берлински процес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 15 Oct 2023 11:24:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png берлински процес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кабинетот на Рама ја објави агендата на Самитот на Берлинскиот процес https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kabinetot-na-rama-ja-objavi-agendata-na-samitot-na-berlinskiot-protses/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kabinetot-na-rama-ja-objavi-agendata-na-samitot-na-berlinskiot-protses/#respond Sun, 15 Oct 2023 11:24:49 +0000 https://kurir.mk/?p=889024

Самитот на Берлинскиот процес, кој се одржува за првпат во регионот, поточно утре во Тирана, ќе ги собере сите лидери на балканските земји, земјите - членки на Европската унија и највисоките претставници на ЕУ. Прес-службата на албанскиот премиер Еди Рама, ја објави целосната агенда на овој Самит, прв во регионот на Западен Балкан, во земја која не е членка на ЕУ. -Во 11 часот ќе биде пречекот за лидерите, а по половина час, во 11:30 часот е отворањето. Во 12:00 часот започнува работната сесија „Интеграција на регионот на заедничкиот европски пазар и подобрување на конвергенцијата со ЕУ“, а во 13:30 фамилијарна фотографија. Во 15:30 започнува втората работна сесија за поддршка на зелената и дигиталната транзиција во Западен Балкан, наведуваат под кабинетот на Рама. Додаваат дека во 16:45 часот во Тирана свечено ќе биде отворен колеџот на Европа, со присуство на реткорката Федерика Могерини. -Во 17:30 часот ќе биде потпишан регионалниот договор за меѓусебно признавање на професионалната квалификација, 17:45 часот е заедничката прес-конференција, а во 18:30 инаугурација на реконструираниот објект „пирамидата“, наведуваат под кабинетот на Рама. Попладнево во Тирана ќе допатува претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која, како што е најавено ќе оствари средба со шефот на државата Бајрам Бегај. Според медиумите, на самитот нема да присуствува италијанската премиерка Џорџа Мелони, како и српскиот претседател Александар Вучиќ, но е потврдено присуството на премиерката Ана Брнабиќ. Како што информираа надлежните, за безбедноста ќе бидат ангажирани над 1600 полициски службеници и 400 гардисти. Почнувајќи од вечер во 20 часот до утре во 20 часот, воведен посебен сообрајќаен режим.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kabinetot-na-rama-ja-objavi-agendata-na-samitot-na-berlinskiot-protses/feed/ 0
Во Тирана денеска ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-tirana-deneska-ke-se-odrzhi-sostanok-na-ministrite-za-nadvoreshni-raboti-vo-ramki-na-berlinskiot-protses/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-tirana-deneska-ke-se-odrzhi-sostanok-na-ministrite-za-nadvoreshni-raboti-vo-ramki-na-berlinskiot-protses/#respond Fri, 06 Oct 2023 06:24:22 +0000 https://kurir.mk/?p=885813

