берза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 Jul 2023 08:55:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png берза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФеД ја зголеми каматната стапка на највисоко ниво во изминатите 22 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fed-ja-zgolemi-kamatnata-stapka-na-najvisoko-nivo-vo-izminatite-22-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fed-ja-zgolemi-kamatnata-stapka-na-najvisoko-nivo-vo-izminatite-22-godini/#respond Thu, 27 Jul 2023 08:55:37 +0000 https://kurir.mk/?p=860589

Берзанските индекси на Волстрит вчера не забележаа значителни промени откако американската Управа на федералните резерви (ФеД) очекувано ги зголеми трошоците за задолжување за уште четвртина процентен поен, на највисоко ниво од светската финансиска криза, т.е. во изминатите последните 22 години, но Дау Џонс (Dow Jones) ја постигна најдолгата позитивна серија од 1987 година. Њујоршкиот Дау Џонс вчера порасна за 8,63 поени или 0,25 отсто, на 35.527 поени. Растот е забележан 13 ден по ред, со што е постигнат постигнувајќи го најдолгиот период на раст од 1987 година. Ако продолжи да расте и денеска, тоа ќе биде најдолгиот период на неговиот континуиран раст од далечната 1897 година, кога бележеше раст 14 трговски дена по ред. Во изминатите 13 дена од растот, индексот на Дау Џонс се зголеми за пет проценти. Индексот на С&П 500 (S&P 500) стагнираше на 4.567 поени, додека индексот на Насдаг (Nasdaq) се намали за 0,12 отсто, на 14.128 поени. ФеД вчера ја зголеми основната каматна стапка преку ноќ за 0,25 процентни поени, на опсег од 5,25-5,5 отсто, зголемувајќи ја 11 пати на изминатите 12 состаноци. Претседателот на ФеД Џером Пауел на прес-конференцијата по седницата рече дека понатамошните одлуки за каматните стапки ќе се носат од состанок до состанок, внимателно следејќи ги макроекономските показатели, но исто така истакна дека е малку веројатно каматните стапки да се намалат до крајот на година. Подоцна, Голдман Сакс испрати белешка до клиентите во која наведуваат дека соопштението од ФеД не е сигнал за забавување на темпото на зголемување на каматните стапки во иднина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fed-ja-zgolemi-kamatnata-stapka-na-najvisoko-nivo-vo-izminatite-22-godini/feed/ 0
РУСИЈА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЖИТО, БЕРЗИТЕ СЕ ВЖЕШТИЈА! Цените на пченица и пченката веднаш скокнаа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rusija-se-povleche-od-dogovorot-za-zhito-berzite-se-vzheshtija-tsenite-na-pchenitsa-i-pchenkata-vednash-skoknaa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rusija-se-povleche-od-dogovorot-za-zhito-berzite-se-vzheshtija-tsenite-na-pchenitsa-i-pchenkata-vednash-skoknaa/#respond Mon, 17 Jul 2023 12:07:12 +0000 https://kurir.mk/?p=857397

