-pumpi-gragjanite-brzaat-da-natochat-gorivo-pred-drastichnoto-poskapuvanje-od-polnokj/#respond Tue, 31 May 2022 16:33:14 +0000 https://kurir.mk/?p=684438

Поскапувањето на горивата за по девет денари од полноќ, предизвика граѓаните да побрзаат и да се упатат кон бензинските пумпи за да наточат гориво пред стапи на сила најавеното поскапување. Бензините и дизелот од полноќ ќе поскапат за по девет денари. Тоа е причина што попладнево почнаа да се формираат редици на бензинските пумпи, формирани од возила кои чекаат да стават гориво. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redici-na-benzinskite-pumpi-gragjanite-brzaat-da-natochat-gorivo-pred-drastichnoto-poskapuvanje-od-polnokj/feed/ 0
ВИДЕО: Колони на бензинските пумпи во Хрватска, се очекува големо поскапување https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-koloni-na-benzinskite-pumpi-vo-hrvatska-se-ochekuva-golemo-poskapuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-koloni-na-benzinskite-pumpi-vo-hrvatska-se-ochekuva-golemo-poskapuvanje/#respond Tue, 15 Mar 2022 06:45:21 +0000 https://kurir.mk/?p=647257

Како и во повеќето земји во регионот, и во Хрватска се очекува значително поскапување на нафтените деривати, а граѓаните вечерва чекаат во редици на бензинските пумпи за да ги наполнат резервоарите по старите цени. Порталот Cijenegoriva.info објави неофицијални цени, односно пресметки за тоа колку би можел да поскапи цел резервоар од секое од горивата. Според пресметките, најмногу би поскапел резервоар од 50 литри дизел – за 70 куни (околу 550 денари). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-koloni-na-benzinskite-pumpi-vo-hrvatska-se-ochekuva-golemo-poskapuvanje/feed/ 0
КУРИР ДОЗНАВА: Дел од бензинските пумпи во Скопје повеќе немаат гориво https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-doznava-del-od-benzinskite-pumpi-vo-skopje-povekje-nemaat-gorivo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-doznava-del-od-benzinskite-pumpi-vo-skopje-povekje-nemaat-gorivo/#respond Mon, 07 Mar 2022 21:30:15 +0000 https://kurir.mk/?p=642941

На бензинските пумпи низ Скопје вечерва има зголемена фреквенција на возила откако Регулаторната комисија за енергетика објави дека од полноќ цените на горивата се зголемуваат од 5,5 до 10 денари. Редакцијата на КУРИР ги праша вработените на дел од бензинските пумпи во Скопје. -Немаме повеќе гориво. Го потрошивме за неполни три часа. Во моментов чекаме нови количини, рече вработен на бензинска пумпа во изјава за КУРИР. -Дизел повеќе немаме, а бензин имаме нешто ситно, ни кажа друг. Од полноќ, Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе се продаваат по цена повисока за 5,5 денари, а дизелот по цена повисока за 10 денари. Согласно најновата одлука, цената на Еуросупер БС-95 ќе биде 89,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 91,50 ден/лит. Новата цена на дизелот ќе биде 85,50 ден/лит. Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 9 денари за литар и ќе се продава по цена од 83,50 ден/лит, додека мазутот се зголемува за 6,149 денар/килограм и новата цена ќе биде 54,319 ден/кг. Зголемувањето на горивата уследи по рекордниот скок на сите нафтени деривати на светските берзи, а од РКЕ најавија дека ќе носат одлуки на дневно ниво доколку има потреба. Оттаму информираат дека цените на нафтените деривати на светските берзи растат над 21 процент. Според претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, нафтени деривати има во доволни количини, но проблем е високата цена, што не е случај само кај нас, туку и во Европа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-doznava-del-od-benzinskite-pumpi-vo-skopje-povekje-nemaat-gorivo/feed/ 0
ВИДЕО: Колони од возила пред бензинските пумпи и во Битола и Струмица https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/video-koloni-od-vozila-pred-benzinskite-pumpi-i-vo-bitola-i-strumica/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/video-koloni-od-vozila-pred-benzinskite-pumpi-i-vo-bitola-i-strumica/#respond Mon, 07 Mar 2022 20:08:55 +0000 https://kurir.mk/?p=642890

Откако објавивме за Скопје, информации пристигнуваат дека настанал хаос на бензинските пумпи и по останатите градови во Македонија откако граѓаните беа информирани дека со почетокот од вечер по полноќ цените на горивата драстично ќе се зголемат и тоа бензинот за 5,50 денари по литар и дизелот 10 денари по литар. Погледнете каква е ситуацијата во Струмица и Битола:   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/video-koloni-od-vozila-pred-benzinskite-pumpi-i-vo-bitola-i-strumica/feed/ 0
ГЛАВНИОТ ГРАД ВО ХАОС: Поскапувањето на горивата предизвика реки од автомобили по булеварите и огромни колони пред бензинските пумпи (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/glavniot-grad-vo-haos-poskapuvanjeto-na-gorivata-predizvika-reki-od-avtomobili-po-bulevarite-i-ogromni-koloni-pred-benzinskite-pumpi-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/glavniot-grad-vo-haos-poskapuvanjeto-na-gorivata-predizvika-reki-od-avtomobili-po-bulevarite-i-ogromni-koloni-pred-benzinskite-pumpi-foto-video/#respond Mon, 07 Mar 2022 19:06:48 +0000 https://kurir.mk/?p=642856

