беснило – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 May 2022 15:06:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png беснило – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Промовирана пролетната кампања за вакцинација на лисиците против беснило https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promovirana-proletnata-kampanja-za-vakcinacija-na-lisicite-protiv-besnilo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promovirana-proletnata-kampanja-za-vakcinacija-na-lisicite-protiv-besnilo/#respond Fri, 20 May 2022 15:06:37 +0000 https://kurir.mk/?p=679614

Со авионско фрлање вакцинални мамки од аеродромите во Скопје и Штип, со техничка и финансиска поддршка од Европската Унија, Агенцијата за храна и ветеринарство ја спроведува пролетната кампања за вакцинација на лисиците против беснило. – Вредноста на подрршката од Унијата за оваа кампања изнесува околу 280 илјади евра со кои на целата територија на државата, со исклучок на населените места и водните површини, ќе бидат фрлени околу 500 илјади вакцинални мамки, изјави директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, кој на спортскиот аеродром Стенковец, со Штефан Худолин, шеф на Секторот за соработка при Делегација на ЕУ во Република Северна Македонија, ја промовираа пролетната кампања за авионско фрлање на мамки за вакцинација на лисиците против болеста беснило. Бабовски се заблагодари на Унијата за поддршката за реализација на оваа кмапња за вакцинација на лисиците, како и за сите други проекти кои Агенцијата ги реализира со поддршка на ЕУ. -Поаѓајќи од концептот „Едно здрваје“, и за беснилото важи максимата „Здрави животни – здрави луѓе“, а со тоа и безбедна и здрава економија и развој на општеството, потенцираше Бабовски. По завршување на вакцинацијата, рече тој, ќе спроведе контрола за проценка на успешноста и на оваа кампања, преку ловните друштва кои треба да извршат отстрел на одреден број лисици заради лабораториско докажување на успешноста на имунизацијата кај лисиците преку утврдување (присуство) на антитела и детекција на тетрациклин во забите. -Дивите животни, особено лисиците се главни носители на вирусот на беснило. Домашните животни и човекот од оваа болест најчесто се заразуваат преку гризнување од заболени диви животни. Со цел да се искорени болеста кај дивите животни и да се спречи пренесувањето на домашните животни и човекот, Агенцијата за храна и ветеринарство почнувајќи од 2011 година спроведува програма за орална вакцинација на лисиците против беснило. Досега успешно се реализирани 15 вакцинални кампањи за што говори и фактот дека од 2012 година, кога е потврден последниот случај на беснило кај мачка во Радовишко, во земјава не се регистрирани нови случаи на болеста кај домашните животни, објасни Бабовски. Покрај вакциналните кампањи, за рано откривање и пријавување на болеста, додаде тој, спроведени се неколку кампањи за подигнување на јавната свест за беснилото, како да се препознае болеста, кога и каде да се пријави и како да се постапи во случај на ризичен контакт и слично. Реализирани се и едукации на стручните лица инволвирани во контролата на болеста ветеринари, официјални ветеринари, ловџии, матични доктори, епидемиолози и други. -Апелираме до граѓаните во наредниве денови исклучително внимателно да се движат во природа, да внимаваат и никако да не ги допираат вакциналните мамки кои се со кафена боја и личат на чоколадни коцки. Во нив е сместена пластична капсула во која се наоѓа вакцината во течна состојба. Доколку сепак се случи мамката да се допре со раце, задолжително да побараат лекарска помош. Ја користиме оваа прилика да ги потсетиме сопствениците на домашни миленици (кучиња и мачки) но и сопствениците на ловџиски и овчарски кучиња на обврската еднаш годиошно да ги вакцинираат животните против оваа болест како и на обврската за обележување на животните со микрочип како единствен начин за следење на нивната здравствена состојба, рече Бабовски. Тој исто така апелираше доколку постои сомнеж дека дека некое куче, мачка, или пак диво животно покажуваат знаци на беснило (агресивност, невообичаено однесување, губење страв од човек) тоа да го пријават до официјален ветеринар или кај матичниот ветеринар по што животното веднаш ќе биде ставено под официјален надзор. До нив граѓаните треба да пријават и доколку најдат угинато животно или животно удрено од возило. Тие ќе земат и испратат мостри за дијагностичко испитување за евентуална потврда на болеста беснило кај овие животни. Според Штефан Худолин, шеф на Секторот за соработка при Делегација на ЕУ во Република Северна Македонија, со оваа вакцинална кампања продолжуваат напорите на ЕУ за искоренување на болеста беснило од регионот, за што се неопходни координирани активности на земјите членки на Унијата, но и на останатите. -И оваа кампања е поддржана од европските фондови во висина од околу 280 илјади евра. Досегашната поддршка на Унијата за изминатите вакцинални кампањи против беснило, почнувајќи од 2011 година, изнесува приближно 5 милиони евра. Со оглед на досегашната успешна реализација на изминатите вакцинални кампањи и во иднина ќе ја продолжиме поддршката на Република Северна Македонија преку фондовите на Унијата, рече Худолин и објасни дека историјата на болста беснило во ЕУ датира од поодамна, но дека во изминативе десет години таа е ставена под контрола и сега е присутна само во одредени делови од Источна Европа. – Во Западен Балкан вирусот е се уште присутен и претставува сериозна закана. Во 2020 година беше потврден случај на беснило во Босна и Херцеговина и затоа ќе продолжат регионалните активности за искоренување на болеста, истакна Худолин. Вања Кондратенко, раководител на Сектор за здравствена заштита и благосостојба на животните при АХВ, објасни дека беснилото е исклучително сериозна болест која е еднакво опасна и за животните и за луѓето и која за жал во најголемиот број случаи завршува со смретн исход. Поради ова, тој упати апел граѓаните да бидат исклучително внимателни при движење во природа и да внимаваат во комуникацијата со животните, особено со лисиците кои се приближуваат до населените места и кои не покажуваат страв од луѓето. За нив, како што истакна тој, со такво однесување, голема е веројатноста дека можат да бидат заболени од беснило. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promovirana-proletnata-kampanja-za-vakcinacija-na-lisicite-protiv-besnilo/feed/ 0
Светски ден на борба против беснило https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-na-borba-protiv-besnilo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-na-borba-protiv-besnilo/#respond Tue, 28 Sep 2021 05:47:55 +0000 https://kurir.mk/?p=569219