Договорот за извоз на украинско жито престанува да важи и Русија нема да го обнови, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Денеска престануваат да важат црноморските договори. Дел од договорот кој се однесува на Русија, за жал, досега не е спроведен. Затоа, Русија се повлекува од договорот – рече Песков. Тој истакна дека Русија веднаш „ќе се врати на спроведување на договорот“, штом бидат исполнети условите на Москва. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова рече дека официјална Москва ги известила Турција, Украина и Обединетите Нации за својот приговор на продолжување на договорот за извоз на жито. По оваа најава на Русија цените на пченицата на берзите експресно пораснаа. На берзата во Чикаго, фјучерсите на пченицата поскапеа за 3,4 отсто на 6,84 долари за бушел. Цените на пченката, исто така, се зголемија, за два отсто, на 5,16 долари за бушел. Црноморската иницијатива, која на 22 јули во 2022 година ја потпишаа претставници на Русија, на Турција, на Украина и на Обединетите Нации, вклучуваше извоз на жито, храна и ѓубриво преку Црното Море. Договорот беше склучен на 120 дена, а во ноември лани беше продолжен за уште 120 дена и во март за уште 60 дена. Последниот рок истече денеска, а Русија веднаш соопшти дека се повлекува од договорот бидејќи не се почитуваат одредбите за нејзиниот извоз. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган смета дека неговиот руски колега Владимир Путин сè уште има намера да го обнови меѓународниот договор за извоз на жито од Украина. – Верувам дека рускиот претседател Путин сака продолжување на овој хуманитарен мост, и покрај денешната [руска] изјава – изјави Ердоган за новинарите во Истанбул, пред да замине на дводневна турнеја во Персискиот залив . Ердоган рече дека ќе разговара со рускиот лидер пред очекуваната посета на Путин на Турција во август. – Договорот за продолжување на спогодбата за извоз жито без прекини сè уште може да биде возможен пред посетата на Путин во август – рече Ердоган, додавајќи дека за таа цел се водат преговори. Украина е светски значаен производител на житни култури и според информации на Светската агенција за храна, прехранува 400 милиони луѓе ширум светот. Со избувнувањето на војната се закануваше криза со глад особено во Африка и на Блискиот Исток. Цените на прехранбените производи уште пред почетокот на војната во Украина беа зголемени, но руската инвазија предизвика дополнителен скок на глобално ниво. Според информации на ЕУ, „континуитетот на украински испораки на житни култури е и натаму од витално значење за сигурна прехрана во светот“. Договорот е важен и за Киев, затоа што во украинската економија на тој начин само од март 2022 година се влеале околу 700 милиони долари. Според договорот, житните култури може контролирано да се извезуваат од три црноморски пристаништа, меѓу кои и Одеса. Товарните бродови се обврзани да пловат во договорен хуманитарен коридор на Црно Море во правец на Истанбул. Проверки врши специјален тим од руски, турски, украински и инспектори на ОН на еден пункт кој е под контрола на Турција. Две специјални единици на ОН се грижат ова да функционира, исто како и извозот на руски прехранбени производи и ѓубрива.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rusija-se-povleche-od-dogovorot-za-zhito-berzite-se-vzheshtija-tsenite-na-pchenitsa-i-pchenkata-vednash-skoknaa/feed/ 0
Драстичен скок на цената на нафтата на светските берзи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/drastichen-skok-na-tsenata-na-naftata-na-svetskite-berzi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/drastichen-skok-na-tsenata-na-naftata-na-svetskite-berzi/#respond Mon, 03 Apr 2023 08:41:43 +0000 https://kurir.mk/?p=819373

Цените на нафтата пораснаа за осум отсто на денешното отворање на берзите по вчерашната одлука на ОПЕК за намалување на производство на 1,16 милиони барели дневно. Фјучерсите на нафтата „Брент“ за последен пат „скокнаа“ за 5,07 отсто на 83,59 долари за барел на таквата вест, а фјучесрите на американската нафта „Вест Текас“ пораснаа за 5,17 отсто на 79,59 долари по барел. Доброволното намалување на производството ќе почне од мај и ќе трае до крајот на оваа година, објави Саудиска Арабија, објаснувајќи ја одлуката како мерка на претпазливост која е насочена кон стабилизација на пазарот на нафта. Потегот на ОПЕК следуваше по одлуката на Русија да го намали производството на нафта за 500.000 барели дневно до крајот на 2023 година. И останатите членки на ОПЕК најавија намалување на дневното производство на нафта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/drastichen-skok-na-tsenata-na-naftata-na-svetskite-berzi/feed/ 0
Македонија од мај ќе добие берза на електрична енергија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonija-od-maj-kje-dobie-berza-na-elektrichna-energija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonija-od-maj-kje-dobie-berza-na-elektrichna-energija/#respond Tue, 27 Dec 2022 13:37:19 +0000 https://kurir.mk/?p=781190

Од наредната година ќе почне со работа берзата за електрична енергија. На тој начин конечно ќе добиеме референтна цена за Македонија. Во моментот тргувањето во Македонија се случува по билатерален пат и цените по кои се тргува се базираат главно по цените кои се референтни за унгарскиот пазар, односно референтните цени на берзата во Унгарија ХУПЕКС. Договор со берзата ќе треба да склучи секој трговец на берзата, а цената на електричната енергија ќе зависи од пазарот на тргување, односно од понудата и побарувачката. Како што рече Симон Шутиновски генерален директор на Националниот оператор на пазар на електрична енергија МЕМО ДОЕЛ – Скопје кој ќе управува со пазарот на електрична енергија, се очекува берзата да профункционира во април или мај, а на неа. првично ќе се тргува по принципот ден однапред, што значи купување и продавање на енергија од денеска за утре. – Овој проект е во фаза на имплементација. Завршивме со правилата за тргивање на берза и се очекува до крајот на февруари 2023 година нив да ги усвои Регулаторната комисија за енергетика по што ќе почне пробниот период на работа на берзата. Во моментов се врши имплементација на трговска платформа и платформа за финансиско порамнување и се очекува сето ова да се заврши некаде до крајот на првиот квартал од идната година кога очекуваме да се изврши тест период, изјави Шутиноски. На берзата ќе може да тргуваат сите производители на електрична енергија кои сакаат да ја продадат својата енергија, транспарентно, на недискриминаторен начин и сите оние снабдувачи и трговци на електрична енергија кои сакаат да купат енергија на истиот начин од берзата на електрична енергија. –Берзата на електрична енергија ќе гарантира за трансакциите на електрична енергија на големо кои се случуваат при трговијата на електрична енергија, односно е сигурност за тргување и за продавање на електрична енергија од производителите, а и сигурност за оние кои купуваат дека таа трансакција ќе се оствари. Берзата кај нас првично ќе почне да работи во сегментот ден однапред, што значи тргување со електрична енергија од денес за утре и со тоа конечно во Македонија ќе се добие референтна цена на електрична енергија, посочи Шутиноски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonija-od-maj-kje-dobie-berza-na-elektrichna-energija/feed/ 0
„Порше“ е на берзата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/porshe-e-na-berzata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/porshe-e-na-berzata/#respond Thu, 29 Sep 2022 13:00:46 +0000 https://kurir.mk/?p=739050