Откако РКЕ соопшти дека горивата драстично поскапуваат, односно бензините за 5,50 денари по литар и дизелот за цели 10 денари по литар, граѓаните повторно панично почнаа да прават колони пред бензинските пумпи чекајќи ред да наполнат гориво по старата цена. Репортер на КУРИР е излезен на терен од кого добиваме информации, видеа и фотографии дека веќе е настанат хаос во главниот град по бензинските пуми, а со тоа се прават колони по булеварите и скопските улици. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/glavniot-grad-vo-haos-poskapuvanjeto-na-gorivata-predizvika-reki-od-avtomobili-po-bulevarite-i-ogromni-koloni-pred-benzinskite-pumpi-foto-video/feed/ 0
КУРИР ОБИКОЛКА ВО СКОПЈЕ: Граѓаните во паника точат гориво, бензинските пумпи во хаос, од РКЕ обвинуваат дека ова е воено профитерство! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-obikolka-vo-skopje-gragjanite-vo-panika-tochat-gorivo-benzinskite-pumpi-vo-haos-od-rke-obvinuvaat-deka-ova-e-voeno-profiterstvo-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-obikolka-vo-skopje-gragjanite-vo-panika-tochat-gorivo-benzinskite-pumpi-vo-haos-od-rke-obvinuvaat-deka-ova-e-voeno-profiterstvo-foto-video/#respond Thu, 03 Mar 2022 18:59:50 +0000 https://kurir.mk/?p=640416

Хаос речиси владее во текот на последните неколку часа, започнувајќи од доцна попладнево низ целата земја, не само во Скопје. Граѓаните со своите автомобили чекаат да наполнат гориво во страв дека истото ќе поскапи и до 10 денари во понеделник, а стапувајќи на сила по полноќ (вторник). Екипа на КУРИР пред неколку минути беше во обиколка на неколку бензински пумпи на територија на Карпош, а сликата таму е иста како и низ целата земја. Инаку и на социјалните мрежи се шират видеа од реки возила кои чекаат ред за да наточат бензин, а сликата потсетува како на првиот ден од војната во Украина пред точно една недела. Најмногу  се споделуваат видеата од Штип и Куманово, погледнете. Од компанијата Макпетрол преку соопштение до јавноста велат дека нема рестрикции и прекин во снабдувањето на гориво на бензинските пумпи. „Макпетрол ги известува потрошувачите дека нема рестрикции и прекин во снабдувањето на гориво на бензинските пумпи на оваа компанија и покрај фактот дека во овој момент Макпетрол работи со загуба. Компанијата апелира до потрошувачите да не прават залихи од гориво поради безбедносни причини за да не ја загрозат опшштата безбедност на граѓаните . Во текот на денот на бензинските пумпи на Макпетрол има редици колони автомобили кои сакаат да наточат гориво поради информации за зфолемување на цената на горивото“, стои во нивното соопштение до јавноста. Корисниците на социјалните мрежи стравуваат дека можно е да останеме и без гориво, а дел од нив велат дека приватните бензински пумпи ги ограничувале литрите на точено гориво, се со цел да им остане истото и да го продаваат по поскапа цена од идната недела. Нафтени деривати има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката, но дел од малите трговци не се однесуваат фер и ја ограничуваат понудата, со што оставаат впечаток дека нема гориво, изјавија за МИА од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). – На тој начин си прават „залиха“, која би ја продавале по нови цени што на некој начин во услови на криза е воено профитерство, посочуваат од РКЕ. Од Комисијата нагласуваат дека во текот на денешниот ден добиле укажувања од поголем број потрошувачи дека одредени трговци на мало со нафтени деривати ја ограничувале количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите. – Некои бензински пумпи дозволувале до 500 денари да може едно возило да наполни гориво. Други пак не дозволуваат гориво да наполнат камионите. За состојбата РКЕ го извести Државниот пазарен инспекторат веднаш да ги засили контролите на терен кај трговците и да се оневозможи вакво непазарно однесување кое е недозволиво и забрането. Вештачки се нарушува пазарот и се прекршуваат основните принципи за сигурност во снабдувањето со енергија, додаваат од РКЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-obikolka-vo-skopje-gragjanite-vo-panika-tochat-gorivo-benzinskite-pumpi-vo-haos-od-rke-obvinuvaat-deka-ova-e-voeno-profiterstvo-foto-video/feed/ 0