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска организира тркалезна маса по повод Светскиот ден на борба против беснило. На настанот ќе учествуваат стручни лица од АХВ, претставници од Ветеринарната комора, Институтот за јавно здравје и науката. Тркалезната маса ќе ја отвори директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски. Се очекува уште еднаш да биде испратена пораката, сопствениците редовно да ги вакцинираат домашните миленици. Според податоците, на глобално ниво, секои девет минути некој умира од беснило. За да се спречи ширењето на болеста, милениците мора да се вакцинираат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-na-borba-protiv-besnilo/feed/ 0
Во БиХ регистрирана појава на беснило https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-bih-registrirana-pojava-na-besnilo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-bih-registrirana-pojava-na-besnilo/#respond Thu, 11 Jun 2020 09:11:44 +0000 https://kurir.mk/?p=356522

Институтот за здравје и безбедност на храната во Босна и Херцеговина денеска потврди дека во земјата, првпат по шест години, е регистрирана појава на беснило, болест која е смртоносна и за луѓето и за животните. Со тестирање спроведено кон крајот на мај во референтната државна лабораторија е потврдено дека едно ловечко куче е заразено со беснило и било пронајдено во Сребреница, источна Босна. Како што е наведено од Институтот, ова е прв ваков случај по шест години, кога во БиХ се појави беснило, а изворот на заразата и тогаш беше куче. Институтот предупреди дека треба да се преземат мерки за заштита за да се спречи ширењето на болеста. „Експертите препорачуваат да се спроведе вакцинација за да се избегне можноста за ширење на болеста од диви на домашни животни, а потоа и на луѓе“, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-bih-registrirana-pojava-na-besnilo/feed/ 0
Уште утре фрлање вакцини против беснило кај лисиците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-utre-frlanje-vakcini-protiv-besnilo-kaj-lisicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-utre-frlanje-vakcini-protiv-besnilo-kaj-lisicite/#respond Thu, 18 Oct 2018 05:54:54 +0000 https://kurir.mk/?p=116489