Во Тирана денеска ќе се одржи состанок на министри за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес, чиј домаќин е министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани. Средбата ќе се одржи во Палатата на бригадата, каде во 9 часот ќе бидат пречекани учесниците. Покрај шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан, како Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина, на средбата ќе учествуваат и земјите членки вклучени во процесот, Австрија, Хрватска, Франција, Германија, Италија, Словенија и Обединетото Кралство. Средбата ќе има две сесии, кои според најавата ќе бидат од затворен карактер, по што заедничка прес конференција ќе одржат домаќинот Хасани, германската министерка Annaklena Baerbock и еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји. - На сесиите ќе стане збор за зајакнување на регионалната димензија, подвлекување на посебната важност на овој процес во контекст на интеграцијата во ЕУ, зајакнување на посветеноста поврзана со Заедничкиот регионален пазар, четирите основни слободи, зелената и дигиталната агенда, усогласување со единствениот пазар на ЕУ, одржување на ревитализирачкиот моментум постигнат на годишниот Самит во Берлин, имплементација на договори за мобилност, зајакнување на односите меѓу државите од регионот, како и забрзување на европската интеграција, информираа од албанското министерство. Според медиумите сепак "она што се очекува со посебен интерес е дискусијата за прашањето околу Косово и Србија во присуство на косовската министерка Донирав Грвала и на Србија, Ивица Дачиќ". Додаваат дека германската министерка Baerbock ќе има одвоени средби со Грвала и Дачиќ, но под знак прашалник сеуште е дали таа ќе успее да реализира заедничка средба со нив. Албанија на 16 овој месец ќе биде земја домаќин на Берлинскиот процес, со што за прв пат во историјата овој процес ќе се одржи надвор од границите на ЕУ. Премиерот Еди Рама вчера објави дека учество потврдиле претседателот на Франција, Емануел Макрон, канцеларот на Германија, Олаф Шолц и претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, како и голем број премиери на земјите членки на Европската унија. Албанија беше домаќин и на самитот на ЕУ за Западен Балкан на 6 декември минатата година, што беше првпат ваков собир да се одржува надвор од ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-tirana-deneska-ke-se-odrzhi-sostanok-na-ministrite-za-nadvoreshni-raboti-vo-ramki-na-berlinskiot-protses/feed/ 0
Османи на министерски состанок во рамки на Берлински процес во Тирана https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-na-ministerski-sostanok-vo-ramki-na-berlinski-protses-vo-tirana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-na-ministerski-sostanok-vo-ramki-na-berlinski-protses-vo-tirana/#respond Thu, 05 Oct 2023 07:16:40 +0000 https://kurir.mk/?p=885383

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес, чиј домаќин годинава е министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани.

На состанокот се очекува да се разговара за постигнувањата во рамките на Берлинскиот процес и влијанието на оваа клучна иницијатива врз регионалната соработка, нејзината важност во заокружувањето на европската интеграција, како и билатералните односи.

На маргините на состанокот во Тирана министерот Османи ќе има билатерални средби со свои хомолози од регионот и пошироко.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-na-ministerski-sostanok-vo-ramki-na-berlinski-protses-vo-tirana/feed/ 0
Берлинскиот процес ќе се одржи во Тирана на 16 октомври https://arhiva.kurir.mk/svet/region/berlinskiot-protses-ke-se-odrzhi-vo-tirana-na-16-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/berlinskiot-protses-ke-se-odrzhi-vo-tirana-na-16-oktomvri/#respond Wed, 06 Sep 2023 20:33:32 +0000 https://kurir.mk/?p=875442

Берлинскиот процес доаѓа за првпат во регионот. Поточно, во Тирана, на 16 октомври ќе се одржи следната средба на високо ниво, соопштија попладнево од германската амбасада во Тирана, јави АТА. Целта на Берлинскиот процес е продлабочување на регионалната интеграција и лидерството на балканските земји. Ова ги вклучува развојот на инфраструктурата, економијата, регионалната младинска размена, помирувањето и науката. - Преку создавањето на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), младите учат повеќе за соседните земји и сфаќаат дека имаат повеќе заедничко отколку разлики. Дури и потпишувањето на договорот за роаминг е успех на Берлинскиот процес: оттогаш, можете бесплатно да сурфате на плажа во Црна Гора и да се јавите дома - ова се разбира важи и за сите други земји од Западен Балкан, пренесува агенцијата. Како што оценува, ова се само два резултати од кои земјите имаат значителна корист и кои го подготвуваат регионот за членство во ЕУ. Како други придобивки се посочуваат подобри можности за вработување, создавање интегриран и конкурентен пазар, неограничено патување, студирање и вработување во западен Балкан и дополнителен раст на БДП во регионот за 6,7 отсто. Берлинскиот процес инициран од поранешната германска канцеларка Ангела Меркел е замислен во формат на годишни состаноци меѓу Унијата и Западен Балкан. Првата таква средба беше во 2014 година во Берлин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/berlinskiot-protses-ke-se-odrzhi-vo-tirana-na-16-oktomvri/feed/ 0
Рама: Политичарите на Косово мора да докажат со дела дека овој регион припаѓа на Берлинскиот процес, а не на соништата на Кремљ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-politicharite-na-kosovo-mora-da-dokazhat-so-dela-deka-ovoj-region-pripaga-na-berlinskiot-protses-a-ne-na-sonishtata-na-kreml/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-politicharite-na-kosovo-mora-da-dokazhat-so-dela-deka-ovoj-region-pripaga-na-berlinskiot-protses-a-ne-na-sonishtata-na-kreml/#respond Thu, 29 Jun 2023 19:01:52 +0000 https://kurir.mk/?p=851006

