берба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Jan 2023 10:24:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png берба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почна бербата на лутите пиперки во Струмичко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-berbata-na-lutite-piperki-vo-strumichko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-berbata-na-lutite-piperki-vo-strumichko/#respond Fri, 13 Jan 2023 10:24:58 +0000 https://kurir.mk/?p=786815

Деновиве почна бербата и откупот на лутите пиперки во Струмичко, кои годинава стасаа порано за повеќе од еден месец во споредба со лани. Според производителите, раната берба на оваа пиперка се должи на комбинацијата на релативно топлото време за овој период од годината и топлата вода од термалните извори во близина на селото Банско, каде најмногу е засадена под пластеници и фолии во регионот. -Засега откупната цена е околу десет денари за парче, но годинава почнавме со берба многу порано, иако некои производители се уште се во фаза на расадување и ја очекуваат првата берба. Се надевам дека оваа откупна цена на лутата пиперка ќе остане и понатаму во екот на бербата, вели Даме Тренчовски, производител на лути пиперки од селото Банско. Покрај лутата пиперка, во Струмичко во тек е расадувањето на пролетната зелка, која за берба обично стасува кон крајот на март и почетокот на април.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-berbata-na-lutite-piperki-vo-strumichko/feed/ 0
Привршува бербата на пиперката „ајварка“ во Струмичко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privrshuva-berbata-na-piperkata-ajvarka-vo-strumichko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privrshuva-berbata-na-piperkata-ajvarka-vo-strumichko/#respond Tue, 20 Sep 2022 13:00:42 +0000 https://kurir.mk/?p=735208

За десетина денови се очекува да заврши бербата на отворено на пиперката „ајварка“ во Струмичко, а таа што беше засадена под пластеници веќе е собрана и продадена. Откупните цени се исти со ланските, па прва класа пиперка за преработувачките капацитети и откупните пуктови се откупува од 30 до 35 денари за килограм, а втората од 20 до 25 денари. Производителите велат дека се задоволни од побарувачката за оваа пиперка, но од цените не се, бидејќи во споредба со лани производствените трошоци се неколкукратно зголемени. -Освен откупните цени, голем проблем за земјоделците се и лошите временски услови, посебно последните дождови, кои многу лошо се одразија на квалитетот на “ајварката“ на отворено. Производството е при крај, но добро е што има интерес за неа и трговците ја откупуваат. Сепак, откупните цени требаше да бидат повисоки од лани за да можат земјоделците да ги покријат трошоците, кои се зголемени за неколку пати во споредба со лани, како што е цената на ѓубривата и другите репроматеријали, рече Ристо Велков, од Сојуз на синдикат на земјоделски производители Струмица. Инаку, од година во година производството на оваа пиперка се намалува, а годинава на тоа влијаеја и екстремно променливите временски услови. Штети и намалување на приносите има кај оние прозводители кои навреме не ги наводнувале посевите и не извршиле навремено прихранување, а според досегашните сознанија производството на „ајварката“ е помало од лани за околу 20 до 30 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privrshuva-berbata-na-piperkata-ajvarka-vo-strumichko/feed/ 0
Принцот Чарлс ги повика Британците да помогнат во бербата на овошје и зеленчук https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/princot-charls-gi-povika-britancite-da-pomognat-vo-berbata-na-ovoshje-i-zelenchuk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/princot-charls-gi-povika-britancite-da-pomognat-vo-berbata-na-ovoshje-i-zelenchuk/#respond Wed, 20 May 2020 11:36:55 +0000 https://kurir.mk/?p=348294

Британскиот престолонаследник Чарлс ги повика своите сонародници и им порача да се „изборат за Британија, така што ќе им помогнат на земјоделците во бербата на овошје и зеленчук, за време на пандемијата на новиот коронавирус, затоа што е од витално значење за земјата. Во апелот, што е дел од кампањата започната во Англија, со наслов „Бери за Англија“ (Pick for Britain), Чарлс преку видео дистрибуирано на социјалните мрежи, ја спореди потребата за труд во земјоделството со важноста на копнената армија во Втората светска војна и движењето на жените кои одгледуваа и помогнаа во производство на храна. – Ако оваа година ги береме британските овошје и зеленчук, потребна ни е помош од армија луѓе, изјави принцот Чарлс и додаде дека е од голема важност во екот на оваа глобална пандемија да се даде важен придонес во целокупниот национален напор за да се победи пандемијата. Принцот Чарлс изјави дека ќе бидат потребни илјадници луѓе во наредните месеци за да помогнат во бербата на земјоделските култури, и истакна дека е свесен дека работата ќе биде непривлечна, а понекогаш и тешка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/princot-charls-gi-povika-britancite-da-pomognat-vo-berbata-na-ovoshje-i-zelenchuk/feed/ 0
Заврши бербата на доцните есенски култури во кумановско https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-berbata-na-docnite-esenski-kulturi-vo-kumanovsko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-berbata-na-docnite-esenski-kulturi-vo-kumanovsko/#respond Fri, 30 Nov 2018 10:21:47 +0000 https://kurir.mk/?p=134079

Заврши жетвата и бербата на доцните есенски култури во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Земјоделците и претпријатија садеа и сееја на вкупна површина 11.725 хектари, од кои најголем процент отпаѓа на земјоделците кои користеле 11.295 површина, а 430 хектари земјоделските претпријатија. -Целосно е завршена бербата, останува да се добере незначителен процент на зелка, чија берба може да заврши и кон крајот на декември, информираа од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Пченка се садела на површина од 3.617 хектари, а приносите изнесуваат 15.000 тони, при што претпријатијата оставриле 8.000 тони по хектар, а земјоделците 7.000. Повисоките приноси кај претпријатијата се должат, пред се на добрата механизација, редовното ѓубрење и други потребни навремено преземени агротехнички мерки, појаснија стручните лица од подрачната единица на МЗШВ. Компир се садел на површина од 1.131 хектари, а оствареното производство изнесува 17.000 тони, додека приносите изнесуваат 15 тони кај земјоделските претпријата, а кај земјоделците два тони од хектар.Од градинарските се садел домат на 431, грав на 880, лубеница на 800 хектари.Приносите кај доцните есенски посеви се зголемени во оваа година во однос на претходната и кај претпријатијата и кај земјоделците, поради поволните климатски услови што го зафатија овој регион.Производството се нуди на локалните пазари и супермаркети. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-berbata-na-docnite-esenski-kulturi-vo-kumanovsko/feed/ 0