Утре завршува реализацијата на есенската кампања на Агенцијата за храна и ветеринарство за орална вакцинација на лисците против беснило. Акцијата почна на 11 октомври од спортските аеродроми во Скопје и Штип. Заклучно со утрешниот ден авионски ќе бидат фрлени 500 илјади вакцинални мамки на целата територија на  Македонија, со исклучок на населените места, водените површини и високите планински врвови. Вакцините содржат атенуиран вирус на беснило и се наменети исклучиво за имунизација на лисици. Со нив не смее да се врши имунизирање на домашните животни. Миризбата од мамката може да ги привлече домашните миленици и тие да ја конзумираат мамката. - Сопствениците на домашните миленици во текот на кампањата и две недели по фрлањето на вакциналните мамки да не им дозволат слободното движење на кучињата и мачките во регионите каде се врши или е извршена вакцинацијата. Граѓаните да внимаваат при движење во природа и ако најдат мамка никако да не ја допираат, апелира АХВ. Мамките се со кафена боја и наликуваат на чоколадни коцки. Направени се од смеса со рибино брашно и имаат мирис на риба кој ги привлекува лисиците. Во мамките има пластична капсула со течна вакцина која содржи ослабен вирус на беснило и биолошки маркер - тетрациклин за утврдување на успешноста на вакцинацијата. - Апелираме мамката да не се допира, но, доколку сепак граѓаните дојдат во контакт со неа, таа треба внимателно да се отстрани и да се остави во помалку населена област, каде ќе биде неможно да дојде во контакт со деца. Ако се случи граѓаните да дојдат во контакт со течната содржина од капсулата, неопходно е рацете да се измијат со голема количина сапун и вода, во траење од најмалку пет минути и задолжително веднаш да појдат на лекар. Мамката внимателно треба да се земе со ракавица или кеса и да се понесе со себе, наведува Агенцијата. Детално упатство за постапка доколку дојдете во контакт со вакцинална мамка може да се преземе од веб страницата на АХВ. По реализација на вакциналната кампања против беснило, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе спроведе пост-вакцинален мониторинг заради контрола на успешноста на оралната вакцинација. Тринаесеттата вакцинација на лисиците против беснило Агенцијата ја реализира со финансиска поддршка од Европската унија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-utre-frlanje-vakcini-protiv-besnilo-kaj-lisicite/feed/ 0
Од утре ќе се фрлаат мамки за вакцинација на лисиците, граѓаните да не ги допираат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-kje-se-frlaat-mamki-za-vakcinacija-na-lisicite-gragjanite-da-ne-gi-dopiraat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-kje-se-frlaat-mamki-za-vakcinacija-na-lisicite-gragjanite-da-ne-gi-dopiraat/#respond Wed, 10 Oct 2018 14:57:07 +0000 https://kurir.mk/?p=113437

Утре почнува 13. есенска кампања на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за вакцинација на лисиците против беснило. На целата територија на Република Македонија, со исклучок на населените места, водените површини и високите планински врвови заклучно со 19 октомври, од спортските аеродроми во Скопје и Штип  ќе бидат фрлени 500 илјади вакцинални мамки. АХВ апелира граѓаните да внимаваат при движењето во природа и доколку најдат мамка никако да не ја допираат. Мамките се со кафена боја и наликуваат на чоколадни коцки. Направени се од смеса со рибино брашно и имаат мирис на риба кој ги привлекува лисиците. Во мамките има пластична капсула со течна вакцина која содржи ослабен вирус на беснило, како и биолошки маркер - тетрациклин за утврдување на успешноста на вакцинацијата. - Како одговорна институција апелираме мамката да не се допира,но, доколку сепак граѓаните дојдат во контакт со неа, таа треба внимателно да се отстрани и остави во помалку населена област, каде ќе биде неможно истата да дојде во контакт со деца. Ако се случи граѓаните да дојдат во контакт со течната содржина од капсулата, неопходно е рацете да се измијат со голема количина сапун и вода, во траење од најмалку пет минути и задолжително веднаш да појдат на лекар. Мамката внимателно треба да се земе со ракавица или кеса и да се понесе со себе, велат од АХВ. Агенцијата ги потсетува сопствениците на домашни миленици кучиња и мачки дека имаат законска обврска да ги вакцинираат животните против беснило иако болеста во Македонија последен пат е регистрирана во 2012 година. По реализација на вакциналната кампања против беснило, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе спроведе пост-вакцинален мониторинг заради контрола на успешноста на оралната вакцинација. Кампањата за вакцинација се реализира со финансиска поддршка на Европската унија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-kje-se-frlaat-mamki-za-vakcinacija-na-lisicite-gragjanite-da-ne-gi-dopiraat/feed/ 0