Производителот на спортски автомобили „Порше“ од денеска е на берза со иницијална јавна понуда (ИПО), вредна околу 75 милијарди евра, со којашто се надева дека ќе дојде до околу 19,5 милијарди евра свеж капитал. Според тоа, пазарната капитализација се проценува речиси на ниво на „Фолксваген“, неговата матична компанија, која вреди околу 84 милијарди евра. Ги надмина и соперниците како „Ферари“. ИПО на „Порше“ е меѓу најголемите во Европа и е втора по големина во Германија, по излегувањто на „Дојче телеком“ на берзата во 1996 година. Цената на акција на „Порше“ на отворањето вредеше 84 евра, што е блиску до опсегот од 76,5 до 82,5 евра што фирмата го објави овој месец. Компаниите во континентална Европа годинава собраа најмал капитал на берзата од Глобалната финансиска криза во 2009 година, или приближно 44 милијарди долари. Само 4,5 милијарди долари беа собрани во ИПО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/porshe-e-na-berzata/feed/ 0
ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ОД УТРОВО ВО ПОРАСТ – пазарот на криптовалути позелене https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cenite-na-naftata-od-utrovo-vo-porast-pazarot-na-kriptovaluti-pozelene/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cenite-na-naftata-od-utrovo-vo-porast-pazarot-na-kriptovaluti-pozelene/#respond Sat, 25 Jun 2022 08:53:05 +0000 https://kurir.mk/?p=695528

Цените на нафтата од утрово растат. На лондонскиот пазар цената на барелот е 112 долари, што е зголемување за повеќе од 2 отсто во однос на вчерашниот ден. Расте и цената на барел нафта на американскиот пазар и изнесува 107 долари за барел. Пазарот на криптовалути од утрово е зелен. Вредноста на биткоинот е 21.272 долари, што е зголемување за два отсто во однос на вчера. Во црно се и другите криптовалути.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cenite-na-naftata-od-utrovo-vo-porast-pazarot-na-kriptovaluti-pozelene/feed/ 0
Цените на нафтата паѓаат втора недела по ред https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cenite-na-naftata-pagjaat-vtora-nedela-po-red-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cenite-na-naftata-pagjaat-vtora-nedela-po-red-2/#respond Mon, 11 Apr 2022 06:08:22 +0000 https://kurir.mk/?p=661063