По веста дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел го подржува предлог на албанскиот премиер Еди Рама за решавање на тензиите меѓу Косово и Србија преку конференција на високо ниво, реагираше Рама кој на Твитер напиша дека "ова е добра вест за имплементација на француско-германскиот план меѓу Косово и Србија". -Добра вест е напредокот на идејата за конференција на највисоко ниво, без краен рок, до постигнување целосен договор за спроведување на француско-германскиот план меѓу Косово и Србија, кој денеска беше поддржан од самиот претседател Шарл Мишел, пишува Рама. Додава дека целиот конфликт секогаш дополнително се деградира, бидејќи несогласувањата се уште продолжуваат. - Нашиот регион не може да биде вовлечен во еден сосема бесмислен, апсурден конфликт, каде се поигрува со огнот на национализмот, произведувајќи секојдневно причини за борба, со постапки и непостапувања, обвинувања и контраобвиненија, кои секојдневно ја деградираат ситуацијата на северот на Косово и ја поткопуваат градбата изградена со толку напори на регионална соработка, нагласува Рама. Посочува дека политичарите на Косово мора да се покажат со дела, а не со зборови, дека овој регион припаѓа на Берлинскиот процес, а не на соништата на Кремљ. -Политичарите на Косово мора да докажат денес, со дела, а не со зборови, дека овој регион припаѓа на Берлинскиот процес, а не на соништата на Кремљ, а Косово не може да биде несвесното ткиво на кое се проектираат тие соништа, додека некои од нив изгледаат дека сликаат херојска слика за историјата, оценува Рама во објава на Твитер постирајќи фотографија од средбата со Мишел во Брисел. Според него, денеска, кога во Брисел, во работната агенда на Комисијата е подготовката на нов план за финансиска и економска поддршка на земјите од нашиот регион, кога Албанија се подготвува да биде домаќин на Првиот самит на Берлинскиот процес во Западен Балкан, кога "сите ние мора да бидеме обединети, да го унапредиме овој витален процес за нашата заедничка европска иднина, зајакнувајќи ги нашите врски, нашите економии, нашиот заеднички пазар, северот на Косово му нуди на светот прикажување на црно-бел филм на стариот Балкан, што може само да ги забавува циничните гледачи на истокот од границите на Европската унија". ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-politicharite-na-kosovo-mora-da-dokazhat-so-dela-deka-ovoj-region-pripaga-na-berlinskiot-protses-a-ne-na-sonishtata-na-kreml/feed/ 0
Лидерите на Западен Балкан на виртуелен самит на Берлинскиот процес https://arhiva.kurir.mk/svet/region/liderite-na-zapaden-balkan-na-virtuelen-samit-na-berlinskiot-proces/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/liderite-na-zapaden-balkan-na-virtuelen-samit-na-berlinskiot-proces/#respond Mon, 05 Jul 2021 05:40:34 +0000 https://kurir.mk/?p=531893

