Бернард Крибинс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Jul 2022 11:21:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Бернард Крибинс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина популарниот актер Бернард Крибинс, ѕвездата на серијата „Доктор Ху“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-popularniot-akter-bernard-kribins-dzvezdata-na-serijata-doktor-hu/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-popularniot-akter-bernard-kribins-dzvezdata-na-serijata-doktor-hu/#respond Thu, 28 Jul 2022 11:21:07 +0000 https://kurir.mk/?p=711336

Познатиот актер Бернард Крибинс почина на 93-годишна возраст, потврди неговото семејство, пренесува „Би-би-си“. Во кариерата долга седум децении, Бернард Крибинс одигра бројни улоги, додека меѓу неговите најзначајни се оние во серијата „Доктор Ху“ (Doctor Who) и филмот „Daleks’ Invasion Earth 2150“ од 1966 година, во кој го играше придружникот на д-р Ху Том Кембел – 41 година подоцна се врати во истоимената серија глумејќи го Вилфред Мот, пишува „Би-би-си“. Ќе остане запаметен и како наратор во детската програма „The Wombles“ од седумдесетите, но и како Алберт Перкс од филмот „The Railway Children“ снимен во истата деценија на 20 век. „Многу сум среќен што го познавав. Благодарам за се, мој стар војнику. Легендата го напушти светот“, напиша на Инстаграм Расел Ти Дејвис, кој учествуваше во снимањето на серијата „Доктор Ху“. Агентот на Бернард Кирбинс изјави дека кариерата на актерот вклучува таква „толку голема разновидна работа“. Инаку, британскиот актер се испроба во најразновидните жанрови, од пантомима до Шекспир. На речиси 90-годишна возраст, актерот објави автобиографија со наслов „Бернард кој? 75 години прави апсолутно сè“. Во таа книга на читателите им дал краток, но делотворен совет кој гласи: „Дајте се од себе и бидете благодарни за секоја работа“. Исто така, тој оствари улога и во филмот на Алфред Хичкок „Frenzy“ во кој го играше шанкерот Феликс Форсајт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-popularniot-akter-bernard-kribins-dzvezdata-na-serijata-doktor-hu/feed/ 0