На светските берзи цените на нафтата паднаа минатата недела, вторпат по ред, откако САД и другите членки на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) објавија продажба на нафта од стратешките резерви за да се зголеми понудата на пазарот и да се намалат цените. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 1,5 отсто, на 102,78 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 1 отсто на 98,26 долари. Падот на цените втора недела по ред се должи на најавата дека членките на ИЕА ќе продадат 120 милиони барели нафта од стратешките резерви во следните шест месеци. Соединетите држави, кои претходно најавија продажба од резервите, ќе пласираат 60 милиони барели како дел од иницијативата на ИЕА и уште 120 милиони одделно. Најголемите светски потрошувачи на нафта интервенираат бидејќи цените на нафтата драстично се зголемија по рускиот напад врз Украина кон крајот на февруари, што дополнително ја поттикна и онака високата инфлација во светот. И тоа може да ги принуди централните банки на агресивно заострување на монетарната политика, предизвикувајќи забавување на глобалното економско закрепнување. Аналитичарите на инвестициската банка ЏП Морган веруваат дека продажбата на нафта од резервите на краток рок во голема мера ќе помогне да се повратат милион барели руска нафта дневно, која според нив ќе биде трајно изгубена. „Но, во 2023 година и во годините што доаѓаат, глобалните производители најверојатно ќе мора да ги зголемат инвестициите за да ја надоместат изгубената руска нафта и да ги надополнат стратешките резерви на ИЕА“, предупредуваат аналитичарите на ЏП Морган. Аналитичарот на PVM, Стивен Бренок, од друга страна, не е сигурен дека залихите ќе го решат проблемот: „Рекордните количини барели од резервите не ги отстранија целосно сомнежите дека претстојната поплава во снабдувањето можеби нема да го реши проблемот со загубата на руската нафта“. Производството на нафта и гас во Русија падна на 10,52 милиони барели дневно во првите шест дена од април, од просечните 11,01 милиони барели дневно минатиот месец. И додека западните купувачи го заобиколуваат поради санкциите, Русија најде купувачи за својата нафта во Азија. Меѓутоа, аналитичарите во ANZ Research предупредуваат дека нафтата од резервите може да ги одврати производителите, вклучително и Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и американските компании за нафта од шкрилци, да го забрзаат растот на производството, дури и од околу 100 долари за барел. Цените беа под притисок и поради зајакнувањето на доларот, што ја поскапи нафтата за имателите на други валути. И доларот зајакнува бидејќи високата инфлација може агресивно да ги зголеми клучните каматни стапки до крајот на годината. Откако минатата година се зголемија за повеќе од 50 отсто, благодарение на глобалното економско закрепнување од кризата со корона, цените на нафтата скокнаа за околу 30 отсто од почетокот на оваа година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cenite-na-naftata-pagjaat-vtora-nedela-po-red-2/feed/ 0
Пад на вредноста на акциите на Вол Стрит втор ден по ред https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-vrednosta-na-akciite-na-vol-strit-vtor-den-po-red/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-vrednosta-na-akciite-na-vol-strit-vtor-den-po-red/#respond Fri, 01 Apr 2022 05:54:22 +0000 https://kurir.mk/?p=656677

Цените на акциите на Вол Стрит синоќа паднаа втор ден по ред, последица на продолжувањето на војната во Украина и засилените инфлаторни притисоци врз САД, околности што можат да ја принудат Централната банка на САД на агресивно покачување на каматните стапки. „Доу Џонс“ (Dow Jones) падна за 550 поени или 1,56 отсто на 34.678 поени, додека „СП&500“ (S&P 500) се спушти за 1,57 отсто на 4.530 поени, а индексот „Насдак“ (Nasdaq) падна за 1,54 отсто, на 14.220 поени. На почетокот на седмицава тие индекси нагло пораснаа, благодарение на оптимизмот на инвеститорите по веста дека во мировните преговори Русија вети драстично намалување на воените операции околу Киев, а Украина предложи неутрален статус. Но, војната во Украина продолжува, а вчера инвеститорите допилнително беа вознемирени од заканата на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе ја прекине испораката на гас за европските земји доколку не го платат во рубљи. Белата куќа, од друга страна, воведе нови санкции кон Русија и најави досега најголема продажба на нафта од стратешките резерви за да спречи натамошен раст на цената на „црното злато“. Силниот раст на цените на нафтата и другите сировини од почетокот на војната во Украина само ги зајакнува инфлаторните притисоци. Вчерашните податоци потврдија дека инфлацијата во САД е на највисоко ниво во последните 40 години. Според индексот на потрошувачки цени, инфлацијата, без цените на храната и енергијата, во февруари достигна 5,4 отсто на годишно ниво, а кај цените на енергијата и храната 6,4 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-vrednosta-na-akciite-na-vol-strit-vtor-den-po-red/feed/ 0
Московската берза и денеска останува затворена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moskovskata-berza-i-deneska-ostanuva-zatvorena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moskovskata-berza-i-deneska-ostanuva-zatvorena/#respond Thu, 10 Mar 2022 06:20:33 +0000 https://kurir.mk/?p=644443

Московската берза нема да отвори денеска, деветти ден по ред. Меѓутоа девизниот пазар, пазарот на пари и репо пазарот ќе бидат отворени од 10 часот по московско време, соопшти Руската централна банка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moskovskata-berza-i-deneska-ostanuva-zatvorena/feed/ 0
Штериев: Војната во Украина ги затекна инвеститорите на берзите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shteriev-vojnata-vo-ukraina-gi-zatekna-investitorite-na-berzite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shteriev-vojnata-vo-ukraina-gi-zatekna-investitorite-na-berzite/#respond Tue, 08 Mar 2022 13:08:11 +0000 https://kurir.mk/?p=643344

