берни сандерс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 25 Jan 2021 11:58:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png берни сандерс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Берни Сандерс за кратко време го освои интернетот – еве како тој ја искористи неговата популарност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berni-sanders-za-kratko-vreme-go-osvoi-internetot-eve-kako-toj-ja-iskoristi-negovata-popularnost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berni-sanders-za-kratko-vreme-go-osvoi-internetot-eve-kako-toj-ja-iskoristi-negovata-popularnost/#respond Mon, 25 Jan 2021 11:58:52 +0000 https://kurir.mk/?p=459521

Фотографијата на сенаторот Берни Сандерс од инаугурацијата на новиот американски претседател eо Бајден стана сензација на Интернет. Сега маицата со виралната слика на Берни може да стане дел од вашата гардероба, пишува Си-Ен-Ен. Фотографијата на која Берни Сандерс седи со скрстени нозе стана „меме“, а неговиот стил на облекување беше наречен „грут шик“. Соработниците на кампањата на Сандерс решија да продаваат маици со сега веќе легендарната фотографија на „мрзеливиот Берни“, која инспирираше безброј мемиња, а целиот приход е наменет за „Meals on Wheels“, кој работи во матичната држава на сенаторот Вермонт и обезбедува бесплатни оброци за лица под 60-годишна возраст со хронични болести и попречености. Црна памучна спортска маица чини 45 долари и се произведува во САД. Се чини дека е популарнa како „мемето“ бидејќи во моментов е распродадена поради големата побарувачка, според веб-страницата преку која се нарачува. Потенцијалните купувачи се предупредени дека можеби ќе треба да почекаат до осум недели за нејзината испорака.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berni-sanders-za-kratko-vreme-go-osvoi-internetot-eve-kako-toj-ja-iskoristi-negovata-popularnost/feed/ 0
ФОТО: Берни Сандерс се појави на фотошоп сликите на Шилегов! https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-berni-sanders-se-pojavi-na-fotoshop-slikite-na-shilegov/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-berni-sanders-se-pojavi-na-fotoshop-slikite-na-shilegov/#respond Sat, 23 Jan 2021 12:47:02 +0000 https://kurir.mk/?p=458930

Американскиот сенатор Берни Сандерс изминативе денови стана вистинска инспирација за безброј мемиња. Имено, сенаторот решил да ја искористи неговата популарност, со цел да собере пари за хуманитарни цели, а сите собрани приходи ќе одат за програмата „Оброци на тркала“, преку која се доставува храна на лица кои не можат сами да си купат или да си зготват. Град Скопје поставил клупи низ градот, па за таа цел и да се пофалат пред граѓаните истите искористија фотошоп слики од познатиот американски сенатор Берни Сандерс, односно објавувајќи фотографии од Сандерс како седи на клупа во главниот град на Република Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-berni-sanders-se-pojavi-na-fotoshop-slikite-na-shilegov/feed/ 0
Берни Сандерс ја поддржа кандидатурата на Бајден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berni-sanders-ja-poddrza-kandidaturata-na-bajden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berni-sanders-ja-poddrza-kandidaturata-na-bajden/#respond Tue, 14 Apr 2020 05:12:22 +0000 https://kurir.mk/?p=331700

Сенаторот Берни Сандерс синоќа официјало даде поддршка на кандидатурата на неговиот соперник во трката за претседателска номинација, поранешниот потпретседател Џо Бајден. Чекорот е насочен кон обединување на демократите во пресрет на изборите во ноември. Сандерс ја прекина својата изборна кампања пред само пет денови, и сега, се појави заедно со Бајден и посочи дека коронавирусот е причина за обединувањето. Се предвидува дека Бајден ќе добие ветер в грб со поддршката од Сандерс, и тоа во момент кога се чинеше дека кампањата е во втор план поради пандемијата. -На вас лежи огромна одговорност, изјави Сандерс кога прифати Бајден да биде заеднички претседателски кандидат, укажувајќи дека земјата се наоѓа во досега незабележана здравствена и економска криза. „Сите заедно треба да сториме се, Трамп да остане со еден мандат“, рече сенаторот од Вермонт. Уште пред изјавата на Сандерс, кампањата на Бајден почна со повици до неговите поддржувачи во обид да се зближат ставовите на прогресивните и умерени струи во Демократската партија. Се претпоставува дека прогресивните следбеници на Сандерс, чие движење во САД е предводено од младите генерации и не треба да се потценува, масовно ќе гласаат за Бајден, бидејќи тој вети да реализира некои од социјалдемократските политики што неговиот досегашен соперник ги промовираше во својата кампања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berni-sanders-ja-poddrza-kandidaturata-na-bajden/feed/ 0
Анкета: Бајден и понатаму пред Сандерс https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-bajden-i-ponatamu-pred-sanders/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-bajden-i-ponatamu-pred-sanders/#respond Wed, 18 Mar 2020 06:15:31 +0000 https://kurir.mk/?p=318124

Поголемиот број на гласачи на партиските избори за претседателски кандидат на Демократската партија во американските сојузни држави Илиноис, Флорида и Аризона веруваат дека поранешниот потпретседател Џо Бајден е посигурен во решавање на сериозни кризни ситуации од Берни Сандерс, покажуваат резултатите од најновата анкета на агенцијата „Едисон рисерч“. Анкетата е спроведена преку телофон за време на изборниот процес во кој учествуваа голем број деократски гласачи и покрај епидемијата на новиот коронавирус. Додека други анкети покажаа дека Американците се многу загрижени поради еодидемијата со Ковид-19 отколку пред две недели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-bajden-i-ponatamu-pred-sanders/feed/ 0
Берни Сандерс имал срцев удар (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berni-sanders-imal-srcev-udar-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berni-sanders-imal-srcev-udar-video/#respond Sat, 05 Oct 2019 08:36:48 +0000 https://kurir.mk/?p=248142

Американскиот демократски кандидат Берни Сандерс претрпе срцев удар на почетокот на оваа недела, објавија неговите лекари во петок, опишувајќи ја неговата здравствена состојба во многу посериозно светло од претходно. Сандерс (78) во вторникот ги откажа сите изборни настани, откако почувствувал силна болка во градите. Потоа, бил подложен на оперативен зафат со кој се третира блокирана артерија и му се вградени два стена кои помогнале да се отвори крвниот сад. Неколку часа подоцна, неговата кампања повторно е започната, а неговата сопруга во четвртокот објави дека Сандерс ќе учествува на четвртата демократска расправа на 15 октомври. Но, во петокот, откако Сандерс ја напушти болницата, неговите лекари кои го лекува го претставија случајот во многу посериозно светло. „Откако доживеа силна болка во градите, на сенаторот Сандерс му беше дијагностициран миокарден инфаркт“, се вели во изјавата на Артуро Марчанд и Арџун Гурурај, користејќи се со медицинскиот термин за срцев удар. Двајцата лекари изјавија дека „сите други артерии“ се нормални и Сандерс е отпуштен со упатства кои треба да ги следи со помош на својот личен лекар. Соопштението, објавено од кампањата на Сандерс, би можело да предизвика нови прашања за возраста и здравјето на Сандерс, додека тој се бори за номинација во рамките на сопствената партија за да стане демократски кандидат кој во 2020 ќе се соочи со американскиот републикански претседател Доналд Трамп во кампањата за претседателски избори. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berni-sanders-imal-srcev-udar-video/feed/ 0