Берлин денеска е виртуелен домаќин на осмиот самит на Берлинскиот процес, на кој една од главните теми ќе биде изградбата на заеднички регионален пазар на Западен Балкан. На учесниците ќе им се обрати Европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји. Комесарот за односи со Западен Балкан при германското Министерство за надворешни работи и поранешна амбасадорка во Албанија Сузана Шиц за Дојче веле изјави дека на самитот ќе се разгледуваат следните чекори за изградба на заеднички регионален пазар договорен од лидерите на Западен Балкан на самитот во ноември 2020 година и се однесува на четири основни слободи: слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал, што треба да се постигне до 2024 година. Шиц додаде дека Советот за регионална соаботка (РКЦ) и Секретаријатот на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) се особено ангажирани во спроведувањето на Акцискиот план за заедничкиот регионален пазар. Берлинскиот процес почна во 2014 година со цел да се промовира регионалната соработка и со тоа да се забрза приближувањето на земјите од Западен Балкан и ЕУ. Конкретните резултати се укинување на роаминг давачките во Западен Балкан од 1 јули, проширување на инфраструктурата за транспорт и енергија и нејзино поврзување со коридорите на ЕУ и формирање на Регионална канцеларија за млади (RYCO). Економскиот и инвестициски план на Европската комисија за Западен Балкан од октомври 2020 година предвидува употреба до девет милијарди евра од Инструментот на ЕУ за претпристапна помош (ИПА III), додека со помош на гаранции дополнителни инвестиции до 20 милијарди ќе се мобилизираат евра од приватниот сектор како и европски и меѓународни финансиски институции. Како дел од Берлинскиот процес досега се одржани седум самити: во Берлин (2014), Виена (2015), Париз (2016), Трст (2017), Лондон (2018), Познан (2019), а во 2020 г. домаќин беше Софија, но поради пандемијата, самитот се одржа во онлајн формат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/liderite-na-zapaden-balkan-na-virtuelen-samit-na-berlinskiot-proces/feed/ 0
Самит за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samit-za-zapaden-balkan-vo-ramki-na-berlinskiot-proces/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samit-za-zapaden-balkan-vo-ramki-na-berlinskiot-proces/#respond Tue, 10 Nov 2020 06:15:58 +0000 https://kurir.mk/?p=427136