Војната во Украина ги затекна инвеститорите на меѓународните берзи, а психолошката корелација се преслика и на нашата берза, порача денеска Иван Штериев, извршниот директор на Македонска берза АД Скопје. -Историски гледано инвеститорите во минатото многу ретко предвидувале дека ќе дојде до некакви воени конфликти. Веројатно причина за тоа е што инвеститорите генерално се рационални луѓе кои се ориентирани во економската сфера, да се направат некакви заработки и не веруваат дека некој ќе генерира вакви воени конфликти. Оттука, украинскиот конфликт дефинитивно ги затекна инвеститорите на светските берзи, а корелација постои и со нашата берза, изјави Штериев во одговор на новинарско прашање на настанот „Да заѕвониме за полова рамноправност“ што Македонска берза го реализира во рамките на Иницијативата на Светската федерација на берзи. Како што истакна тргувањето на берзите и глобално и регионално, но и локално оваа година се одвива во доста комплексни и сензитивни околности, со специфично опкружување. -Тоа е предизвикано од низа економски, но и од политички фактори. Економските фактори беа за очекување, имаше различни прогнози што ќе се случува со инфлацијата, што ќе се случува со каматните стапки, каков ќе биде економскиот раст, но она што изненади се неекономските фактори. Во неекономските фактори се очекуваше како ќе влијае натамошниот тек на пандемијата, но она што ги затекна инвеститорите и на меѓународните берзи, а постои голема, јас би рекол, психолошка корелација и на нашата берза со тоа што се случува на надворешните берзи е токму војната во Украина, потенцира Штериев. Тоа, посочи, после повеќегодишниот раст на цените на светските берзи предизвика оваа година да има двоцифрени падови на најголемите берзи како што се ДАКС или ДАУЏОНС. -Во регионов падот на нашата берза е некаде минус 5 проценти, во Бугарија, Хрватска, Словенија со минус 6, минус 7, минус 11. Значи сите берзи реагираа на неекономски фактор – воен конфликт, кој е најтешко предвидлив што ќе се случува, а тргувањето со акции е фактички денешна проценка на инвеститорите каков „кеш флоу“ ќе имаат компаниите во иднина. Во вакви услови е нормално инвеститорите секаде и во странство и кај нас да бидат попретпазливи, некои од нив да продаваат иако не планирале да продаваат итн, рече Штериев. Помалиот пад на Македонската берза, како што кажа, се должи на фактот што кај помалите берзи е вообичаено постоење на т.н. статички ценовни лимити. -Кај нас цените на ниво на ден не можат да флуктуираат повеќе од плус/минус 10 проценти. Кај поголемите берзи такви ограничувања нема, па можете да видите и на берзи и во Америка, во Германија дневни падови минус 15, минус 20. Кај нас е тоа лимитирано на плус/минус 10. Покрај тоа, во пандемијата воведовме и едно ново правило што го има на повеќето западни берзи, а тоа е да има автоматски стабилизатори. На плус или минус 7 времено се прекинува тргувањето за 30 или за 60 минути зависи од некои технички детали и целта на тоа не е да се прекине тргувањето, туку на некој начин малку да се оладат емоциите за сите инвеститори и брокери во тие такви турбулентни денови малку да земат здив, размислат и изанализираат, појасни Штериев. Потенцира дека тешко може да се предвиди колку ќе трае воениот конфликт, но додаде дека и во вакви услови има можност за добро пласирање на акциите и, како што рече, внимателни и паметни инвеститори можат да најдат добра можност за инвестирање. -Дали овој негативен геополитички настан ќе трае недели или ќе трае подолго време ќе видиме. Битно е што и во вакви ситуации акциите се добар избор за пласирање на средствата доколку внимателно се одбере индустријата во која работи некоја компанија. На светските пазари последниве денови постои некој консензус дека постојат дејности коишто можат да донесат профит, ако вложувате во акции на производители на разни суровини или на некои што се бават со „сајбер протекшн“ или можеби во некакви прехранбени производи, истакна Штериев. За зголемувањето на цените на нафтените деривати рече дека осцилаторно ќе влијае на класичните компании од нафтената индустрија, но сепак посочи дека тоа ќе значи и можност за инвестирање и во компании што се поврзани со нафтениот сектор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shteriev-vojnata-vo-ukraina-gi-zatekna-investitorite-na-berzite/feed/ 0