Лидерите на западнобалканските земји и претставници на ЕУ денеска во Софија ќе одржат Самит за Западен Балкан, што се организира во рамки на Берлинскиот процес, со кој копретседаваат Северна Македонија и Бугарија. Покрај лидерите на земјите од регионот, меѓу кои и премиерот Зоран Заев, на Самитот се очекува да учествуваат и шефови на држави или влади на членките на ЕУ, вклучително и бугарскиот премиер Бојко Борисов и германската канцеларка Ангела Меркел, како иницијатор на Берлинскиот процес, високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји. Како што најави Европската комисија, предвидено е земјите од Западен Балкан на Самитот да усвојат Акциски план за Заеднички регионален пазар. Премиерот Зоран Заев наведе дека од Самитот во Софија очекува уште еднаш да биде испратена пораката за отворањето на првите поглавја односно одржувањето на првите меѓувладини конференции на ЕУ со Република Албанија и со Република Северна Македонија. – Очекувам сериозна поддршка за европскиот пат на сите шест земји членки од Западен Балкан кои сме кандидати и сакаме да бидеме побрзо полноправни членки на ЕУ. И секако очекувам дека Берлинскиот Самит ќе ја испрати уште еднаш пораката на почеток на преговорите односно отворањето на првите поглавја односно одржувањето на првите меѓувладини конференции на ЕУ со Република Албанија и со Република Северна Македонија, нагласи Заев. Во пресрет на Самитот, еврокомесарот Вархеји изјави дека регионалната соработка „не е замена за интеграцијата во ЕУ“, туку „основен дел од процесот што води кон неа“. Тој додаде дека планот за регионален пазар е „клучен за зголемување на привлечноста и конкурентноста на регионот и приближување на регионот до единствениот пазар на ЕУ“. – Заеднички регионален пазар исто така ќе даде огромен поттик за поврзување на жителите. Една од неговите амбиции е слободно движење на луѓето. Ова, на пример, ќе им овозможи на луѓето да патуваат само со лични карти, да се укинат работните дозволи и да ја олесни мобилноста на студентите, истражувачите и професорите, вели Вархеји. Еврокомесарот порача дека стимулирањето на инвестициите и економскиот раст и обезбедувањето работни места за младите во Западен Балкан се можни само ако владите се цврсто посветени на спроведување на темелни реформи. – Структурните економски реформи, јакнењето на владеењето на правото и демократските принципи, борбата против корупцијата, подобрувањето на реформите во јавната администрација се клучни за обезбедување на долгорочна безбедност и стабилност во регионот, нагласи Вархеји. Генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу имформира дека лидерите од Западен Балкан на Самитот ќе го потврдат новиот план за заедничкиот регионален пазар. – Заедничкиот регионален пазар не е нова идеја. Тоа е одличен план базиран на четири слободи, како и на единствениот пазар на Европската Унија, но и поддржан од дигитални, иновативни, индустриски и инвестициски сегменти. Горди сме што го понесовме тешкиот товар на овој процес заедно со Генералниот директорат на Европската комисија за соседска политика и преговори за проширување, регионални организации, меѓународни финансиски институции и долгорочни партнери. Сепак, владите ќе треба да ја преземат одговорноста за спроведување на овој план, рече Брегу. Според неа, Западен Балкан не е совршен регион. Невработеноста, економската состојба, одливот на квалификувана работна сила и младите кои ги напуштаат земјите, се обесхрабрувачка реалност. – Пред 20 години, многу луѓе кои бараа засолниште од војните се вратија дома. Денес, 71 отсто од младите од Западен Балкан размислуваат за заминување во странство на работа, додека 43 проценти се подготвени да се преселат во потрага по изгубената надеж. Регионалниот раст се предвидува да падне на -5,1 процент. Падот на БДП во вториот квартал од оваа година е огромен, во некои случаи и до -20 проценти, главно како резултат на колапсот во туристичкиот сектор, истакна Брегу. Не е лесно, дополни таа, да се постигне напредок во такви околности. – Затоа, не треба да ги комплицираме работите дополнително, туку да дадеме можност да ги реализираме тие предлози за кои шест економии од Западен Балкан помогнаа да се утврдат. Политиките што се фокусираат на границите и споровите нема да му помогнат на регионот да биде побогат. Навистина се надевам дека заедничкиот регионален пазар ќе биде поддржан и имплементиран за да се обезбеди подлабока економска интеграција на регионот. Ако се случи тоа, сите ќе имаме корист, заклучи Брегу. Заедничкиот регионален пазар произлезе од повеќегодишниот акциски план, усвоен пред три години во Трст, кога лидерите на шесте економии од Западен Балкан се согласија да му дадат на регионот можност да изгради сопствен економски простор за непречен проток. стоки, услуги, капитал и висококвалификувана работна сила со што би станал попривлечен и попогоден за инвестиции. Постигнатите резултати во рамки на Регионалниот економски простор се: 96 проценти пониски цени за роаминг и нивно целосно укинување од јули 2021 година, зголемена трговија со стоки за 25 проценти, како и раст на директните странски инвестиции за 35 остсто од 2016 година. Берлинскиот процес е иницијатива насочена кон зајакнување на регионалната соработка на Западен Балкан и помагање во интеграција на шесте економии на регионот во Европската унија. Иницијативата ја покрена германската канцеларка Ангела Меркел на 28 август.2014 година. Оваа година, со Берлинскиот процес заеднички претседаваат Бугарија и Северна Македонија. Самитот во Софија се одржува во рамките на Берлинскиот процес и е седми самит во рамките на процесот што започна во 2014 година во Берлин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samit-za-zapaden-balkan-vo-ramki-na-berlinskiot-proces/feed/ 0